Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Ех сега, забранам е тежок збор. Ќе си пие вода цел ден, со вечерата си пие и после тоа се спремате за легнување, а последно нешто што прави пред да си легне - се моча.
    Ќе си влезете во шема. И ние возрасни стануваме ноќе ако пиеме вода пред спиење.
    Инаку не знам кога се очекува да се разбуди и да ти каже... мојот кога ќе почнеше ептен немирно да спие и ќе се разбудеше и седнеше во кревет го осеќав и го седнував на нокшир. Не се бунеше, ама пред тоа беше договорено дека ќе го станам вечер, па одма пак ќе си спие. Кажи и' да знае.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    10.641
    Пол:
    Женски
    Вака, ќерката е 3 ипол, година и кусур е без пелена. Јас одма и тргнав ноќна, не мочкаше навечер. До сега само еднаш се има измочкано пред некои 8 9 мес болна беше многу.
    Сега пред 2 недели грип маше со 39 темп и стануваше да мочка. Значи се очекува да се стануваат ако им се мочка тие години.
    Пробај станувај ја неколку вечери колку да го има концептот дека треба да мочка навечер ако и се мочка, па ќе видиш како е.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.462
    Допаѓања:
    32.545
    Пол:
    Женски
    Па не и давај пола шише/чаша да испие.
    Ограничи и го пиењето. Забрана, како да не е забрана :rofl:
    Ќерка ми ја научив до 7 вечер нека лока вода колку сака, пред спиење еднаш сама седнува да моча кога мие заби, и после 10-20 минути јас ја седнувам или одам јас у веце па ај успат со мене Да проба. И ако побара вода и полнам малку и го пие цело и сама си вика Веќе нема пиење, ќе ми се моча :)

    Инаку издржуваат без мочање по цела ноќ. Ќерка ми откако ја одвикнавме дневно, после 3 дена и ноќните ги извадивме. Ниеднаш нема згрешено ноќе. Некогаш станува кога и се моча во текот на ноќта, некогаш со алармот оди да моча. Како ѕвони, таа рипа и трча во веце :lol:
     
    На LivingGlam и Miss_S им се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    4.888
    Да бе, вие да се расправате со неа. Она не се буни, она се дере најжалосно и цел комшилук ја знае ако не и дадам вода. И тоа му доѓа ко да и бранам од страна. Чашите и се на дофат, си се поткачува на стол и од чешма сама полни ако не и дадам. Ми нема спас :D ќе си станувам.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.462
    Допаѓања:
    32.545
    Пол:
    Женски
    Е јебига сис :D Тоа е :bandit:
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valentajn_P

    Valentajn_P Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Мене ми требаат совети и искуства за какње во нокширче. Ќерка ми е 2год и 3 месеци, веќе две недели не носи памперс, сама го извади, сама се соблака и се мочка или ни кажува па и помагаме во соблекување, ноќе само еднаш се имаше измочкано, или ја будам или таа ме буди, но со какање никако. Еднаш се покака на нокширче и многу се засрами и од тогаш ми кажува само одкако ќе се покака, и зборувам цело време дека тоа не е срамно, дека е нормално, дека сите деца какат но немаме напредок. Иначе не и ставам памперс, или обични гаќички или гаќички за одвикнување. Споделете ве молам ваши искуства, совети, се е добредојдено ❤️❤️
     
  7. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    2.243
    Кај син ми сличен проблем, мочкање само еднаш направи беља, а со какањето се намачивме, со таа разлика што тој како да се исплаши кога прв пат заврши работа во нокшир... После може месец дена имавме мака да се убедиме, се стискаше и никако не сакаше да се искака... Помогна полека и смирено зборување, сменивме од нокшир и адаптер и го поттикнував да ми раскажува некоја приказна за да не мисли на тоа и процесот природно да си почне, по 15/20 мин раскажуваше приказни за имагинарно другарче што правело итн... И постепено го надминавме проблемот
     
