Здраво на сите,извинете ако мојата проблематика не е за оваа тема, син ми е 7 години и сеуште има ноќно мокрење, незнам со што да пробаме веќе. Дали има некој совет или лек. Ви благодарам
Проверете го шеќерот да не му е висок. И поразговарајте да нема некоја мака, страв, нешто што му се случува па уште мокри
Ќерка ми пред еден месец почна да ми носи пелена кога ќе се искака. Претпоставувам дека и смета, па сака да ја пресоблечам. Овие 2-3 дена ја ставам на нокширче, не се буни ама ништо не прави, инаку сѐ уште не зборува, ама гестикулира. Не знам дали да бидам упорна и трпелива, па постепено ваљда ќе дојде моментот или да тргнам пелени на еден ден, па да видиме што ќе се случи.
И син ми го прави истото, и кажува пред да кака, ама јас не мислам дека се спремни. Знаат дека по какање следува менување пелена затоа. Јас планирам да пробам пролетта, ти ако сакаш пробај ама не форсирај
Ќе пробам секако, ние пробавме и летото ама не беше воодушевена од идејата па се откажав за да не и создадам притисок. Сега прашувам, покажувам на нокширот и сама се мести, затоа некако си дадов кураж дека можеби ќе бидне. Само очигледно треба трпение и време.
Чисто да си заведам како во потсетник,синко се одвикна од пелени на неполни 20 месеци,веќе недела време си кажува кога треба да мочка ,веднаш му тргнав пелени и преку ноќ,втората вечер се измочка но веќе на третиот ден се разбуди и бара да оди во тоалет,надвор кога сме одиме во јавни тоалети,некако успева да се додржи додека стигнеме,второ дете ми е но сум многу среќна дека толку бргу свати се и се одвикна.Пробав дека гледав дека е спремен,кажуваше кога се мочка или кака во пелено.
Мајки дајте совет... Синко 3 години веќе 6 месеци е без пелена. Е сега не секогаш кажуваше ама го седнувам или на шољма или во нокшир ќе заврши работа. Ќе го приметам дека му се мочка ќе го прашам ќе каже да и одиме во тоалет. Навечер празна пелената. Не знам што му бидна почна воопшто ништо да не кажува и ми се кака во гаќи цела недела. И не сме го искарале, гледаме со убаво да му објасниме и само вика да ќе кажам и пак исто. Почна и навечер да не држи туку да се мочка. Значи не отру начисто деновиве со какањето. Чаре? Денес дури и му свикав. И пак не кажа пак се покака во гаќи.
Да нема некоја промена па да е нешто исплашен ? Да не е бил предходно настинат? Ако оди во градинка да не таму се има случено нешто да се исплаши,доколку е имал тврда столица може и тоа да му е сега страв да не го боли.Доколку е одвикнат ќе се врати на старо ,може да е само период,се додека не се жали на болка ќе почекаш да видиш дали ќе се врати брзо на старо.
Ќерка ми откако откажа пелени само еднаш се има искакано во гаќи, кога се роди брат и. Да не имате некоја голема промена, па да покажува револт?
Брат му 5 месеци е веќе, еднаш го прашав ти од инает вака да не правиш, се смее ми вика дааа. Не знам како да постапам веќе, аман веќе од лајна што од малиов сега и од големиов не знам дали да почнам со казни. Се му објаснувам дека е нормално дека сите одиме во тоалет, дека бато има пелена зошто не знае ... И аха да да ќе кажам и мутлак
Мислам да го игнорираш и ќе помине. Мојава знаеше и да се подмочка, само и помина. Вака колку повеќе збориш, може повеќе револт му правиш.
Ќе видиме денес како ќе поминеме хаха ќе пробам и со игнор. Тртле мало знае да каже што сакал да гледа на тв не знае да каже ми се кака, го подберам некој ден има за 3 дена унапред да каже кога ќе му се кака, ама ај.
