На мојот му беа полни ноќните пелени кога прекинав да ставам, никогаш немал сува пелена. Некако имаше осет да не моча во кревет.
Скоро 2 години е. На нокширче не сака ни за жива глава. Да пробам на шоља? Адаптер за шоља каков да земам од каде?
а висината одговара на шољите? пошто нашата е некоја пониска со вградено казанче. едит: гледам дека е прилагодлива висината
Исто и мојава, баш исто. И иста возраст Збори сѐ, приказни раскажува, знае сѐ и баш само за газот не си знаееднаш пробавме и видов дека не е спремна и тоа е. Џабе и сите играчки на светов да ѝ ги ветам, кога мозочето не ѝ е развиено доволно за да си ја препознае потребата. Кажува за какање на пример, ако ја видам чучната знам дека кака, и ѝ нудам нокшир,ама сака во пелени и тоа е. Бевме на одмор таму беше цело време гола и по купачи, си мочкаше кај стигне, какаше на песок и не кажуваше, јас си собирав со лопатче и носев кеси со мене. Тргнав дома теписи ќе пробам пак по некое време ако не оди-не оди, со сила нема. Не планирам со денови мочки да бришам, ништо нема да постигнам така ако она не е спремна, само дополнителни нервози ќе си направам. Така барем јас размислувам, може за некој е погрешно ама сметам дека и овој процес треба да си се одвива спонтано и без форсирање.
Nokjnata pelena I bese polna uste 11 meseci I odednas prestana da mokri I nokjno vreme kako da kazan se sluci odednas da ima Suva pelena I ostaviv uste eden mesec I ne pravese greskji I ja trgnavme togas skroz .
И кај мојава како преку ноќ сува ноќна пелена. Ќе тераме и ние уште месец дена, па ако и понатаму не прави грешки, ќе ја тргнеме. Таман и да ги потрошам купените пелени
I ovoj ke go probam....iame eden so ribi i vikam ajde na babyshark i sea pocna da mi vika mama cis nejke babyshark koa moca vo pelena
Со што ги чистите нокширчињата? Јас со течен сапун по секоја употреба, плус 2 пати дневно пребришувам со алкохол. Доволно е? Ваљда нема доместос да ставам... ама има друга опција? Ќе споделам искуство, скоро ги откажавме пелените. Ич не сум експерт, појма немав што правам ама ни се случи сличен проблем со одбивност. Мислам дека несвесно преголем притисок му создавате на детето. Тоа што многу знае за се' нема врска со пелените. Не му вели да биде умен и да не мочка секаде, ако се измочка не значи дека не е умен. Му е страв да не згреши. Ние претеравме со овации и оптимизам, на пример. Супер тргнавме, со да пукне и се', ама и баби и дедовци се собраа ајдееее се измоча во нокшир бравооо. Уште комшии што не дојдоа. Па на втор-трет ден почна трема да го фаќа. Се плашеше да не згреши, иако никогаш не му реков ништо негативно, само ќе избришев кога ќе пуштеше на ламинат и толку. Од што се плашеше, се стегаше по цел ден, неколку капки пушташе во нокширче, стануваше да се порадува и трпеше ли трпеше додека не можеше да издржи па ќе се измочкаше. Па два дена ми требаа за да го опуштам да се мочка и пак да го прифати нокширчето. Им е страв да не згрешат, затоа ги фаќа паника. Очекувано е дека ќе бришеш. Тргни теписи и биди спремна. Кога седнува на гарнитура ставај му од тие водоотпорните од ДМ под него. Мојот грешеше така еден ден, потоа стануваше кога ќе му се примоча. Негде една недела помина откако почнавме, скроз е сув и не сум избришала 3 дена по него. Не можеш да очекуваш дека ќе тргнеш пелена и готово ќе ти кажува кога ќе му се оди и директ на нокширче ќе седнува. Ако чекаш за така, уште долго време ќе ги влечете пелените. Јас уште пратам знаци, не кажува секогаш сам. Се стега, трпи, па ќе го слечам да седне. Досега знае само за пелена, ова е голема промена. Ќе издржите, на почеток е мачно со бришење и перење гаќички, ама ќе научи.
Да не претеруваш со чистењето на нокширот ти после секое одење во тоалет чистиш? Доволно е само со топла вода да го измиеш и се паѓа особено каканото. Ако ти е ептен шубе земи глосс марамици и пребриши.
