Кога пробав точно на 2, шанси немаше. Живци откорнав чистејќи мочки и гомца. Кога пробав на 2 г и 5 месеци одма сфати што треба, одма ги фрли. Јас би чекала да е спремно детето, не би форсирала почена од ќерка ми.
Како полесно да ја одвикнам од пелени навечет? Преку ден не носи веќе подолго време. На почетокот (првите денови кога се одвикнуваше) кажуваше, ама за секој случај и ставав навечет пелена. И веќе за навечер не кажува. Дали да ја будам од време на време да ја прашувам или? Не ми се остава само да тргнам пелена и да седи цела ноќ мокра ако се измочка. А да не пие течности навечер не ми е опција, зошто шишенце вода си има до неа и си го пие секогаш. Исто и пред спиење бара многу вода.
Па клучно мислам е да не и даваш течности навечер, зашто логично ќе и се мочка. Постепено намалувај, нема потреба да внесува ништо во текот на ноќта.
Од ко се научи без пелена денски, продолжив ноќе да ставам уште 1 месец, секое утро мочана беше пелената, си мислев дека тешко ќе се научи ноќе и една вечер пресеков, не му ставив и стана не помочан, само од подлогите под него ставив и облечен во гаќи и пижами. А пиеше вода ноќе 2 3 пати дотогаш, после па престана и вода да бара. Пробај вака. Имаше 2 и пол год.
Кога ќе сетиш дека пелената навечер е сува и нема капка подолго време недели, значи е спремна. Давај течности порано, порано вечерата па вода да се напие, шо мислам дека не е проблем, кај моево вечера, пие вода, пие шише млеко, оди да мочка од ко ќе го испие, па спие. Значи пие млеко, но си држи нема да измочка. На почеток се случи два пати да се измочка на спијање, се разбуди и јас му велев мама ако ти се мочка да ми кажеш, и потоа се научи ако многу му се мочка и не можи да држи да ми кажи. Најбитно е пелената да е сува за да ги тргнеш навечер.
И беше сува пелената на почетокот, последно време се случува и да е сува ама почесто не е. Подлога имам непропуслива на креветчето. @Mari-Li @lackygirl Ќе намалам со течности нема друго. Ама па жал ми е да бара а да не и давам Иначе денес не кажала во градинка, се измочкала во гаќи сега почна во градинка, имавме пауза. Валда нема да и влијае тоа. Или па можда кажала ама дека се повеќе феца да не и обрнале внимание. Не знам што да мислам. Ете нова нервоза
Кажи му во градинка дека се одвикнува и некој период нека ја прашуваат дали и се мочка или кака почесто, мора и тие да помогнат таму, а верувам ќе сакаат оти потешко му е пелени да менуваат. Како што пишав и погоре за ноќе, исто ми велеа ко ќе е сува пелената тогаш да ја тргнам, кај него немаше сува пелена ноќе, ама од ко му ја тргнав пелената не се помоча в гаќи, само 2 пати во следниот месец се помоча во 5ч сабајлето.
Не сум ја будела, не сум и скратила вода. Тргнав пелена, и кажав немаш веќе пелени ако ти се мочка викај по мама или тато. Првата вечер се подмоча , одма почна да вика по нас и толку беше, од тогаш навака не вика. Веќе и ретко се случува ноќе да и се примочка.
Мислам дека рано и е уште, кога ќе те разбира подобро дека ако и се примочка навечер може да ве разбуди и гледаш недели сува пелена тогаш вади. Почекај некој месец, сега прво денски нека си научи како треба не си прај додатен притисок.
Mom's Веќе втор месец сме без пелена. Вчера и забележав црвено дунде. Ја намачка веледа пошто тоа користевме цело време. Од што може да е црвенилото??? Дома се бришеме стриктно со суво т.е тоалет. Е за во градинка не сум сигурна дали ги бришам. Еднаш ја прашав ми рече дека не ги бришат. Црвенилото е баш како ептен сува кожа. Некој друг предлог за мачкање?
Со судокрем проба? Како ги научивте машките деца да се бришат сами после какање? Во кој правец оди бришењето,дали седнати на шоља или станати? Знам смешно звучат прашањава,ама сакам да почнам да го учам..може и во порака кој не сака тука да објаснува
Не би требало со суво оти и повеќе ќе се изиритира плус згора на тоа зошто во градинка не ги бришат. Дури да заздрави само вода, после влажни на база на вода од виолета се најубави, пуштај му за во градинката влажни и учи ја само да знај да се бриши, како така не ги бришат.. Павловичева помага оригиналот.
Сите деца ли се плашат од какање и трчаат по 17 пати на "какање" а не какаат? Значи ја гледам дека и се кака, ми вика дека ја боли газот а не кака. Зборам, пења фатив на уста веќе дека не е ништо страшно.
не ги бришат во градинка, од тоа и е, и јас мојата ја земав пред некој ден исто жар, вечерта и намачкав маст за потпарено, тоа користевме и бебе кога беше, до сабајлето нишо немаше
Значи нервно попуштив можеби едно 6 месеци се убедувавме. И не не се сите такви , ама мојава е. Искрено ми успеа финта ај само едно г***це и готово немора веќе. Кога ќе почне веќе кака. Инаку по 4-5 дена не какаше, а по 20 пати одевме во тоалет заш ќе рече ми се кака, и на крај ништо.
Исто, цел ден сме у веце а нишо не направи. А се гледа дека се мачи. Ај да се надеваме дека за брзо ќе се убедиме дека не е апокалипса какањето.
Majka i moevo since koga se vrati posle mesec dena vo gradina, ne im kazuval za kakanje. Iskreno bev malku razocarana poso realno ispadna deka lazam, ama pa posle toa sekoj den povejke pati go nosea vo Wc i dosega ne mi se pozalija deka napravil belja. Vo sekoj slucaj vo gradinka mora da odat po niv sepak tie se deca i znaat da se zaboravat koga se zaigrani