Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки
    Ќерка ми 21месец е и веќе две недели кажува за какање вика кака и трча во вц. Во овие две недели ниту еднаш се нема покакано во пелена. За мочкање никако не кажува. Колку време трае оваа фаза,сте поминале ли низ слична ситуација? Фала
     
  2. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Пробај на шоља. И кај мене не сака да седи на нокшир види да не е до тоа.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    А на одмор како ги одвикнувате, кај ги ставате да мочкаат?
     
  4. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Ja drzev na kraj od plazata da mocka mada znaese i vo more da moca
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Од почетокот на месецов пробуваме со одвикнување ама тешко ни оди некако.
    Ќе го прашам дали му се мочка вели не и по 2 минути е утоп во гаќите. А се случило и да ми каже за мочкање и какање и да ми побара нокшир да седне на него и таму да заврши работа. Значи и вака и така. Како му е желба нему така. За една недела ќе одиме на одмор и таму ќе продолжам со пробување. Засега си рибам паркети и си перам гомца,тоа е.
    Баш ќе споделам тука кога ќе го тргниме скроз памперсот и ќе ве почастам по еден виртуелен коктел. Оти стварно ќе славам кога ќе се случи тоа.
     
  6. Torn

    Torn Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Мајка и кога ти вика не однеси го на нокширче и моето така правеше и јас го носев,некогаш мочкаше некогаш не...еве сега веќе е навикнат и сум раат
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    17.693
    Вади памперсот. 2 /3 недели ќе треба да и се посветиш, но вреди. Штом за какање кажува, ќе добие осет и за мочкање сигурно.
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Еве денес цел ден е по гаќички се помочка неколку пати наземја и три пати во шоља ми кажа :party:
    Е сега денес бев цел ден дома, што кога сме надвор? Ај за во парк ќе ја клекнал некаде ама за низ град да и облечам ли пелена како правевте вие? Фала ти многу
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    17.693
    Не ставав за надвор ми беше страв да не ги збунам. Јас двајцата ги одвикнував зимно време и тогаш излегувањата ни беа сведени на минимум.
    Кога веќе излегувавме обавезно имав со мене резерва облека.
    Памтам тој период бевме на роденден и бев во искушение да ставам памперс, ама собрав храброст и го однесов без. Го носев почесто во вц и немавме инцидент. И да направи беља нема ништо срамно дете е, не се замарај. Со лесно.
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Не и облакај не ја буни, пред излагање би било убаво да се помочка, но и да згреши детенце е, башка и лето е ништо страшно ќе ја пресоблечиш, не ја карај смирено ќе и објасниш, ден, два ќе и кликне
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Мислев само јас во зима одвикнував од пелени :D кај нас и во градинка запнаа, ни беа ептен од помош. Не се ни сеќавам колку брзо беше. Потешко од шише го откачивме
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу :l:
    Ќе јавам за некој ден што сме направиле. Еве денес е цел ден "сува". Мислам ќе успееме
     
    На Luna91, sani99 и elimkd им се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    И носете си резервна облека и за вас :rofl: Имавме една ситуација во кола тргнати на прослава :rofl:
     
    На Pacient srna, Razvigorec, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    121
    Малечката ми е скоро 3 години, го извадов нокширот, пуштив цртан на темата и објаснив и веднаш си се измочка во нокшир, следниот ден исто се случи, си реков супер. Третиот ден кога ја оставив без памперс се измочка на под и мн се исплаши, а ние ја тешевме дека не е страшно. После тоа нејќи ни да седни на нокшир.. вели нејќам и по еден сат стегање ќе почни да плачи и бара пелена.. како треба да постапам, да скријам нокширот и да почекам некое време?
     
  15. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Кога се одвикнуваше моојот беше 20м сам покажа желба и интерес. Кога шетавме носев нокшир со мене како некоја будала :lol: ама не сакаше да го издржувам ниту стоејки. Во почетокот во ранче носев и по два три пара гакички и куси панталони лето беше и ако згрешеше го пресоблекував и му кажував следен пат да ми каже. Се дешваше и ако се заигра да се занесе да пушти некоја капка и да му текне да каже. Никогаш не сум го прашувал сто пати дали му се мочка, така нема да осети што значи полн мочен меур к нагон за мочкање. Во почетокот првиот ден може на 15 минути се помочуваше по малку. Веќе втор трет се зголемуваше времето што не мочка за. 1 недела отприлика веќе се навикна скроз. Е после имавме малку регресија за внимание застануваше пред нас/баба/дедо и се гледаше во гаки к намерно пушташе |( ама за неколку дена и тоа се среди ког виде не му пали:D. Со лесно одвикнувањето и шетајте со нокширче :hug:
     
    На Razvigorec и lovely91 им се допаѓа ова.
  16. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Здраво

    Завршетокот на р'бетот до 3 годишна возраст нема доволна комуникација со мозокот, не дава сигнали за какањето, така да немојте да ги форсирате децата пред тоа да кажуваат за какање. Ова се учи по биологија до 8мо одделение. За мочкање е полесно, друг дел од нервниот систем е таму.
    Второто кај нас сега полни 3 години, еднаш се искака на нокшир и вика леле што мириса вака :D и сега не сака пак да кака бара пелена да ставиме кога и се кака. За мочкање почна 5-6 пати на нокшир и сега со столче сама оди на шоља, дури и се брише после нужда :)
    Со лесно одвикнувањето, убав ден
     
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Како мислиш не дава сигнали за какањето?
     
  18. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Крајот на р'бетот е поврзан со нервните завршетоци на дебелото црево, т.е. анусот. После 3та година тие нервни завршетоци почнуваат да даваат сигнал на мозокот дека треба да се кака и знаеме дека треба да одиме на нокшир или шолја, да не ги полниме пелените и гаќите :)
     
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Искрено не се сеќавам на ова од осмо одд ама сигурна сум дека порано се свесни за какањето од мое искуство и од блиски. Одвикнувањето од пелени е повеќе психичка спремност.
     
    На elimkd, Stressed Out, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Тогаш како кај мене на 20месеци почна да кажува за какање? Сама без да ја прашувам ниту да планирам да ја одвикнувам од пелени. Она сама си испланирала дека ќе кака во шоља. И тоа прво почна да кажува само за какање па после за мочкање.
    Вчера три пати мочкаше надвор клекната. На нокшир мојава па никако не сакаше да седне прво тоа и купив сака на шоља дека мама таму седи.
     
    На sani99, Skyler и Snowflake92 им се допаѓа ова.