Моите се од Амазон, јас не ги користев со моето нешто специјално, еднаш двапати може само или како замена за обични гаќи. Поентата ко шо можев да разберам е да осетат дека ќе се намократ, ама да не направат баш класично вирче од урина, значи платнени се, ама внатре имаат сепак влошки за упивање.
Ги има низ повеќе продавници во Скопје. Јас земав од еден бутик во Влае, Bunny kids, ги има на инста. Ако не си од Ск, тогаш побарај по детски бутуци или продавници за долна облека. А има и на фб, пиши гаќички за одвикнување, ќе ти искочат мн. Инаку не се ништо посебно, за разлика од обичните гаќички малку задржуваат повеќе односно не пропуштаат толку брзо, ама за спиење или искачање да се користат како замена за пелена, не. Имаат слој сличен како оние непропустливите подлоги за душек. Овие се едниот вид, а постојат и уште едни што се малку како задебелени во делот кај што се мочка како влошка да има, ама тие па ептен многу пропуштаат и воопшто не ја гледам поентата од нив. На сликава се од првиот тип.
Ќерка е 2 ипол години, не сака да слушне за нокшир и шолја ,абе се пробав ,тотално се. Ја оставам само на гаќи по дома кај ќе најде моча и кака , веќе не ни се обидувам да ја оставам на гаќи се ми е помочано дома , перев теписи кревети перници . Пробав и тоа што една членка имаше пишано погоре со киндер јајце ,дека ако се измочка или искака во нокшир ќе има внатре киндер јајце ,дури купивме и оставивме киндер во нокширот.Ма јокк...се соблекува гола дунда седи на нокшир демек кака и станува и бара пелено да и се стави одма . Што да правам ??
И јас сум за тоа, не сакам да форсирам и да ја нервирам кога гледам дека не е спремна . Ама околностите ,мајки на деца ме нервираат со тоа "ајде одвикни ја веќе голема е ,моите од година ипол се без пелени" . Мислам дека нема потреба од вакви коментари ,секое дете е различно .
Не е спремна, ич да не ти е гајле што зборуваат, ама ич. Не е спремно детето се гледа, зошто трауми да му прајте, врати пелени и пробај пак за некој месец
И ставам пелена, не може без..не сакам да ја нервирам и да и стварам стрес ,самата ќе си покаже кога ќе е спремна..ќе пробам пак за месец два да и помине ова фаза. Нема потреба од ваков тип на коментари и да си ги споредуваме децата ,секое детенце си е различно и во говор ,проодување,одвикнување од пелени .
Затоа ти велам ич не ставај рецка на такви коментари, ко ќе си дојди време ќе си кажува, има време мала е
Апла ист случај и со ќерка ми, а уште малце 3 ќе прави. И јас си викам не е спремна, ама па ме јаде нервоза возраста, до сега ваљда требаше да е. Само се надевам дека еден ден сама ќе каже да и' тргнеме пелена.
Ништо не прај, батали И ние имавме еден неуспешен обид, сега кога беше спремна буквално за 2 дена, преку викенд се научи.
Јас после месец дена неуспешни обиди се откажав и вратив пелени. После 2-3 недели пробав пак. Го прашував дали сака да му купам мала шољичка за да мочка и кака и ми велеше да. Ги прежалив парите и купив нокшир-шоља со звук на пуштање вода. Му се виде интересна валјда, но првите денови за да се убедиме макар да седне само, пуштавме цртани на тв и он си седеше на шољата. Ако одбиваше да седне не му пуштав да гледа (на некој овој пристап можеби нема да му се допадне, ама кај нас успеа пошто очајна бев веќе и ќе пробав буквално се). Сега после недела дена знае кога му се мочка и кака и оди сам седнува и завршува работа. Нормално има грешки, ама и тоа е дел од процесот. За навечер го легнувам без пелена за да знае дека веќе не треба да користиме, па му ставам во текот на ноќта. Да се привикнеме денски па ќе почнеме и за навечер да тренираме. Не верувам мн мн во муабетот "кога ќе биде спремно детето ќе си покаже" мислам дека треба упорност и трпение од страна на родителите. Сега само се мислам како да се научиме кога сме со гаќички дека треба да се соблечеме па да мочкаме, ама лека полека ќе биде и тоа Кај мене ова помогна, можеш да пробаш не губиш ништо (добро освен тие 1000ден за нокшир-шоља и некој нерв успат ).
@tinkerbell22 и син ми е во фаза на одвикнување, го почнавме процесот одкако почна сам да ми кажува дека му се моча/кака. Сега е три години и 2месеци, за мене беше вао, пошто ќерка ми се одвикна на 2.5г, претходно пробав со истата финта како со ќерка ми, т.е нокшир и покажување што како, немаше абер и баталив. Детето во принцип само покажува кога е спремно да остави некоја од навиките, а за коментарите од страна, да да важи, и гледај го детето.. Со среќа!
Епа тоа де, и внучето се одвикна на година ипол па сега мајка му ми соли памет како мојата е веќе 2 ипол години ,срамота било да носи пелена уште Момата голема па срамота било . Не ми е гајле да ти кажам ,не си го нервирам детето ,ќе пробувам почесто со убаво и ќе и правам да и биде интересно мочкањето и какањето на нокшир Сепак фала ти
Првото дете исто на 2 и пол ги откажа, 1 месец згрешаваше, претходно за какање седнуваше на нокшир од 2 год и 4 месеци, ама се помачивме 1 месец, така со згрешавање, нервозно, пери, чисти... Затоа велат ко ќе е спремно треба, не бил спремен ама јас упорна како што велиш па се научи. Е сега спремно дете пример ќе пишам, 3 год и 4 месеци, внуче од прва братучеда, никако нејќел ни да седни на нокшир, одиме на одмор Албанија, заедно сите во 1 стан и од прв ден и реков овде ќе го научиме, значи детето не згреши ни еднаш. На враќање де вратија без пелени, и по пат не носеше, а патот 6 часа, застанувавме за да мочаат 2цата мојов одвикнат 1 год пред него, тие разлика се 4 месеци. Значи за 2рово здравје ќе пробам пак на 2 и пол (мало е сега 1 год направи) ако не бива нема упорност, враќам пелени па ако треба нека си носи до 3 и пол
Пак ќе морам да не се сложам дека ова има врска со "спремноста" на детето. Нормално дека дете од 3ипол год подобро и повеќе ги разбира и резонира работите, ама ако одиме по таа логика и дете од 5 години уште подобро разбира па и побрзо би одел целиот процес, но, тоа не значи дека треба да се чека до 5 год, така?
Апсолутно се сложувам со ова. Јас мислам дека треба детето да се поттикне низ игра и сл. Не се сложувам со тоа да се чека само од себе да биде спремно. Така дај да ги чекаме до 5 год сами да решат дека не сакаат памперс. Треба голема упорност, трпение , бришење гомца и мочки понекогаш, станување ноќе и сл и покрај се тоа да се најде начин да не му е стрес на детето. Не е лесно, но секој труд се исплати. Секое дете на 2ипол, што има нормален развој, веќе може да го сфати процесот. Деца на 3ипол /4 години со памперс ми е топ мач.