Прв ден без пелени во градинка Уште пролетта покажа интерес за нокшир. 2.г и 7м. Кога ќе побараше и го носев нокширот ако не побара не ја форсирав. Последниот месец се учеше да се облака сама буквално се опседна само облечи соблечи правеше. Во саботата стана од спиење и многу спектакуларно ја извади пелената и рече мама пелена не носам веке. Ок два дена дома малце нокшир малце низ двор ама вршеше работа. Вчера и ставив пелена во градинка она земала сама си ја соблекла. Ќе видам после дали и ставиле на спиење да знам што да правам за навечер. Се надевам дека го завршивме ова поглавје.Девојченцето мое ама баш порасна
Не мочкањето навечер продолжува ама одвикнувањето неуспешно. Два дена мочкаше како кутренце насекаде и на крај се лизна трчкајќи и мочкајќи истовремено, падна директно на уста и си го скрши горното предно запче. Така да баш трауматски заврши првиот обид, оставаме за понатаму.
Majki, malava skoro tri nedeli e bez peleni. Za dva dena nauci da ne mocka, kazuva. Navecer e isto bez pelena, do sega ne naprabila belja. Ama, za kakanje ne kazuva, uporno si kaka vo gaki. Ako ja fatime na vreme ok, ako ne ke si se iskaka i ke kaze posle toa, ili pak kaka vo gaki i odi po noksirot. Kade gresam?
Здраво мајки Да се пријавам и јас на оваа тема.Имено син ми е 2 год и два месеци и уште абер нема од одвикнување. Пробуваме веке цел месец но за џабе, вришти нее сака ни да седне на нокшир, не сака ни стоејќи да моча никако. Се нервирам веќе, а се знае, пред годинка прозборе, сега цели реченици, песнички кажува. Го оставам без пелена по гаќи и нон стоп го прашувам но на крај ќе се измочка и си шлапка со нозе во вирчето. Незнам веќе да не го форсирам премногу? Совет како да постапам?
А зошто пробуваш кога гледаш не е спремно? Врати пелени и нареден пат пробај кога тој ќе посака. Штом зборува веќе со разговор ќе сфатиш дали е спремен
Да не го форсираш. Јас на точно 2 кога ја форсирав ќерка ми, истото ми се случуваше, на 2 г и 5 мес за 2 дена ги фрли.
Јас само да го потврдам муабетот. Кога беше спремен малиот за 2 дена се навикна, без нервози и без ниедна грешка ни дење ни навечер понатака. Само трпение ❤️
Ајде и јас да се пријавам на темава, може ќе добијам некој совет плус. Ќеркичкава е 2 години 11месец, значи нареден месец полни 3 години, пред еден месец покажа самата дека не сака да носи веќе пелени, почна да ги вади и на спиење и преку ден сама си ги вадеше. Се погоди да сме на одмор баш во тој период и ни дојде ко 1 на 10ка, пошо на одмор и да се измочкаше не беше страшно, летно време ќе ја измиеме нели, ќе фрлиш една вода и готово. Е сега си дојдовме дома, и почнавме да работи со нокширче, на почетокот супер одеше, почна да си мочка и кака во нокширче, и го ставивме на едно место и цело време во него си одеше. Од време на време ќе направеше беља, ама ај трпеливи рековме да бидеме. Единствено на спиење ставаме пелена, ама еве почна и на спиење скорз да ја вади, и не форсираме. Ноооо нешто се смениии, сега не сака во нокшир, не сака ни во вц, почна пак како на одмор кај и се моча таму да моча, кај и се кака таму кака. Дали некоја се соочила со вакво нешто, и збориме да кажува и ќе рече ,, моча“, ја однесеме, седнеме ќе прдне еднаш и ја чекаме, ништо, се тргне после 5мин еве ја се измочала/искакала. Ова дури викам не мајмуни по дома...Дајте совет, ако сте се соочиле со вакво нешто плс.
