Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    На која возраст ги тргнавте пелените за навечер?има 3,5 годинки сува е пелената, ретко ама ретко да се помочка се случува обично 2 пати месечно , редовно си пие млекце пред спиење некогаш ќе се измочка пред спиење некогаш не, ретко се има случено да ми кажи дека му се мочка во ноќта 3 пати до сега кажа, дали да вадам пелена? Самиот не сака да ја носи.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.160
    Пол:
    Женски

    Ќе ја извадиш пелената, ама и млекото пред спиење ќе го исфрлиш.
     
    На dromka, Mother of 2boys и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. luciamk

    luciamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    38
    Здраво членки
    Ако прашањето не е за овде ве молам пренасочете ме!
    Ќерка ми е 6 ипол години и сеуште мокри навечер
    Кажете некој совет,лек. Течности не внесуваме после 18 часот,секогаш редовно оди во тоалет.
     
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Мали 2 ипол години.
    Пред два дена ми вика нејкам пелена и си ја извади,цел ден си кажуваше за мочкање,вчера вечерта маж заборавил да му стави пелена за спиење и сабајле во 4 ме разбуди мамо мене моча:D
    После само што стана од спиење вика мене моча.
    Пеленскиот стаж кој во кучава траеше 5 ипол години заврши посебно со малово експресно брзо.
    Мене ме мавнаа емоции дека веќе немам бебесо пелена;(
     
    На Knizhevnik11, KidA, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    3г. 8м веќе ми е срам да кажувам дека не се одвикнавме од памперс. Денеска го тргнав, ме фати инат да не му ставам ни ноќе. Ќе се изнамачам ама стварно немам сили веќе, најмногу од коментари. :sweat:;(
    Има ли некој успешен резултат од ваквото однесување на родител?
     
    На Mumoftwo30 и sani99 им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Будење на 2 саати во текот на ноќта?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.160
    Пол:
    Женски
    Доктор? Прашајте матичен лекар да ве упати на психолог. Може не е физичка причина?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @luciamk консултирајте се со лекар за да се види причината за ноќно мокрење особено ако е секоја вечер. Може да е физичка причината, може да е психолошка.
    @Malesia пелени така и се откажуваат. Ги тргаш и тоа е тоа. Прво зборувате за тргањето (твоето е веќе големо и би требало баш да разбере). Неколку дена треба да се издржи. Ако не успеете исто видете со лекар што е причината. Кај некои деца покасно созрева бешиката и нервниот пат и не е ништо страшно тоа ама барем ќе знаете на што сте.
     
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    4.081
    Син ми е точно 3 год, пред три недели тргнавме пелени скроз, разбира се, има контрола над бешиката, без никаква грешка тргнавме. И беше супер, додека беше на распуст една недела. Првите два дена во градинка исто одеше без проблем, ама еве веќе недела дена не сака да слушне за одење во тоалет во градинка. Значи се стиска по повеќе од 8-10 саати. Зборувам со него, не сака да зборува на таа тема, пробав и да одам со него во тоалет во градинка, не сака ни случајно. И не знам како да постапам. Дома оди без проблем, ама страв ми е дека многу време се стиска во градинка. Закажав и на лекар, да проверат дали е се ок, вчера дури се пожали и на болка и покажа на бубрезите дека го болело и газето. Имал ли некој ваква ситуација? Од градинка ми викаат дека е фаза, да не враќам пелени ни случајно, дека ќе помине, ама мене ми е многу страв да не се направи некој здравствен проблем.
     
  10. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    Син ми е 3,5год. Неколку пати правев обиди за одвикнување, безуспешно. Секој ден му зборував дека сите го прават тоа, дека таму треба и што се не. Пробано е буквално се. И со награди и со казни, се ама баш се.
    Одлучив дека е доста чекање, затоа што сам нема абер да каже.
    Еве 4 ден е без пелена. Го следам постојано, пелена ставам само за спиење, ма да, некако ми стои дека нема потреба, затоа што веќе подолг период е пелената сува и затоа и се одлучив да почнам сериозно со одвикнувањето.
    Се има искакано на шолја неколку пати и тоа е проследено со пофалби, но еве 2 дена одбива да кака, ниту на нокшир, ниту на шолја. За кажување, не кажува сам, ни за едно, ни за друго. Го седнувам повремено, си мочка и не прави беља во гаќи, ама за какање имаме проблем. Насетува дека му доаѓа и трча да се скрие и да заврши работа. Таман ќе почне, јас го седнувам на шолја или нокшир и тој престанува, се стиска. 2 дена не сака да кака, само по малку.
    Ве молам совет како да постапам, страв ми е да не фати запек, па дури тогаш да создаде одбивност. Јаде нормално, како и други денови. Денес, дека неискакан втор ден, плачеше кога ќе му дојдеше и вели дека го боли, а столицата од тоа малку што пушта гледам нормална е. Тежок инаетчија е, не сака да се искака и крај. Има и страв од какањето, верувам. Го оставам и насамо и со играчка и пред тв, ништо не вродува со плод.
    Како постапувавте вие со слични ситуации? Не ми оди да вратам пелена никако, ама многу е жално да го гледам како се мачи.
     
