Знам дека влијае, не можеле, не кажувал. Дома не зборуваме мкд, така да им објаснимќв како он кажува за да оди ама они кога зборам како да лебдат на 7мо небо.
Најбитен момент што го заборавив е да не враќаш пелена. Значи ке и дадеш шанса некои две недели. Ако за две недели ни еднаш не ти каже, значи дека е рано. Ама ако три пати каже еднаш не, на добар пат сте и нема откажување. На мајка ми муабетот е дека на 1 година сум оставила пелени, што лично не верувам дека е можно. Затоа расчитав интернет, плус детево само почна да не моча во памперс. Го мислев мал е, не збореше, ама спремен бил. Ни писоар немав, па во када мочаше, недела дека.
@LiquidLuna како иде? Мојава осети дека ја оговарам изгледа по форуми, па појави интерес. Ај совет од поискусни. Секое сабајле станува и прво оди да мочка на шоља, тоа ни е усовршено. После тоа бара гаќи ама не кажува кога и се мочка. Ја прашувам, ја седнувам, нејќе. А и ставам пелена мочка. Секое мочкање во пелена го кажува и бара да ја мењаме. Како да постапам следно?
Па, ќе видам уште некој ден. Сега за сега нема позитивен фидбек. Секое трето седнување на нокшир ( те послушав @Mucika , не ја замарам со прашања ) и е со негодување. Не е многу напната дека е мокра и какана, од 3 пати, 2 пати кажува отпосле ама нема некои знаци однапред. Ја фатив еднаш пред какање, и од тогаш нема баш мерак да седи. Како и да е, и да се вратиме на пелени нема да ми е криво дека не сум пробала Оти и околу мене добивам совети дека е спремна, па еве пробувам И иначе се спремив јас повеќе, многу сум смирена и си брчам ко навиена "колку е она големо дете нели ", а на состаноци за гаќи ќе зборам веќе Се едитирав, ко да ми фали спиење сум го напишала мислењето. Oh wait
Занимации за на нокшир да седи ако ти негодува, стикери, приказни, песнички, боички, играчки одамна што не ги видела, балони од сапуница дувај и она нека дува, не знам, се што ќе ти текне. Ако ти станува мука ставај пелените, ќе ги фрлите кога тогаш, сигурно нема во школо да ги носи. Еве и мојава вчера ми се измоча прв пат ко намерно. Ми застана во вц таман да ја соблечам рашири нозете и ја гледам се мокри... ама се е во знакот на инатот овој месец, така да може и до месецот е.
Мука не толку ама ако уште еднаш стане од нокшир и седне со гол газ у саксијата, јас ќе и ставам пелени до школо И пробав у веце ама не бива, таму има многу работи што се уааааау интересни за праење, ми се измоча на нога вчера оти сакаше да ја уклучи пералната А у шоља и паѓа газот, и многу е незгодно за држење да ја чекам да заврши работа. Таму па ич никаков интерес за мочање, пробува да ја крене даската...додека седи на неа.
Нее на шоља без адаптер и јас не можам да ја држам. Ама па нас машината ни беше една од знимациите. Инаку со мачкава да не се помешала па седнува во саксијата
Не е дека не стои до мачката кога е во вц.. кутрата има публика. Оваа видела песок/земја па ај... @Tea SK не знам шо да ти кажам за следно, ама со лесно. Ај нека се научи пред да ти дојде новото
Речи и кога сака да мочка да ти каже. Не ставај пелена. Нека се измоча и во гаќи ако треба, не им е пријатно ако направат тоа. Ми се случило и по пат да се помочка. Влегов во аптека ја пресоблеков, имав алишта со мене. Сега на почеток може и 2 часа да издржи. Купи стикери, јас ѕведички имав, мала за мочкање голема за какање и само после завршена работа давав. Не сум ја терала со ништо да седи да дреме во WC. Минута две и толку. Мојава директно на адаптер, немам нокшир.
Како правите за во градинка, ви фаза на одвикнување? Навечер не мочка, сабајле одма мочка на шоља. Во текот на денот кога е дома, ја седнувам на шоља си мочка, сама уште ми нема кажано ми се мочка. Во петокот и кажав на негователката да ја носи на шоља, ниту еднаш не се измочкала, се во пелена.
Кога почнавме со одвикнување воопшто не ставав пелена преку ден, ниту во градинка. Не ни ставав во ранче.
