Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    4.615
    Пол:
    Женски
    Ајде совет од Вас поискусните..имам пишувано во градинка го форсираа да го одвикнам само што почна да оди, тогаш имаше 2 год и 2 месеци, ама со градинката беше тргни застани 3 дена оди 3 недели болен и дома му враќав пелени а таму беше принципиелен ниеднаш не се помоча во него, ама дома кога ќе си дојдевме никако не сакаше со очи да види нокшир и се мочаше во гаки...па во градинка седеше без пелена а дома му ставав пелена, знам дека го збунував ама таму со пелена не ми го примаа..сето тоа помина, летово беше цело време дома и еден ден едноставно не сакаше пелена, добро му велам не ти редам и од тогаш денски сме без пелена, си моча на нокшир, имаше грешки ама ништо посебно, имавме потешкотии со какањето ама и тоа се среди, денски за дремка не носи пелени, само ноќната уште му ја редам ама планирам за брзо да ја тргнам

    Сега проблемот е, додуше не знам ни дали е проблем, бидејќи досега беше топло дома седеше цело време гол, кога ќе му се примочкаше си седнуваше на нокшир, мочкаше и така цело време...кога ќе одевме кај моите или кај сестра ми таму има нокшири, за излегување одев по него како лудача и само ти се моча? ти се моча? го напнував ама трпеше...едино ако го слечев долу гол ќе застанеше стоечки и ќе се помочаше...бевме на одмор таму мочаше во апартман во нокшир, на плажа во вода ама неколку пати навечер кога бевме излезени се помоча во него ама тоа е само се пресоблековме и готово..плус на одмор кој ме познава и не се замарав (иако на два ресторани им го сефтоса подот :$)...е сега треба да почне во градинка во поголема група каде сите деца се одвикнати, плус доаѓа есен не ќе може да се шета гол како досега,а не ни треба...како да го навикнам да кажува дека му се моча или бар да покажува?..ај дома ќе го седнувам, во градинка не верувам дека многу ќе се замараат со неговото мочање при 20 деца..почнав дома да го облекувам ама седи облечен 15 мин и после се слекува и не сака пак да се облече..или само да сум упорна со облекувањето па вероватно ќе научи да дава знаци на мочкање...плус не зборува, да зборуваше бар ќе кажеше ми се моча, најмногу ми е како ќе се снајди во градинка, да не го оставаат мочан цел ден :(

    Извинете за рефератов :tmi:
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Мајки ајде еден совет.. синко веќе скоро 2м е одвикнат од пелени и иако со малку проблеми на почетокот за какање скроз ги тргнавме оддамна, преку ден си кажува и кака и мочка во нокшир ама навечер е проблемот.. уште не го добил осетот за мочкање и секоја вечер мочка во кревет од 2-3 пати.. значи не пие течности пред спиење, мочка пред да си легне и пак моча во кревет.. будење и на нокшир некогаш е успешно, а некогаш е со трескање од земја поспан и нема шанси да моча:wasntme:
    Се утепав перејќи постелнина секој ден му ја перам , зошто нема ноќ он да не се измоча:x кога им доаѓа осетот? Со ќере навечер немав ич проблем од старт се немаше измочкано во кревет ама преку ден ни беше хорор со неа:D
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Мојот е одвикнат пред година ипол,па сеуште се случува да се измочка во кревет. Не секој ден ,ама последниве 6 месеци можеби 2-3 пати.
    Јас не го карам кога и да се измочка. Му кажувам дека не е убаво тоа,да не разбуди кога и да му се примоча ќе го однесеме во вц. Тој се чуствува виновен дека направил грешка.
    Ќе се научат,мали се.
    Стави си подлога за душекот за да може веднаш да продолжи да спие.
    Внимавај на течности пред спиење.
     
    На sani99 и NNK19 им се допаѓа ова.
  4. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    1.386
    Каква подлога за душек? да си имам дома за секој случај, ма да син ми е веќе 2 год а сеуште не кажува ни кака ни моча ни ништо
    само се смешка, очигледно не е спремен
    сакам да купам нокшир или адаптер сега , кое е попрактично?
     
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Јас земав водоотпорна, не знам дали на таква мисли @Sofi.ja ама пак се буди ако се измоча, одма се соблекува. Спас е таа за душекот и брзо се суши, мислам дека од Памук пале купив не памтам.
    Јас почнав со нокшир ама за другото дете би идела директно на адаптер со скаличка.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    1.386
    Имам дома ама ставам јас прво подлога па постелнина или само да е на подлога? зашто постелнината нема да се суши затоа ќе мора да се менува ако се измочка
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Да и јас така и секако чаршавот е мокар, да не правиме нешто погрешно? :D Ај ќе каже Софија на каква подлога мисли.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    4.645
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Заштитна подлога, водоотпорна. Веројатно имаш таква.
    Јас имав купено и адаптер и нокшир. Побрзо се навикна на нокширот. На шоља како да му беше страв,а од што читав искуства се плашат дека има дупка.
     
