Штом си сака на шолја ништо не ти треба, за брзо ќе почне и сама да се качува. Мојот што ако е машко, си седи и за мочање зашто курето му е пониско од шолјата Не знам дали е правилно ама гледам маж ми не реагира, јас од кај да знам, ништо не знам за машки деца. Претпоставувам да порасне ќе почне стоејќи
@Lovebug01 не ти е спремно девојчето, ама ако си решена ова ти е погоден период лето нека мочка топло е, рачунај и дома лом да раскрениш теписи… можеби ќе потрае подолго ама ќе научи
Гледам и јас дека не е баш спремна, ама си велам не губам ништо, ќе пробам, ако не бива-не бива и тоа е. Ќе сфати веројатно со тек на време. Секако летово ќе е повеќе гола, важно ми е само да е без стресови и за мене и за неа. Сите други предизвици со песна ги поминавме, од јадење самостојно, до спиење во своја соба, па не мора и за пелениве да е така
Знам не е тоа темава ама ако може да споделиш како се одвиваше процесот да сама спие во своја соба а толку малецка? Моево сам ни во тоалет не ме остава предолг период му се гледа одделени
Ѝ ја направивме собата, и ѝ кажувавме како ќе има нов кревет,ѝ правев филмови како ќе е убав и ќе спие сама како принцеза па кога дојде креветот пресреќна беше и само ја прашав дали сакаш тука да спиеш кажа да. И ја ставив, првите вечери доаѓаше на сред ноќ кај нас во спална и ќе си легнеше меѓу нас, и една вечер ѝ кажав дека ако се разбуди да си го гушне мачето (плишана играчка) или да ме викне дека ќе ја слушнам на беби фонот и ќе дојдам. Првата вечер ме викна, втората вечер не дојде воопшто и ми кажа сабајлето дека го гушнала мачето и си презаспала Веќе 2 месеци спие таму, знае дека си е тоа нејзин кревет и таму ја заспивам. Не дека не се случува и сега некогаш да дојде кај нас во спална или да ме викне, ама ретко. Кога беше болна ја земав во спалната со нас да спие, плачеше да си спие во нејзиниот кревет. Ѝ оставам столна ламба да свети ноќе за ако стане да не ѝ е скроз темно. Не ми се веруваше дека ќе е толку лесно со оглед на тоа дека додека спиеше со нас во спална, ја ставав во бебешкото креветче и секоја ноќ на сред ноќ доаѓаше на спалната меѓу нас двајца.
Вчера го разубедив, облековме гаќи, неколку пати се измоча ама не стана од нокшир. Си седеше. Го наградивме и се радуваше. Потоа се симна кај баба му, се измоча во гаќи, го избањав и за спиење ставив пелена. Денес буден е од 6 наутро, извадивме пелената, се измоча на ламинат, после на тераса, не седна на нокшир. Упорно го држев без пелена се до пред 1 час кога морав да излезам на кратко. Го оставив кај баба му со неколку пара гаќи и нокширот го симнав. Се измочал 2 пати на под и баба му пелена му ставила Цел труд за џабе, се донервирав од сабајле со него. Само 40 мин го оставив со баба, и она не издржа... сега не сака да дојде со мене горе, се плаши дека ќе му ја земам пелената. Епа ќе му ја земам.. знам дека баш и не сфаќа, ама веројатно ќе сфати за некој ден. Еве и две недели да се. Ама нели е подобро да е цел ден на гаќи ? За спиење секако ќе ставам, буден греши, ама сега стварно се нервирам. Баба му од годинката ме обвинува дека сум мрза и дека само пари трошам на пелени наместо да го научам детето, а сега што ми прави ? Пробував и лани, не беше спремен, не му беше јасно, сега како појасно да му е.