Можно е за внимание, тек допрва ќе има љубомора. Така ќе ја изразува со инает, со правење бељи, со не слушање.....
Здраво на сите, Имам дете 2,5 години и веќе цел месец како пробуваме да ги тргнеме пелените…Не дава отпор си седнува уредно на нокшир, сака да седи,носи гаќички без проблем,но не ми кажува…Ако ја седнам ќе се измочка или искака…ако не ја седнам ќе направи во неа и воопшто не и смета..нити ми кажува мама се измочкав..ништо буквално… Помош… Иначе зборува сѐ…само за тоа не…
Ај да ве прашам јас и за навечер што правите, 3г и 2 месеци е. Од 2 год е без пелена преку ден и не сме имале многу инциденти на рака се бројат, ама навечер... Неколку месеци е без пелена ноќе, иако и биле суви и претходно, значи има период кога нема проблем, ама неделава ме умре само перам постелнина. Не знам дали пие повеќе вода пред спиење или па ако не стане за да се префрли од детска кај нас па да ја измочам, сигурно ќе се измоча во кревет. Да и кратам ли вода, да ја будам, не знам. А спие 11-12 саати навечер, ако ја легнам во 8 ете тогаш да мочала, сабајлето до 7 треба ли да може да издржи без да моча на 3год? Или да ја будам намерно еднаш-два пати или после 6 да и забранувам да пие што ми е сулудо.
Ја мислам да земеш да ја будиш ноќе. Мораш, нокшир стави во соба и нека мочка, да не ја расонуваш ептен до тоалет. Моето е 18месеци и станува со сув памперс, само што ке го извадам тоа фонтана иде одма, сеа се канам уште еден нокшир во дневна и да пробам да го одвикнам пошо не моча во памперс туку чека да му го извадам и да почне поплавата.
Не е проблем нејзиното расонување, моето е проблем она ќе си заспие, ја тешко презаспивам Кога спие пократко во суштина нема проблем, на одмор, на зимување, заспива покасно од што се и е интересно, ама во деновиве кога спие долго, а си пие и вода, моча. Повеќе ми е мисла дали треба да се буди во ноќно спиење сама за да каже дека и се моча. Инаку за станување ќе ја станам, кај станувавме по 34536 пати за доење па сега за еднаш два пати проблем било..
Знам, ја тоа викам таман се одбивме пак не спиеме ко што треба ама добро е, се прифаќа сеа пак ли да се будам
Можат да издржат толку сати. Вода нека пие последно со вечерата, па пред спиење мочкање и готово, нема вода. Млеко да не пие за заспивање? Инаку мојот кога ќе го осетев дека прета навечер го станував, се мочаше без да се расони и одма продолжуваше да спие. Ноќната му ја тргнав една недела по денската зашто беше скроз сува, одма се навикна. После престанав да го станувам. Е сега се случуваше да се измоча несвесно на таа возраст, и тоа е ОК, го надрасна. Ако и' е таков периодот, станувај ја по еднаш да се измоча. Да си скратиш маки со менување постелнини, миење и пресоблекување на дете, па пак заспивање... И пак јас ја пратам темава, да видам кога најрано би можела да пробам. Малово кажува за какање, знам дека е рано ама чисто информативно да видам дали има некој со слично искуство. @Zumbulche ме охрабри со вашиот случај Можда ќе пробам и јас пред втор роденден овој пат. Ми здосади од пелениве.
Издржува, ама еве неделава ме покоси и не знам од каде потекнува, пошто и се случува и по два пати деновиве. Ама па не можам вода да и скратам, жал ми е. Млеко не, ама вода знае да побара навечер. Работата е дали во тоа ноќно спиење треба сами да се разбудат за мочање, тоа не знам на која возраст се очекува, во тој случај нема да треба да станувам секоја вечер Инаку не пие многу течност, па ова со водава кога ќе ми побара ми е како лотарија да сум добила, секако попрво ќе станувам отколку да ја забранам.