Мајки давајте совет... Синко е 2г и 8м. оди во градинка. Некое време веќе го оставам дома само по гаќички и нокширот му стои на исто место оди си седнува си мочка, некогаш јас го потсетувам ама се почесто сам си седнува и надвор излегуваме без памперс и ретко се случува да згреши ако е ептен заигран и ако јас заборавам да го потсетам. Во градинка го праќам со памперс, чекам зелено светло од нив да го пуштам без, сега и поради летниве одмори, споени групи не знам колку можат да им се посветат на таа тема ама не форсирам ништо. Претходно не сакаше ни да седне на нокшир во градинка сега почнал да седнува и тоа е ок. Ама имаме проблем со какањето, никако не сака да седне ни на нокшир ни на шоља, кака во гаќи и ќе ми каже дека е искакан или го фаќам на време па му ставам памперс за да се искака, инаку ако го форсирам да седне на нокшир нема ни да се искака, ќе си го врати што се вика. Ако се искакал во гаќи одма му ги соблекувам и му велам седни на нокшир додека земам да го избришам и тогаш седнува ама да кака во него никако. Кажувајте некој совет што да правам во врска со ова...
според мене ( не значи дека е правилно) би фрлила пелени за стално. Јас мислам дека е збунет. Ваму гаќи, онаму пелени. И се тоа во главчето му е измешано. Штом си решила да тргаш, тргни скроз за секаде ќе се снајдат во градинката. Не постои совршено време за тоа. И за какање ќе сфати дека нема пелена. Јас така би направила
Знам дека им се прави збунка во главчињата, пак ќе кажам не форсирам. Поголем проблем ми е тоа што не сака да кака во нокшир или шоља, за него не е никаков проблем во гаќи да се искака и го оставам за да не направам поголем проблем па да се стиска и да не сака никако да кака... поради тоа во градинка го носам со памперс...
Ми треба совет...2год и 4месеци сме и се обидуваме да се одвикнеме од пелените еве денеска втор ден. До сега успеав еднаш да го убедам да се измочка на шоља (го седнувам често и чекам некое време да мочка, ама само еднаш ни успеа да завршиме работа), инаку цело време откако ќе се измочка во гаќички тогаш ќе каже, мама мочкаше к*рето. Дома го чувам по гаќички, а за навечер и во градинка ставаме пелени. Бидејќи често го прашувам дали сака да мочка, некако почна да ми води инат и вика не, и не сака да одиме на шоља да седне, а за некое кратко време ќе се измочка во гаќички. Каде грешам? Како да го убедам да сака сам да седнува на шоља или да сфати дека му се мочка пред уствари да се измочка? Во однос на зборувањето кажува цели реченици, песнички, така што тоа барем не е проблем.
Мајки малото ми е 21 месец. Денес цел ден почна да покажува дека му се мочка. Ќе застане и ќе почне да се удира по памперсот. првите два пати почна да се удира и почна да плаче кога мочкаше. Како да се исплаши. Кога мочкаше со маж ми му кажуваме браво дека кажал и дека мочкал. Потоа само покажуваше. Е сега пробав во тој момент да го седнам на нокширче ама не сакаше. Како да му е страв. Дајте некој совет како да постапам
Па можи и со стоење да мочка не е проблем, не дека мора на нокширче. Ние дома го научивме на адаптер, но во градинка одма кога почна да мочка го стоење. После некое време дури се научивме за какање на адаптер, па после на нокшир. Сега не сака да кака во нокшир само на адаптер. Со време ќе се навикни не мора на сила, сепак мислам да не е мало уште, ако покажува пак за мочкање пак нека го направи тоа со стоење, но без форсирање пак да не се уплаши.
Не е мало некако? И мојата имаше еден период вака кпга мочкаше ќе кажеше и приплачуваше ама после сфативме дека кога мочка ја пече и затоа кажува и плаче. Видете да не е и кај вас такпв случај.
Па и јас помислив да не го пече, во понеделник сакам да испитам урина и уринокултура. Некако мал ми е уште..
И мојот се уплаши ама ко се какаше за прв пат, ново му е мислам дека нема никаков проблем, само сепак од шо е малечко затоа така.. Одете постепено.