Ако не се разбира со збор свекрва ти земи ги пелените и скриј ги, од кај нашла пак таа во домот нејзин пелени за да му стави? Вака само го буните детето
За да се одвикне детето мора сите страни да соработуваат. На твое место не би го оставила кај неа додека трае процесот. Секако ако околностите тоа ти го дозволуваат. Јас и двете деца ги одвикнав зимно време. Имав негодувања од бабите дека е ладно, ама мојот збор е последен и мораа тоа да го почитуваат. Биду упорна ќе сфати. На почеток знае да биде фрустрирачки,затоа што по цел ден чистиш по нив, но кога тогаш ќе им кликне. Особено на поголемки деца. Со лесно
Епа имала од другиот внук. И јас се изнервирав. Цел ден се мачев, бришев и чистев, она 40 минути не издржа.. не го оставив на чување. Само на 40 минути да завршам работа... не ме фрустрира толку што чистам и трчам.. онака ми е жал кога плаче, се нервира и тој. Кога се помоча јас не се развикав, ама го прашав зошто не кажал, кога почна да липа.... да ме гушка... офф
Душа. Гледај некако сврти на игра да не го доживува тоа така стресно. Зборувај многу смирено. Верувам така и правиш. Зборувај му дека е голем веќе, дека треба да бидете исти, памперс е за бебиња и сл. И за него е нова ситуација и е збунет. Како минува време ќе биде се подобро.
Вчера на гаќи се слековме и јас и маж ми само да го убедиме. Кога седеше на нокшир го фалевме, аплаузи имаше. Па кога ќе измочаше во нокшир давав парички и чоколатце. Му рековме парите ќе ги чува тој и ќе си купи играчки. Рече дека сака багери и трактори. Рековме да ќе купиме. Потоа пак побара пелени, рековме немаме пари треба да купиме багери и трактори. Па кутриот ми ги дава паричките што му ги дававме и вели земи мама купи пелени
Даа. Нејзините ги седнувала на нокшир уште од 6 месеци. Што ќе седел џабе на под можел на нокшир, а на годинка веќе знаел и кажувал, немало нокшир, на вц шоља седеле. Син ми на годинка не знаеше да си го каже името, не па за мочање. Сега збори така течно..
Зборењето и нема многу врска со одвикнувањето. Ќерка ми на година ипол зборуваше се, течно и тогаш ја одвикнав. Малиот на таа возраст 20тина зборчиња дали кажуваше од тип мама, баба, дај, на.... Значи можам слободно да кажам дека не зборуваше, па за мочкање се фаќаше долу и викаше пшшш. Значи се одвикна пред да прозбори и дури за нијанса полесно него дада му. На добар пат сте, бидете упорни и ќе ги заборави пелените.
Па не знам. Лани беше страшлив многу, ти му збориш он те гледа, ништо не сфаќаше. Сега полека полека гледам дека зборовите имаат ефект. Повеќе разбира.
Здраво, ми треба искуство од мајки на машки деца, малиот почна да мочка на нокшир, но секое мочање повеке моча надвор од внатре. Има некоја фора како да го седнувам? Или каков да е нокширот? Фала
Само курето бутнете го внатре. Ние имаме како столче што е со капак најобичните и кога седнува внатре го става и мочка.
Што е подобро при одвикнување? Да го оставам на гаќи само, да осеќа дека е водемн, или воопшто да не му облекувам ништо и така да се шета гол? Мојот има и адаптери и нокшир ама ништо живо не сака да седни на нив, не знам како ќе се одвикни
Нокшир е нокшир таа е формата само шурчето внатре )) Учи го во тоалет да мочка испраен да ви биде полесно кога сте надвор
Треба детето да сака самото да се одвикне не ти кога сакаш Ние гаќи му облековме првите неколку саати се мочкаше каде стигне аа за какање седнуваше на нокшир и толку беше веќе си држеше и одма од цела вечер не се мочаше во кревет сабајлето сам тануваше смкнуваше гаќи и мочаше и какаше само ние го бришеме.