Не се мочкаше? Јас денес 3 пати ја туширам што се измочка во гаќи. Во градинка сигурно нема да ја тушираат. Мојава по 9 саати седи, треба со куфер алишта да ја пратам.
Па не, јас затоа почнав петок после градинка за да знам како ќе оди. До понеделникот супер поминавме и им кажав во градинка дека е без пелена. Во градинка се нема измочано никогаш, дома правеше грешки.
Понеделнички , после поминат успешен викенд да каже дека и се мочка , ја однесов без пелени им ставив една во ранче за спиење само и им кажав не носи веќе пелени , кажува. Немој да мислиш дека нема шанси и кога ќе почне да кажува и нема да носи пелени дека нема да згреши ниеднаш во градинка, ако згреши нема да ја истушираат, така да не се стресувај толку. Мочаните алишта во кеса и толку, на неа резервни. Првите два дена и ставаја за спиење после веќе не. Мора соработка и од страна на негувателките, ама да ја праќаш без пелени на неа.
Син ми за неколку месеци ќе прави 3 години, почна да кажува дека мочка и да прашува дали може да кака, иако носи пелена. По ова одлучив дека е време да пробаме да ги тргнеме пелените од саботата наваму. Саботата беше супер, си кажуваше цел ден и само неколку пати згреши. Неделата веќе почна да кажува поретко, ама не мочка ни во гаќи, него стиска. Пак ок беше, вчера во градинка од сабајле во 7 кога мочкаше дома, дури во 3 попладне мочкал таму. Денес бетер, сабајлево не сакаше дома да мочка, во градинка дури во 3 мочкал, дома после тоа накај 5 свесно кажал дека сака да мочка и да кака во гаќи, го направил тоа и повеќе не се измочка. Легна да спие без да мочка, не сака пелена, го прашавме, му рековме слободно нека мочка и во гаќи и тоа не сака. Многу ми е страв вака што се стиска, а му се мочка, се држи, потскокнува, ама никако не сака да мочка. Никаков притисок не му вршиме да мора да тргне пелени, кога ќе заврши работа во нокшир му кажуваме браво, ама не претеруваме, многу внимаваме како се однесуваме. Не знам каде грешиме. Се соочил некој со вакво нешто?
Еве ја 6 месеци нема пелена, па пак и светнува некој ден да трпи. Не го охрабрувај да мочка и кака во гаќи. Речи му да ти каже ако сака да мочка или кака. Ако направи беља во гаќи кажи дека не е убаво тоа, ама не да го караш. По 6 пати ме тераше да ја носам во тоалет на 2 мин, 6 пати одиме и не завршува работа 7миот ќе се измочка како што треба ко ништо да не било претходно. Само нерви мислам дека треба да имаш, ништо друго. Со какање уште не е средена како што треба, секој 3 ден оди. Гледам храната да и биде како што треба со повеќе влакна и денес планирам и сируп да почнам па да видиме како ќе биде.
За мочкање земи некоја пластична чаша мека мочка во неа, кажи му ајде да видиме каква боја ке биде мочката, да не мора да го носиш во тоалет. И не го прашувај многу често, момчињата држат повеќе. Штом е свесен дека ќе мочка или кака, на добар пат сте. Ние кога почнавме се искака на нокшир и после тоа не сакаше да кака. Ми велеше дека му се кака да му ставам пелена, и тоа можеби траеше една година, додека да посака сам да седи на нокшир. Во градинка не се кака сеуште. Само дома. Како што ти кажа членката само трпение.
Здраво на сите. Сакам да прашам, можеби некоја од вас имате искуство, па и да немате прифаќам и замолувам за совет. Син ми ќе наполни 3 години, сега скоро. И покрај големите притисоци од околината да му тргнам папмерс од година и пол, не потклекнав и го оставив сам да покаже кога е спремен. Се случи и тој момент, пред една недела си кажа сам дека му се мочка, го однесов во WC и без проблем си мочкаше. Од тогаш, еднаш ќе каже еднаш не, сепак носеше пелени. Денеска, утрово, сам ми кажа дека му се мочка, го прашав дали сака гаќи да носи, сам си кажа да. Му облеков и три пати си кажа. Моментално спие и му ставив памперс, и вечер за спиење ќе му ставам. Но што да правам сега и како да постапам? Дали да му облекувам само гаќи, да не го враќам на памперс преку ден? Тргнува и во градинка за некој ден. Што да правам таму, од почетокот ќе сум со него на привикнување,па се мислам да го оставам во гаќи?