ја мислам и малце е тоа не седи врз каките и мочките, башка што и само тоа си го користи и си седнува, попари го со врела вода после секое користење доволно е
Пред 4 дена ми беа при крај пелените и ја прашав дали сака гаќички. Сакаше и ѝ облеков. Првиот ден ја ставав на нокшир на секој саат и пол. Она има мочкано/какано и претходно на нокшир и знае што треба да прави. Успешно беше, во цел ден само 2 пати се измочка во гаќи. Дури неколку пати и на шолја мочкаше без адаптер. Вечерта ѝ ставив пелена. Сабајлето дојде во спална ми ги донесе гаќите и пелената ѝ беше сува, ја ставив на нокшир се измочка. Вториот ден решив да не ја носам на секое јас туку да видам како она ќе реагира кога ќе ѝ дојде да се измочка. Во цел ден сменавме може 6-7 пара гаќи. Третиот ден (вчера) сабајлето плачеше и не сакаше гаќи, сакаше во пелена па се имаше измочкано во пелената. Ајде некако се убедивме ѝ облеков гаќи. Приметив дека станува свесна зашто се подмочнува во гаќи малку па се стега ми вика сакам нови гаќи. Па и велам оди сама на нокшир да се измочкаш убаво. И седнува се мочка. Ако ја носам јас протестира, плаче, не сака, ако ѝ речам оди сама оди без проблем. За “награда” ѝ дозволувам сама да го истури нокширот во шолјата. Она сака сама да биде во вц, сама да се соблече, да заврши работа и сама да си ги облече гаќите. Така вчера после какање си ги облече гаќите и дојде во дневна да ми каже дека се искакала. Ѝ дошло си отишла сама во вц си седнала и си завршила работа. Ѝ објаснувам дека треба да ме викне да ја избришам, па ѝ давам и сама да се брише. Сабајле денес пак не сакаше гаќи да облече. Сакам пелена ми викаше. Пак некако се убедивме и облеков, ѝ кажав нема пелени тие се за спиење навечер. Инаку кога спие денски не ѝ ставам, не се има измочкано. Потоа кога ѝ се примоча пак пушти малку во гаќи и се сепна ми рече сакам нови гаќи, па ѝ кажав да си се домочка во нокшир, отиде си се измочка. Цело време трубам дека треба да ми кажува “ми се мочка/кака” ама еве уште нема кажано. Дали би ми завршиле работа навечер да ѝ облакам од оние гаќите што се непропустливи? Или сепак може да пропуштат? Или да земам од пелените pants да ѝ правам филм дека се гаќички? Што мислите дали сме на добар пат со одвикнувањево? Инаку има 2 г и 8 месеци.
Не ја враќај на пелени ни како гаќички. Само упорно она се подмочува кога се заигрува исто и мојот правеше, мојот е 2г и 10м што значи тука се . Прво ќе се подмочува па после ќе моча на секое во нокшир па немада знае дали и се кака или и се прди па облечи соблечи додека почнат да разликуваат . Земи си повеќе пара гаќи и ќе и ги менуваш.
Исто. Имаме и 2 нокшира, еден класичен, еден ко столче, и пак не сака, седнува 5 секунди, па станува, шета. Не капира што треба да прави изгледа, мисли за седење се.
Јас одма ги тргнав. Само стави си чатшав што не пропушта и толку. Ако случајно ти се подмочува навечер ќе гледаш кога ќе биде веќе како зашеметена не скроз заспана ќе ја седнеш на нокшир и ќе продолжи после со спиење и така неколку дена и после им влага во подсвест. Нормално е некогаш и грешка да направи што се вика на возрасен човек му се случува, а не пак на дете . Ние одма ги тргнавме и преку ден и навечер и се немаше измочано, а со прлена навечер кога беше прекипуваше не можеше да издржи.
Мислам дека под 2 години е рано за одвикнување. Во ред е да го носите да му покажете за што е, но да стои во вц за да знае дека е за таму, а не во друга просторија дома, носи го со тебе кога одиш во вц, а може да му купете бебе кукла со нокшир (ние имаме таква и уз игра ѝ покажував па уште на 18 месеци она знаеше за што е нокширот) Ако упорно не сака а му нудиш може и одбивност да му се створи на детето.