Да влијае и јас заприметив, веројатно е нормална реакција, физиолошки и психолошки се унапредуваат, се средува постепено.
Друго.. Уште не ми кажува сама.. Дури од кога ќе бидне.. 2 ден денеска. Мислам кажав и предходно. Ама не се ни буни, сака во нокширче, седи, радосна е кога ќе се измочка. Да продолжам или да почекам сама да кажува?
Ќерка ми во Август ќе полни 2 години ама гледам знаци на заинтересираност за одвикнување, а последнава недела секое утро се буди со сува пелена, макар спиела и 13 саати. На мисла сум да почнам следнава недела со одвикнување, дали да ја оставам гола првите денови или да облекувам алиштенца за да се осети дека е мокра? Дали од старт да ги тргам пеленките и навечер или едно по едно? Ми се чини ќе треба само дома да седиме пошто ќе треба со куфер алишта да се шетаме.
Готово кога веќе има научено за нокширче нема назат, но јас мојов уште го потсетувам понекогаш, децата забораваат и за да не се стега јас му кажувам, на почетокот цело време беше по моја иницијатива додека не се научи самиот да бара да го наместам и да го соблечам, ние почнавме на шолја. Го прашував дали ти се мочка дури не му стана навика, потоа почнав ко ќе ти се мочка да ми кажеш и кажуваше.
Јас му облекував гаќи му купив убај со диносауруси шо ги бендиса, купив повеќе парчиња, имавме купено три нокширчиња кој шо не ги сакаше, и она за на шолја и таму си сакаше. Ако претежно се буди со сува пелена мислам дека ќе се навикнете летово. Некои ги тргаат од старт ние почекаме некое време оти не беше спремен.
Јас и облекувам гакиња, ама цела фама кревам околу нив, мерак да и биде. За ноќно јас сум за накнадно. Ќе ставам уште некое време. Додека не баталиме млекце пред спиење. 2 дена немаме мрднато, освен пред зграда ама утре ќе прошетаме, макар и куфер би носела.
@Lisandra @PollyPocket Фала мајки на советиве, мојава и цица уште, се буди еднаш до два пати за цицање во ноќта и пак не мочка, затоа баш чудно ми падна што се случува...
Ние уште си пијаме млеко пред спијање едно шише, нема гајле, го пија млекото и мочка. Шанси нема да го баталиме, ептен сака млеко. 4ќе прај
Веќе одвикнат или? Не знам што да правам.. Вчера не ја пратив, демек за цел викенд да мочкаме, за нареднава недела не знам.. Па и од градинка да не се одвикне.. А многу сака да оди.. Денес цел ден за тетките кажува нешто..
Јас не го пратив две недели ко се одвикнуваше, после му кажавме шо планираме дека треба да го потсетуваат и му ги зедов пелените, ставив повеќе облека.
Ќе се слушнам сепак со тетките во понеделник, они како што ќе кажат. Фала ти во секој случај, по ноќевиве те испозамарав.
Ај да се приклучам и јас тука со 3 годишно дете во пелени. Вчера му рекле на сопругот од градинка да го пуштиме без пелени зошто веќе време е . Јас цело време зборев претходно и го оставав ама џабе беше. Е сега денес во градинка си кажал кога му се мочало и не се измочал ниту еднаш ама затоа дома и се измоча и се искака.... Кажете до кога да издржам зошто страшно се нервирам. 3 години сме...
Има ли некоја мајка што користеле од гакичките за одвикнување да сподели искуство. Има ли нешто ќар од нив, помагаат во процесот на одвикнување или да не фрлам пари џабе? Тие би требало да не пропуштаат мочки и каки, ама детето ќе се осеќа дека е мокро? Така?
За џабе потрошени пари. Детето ќе ги чуствува исто како памперс и ми нема поента. Оставај по гаќички , ќе добие осет. Јас земав за џабе...
И мојава цица а мислам дека од толпово им се посуви пелените, пошто повеќе се потат. Само се надоварзав на твојата реченица, ние уште не сме пробале одвикнување