Не се откажувај, веројатно му се имаш качено на глава со потсетување дали сака да мочка, остај го и денес, не го прашувај макар и да греши, дај му шанса уште некој ден. Го поминавме истото, и го надминавме
Мал е има време. Секое дете е различно, да, секој си знае најубо за своето, нашиве се неколку дена разлика јас воошто немам план за летово за одвикнување. 22 месеци се, мислам дека се премали, првото на 2 и пол го одвикнав така цел месец како што кажуваш беше, по 1 месец научи, ама сепак 8 месеци се плус до 2 и пол. Иначе некогаш кажува кога ќе се искака ми вели Мамо посан (посран)
И он одамна си кажува "дие кака" и ке си клекне да заврши работа ама мислам дека ми досадив искрено, ти се мочка ти се кака на секои 5мин. А без памперс спиеше 2 вечери не се измоча што значи знае да држи. Ама после одмор ке пробам поупорно
Не ми личи дека е спремна ќерка ми, 2 години и 2 месеци е. Стварно не знам порано како ги одвикнувале децата толку рано. Вака за други работи ептен се разбираме, зборува со реченици, резонира, не е дека не знае да каже. Точно знае за што е нокшир и шоља ама кога ќе дојде момент да седне таму едноставно не сака. А не сум ја терала ништо, се се случува спонтано ако она изрази желба. Досега се има измочано неколку пати во нокшир, не дека не, ама се измоча и сто пати низ дневна. Врвот беше пред недела дена имаше пеленски осип и демек ја луфтирав без пелена. Цело сабајле се договараме како ќе кака во нокширот кога ќе дојде време. На крај се покака сред дневна, го изгази и се смееше ко зелка едвај ја избањав, рибав цела дневна и прогласив пауза со пробување на неопределено време Во меѓувреме се надевам дека склет ќе ја фати летово и сама ќе сака да ги фрли пелените.
И ние моментално сме во фаза одвикнување и можам да прогласам за успешно овојпат. Зборувањето не го сметам баш за релевантно, пошто нашава дрдори од годинка и као ај да пробаме пред да наполни две и доживеавме фијаско. Мочкаше ко кутре насекаде и на крај трчајќи во мочање се лизна од сопствената мочка, тресна на ламинат и скрши заб. Оттогаш реков лајт, нит притисок нит ништо. Изрази желба в зима сама ќе мочкала во нокшир, ајде пак проба, повторно неуспешно и почна отпор да дава: - Ќе се мочкам в гаќи и ќе се мочкам! Буквално така ни велеше. Трет обид деновиве на 2 год и 9 месеци. Ја спремав два месеца со муабет дека ќе купиме скалички за во wc (пошто аверзија створи кон нокшир) и не и ги покажав се до денот дур не решивме СЕГА вадиме пелена. Ги наместивме, стана утрото, извадивме пеленка и пресреќна за новите скали кои и се видеа како преинтересен предизвик одма беше успешно. 5ти ден без пелена, ставам само навечер ама еве веќе 4та ноќ се буди со сува. Сама се слекува, мочка, се бриши, пушта вода, цел процес го барата што значи навистина е спремна. Така да мој совет без притисоци, ќе знаете кога детенцето е спремно. И еве како идеја да ви ги предложам скаличките оние со се адаптер споени, кај нас се покажаа како преинтересни и најуспешни. А богами и ептен практични. Нит нокшири влечкам, нит мијам. @Carolin. За надвор и јас се плашев и три дена седевме дома или ептен кратко излегувавме, но веќе вчера и се примочка надвор и сама си клекна, пресреќна дека успеа. Така да тоа е најмалиот проблем. Мислам дека му се створило одбивност од премногу прашања и притисок, исто бевме и ние првиот пат, а сега не ја ни прашував или ептен ретко и спомнував колку да ја потсетам. Гледав едно видео со совети и беше спомнато воопшто да не се прашува туку на одредено време само му велиш ајде време е да мочкаш во смисол нема друга опција исто како што им велиме ајде да миеш заби, ајде да јадеш, ајде на спиење и слично. Јас имам едно прашање, како што спомнав веќе 4 ноќи се буди со сува пелена, а спие по 13 саати што значи ептен држи. По колку време да пробаме да тргнеме и ноќна пелена? Вчера сабајле ни рече зошто ми ставате пелена, јас веќе не мочам во пелена. Истото и вечерва ми го кажа, зошто пак ми ставаш пелена? И не сакам да ја бунам. Се надевам ќе ви се најдат некои од советиве и ви посакувам на сите полесно одвикнување.
Trgni odma nokni peleni, golema e ke se nauci. Stavi podloga, spremaj alista...Inaku samo se zbunuva zosto preku den nemam, a noke imam pelena.
Еве спремно дете, за се има време, знам поминав еднаш, ми мочаше низ цела куќа ама совети упорна биди, бев и се научи на 2 и пол год, под 2 и пол години мислам дека е рано, еднаш пишав ми се нафрлија тука не било рано, со првото дете и јас така мислев, немав проблем со околината туку правото дете цело време си го гледав како поголемо и решив да пробам. Цело време ми беше нервозно и прашувај го цело време, некогаш и ќе му подвикнев, а што беше тој крив да му викам? Затоа овај пат дури само не изрази желба не пробувам. Не би да одам пак исто, стрес да му правам предвреме. Ако не научи до 3 год тогаш ќе настапам јас На прашањето за ноќна, тргни ја уште вечер, стави подлога на креветче и проверувај, ако се измоча ќе преслечиш. На моето му ја тргнав ко научи денски без грешка , ноќните беа уште мочани и реков ќе пробам и замисли не се помоча.