  10. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    1.386
    А врз неа ставаш чаршаф така?
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Да. Он ако се измочка тоа е еднаш во текот на ноќта. После вадам се ако е мокро ставам обична подлога(од белешките за секој случај) па нов чаршаф.
     
  12. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    https://www.ikea.gr/en/products/tex...proof-mattress-protector-160x200-cm/60522129/

    Ima razni velicini ama super e,vrz nea sekako si stavam i carsaf
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    2.632
    Пол:
    Женски
    Малата има 2 години и 4 месеци. Пред два дена се капеше гола во базенчето, кажа дека и се мочка, не и ставив пелена ја седнав на нокшир и си се измочка. Од тогаш ставивме гаќи и не згрешила. Без проблем и се мочкаше и какаше во нокширот, беше пресреќна. Не гледаше нас среќни и таа уште толку среќна, дури и не сакаше пелена за спиење па морав да и подметнувам ко ќе е заспана... Денес стана, си се измочка во нокширот без проблем и по неколку саати, рече ми се кака, седна на нокширот проба да кака и наеднаш стана и почна да плаче, да се држи за газето и да бара пелена. Не и ставив, не се искака, не сака да кака в гаќи бара пелена и трпеше. Од тогаш на секој пола час и иди за какање и плачи, не сака на нокшир бара пелена, па и поминува напонот за какање, па ќе и дојди пак и пак плачки и така во круг се дури не се искака пред малку во туш кабината и плачеше хистерично да ја мијам, се гадеше од каките во туш кабината.... е сега не знам шо да прам... дали да и ставам пелена? Ми ја страв да не ја вратам назад скроз на пелени, а ако не и ставам ми е страв да не ја изтрауматизирам уште толку... ваши мислења? Стварно не знам што е најдобро да направам. Два дена беше супер, не знам шо и бидна денес...
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Јас би ставала пелена за какање, или пробај на шоља,да не има тврда столица па да ја болело ? Објаснувај дека е тоа нормално збори , само не форсирај ако бара пелена за какање стави подобро да се искака отколку да стиска па уште потврда столица после...
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    8.797
    Пол:
    Женски
    Син ми е 2 г и 4м, 2-3 недели негде сме во фаза на одвикнување, за мочкање одма после 3 ден почма да кажува, за какање никако не сака да каже, кака во гаќите, секако пробав и на убав начин, и на лош, не и не. Си продолжува по старо, ни во шоља, ни во нокшир. Некој со слично искуство да сподело совет?
    Пелена му немам ставено намерно, сакам да сум доследна во тоа што сум го почнала, не сакам да ставам пелена па да се научи и во неа да ми кака, или па да моча пак.
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Се согласувам.
    Греота е да се стиска за какање.
    Пробај да ставиш отворена пелена на нокширот и да седне.
    Ако не бива нека кака во пелена.
    Мојот првите 2-3 недели какаше во гаќи.
    Многу бев нервозна,устава пена ми фати од зборење. Откако се смирив се научи да кака.
    @moon1
     
    На KuklickaSk, sani99 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  17. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    А некој дали ги користел подлогите за една употреба од дм што не пропуштаат? Тие на слика една членка што ги пушти погоре.. Дали се добри и стварно ич не пропуштаат? За на одмор барам да си купам да не се измочка мали таму на душекот ^_^
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.058
    Допаѓања:
    40.402
    Пол:
    Женски
    Имаш и поефтина варијанта од нив во рамстор на минис. Исто види ги и во зегин на слипи. Инаку да практични се, јас и дома ги користам за преслакање и за надвор кога сме излезени да не ми ја измоча количката или кај и да го преслекам. Не дека се за една употреба де. Ги користам додека не ги измоча :rofl:
     
    На Sofi.ja, NNK19 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  19. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    4.645
    Овие од слипи за пресоблекување или за кревет се? Од ДМ тие се едни за пресоблекување и тие баш како чаршав за на кревет и доста поголеми и потенки се.

    @NNK19 малку се чудни, јас ги носам стално на одмор, ама во пелени е мојата уште, не ми текнува да биле многу мокри и да проверам дали пуштаат.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Не пропуштаат, сум имала ситуации кога биле болни да повратат и не пропуштиле на душекот.
     
    На Mucika и NNK19 им се допаѓа ова.