Истаа ситуација е и кај мене…со тоа што јас се породив и еве уште носиме памперс,преку глава ми е и мене….две бебиња….
Дали има некој искуство со одвикнување на пелени навечер? Госпожата во јули ќе прави 3 години , веќе една година денски не користи пелена, ама навечер поплава е од мочање пред легнување и ставам пелена ми вика голема сум не сакам пелена свесна е , денски се нема измочано знае да истрпи кога нема услов во секунда да ја однесам за мочкање ама навечер е страшно . Се мислам да ја оставам да се моча па да менувам чаршави на саат време некој идеја совет...
Да не и даваш многу течности пред спиење и за почеток да си ставиш аларм на некое време да ја стануваш да мочка. Јас после 7 не давам ништо освен неколку голтки вода де ептен да не легнува со сува уста мада ние од прв ден ги фрливме и навечер пелените. Ова е само идеја, мене како ме советуваа ама јас скроз обратно напраив
Тоа со течности држи вода уште плаче за млеко навечер и давам околу 100мл само да не вика Ама и во градинка се дешава истото . Ми кажуваат дека пред спиење ги носат на мочкање не пијат вода , само она мочана од горе до доле дали не може да додржи дали сонот и по мил од станување за мочкање , дали да почекам до летово , дали може брзам... се ми се врти во глава. Нареден чекор ми е отакажување од млеко , да и купам овесно млеко наместо АД да ми каже бјак , па да видиме дали ќе смени нешто.
Мојата спие по 11 саати навечер, пие и течности и толкав период без мочање не може да издржи. Не можам да и скратам течност 2 саати пред спиење, а знае и навечер да побара и се откажав од идејата да и тргнам сега за сега (само вода пие). Сама станува негде околу 12 и тогаш ја носам да мочка, претходно само ќе ја презаспиев и се случуваше да се измоча. Ако случааајно не се разбуди додека легнам јас, ја будам да мочка пред да легнам. Е некогаш ако легне покасно кај 10 пример, знае да преспие цела ноќ и да стане во 6, тогаш не ја будам, ама не се мочка, пак претпоставувам затоа што е помал период. Рано не е, ама ако тргаш или ќе треба да кратиш течност или да ја стануваш за мочкање. Кај мене нема друго решение. Во градинка и за дремка не се мочкала.
Многу е срцка течност тоа за пред спиење. Тргнувам од себе, чаша вода пред спиење пијам па ја мочам 3 пати а не па детуле. Не брзаш, таман си. Млекото да пробаш барем саат пред спремање за спиење? Или шо пиша Муцика, пред да си легнеш ти земи однеси ја да мочка, ако станеш ноќе, земи ја и неа додека да стекне осет за да си стане сама.
Јас мислам дека не треба да се брза со трагање пелена навечер. Ако детето не е спремно да издржи, зошто да се форсира. Па мокри пижами, постелнина менување. А за два дена дека ќе се одвикне да мочка навечер не знам. Мислам дека е подолг процес и дека бешиката треба да созрее повеќе, да може да држи повеќе течност. Оставете ги пелени ноќе додека не видите дека се суви наутро. Тогаш ќе знаете дека детето е спремно. Моите не мочкаа навечер од мали, ама кога денски ја тргнав навечер ставав уште некое време. Малиот не сакаше да му ставам по една недела, сам ја вадеше. Пијат течности многу пред спиење и задолжително мочкаме. Се случува да му се мочка мноооогу ако претерал со пиење и кажува дека му се мочка во сон, се мочкаме можејќи и продолжува да спие. Јас спијам до него и го слушам. Да сум во друга соба можеби нема да стане да ми каже и ќе се измочка во кревет.
Се согласувам , нареден чекор бјак млеко па тргање пелени мислам дека тоа млекото ми праи проблем. имам неколку неуспешни обиди за тргање млеко ама плаче многу се изморувам и попуштам . Морам да смислам некој начин да не бара веќе млеко. Па ќе тргаме пелена , фала за совет.
3 години не е брзање воопшто. Форсирање не треба ни на 3 ни на 6 години да има. Мојата бешика е созреана па пак станувам за во тоалет ако спијам подолго или сум испила повеќе течност пред спиење. Спремност не знам што е, мојата никаков знак не ми даде дека е спремна кога и тргнав пелена, а веднаш почна да кажува. Навечер и јас ја тргнав покасно затоа што знаев дека морам да станувам или да кратам течност, ни едното ни другото не ми одговараше, а и тогаш да ја тргнев исто ќе беше како сега. Ама треба да се научи дека не се пие навечер вода и да може да си врзува сон, а и јас исто.
Различни ставови имаме за вода Јас пијам вода навечер и децата исто. Секој си го зема шишето до креветот и си легнуваме. Па додека заспијат, стануваат по два три пати да се напијат. Некогаш пијат и по 300 мл. Од кога ќе заспијат не стануваат и не бараат. Спремност Другарка ми го учеше малиот без пелена кога уште не знаеше да зборува. Па мочкаше дете на секои 15 мин. Затоа мислам дека би требало да држат повеќе време. Ама тоа јас така сум мислела. Вие како сакате, ако може да ги издржите плачките за вода додека да се одвикне, ќе успеете да регулирате и мокрење.
И ние пиеме и тоа ми резултира со станување навечер, а искрено повеќе сакам непрекинат сон отколку вода пред спиење. Ама... не можам да и ги издржам плачките па затоа стануваме за мочање Дете после 2 години е таман да остава пелена, сега може има некој и порано, ако не успееш за 3 дена ваљда тоа е (не)спремноста, не знам, ама пак мора да пробаш за да знаеш.
Јас успевам да ја седнам на нокширче наутро кога станува, некогаш мочка, 2 пати успешно какаше, ама потоа во текот на денот не успевам да фатам период за да ја седнам и да биде успешно. Не зборува, порано кажуваше дека е какана и носеше пелена, сега се прави наудрена кога ќе ја прашам. Има 2 години и некако мислам да баталам, ми изгледа дека не е спремна, иако не одбива да седне на нокширчето.
Соблечи пелена за викенд и пробај. Ама не ја седнувај да седи додека не се измочка. Оставете ја нека се измочка во гаќи. Така после два три пати ќе сфати дека и се мочка и што се случува и во требало после тоа да кажи дека и се мочка. Ако видиш дека не и смета да е мокра, ќе вратиш пелените назад.
Здраво жени, Ние се одвикнавме од памперс пред два месеци, супер беше воопшто не грешеше, сега има два три дена повторно истата приказна, не кажува,се кака се моча во гаќи…. Искуства….
Да имам уште едно бебе 6 месеци… сега почна да се однесува вака…имс две години… ќе му ставам памперс на бебето и одма се лути мој е памперсот вели…
Моето уште малко 3год. Сеуште е во памперс. Е сега активно секоја сабајле пред градинка и после градинка го ставам на нокшир или во вц за да мочка,кака ама тој не го прави тоа. Имитира шшш као демек мочка. Седе 10 15мин и ништо. Ќе му ставам памперс и во секунда е мочкан какан. Незнам кај грешам.
Моето дете само што наполни 4, а од 3год преку ден е без пелена, си мочка во шоља, ама кога ќе му се какаше си бараше пелена. Цела зима е спреман и му беше зборено дека кога ќе наполни 4 веќе нема да може да кака во пелена зошто не даваат веќе на големи деца. Се беше сложно, си го прифаќаше ама еве кога дојде денот он не сака да седне ни на шоља ни на нокшир. Не помага ни наградување, ни убедување ни со фино. Држи и ги прави гаќичките по малку. Некоја идеја како да го скршиме мразот?