Јас од прв ден и извадив за ноќе и за надвор , после една недела за во градинка Надвор носиш 3-4 пара гаќи и резервна облека. Мојата имаше проблем со какањето, се искака 2-3 пати надвор во гаќи ама ништо страшно Ноќе ниеднаш не згреши и од прв ден кога и се моча ноќе си станува
Вечерва и тргнав пеленка и јас па да видеме. Мислам дека штом 6 ноќи по ред по 13+ саати спие и држи нема да има гајле. Два дена воопшто не згреши ниту надвор, ниту дома, како поминуваат деновите се поголема контрола има и поретко оди. Можам да здивнам и да речам конечно успешно одвикнување.
Да има некој магичен прав, некоја магија, некој трик, волшебство, мислам дека ова ми е најтежок момент од цело родителство, да одвикнам дете од пелени. И со големиот беше исто. Ми се темни со пелените и откажување и се тоа. Малово нејќе да чуе, големиот бар седеше, овој нејќе и крај. Вчера во Синсеј се "договоривме" да купиме гаки за да мочка, ама дома јок. Гаките ги имаме па ќе видиме.
Кога е најпаметно да почнеме? 17месеци е баба му купила нокшир го седнува ама џабе важно кога ние одиме во вц трча по нас вика чиш и покажува нокшир да ни даде ама тој ќе седне и џабе. Отпосле кажува ќе се искака измочка покажува на пелена и оди до нокшир ама не на време. Ноќе знае да е празна пеленката ама често е и преполна. Дали прв знак треба да ни е ноќното држење за одвикнување?
Ама зошто брзате не знам, се измачувате ептен вака и вие и дете. Спремно дете одма тргнува пелени, пратете знаци. Мојот во октомври прави 3 па сега почна да кажува пред да кака само и одма носи памперс да му се смени, за мочање уште не кажува ама ќе го почекам и тоа. Купивме нокшир уште нејќе да седне на него, јас прашувам ама не форсирам, достапен му е цело времњ кога ќе му се присака нему ќе седне. Не знам зошто ова брзање јас ептен сум лабава на темата
И мене не ми е јасно брзањево. Мојата еве сега ги откажа, 3.5год. Не дека не ми беше чудно зошто ова не и влегува во глава како треба (кога седнуваше претходно на нокшир стенкаше мислејќи оти така ќе излезе мочката)оти за друго е стварно многу пргаво дете. И штом ќе ја видев дека така прави, јас сама ја станував и и' ставав памперс. Што ќе се маткаме кога очигледно не и беше јасно како да мочка таму. Затоа сега одма и ноќното го остави. Е, на шоља не сака да седи, а цело време од мала е со мене во вц... Летото е пред нас, ќе го усовршиме и тоа. Имало коментари од страна, баш ми беше гајле. Јас знам дека пробував и знам како ми се понашаше детето. Другите нека си гледаат своето.
Јас за пелени фрлање се заебав еднаш, мислев дека е спремна. Мајке ми така изгледаше. За 2 дена ги вративме пак, фијаско После лани лето на 2.5 години ги извадивме и тоа оти јас се напнав. Не од тоа шо не вади пелени, се напнав од шо не можев да ја легнам да и сменам пелена. И реков Чим не легнуваш, седи на гаќи, ќе бришам мочки ама не можам веќе да те бркам низ стан со гол газ. И така ги фрливме уствари, од инат мајчин Ама си беше и спремна се гледаше повеќе од првиот пат, затоа беше успешно. Нокширот го одбива од секогаш, не се ни замарав. Директ на адаптер на шоља и скалички и го направив филмот пошо нокширот на глава си го ставаше.
Истово го пишам повеќе пати, од искуство пишам значи. Нема потреба од брзање под 2 и пол год е измачување и за мајка и за дете, мали се, едноставно не се свесни, рано е. @Fenix05
Да се пофалам денес кажа “јовааан моча” пред да моча. Толку не се замарам што не го ни приметив па се измоча на плочки. Уште да тргнеме млеко навечер и да се буди со сува пелена и може да кажиме збогум на пелените
Софи многу сакаше да си седи на шоља само на почеток онака, од забава. И 100 пати на ден Сакам мочам. И 101виот пат стварно и се мочаше ама јас мислев пак ме заебава. Нешо зафатена бев и се вртам само, гледам како си моча и ми вика Кажав дека ми се мочааааааа! Ама таква лута напната, пресмешна беше
Ова да те чујат мајка ми и свекрва ми, одма ќе ти речат оти си мрзлива за тоа така. Не мрзи децата да си ги научиме и пелените се криви. Погоди оти не ми идат на гости и не им одам јас . Кога ќе ја начнат темата им велам, ајде сине покажи кај ти е тутето и она ќе дое со тутето на глава. Значи два пати си измочка во гаќи, и јас кога ја луфтирав. Првиот пат плачеше не знаеше што е. Вториот пат на паркет, вели види мама, водичка има. И сега? Дете не спремно, воопшто не знае што е тоа, од кај иде, јас да ја малтретирам да каже нешто што не го разбира. И покажувам во книги и јас кога одам, ама далеку сме.