Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Да земам од тие чаршавите шо не пропуштаат да се обезбедам.. Само дали прават ко за спална со ластик, колку ќе ми треба, дали ќе греши многу. Секако прво денски да се навикни е.
     
  2. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Јас купив од стружанка, имаше 160х2 и 180х2. Не е баш чаршав и не е ластик, туку на сите ќошеви има ластици за да го ставиш под душекот
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    200х200 да не имаше
     
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.851
    Пол:
    Женски
    Откако почнав да ја форсирам повеќе да седи на нокшир преку ден, секоја вечер е утоп, пелената не додржува. Можно ли е намерно да се стиска преку ден, отпор да ми ствара ради нокширот. Некогаш мочка, некогаш не на нокшир. Ама не ја терам со сила, цел ритуал има и седи по пола саат сама без проблем. 2 години е.
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    И јас да се приклучам на темава. Мојот има 2 год и 2 мес. Одамна веќе кажува кога му се иде у вц. Арно ама не сака на нокшир. На адаптер седнува некогаш и секогаш си завршува работа. Дури знае и сам да се потфати демек се брише. Тоа се ок. Ама како да го убедам дека треба секое вршење на нужда да седи на адаптерот? Он ќе каже и ќе си се измочка у памперс, го прашувам дали сака да седне "на патката", најчесто одговорот е не. |(
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха мојов го прави сеуште ова. Скоро 5 години има. Машината ми е нова, 2 години има, лагерот растропа, откинато ја имам. (facepalm)Не греши стално ко порано, ама му се случува еднаш во недела/две да згреши навечер. И нема правило. Денови кога капка вода не сум му дала ќе се испомоча после 2 саати спиење, а еве завчера се изнапи вода, 3 пати станував со него, не му се мочкаше и дури сабајле во 8 се измочка на шоља. Ја се помирив дека такво си е детето и тоа е. Ќе се среди со тек на време. Баш прв братучед на мм истиов проблем го имаа со синчето, сега е 7 годишен и ниеднаш веќе нема згрешено, дури не ни станувал навечер. Јас приметувам дека почнаа да се намалуваат ноќите кога се случува да се измоча во спиење. Го будам кога ќе станувам и јас. Не можам да не станам барем еднаш ради сама себе, па така и него го кревам. Намалувам после 19h течности, ептен ако јаде нешто му давам малку, колку да не легне жеден. А преку ден го оставам да пие колку сака. Набилдај се со живци, купи си од оние подлогине за на душек и терај. Тоа е.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Извади ги пелените, воопшто не ставај памперс, ќе се измочка сигурно неколку пати, кај мене никогаш не сакаше на нокшир, цело време е на адаптер, на почеток ги фаќа инат ако му викаш за мочкање, кај нас успеваше ако наместо да одиме да мочкаш и викав ајде да му покажеш на бебето, мечето… како се мочка или му се мочка на некое од бебињата и трчаше да не се помочкале.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Женски
    Јас живци искинав со моево, уште од август го држам без памперс ништо не постигнав, седнува на нокшир, седнува на адаптер, мочнува и ќе натргнрме гачите и пак мокар ( исто малку) и кога ќе ставиме памперс за навечер полн. 3 г во август направи. Сам нема кажано ми се мочка
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Извадивме памперс за преку ден имаше напредок две недели како сме дома и си кажува, ниту еднаш не згреши, дали е рано и за навечер да изведиме но навечер е полн памперсот секое сабајле и како тоа да го извадиме, пие млеко шише пред спиење тоа не можиме да го откажеме оти не заспива, дали да го будам во текот на ноќта или како пошто во спиење си мочка.
    Имаме проблем за надвор никаде не сака да мочка се стега и вика дома ќе мочкам. Му ставам памперс за надвор но сув е и не сакам да му ставам туку како да го навикнам дека секаде може да мочка кога ќе му дојди. Седевме во слаткарница, сто пати го прашував да не му се мочка не вика дома, испи две чаши сок го однесов со мене да види дека има шолја го наместив и не сака да мочка. Дали да си носам адаптер ко ќе излегуваме од стоење ретко мочка појќе сака да седи?
     
  10. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Ние после месец дена откако се
    одвикнавме носевме ноќе памперс ми беше страв да го оставам без памперс, и цел месец се будеше со сув памперс и после го прекинавме скроз.
    Аа инаку и моето не мочкаше никаде надвор се чуваше за дома и затоа се си носевме со нас адаптер. Сите го прават тоа на почеток сега немаме проблем.
     
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Трета недела како нема згрешено, еве денес згрешил во градинка и за мочкање и за какање, зошто не кажал, има ли потреба за грижа дека не е уште спремен или нормално е, ми е страв да не продолжи во гаќи да оди.
     
