Океј е да се проба меѓутоа факт е дека децата почнуваат свесно да го контролираат органот меѓу 2 и 3 години. Пред 2 а некои и пред 3 па и повеќе не се ниту ментално ниту когнитивно ниту емоционално спрмни за таков чекор. Јас имам блиски примери кои ги одвикнале на 1,5 година, со игри, уцени, награди, ставање на нокширот пред тв, седење на нокшир со саати и после ќе речат се помачивме ама на 15 месеци пелени фрливме. Знам пошо блиски ми се и гледав. Мислам, ми нема поента зошто форсирање на детето на таа возраст да седи по пола саат-саат на нокшир кога може за тоа време моторика да вежба.
Има одвикнување и одвикнување. Дека дете на година и пол само се одвикнало од пелени, без притискања и стрес, ке потврди секој доктор кој се занимава со психомоторен развој. Наука вели пред 2 години не се свесни за процесот, бабите наши тврдат дека тие на 1 година ги одвикнале. Некој лаже.
Бевме на ревакцина во петокот. Педијатарот кој ја прегледуваше ми вика а мајка до кога со пелените. Викам абе не сме пробале ама може од следен месец (година и 8 месеци). Ми рече дека од 18-24 месеци е идеално за одвикнување и плус дека е лето. На прашањето кога да знам дека е спремна за тоа ми рече чим се буди со сува пелена дете веќе има осет. И така јас амбициозно купив гаќи и дури два нокшири па ќе пробувам. А нели да мајка ми тврди дека пред роденденот први не сме носеле пелени со сестра ми.....дали нешто ние грешиме дали нешто они грешеле....
Јас мојава не ја форсирам, ама нокширите ни се моткаат низ куќа, па кога треба да и' се смени пелена, ја оставаме да поседи на нокшир, ама сега за сега нема прогрес зошто станува на секоја минутка. Не ја притискам, сакам за почеток да и' покажам дека постои вршење нужда надвор од пелена. Може некој ден од деновиве ќе се опушти. А деф ќе пробам и во тоалет, можеби повеќе логика ќе и' има.
Не форсирале нас зашто немало памперс и нејќеле да перат каки 3 години. Да фатиш да форсираш дете да научи, ќе научи ама не знам што фајде од плачки и седење на нокшир 2 саати пред тв ко што нас не учеле.
Што им е со тоа лето та лето. Син ми во октомри го одвикнав. Машина секој ден пуштаме, многу жени имаат сушари, помочано дете никој не остава да седи ни 2 мин а не па со часови. Не ми е јасно зошто да е лето. Јас никаде не наидов дека треба да се проба пред 2 години. Финта е што некои сметаат дека дете е одвикнато од пелени ако го прашуваат секој час и да даваат помалку течности. Тоа за мене не е одвикнато.
Реално, полесно е лето од аспект на слоеви облека. Нема дете што од прв ден се одвикнало, обично пуштењето и помочувањето трае две недели и за тој период секако дека полесно да е лето и да менуваш само гаќи. Секако дека не е невозможо да менуваш и комплети и долни делови. Ама дека е полесно и побрзо за реакција во лето, е.
Не знам за пример што ги одвикнале пред 2 години, сигурно има ама јас не познавам. Имам една блиска што пред година почна да го одвикнува. Од 10 месеци го става на нокшир пред тв, со јадење, со се можно. Еве го 2 ипол години детето си го користи нокширот како моторче низ дома да го вози. Мислам дека таа почна од притисокот дома ‘ние вас ве одвикнавме на 6 месеци’, па и таа мене ме притискаше цело време ‘еве го моето си моча на нокшир’. И јас сакав на лето да го одвикнувам реално полесно е, побрзо се сушат алиштата, голи одат најчесто ама го одвикнав во ноември. Според мене, не треба нокшир да има на секој ќош. Се знае каде се врши нужда и мислам дека така треба да се одвикнува. Му се моча, правец вц. Мојот прв неуспешен обид беше така, од слушање баби и тетки стај му го нокширот демек да го гледа и ќе му текне. Мхм, му текнуваше на глава да го става, да го полни со вода, се правеше само тоа што треба не.