  11. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Кое е искуството со тргање пелена на 2 години? Она прави две во август, ама покажува ептен интерес, пред да кака бара шоља и често и кака на шоља. Ја неспремна, немам уште спремно адаптери и нокшири. Дали мислите да пробаме да ја вадиме или не се спремни за тоа наа таа возраст? Не знам како да постапам, сепак ми е страв да не ја исфорсирам па да направам контра ефект.
     
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.374
    Допаѓања:
    31.580
    Пол:
    Женски
    Ние пробавме баш на 2 години ама не успеавме. Не се замараше. И беше интересно да седи на нокшир ама ко ќе се искакаше не реагираше, си шеташе така. И ги вративме пак
    Сега на 2 и пол почна да кажува понекогаш и да бара. Планирам пак да пробаме за брзо.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.141
    Допаѓања:
    10.526
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми лани полнеше 2 во август и баш тогаш пробав дур бевме на одмор. Тотално незаинтересирана беше, не го ни сфаќаше концептот. Ми се какаше во купачи, ми го фрли нокширот од балкон. Неуспешно беше.
    На 2 г и 5 мес ги тргнавме за 2 дена, ни форсирање ни ништо. Два пати се измочка во гаќи, ни еднаш не се искака и тоа беше тоа.
    Јас мислам дека ако ти покажува интерес да пробаш, секое дете е различно, нема врска која возраст е.
     
    На Mari-Li и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    Таман си е 2 години. И сега ако си кажува, спреми се ти и тргај ги, не мора 2 да чекаш да прекрши иако психолошки може е подобро.
    Јас на 2г и 1 месец ги тргнав, до попладнето почна да си кажува, претходно немаше седнато на шоља или нокшир, знаеше да каже во моментот кога кака. Дента кога ги тргнав 3 пати мислам се помоча во гаќи. Читај кој ми беше мене ставот во претходни постови ако не те мрзи. Не чекав на нејзе не ми ни било план тоа. Може имав среќа или така се погоди не знам.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Моето немаше уште две кога ги тргнавме пелените. Тешко е две недели и после се учат. Мојот уште знае да згреши а поминати се скоро три месеци. Ама не знам колку можам да зборам затоа што навечер уште му ставам пелени иако е моја грешка ова, он почна и навечер да кажува ама мислев дека ќе биде премногу и му викав мочај во пелена. Мислам нема што да изгубиш.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.947
    Слободно пробај. Јас и на двајцата им тргнав пелени на 19/20 месеци.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Како себе да се читам.. Мојот е скоро 4 год. Претходно мн пати безуспешни обиди, додека пред 1 месец за 2 дена ги тргнавме пелените, и од тогаш си тераше без ниедна грешка. Сам кажува, турка гаќи, како да е цел живот така. Ама... од пред две недели почна исто да не сака да кака. Не сака во нокшир, не сака надвор, трпи, плачи, па се кака преку два дена кога веќе нема да можи да издржи, и тоа е со 300 молења, убедувања и плачки како некој да го тепа. Му сварив чај од сливи и му давам да пие, да не случајно имал тврда столица, па да се заплашил. Многу ми е мака затоа што толку брзо се научи и се навикна за се, и наеднаш вака да смени. За мочкање си продолжи исто без проблем, ама со какањето не знам до кога ќе тераме вака. Му зборуваме дека е во ред, дека тој веќе се какал во нокшир порано, да не се плаши, дека сите деца исто прават ама некако нема промени. Ако најдиш некоја финта сподели :hug:
     
    На MissBreezy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    некои деца не можат да сфатат дека може да се кака со седење не мораш да враќаш пелена скрос ама за какање може само да му потставиш во гаќите таму кај што се крие и остави го да заврши работа, не му прави притисок само вели му кога ќе бидеш спремен за во шолја ќе ми кажеш јас ќе те прашувам
     
    На MissBreezy и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  19. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    2.090

    Слична ситуација имаме и ние
    За три недели прави три годинки ама неможеме да се откажеме од пелени
    Еднаш пробав,цел ден мочкаше во гаќи и прекинав
    Од денес пак почнав,земав и два дена слободни од работа за да носи гаќички по дома
    Денес само првиот пат се измочка во гаќи,после коа ќе го седнам на шолја се мочка ама цел ден помина и не се искака
    Мислам дека неможе да сфати дека со седење се кака
    Ќе бидам упорна до вторник па ќе видиме како ќе биде
     
    На MissBreezy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    14.584
    Пол:
    Женски
    Нешто слично сум прошла и јас. Давање храна да ја тера повеќе по голема нужда (главно сливи) и давање голема награда (за нејзе тоа беше сладолед). Од какање еднаш на два-три дена во гаки на скришно место, за 3 дена почна секој ден да си кака во нокшир.
    Мое мислење е да запнеш поинтензивно, а не да се враќате назад со пак ставање пелени.

    Познавам деца што околу вториот роденден извадиле пелени. Ако сама бара, ич да не се мислиш.
     
    На MissBreezy и Mari-Li им се допаѓа ова.