  12. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Нормално е, може да се случи да згрешат.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.645
    Пол:
    Женски
    Ооооо сполај му на Госпо и јас да се пофалам во темава:D после дооооолги 5 години конечно ,,дајпер фри,, :whew: мислев ќе нема крај. Одвикнувањето ни беше отежнато поради повеќе фактори,отсуство на говор,сензорни нарушувања....За мочкање не беше проблем брзо сфати,но со какањето мислев дека ќе се мрднам.Му беше трауматично да кака (немаше тврда столица) имаше буквално страв од какање.Неколку утра се будеше со сува пелена и ги фрливме веднаш,си реков повеќе нема назад. За мочкање немаше инциденти што искрено многу пријатно бев изненадена.Дирекно на ве це школка, никако не прифат нокшир.Почеток на есента купивме 30пара гаќи бидејќи на секој нагон за вршење голема нужда ги валкаше и менувавме,оваа фаза траеше повеќе од месец. За ,,среќа,, го фати некој вирус со дијареа (facepalm) и ова го немав видено не знам со каква сила додржуваше да не се испразни но не можеше да издржи повеќе:whew:па благодарение на дијареата се престраши од какање.:lol: Еве после толку време стегање газе и менување 15пара гаќи во ден :muscle:синко сам оди во тоалет со сите церемонии кревање капак,па треси-треси,облекување ,спуштање капак,затварање капак,пуштање вода,миење и бришење раце(освен за бришење при голема нужда,ма да знае сам да влезе во туш кабина за да се мие).:smirk: Покрај вирусот мислам дека од голема помош беше и напредокот во говорот,конечно можеме колку-толку да се разбереме.:inlove:Иако ми е ова трето дете искрено со третото минуваме низ предизвици кои не сум ги искусила со другите две деца.Одвикнувањето од пелени беше навистина стресен и тежок процес и за син ми и за мене. Но ете и тоа помина.
     
    На dromka, Mother of 2boys, Anturium и 3 други им се допаѓа ова.
  14. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Една недела точно како е без пелени преку ден. Од прво мочкаше на секое, сега веќе знае да држи на повеќе време. Ќе каже дека му се мочка ама само кога ќе пушти неколку капки во гаќи, го носам во вц, сака да пушта вода, да кине тоалетна и нема шанси да се измочка таму. Ќе седиме 10- 15 мин и џабе. Само што ќе излеземе после некоја минута ќе се помочка обилно во гаќи и ќе ми каже.. Не знам дали да продолжам. Не е мал, 3 и пол години е. Не ми е проблем ни бришење ни чистење, само да знам дека би имало ефект. Пробано е со сите методи тука што ги читав, ама ич ич не се замара ни за подароци, ни за споредби со некое другарче, ништо...
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    36.708
    Пол:
    Женски
    Биди упорна. Имам пишувано во темава дека инает ми тераа двајцата. Си завршуваа работа во гаќички. Ама јас не попуштав. И пред излегување ги седнував да мочкаат во нокшир. Додека не завршеа работа не одевме никаде. Надвор често ги прашував. И на мене не ми беше проблем чистењето. Навечер ставав мушама под чаршафот. Големиот се одвикна отприлика на таа возраст.
     
    На zemzela91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Здраво малата не носи пелени околу 4 месеци и сега почна да се моча во гаќи а за какање кажуват, ај првиот ден мислев згресило не кажа се помоча ама ова е 4 ден не знам што да правам, иначе и надвор кога излагавме кажуваше ми се мочка а сега овие дена не знам зошто вака ве молам за совет
     
  17. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Да не се соочила со некои промени , од типот одвикнување од цуцла или нешто друго, почнување у градкнка, ново бебе или слично? Се тоа може да влијае и да предизвика регресија.
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Не оди во градинка, цуцла никогаш не сакаше,немаме друго бебче не знам зошто вака почнав да се плашам што може да биде
     
  19. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Kolku godini ima ?
     
  20. Chrysanthemum

    Chrysanthemum Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски

    Мислам дека си е скроз нормален процес, регресија е.

    Истото го поминавме, траеше месец и пол и беше доста турбулентно. Имаше денови кога не прави грешка, но скоро секој ден перед по минимум три пара алишта, затоаш што се што и праќав во градинка беше потопено, а и плус дома додека да легнеме, секогаш имаше некоја грешка. Цело време беше помочана, ама еднаш и ми се искака несакајќи, дека тогаш беше болна, имаше малку пролив, и знам дека беше грешка :D И самата си кажа тогаш дека мислела дека ќе прдне, ама уствари се случи беља.

    Кај нас не знам што беше точно причината, претпоставувам нешто и за промената која ќе ни следува, затоа што ќе си имаме и ново бепче некаде во февруари, ама се сомневам нешто дека се случило и во градинка. Можеби и некоја промена што не и се свиѓа, па затоа така реагираше.

    Мислев дека нема да има крај на моето перење помочани алишта секој ден, ама еве можам да потврдам дека сега веќе си тераме пак како претходно.

    Не се обесхрабрувај, без разлика колку и долго да трае процесот, минлив е. Кај некои деца пократко, кај некои подолго, само трпение треба и разбирање.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.