И јас такви совети добивав, зошто ќерка ми се криеше зад една комода секогаш кога ќе какаше. Стави и го тука нокширот дај и книги, играчки, ова уште лани летото кога беше 19-20 месеци. Јас уште од старт им кажав дека нема да правам така зошто ми нема поента и логика да седи по пола саат на нокшир во дневна и ништо да не прави. Во истиот период внука ми од братучетка која е 1 година точно поголема од ќерка ми (значи лани лето беше 2г и 8м) ја форсираа да откачи пелени, не успеаја. Тетка ми пред мене ги критикуваше дека се мрзливи и недоволно упорни и исто со муабетот дека нас на годинка не одвикнувале. Џабе им објаснуваш дека тоа е процес за кој детето треба да биде спремно, а не родителот. Внука ми на точно 3г ги откачи пелените преку ноќ, сама посака и не правеше грешки. Ноќната пелена на 3 и пол години ѝ ја тргнаа. Нас нокширот од старт ни стои во вц, и има кукла што има нокшир и тој стои до него. Така научи за што е, преку игра. Така и неколку пати изминатава година посака да седне да се мочка заедно со куклата. Ама тоа не значи дека била спремна туку едноставно само ја сфатила функцијата на нокширот. Пред 1 месец ѝ облеков гаќи 4 пати се измочка и не реагираше дека е водена, па уште истиот ден ѝ вратив пелени, зошто секако требаше и на пат да одиме. Сега после 1 месец скроз друга приказна. Се мочка ама веднаш забележува и бара нови гаќи. Или се подмочнува многу малку и сама оди седнува на нокшир. Според она што го гледам сака да носи гаќи ама уште не знае да си ја препознае потребата па кога малку ќе пушти ѝ текнува, па успева да го задржи и да седне на нокшир да си се измочка. Скоро 1 недела е без пелени. Прееска на пример гледаше тв и ѝ го исклучив кажав доста е и она нормално протестираше и кога се смири велам ајде да одиме во вц, не сакаше и се измочка во гаќи, тоа верувам беше дел од протестот Ќе биде сѐ само без нервози и полека. Мене ми е полесно што е лето зошто е само по маичка и гаќи дома, не морам да ја соблекувам, теписи имам тргнато, од тој аспект. И пери суши гаќите на сонцето, само нив ги водени, рачно ги перам. Ако сме излезени е по фустанче и ми е полесно ако ѝ се примочка.
Мајка ми пасив агресив ми праќа слики од нокшири, верувале или не Поради тоа што клекнувала кога кака, и ЕДНАШ, ама стварно само еднаш кога ја прашав дали е какана, ми кажа да. И тоа ако не го погоди на среќа, па те! Е тоа еднаш, беше пред мајка ми... Луѓе, животот ќе ми го уништи додека да ги фрлиме пелените. Прво ја откачив со тоа дека до 18 месеци појма немаат за физиолошки потреби, сега ја откачувам со "па шо ако знае за какање, не знае за мочање" Не за друго, стварно немам нерви да се објаснувам. Се глеаме 2-3 пати, дали и толку месечно и си климам глава за важи. Нека научи да ми каже прво, па после ќе фрламе пелени
А дека јас добив коментар од бабата на муж ми, значи прабаба на ќерка ми "види ја се знае освен за газот не си знае", кога ќерка ми и кажа дека во Грчка ќе оди на одмор. Таков нагон за расправање добив ама ај си викам 82 год има излапена е и само и реков и тоа знае ама за инат во пелени моча.
Прабаба и на ќерка ми, обратна е. Ми вика "братучед ти до 4 години беше у пелени, има време, што сте ја забрзале". А братучед ми до 2,5 беше Како да ти кажам, со годините оди и паметот
И ја мислам дека на лето е попрактично, поради тоа шо може да си биде гол, и пошо брзо се сушат алиштата (не можам сега да купам 30 пара гаќи наеднаш). Не планирам да го притискам, али секој ден по неколку пати му спомнувам, ќе поседе малку, ќе седне. Сега почна сам да го бара нокширот, али откако ќе заврши работа. Али и тоа мислам дека е океј, можда е уште мал за да се свести да додржи. Памперсот скоро половина ден е тргнат, или е гол или носи гаќички. Сам побара да го тргнеме памперсот зашто му држи топло, спурено му е во него. Гаќичките си ги носи и сам ги трга кога ќе направи беља. Инаку нокшир одамна купив, му го покажував, го носев со мене во вц, му зборував, му покажував што се прави на него, али доста време не беше заинтересиран. Откако изрази желба да го тргне памперсот веќе е заинтересиран за нокшир. А на тема вц, дневна или ходник, мене искрено не ми е проблем дали ќе мочка во вц или во соба. Има време, и тоа ќе научиме. Едит: Уште месец и пол 2 год ќе наполни.
Како реагира кога ќе се помочка? Мојава плаче кога ќе се помочка во гаќи како да се плаши, а никогаш ја немам искарано, стално и викам ако мамичка, ќе исчистиме, следен пат кажи ми, ништо страшно.
Ништо, само ги трга гаќите и вели "мока мока". Ја му давам сам да си исчисти. Прв е да "цисте" и да "мете" дома. Попедантен е од мене.
Иста возраст ни се, педантерија невидена, само нешто да се чисти…за нокшир тема, јас ја ставам на адаптер на шоља, прво ја носев со мене во вц, после почнав да ја седнувам со приказни дека е голема и она како мама дека седи и и стана интересно, оди мочка и бара тоалет е сегааа.. малку и се заигрува интересно и е па лаже дека ќе моча за да фрла тоалет во шољата, ако ја пршувам често не прави грешки ако заборавам знае и да згреши ама и често кажува, е сегаа бидејќи е педантерија после секое мочкање се пика под тушот и да се измиела (од ова веќе живци ме фаќаат, кој шо прави ние газето го миеме) планирам наредниов период поинтензивно да работиме на случај откажување од памперс и така сум на одмор ќе може цел ден внимание да и посветам.
Мојот е многу збунет. Шири нозе и полни очи со солзи и почнува да вика 'валкан сум, слечи ме, сакам да се капам'.
Денеска извадивме памперс како за прв ден два пати седна на шоља и 10 пати се помочка (пушти) во гаќички, ништо не кажува ни кога ќе го прашам ќе видиме утре. (Одамна знае што е шоља) Ама готово не се откажувам (иако нешто ептен малку пробувавме ајде да седиме на шоља) . 3г