Кај нас упали фората дека шољата за мочкање ќе му даде едно киндер јајце, а за какање две киндер јајца. Во тој период беше фазата опседнатост со киндер јајца. И така се опушти, пресреќен беше кога виде дека стварно добива. Пробај со нешто што сигурно знаеш дека сака, може и ќе успее. Како и да е ќе му дојде преку ноќ, ќе ја прескокне бариерата, без притисок, никој не останал да кака во пелени.
Фала за утехата. Нашиов со ништо не се лаже, а еве 4ти ден не е какан. Сега сум во дилема дали да му ја дадам пелената да се искака и да се вратиме назад, или да чекам дали ќе се опушти и да фати запек
Извадивме денес пелена. Веќе може месец има како никако не можам памперс да му ставам само го вади и вика не не не, се бориме. И почнав од минатата недела насабајле на нокшир да седне и да мочка и му нудев памперс и гаќи, една недела викаше памперс. Сабајлево гакички сакаше облековме. Му објаснив што како, и само го прашувам ти се мочка ти се кака. Одсабајле два пати успешно мочкаше и какаше на памперс. Се радува на гомцето му велиме чао и го фрламе во школка он пушта вода. Сеа со дремкава и спиењево не знам што да правам, да ставам памперс или не? Да го седнам пред дремка на нокшир и да ставам подлога под него или да му ставам памперс за спиење? Помагајте поискусните, не спремна ме фати детево планирав после одмор да пробуваме
Frli pampresite isto kako da gi nemate, stavaj na noksir pred spienje. Stavaj podlogi, spremaj kupovi alista i gaki i ke se navikne .Ke pogresi moze nekolku pati, ama ke svati deka moca kaka vo noksir i toa e toa.
А зашо моча и кака на памперс па фрлате? Директ ставај адаптер на шоља. Мојава така се научи од денес за утре. Грешеше неколку пати ама ништо критично. Во спиење ниеднаш нема згрешено
Не не, моча и кака во нокшир ама се радува од нокшир во школка кога фрламе и пушта сам вода. Чао гомце вели Сеа видов што сум пишала. На нокшир и мочаше и какаше.
Ај сеа ден2: За дремка и ноќно спиење не се измочка ама стана и право во вц отиде да моча. Вчера 4 пати се измоча у гаќи и се искака после ручек ама за ова се сметам сама крива пошо излеговме низ мало, а знам дека после ручек кака одма, можев да го почекам. Пред спиење реков памперс да ставиме ми вели "Не Дие гоем" ( Диме голем бил ). Јас му велам голем си веќе за памперс ако не сакаш тогаш нокширче и шоља, браво, аплаузи овации со се, само тоа верглам вчера. Нокширот на сред дневна ни е, горе у вц адаптер ставив. Сеа одсабајле нема згрешено, дури и до комшии отидовме, дома кога дојдовме одма мочаше, значи издржаа саат ама јас го прашувам ти се мочка ти се кака вели не. Маката ми е кога да излеземе од дома, да почекам уште некој ден или да ризикувам у сред парк да се измоча, низ двор излегуваме и низ маало тука на 2мин до дома што се вели. И најголемата мака, у сабота на одмор тргаме како ке биде у кола па на траект после, од сеа му ја мислам. Жива се мислам што не почекав уште 2 недели барем да се вратевме.
За на седиште би ти рекла под него да ставиш водоотпорна подлога, било овие за една употреба од аптека било друг тип. Нокшир во кола обавезно или бар памперс нешто кај што ќе може да мочка/кака ако има потреба. Исто и за во смештај јас би ставила под него нешто за спиење.
Мене планот ми е кога ќе почнам со одвикнување да бидеме дома едно 2-3 дена, за да биде блиску до шоља и нокшир. Плус да нема дистракции и да осеќа кога му се оди, а надвор ќе се замае ќе се заигра и дали ќе му текне..
Надвор моча кај ќе и се примочка.. Се тргаме настрана, до дрвце некое, и тоа и стана интересно.. Да ги вади дрвцата, и за тоа и ми кажува.. Нема што да се мислиш.. Надвор е полесно
Има некое правило од кога се почнува одвикнување? 2г5м е, уште не сврзува реченици, ама секогаш кажува откако ќе се искака. Ми личи дека тоа е добар старт или рано е?
Мојава 2г и 4 месеци, зборува како навиена. Абер нема ни кога е какана да каже, не пак мочкана. Мене за мојава барем, ми личи дека е рано. Инаку штом кажува кога е какан, барем за тоа има осет.
Мислам дека нема правило, добро е што кажува значи дека е свесен за какање мочкање. Можеш да почнеш да го ставаш на нокшир ти кога одиш во тоалет чисто да се запознае со нокширот и да видиш дали има интерес. Ако се измочка или искака одма фалење, славење, не знам дали е правилно ама јас почнав да му давам бони топ бонбонче ако каже дека му се кака. Ептен го мотивираше и кажува пред да кака некогаш. Во саботата кај мајка ми 4 пати кажал за бони топ да добие. Па ваљда после се одвикнува лесно од таа навика, ќе видиме. Денес мочкал во градинка 2 пати на шоља па многу беше горд, и ние ептен го фалиме. Е сега следен чекор знам дека треба целосно да се тргнат ама тоа кога ќе имам малку време да посветам на тоа.
Да навечер носи, а и дење носи уште. Најчесто сув е насабајле. Ама не сакам нагло да ги тргнеме, па вака пробувам постепено да се опушти.
Јас мислам дека врска нема ова. Мојата многу одамна почна да кажува дека ќе кака. Ќе ми рече какам и ете ти ја почнува. Сум и спомнала онака ајде на нокшир или ајде на шолја. Некако не е заинтересирана а искрено и јас не сум се посветила на таа тема, ни па сакам да ја форсирам. Времето си поминува таа уште си носи памперс. За 2 месеци 3 години ќе прави. Планирам летово да ги фрлиме пелените. Не знам зошто сите околу мене особено старите реакција уште носи памперс??? и тоа не од сега туку уште од претходно. Реакцијава ко мислиш небаре детево 5 години има Дали до мене е? Некако многу лабава сум на темава не сакав да форсирам, и не се ни посветив. Се си имав замислено лани лето на 2 години дека е мала. Во ладното не сакав да пробам и планот ми беше за ова лето.
Кои погледи под око ги имам оти на неполни 2,5 години била со памперс. На времето на 1на година ги одучувале децата.
Па ги мрзело да перат пелени по 10пати на ден затоа ги одучувале. И баба ми мене уште лани ми викаше а пробај летово доста му е уште година немаше детево лани летото.
Ден3 апдејт: пелени назад на гз. Ни да моча, ни да кака одсабајле, вришти и од нокшир и од шоља. Више срече следечи пут. Јас не бев спремна ама сам си побара така да... Ке се обидеме пред роденден уште еднашка се надевам.