    На Valentajn_P му/ѝ се допаѓа ова.
  8. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Дали има некое детенце што покасно се одвикнало од пелени? Ја више не знам што да направам, ми се смачи буквално.
    Знам дека нели треба да е спремен ама 3год и 4м е. На страна притисок од страна, не можам више да ги гледам пелениве!
    Од летоска пробуваме и никако не можеме да ги тргнеме. Пробуваме неколку дена, не бива и враќам. Седи без пелена тие денови и буквално секое мочање и какање е во гаќи. И не му смета, што е потрагично.
    Он седнува на адаптер на шоља (нокшир нејќе да види) ама не прави ништо. Ќе стане и оп за кратко си завршил работа во гаќи.
    И во градинка нон стоп го седнуваат ама џабе. Како да не го сфаќа концептот, не знам? Дреме и со мене и со татко му во вц, знае што се прави, меле како воденица знае да каже да праша. Стварно не разбирам.
    Пред 1 месец имале дефектолог и логопед во градинка и на извештајот тоа стоеше, дека уште е во пелени, да се консултираме со нив. Звучи страшно, дали мислите и вие дека е? Вака ве читам сите одвикнати на 2, 2ипол.
    Да напоменам, се нема исплашено нешто, немал запек да го болело, ние многу внимателен пристап имаме, без притисок и слично.
    Аман заман кажувајте чаре, мислење и спасувајте ме од факинг пелениве! :sweat:
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.218
    Допаѓања:
    24.637
    Пол:
    Женски
    Внуче од братучеда на 3 год и 4 месеци го одвикнавме на одмор, му извадивме пелени и за 2 дена се одвикна без грешка. Дотогаш несакаше ни да седни на нокшир. Не е забаено, само Мк такви мислења ќе слушнеш. Ќе си се научи кога ќе му дојде време.
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Јас би чекала, очигледно не е спремен. Нема да е до прво одд со пелени сигурно
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  11. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Си чекам јас да е спремен, пробувам ете, само ова од дефектологов ме загрижи. Фала ви
     
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Баш дефектолог треба да знае што му се случува во главата на детето и дали е спремен. Ако треба разговарај со нив ама верувај му на своето дете и јасно му го покажувај тоа. Кога тогаш ќе посака сам да тргне памперс
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    upload_2025-2-23_20-36-43.jpeg дали овие се за одвикнување?
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.462
    Допаѓања:
    32.545
    Пол:
    Женски
    Нели се обични овие, како пелени само гаќички, се кинат од страните?
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Не знам не сум ги користела. Сега почнавме со одвикнување и ги видов во продавница па си помислив да не се такви гаќички ?
     
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Женски
    Не се такви. Овие се исти како стандарни пелени, само што се облекуваат како гаќички.
     
    На Leanne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Па баш таа треба да ти каже дека од дете на дете е индивидуално. Постарото дете во јануари наполни 3 години и имав ужасен притисок од сите страни. Ама тој не сакаше ни да чуе. Ама ни седнување ни тргање пелена. Летото јули му стана претопло ваљда дојде еден ден и кажа јас ова толку. И толку беше, нему му засмета. Од тогаш ден никако немаше направено грешка, а ноке се измачивме богами :( Сеа за второво не давам никој да ми соли памет, не го форсирам, летото е пред нас, а и потопло е. Јас капа им симнувам на мајките овде што рано имаат тргнато памперс,ама искрено. Мене не ми успеа ни со двете деца.
     
    На unearthlysarah и lackygirl им се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Моето е 2г и 5 месеци, уште не кажува исто, знае дека во нокширче се кака и мочка ама не сака да седне, сега имаме мал напредок почна да седнува по малку ама како игра му е тоа, ке поседи ама не кака, и не мочка во него, не го форсирам, чекам лето, ке научи.
     
  19. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    1.211
    Пол:
    Женски
    @unearthlysarah јас имам слична ситуација со синчето 2 год и 9 месеци е.
    Имавме пред 1 месец неуспешен обид за одвикнување. ВО градинка нон стоп ги седнуваат и неколку пати не советуваа да му ги тргнеме пелените.
    Изнакупив гаќи со интересни шари за да сака да ги носи, и сака да ги носи ама не кажува кога му се мочка/кака.
    Сака да мочка на нокшир и скоро секој ден седнува, ама ако му ставам гаќи не му текнува да каже. А зборено е презборено веќе. И со цртани и со други дечиња кажува дека носат гаќи дека не носат пелени, јас намерно му ја оставам вратата кога одам во вц ама не и не.
    Помочан лом, до чорапи утоп, и ќе го прашам има мочки? Не, а тој утоп хахах.
    Не знам каде грешам и дали да почекаме до лето.
    Инаку на пат е бебе бр.2 и си викам да не утнеме работа да сака и тој пелени пошп бебето носи или нема врска?
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Чарето е дека само преку ноќ ќе му дојде. Голем е, си ги сфаќа процесите само уште да се договори сам со себе кога ќе рече нејќам пелена.
    И моето на скоро 3 години ги фрли баш преку ноќ. Сабајлето преполна пелена од ноќта, да ја смениме, рече нејќам и од тогаш не згреши. Ко никогаш да не носел пелени. А убедена бев дека уште долго ќе се влечкаме со пелените, не ни имав обид да му ги тргам. Само трпение (fingers)
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.