И мојата така ќе ја одвикнуваше, од 2год на детето му завика, ајде уште ли носиш торби на газот Последно му рекла на маж, донесете ја еден викенд, јас ОБАВЕЗНО ќе ја одвикнам. Ај реков, нека. Додека дојде викендот, дете се одвикна и така некни, и ја оставивме на неколку саати, и се помочала еднаш во гаќи (мислам од инает оти не ја зедовме со нас, се налути, се молеше) и одвикнувачката одма лупнала памперсот Леле кога слушнав на тел, исчурев Вадете памперсот викам, да не се повторило ова! Така приказнава за торбите и одвикнувачката наша Па јас дури и на мајка ми кажав, БАБА И ЌЕ ЈА ОДВИКНЕ
И јас сум од тие напредните бебиња што од 6 недели не сум се какала в пелена Ме издржувала мајка ми тогаш 18 годишна, далечната 1989 год, му било тешко дека требало на раце да перат. Немала ни машина за перење. Неколку пати го издржуваше првото дете од мерак А сега свеки вели демек ајде нека напрај 2 год август па да тргните пелена, јас си ќутам нема шанса цел ден да бришам моч и каки во цела куќа
Кај мене почнаа бабите време е 2,5 години е, многу ќе е следно лето ако зачекате. Прашав која е кандидат месец или два да ја чува и да ја одвикне? Тоа да не оди дете во градинка. Магично сите си имаат обврски и работа и не можат дете да гледаат со месеци. Така да кога јас ќе видам дека е спремна ќе биде. Секако не ми купил памперси никој.
Ја после вчера сваќе, не знам што веќе. Ако не е спремно, нема ни дома ако го оставам да бришам една недела, да биде? Или ќе биде? Она не е и не разбира, ама треба кортико на газе сега? Не беше така, не знам што се десило вчера дојде лом дете дома, а не се жали. И сега ако маката ми е да бришам каки или да шлакам 100 пати креми на газе, ќе бришам. Ама не и не. Не сфаќа воопшто. Еве мене од вчера ми се смени мислењето, откако мини срцев удар добив. Како да почнам а да не ја истресирам?
И мене ми беше најмногу за ова. Од пред некој месец и се појави атопичен дерматит плус некој друг осип и се појави. Морав да ја луфтирам малку зошто побрзо и поминуваше кога не беше со пелена. Ми беше добра прилика спонтано да пробам ама што кога не е спремна, не можам да форсирам. Затоа се чудев како и помали од нашиве ги откажуваат. Она на пример одамна знае да каже кака моча, се фаќа за пелена вика кака и после две минути стварно е покакана, ама тој последниот момент да седне без пелена не и се кликнал во глава. Среќа одма ја приметувам пошто буквално 5 минути да седи непресоблечена откако ќе се искака жар црвена и е кожата.
Ако си спремна за бришење пробајте, ќе треба и дома да е, в градинка ако се нафатат таму нз како е, мене тогаш ко го одвикнував правото дете не ми се нафатија, па цел месец дома беше и се научи на точно 2 год и 7 месеци. Не дека е невозможно, секое дете е различно. Малово некни вака беше, ставав крема со цинк и таму на тој дел пелената е онај најлонски дел и од потта лом беше, исто и газето, го оставив 1 сат без пелена гол, му облеков гаќи од брат му и се покака и се помоча во тој сат, мн плачеше од што го болеше газето. На делов кај што е црвен тука на сликата ставив памучно крпче и така му помина за 1 ден.
Иста е 5 мин и одма црвенило. Се вратив од доктор сега пред малку. Дерамитот е излечен, ама останато габично. Ми даде сега друга крема. А дури од градинка ми рекоа НЕ било толку многу, само малку било денес. Ја ко ја отворив да видам, мене ми е многу. Знам дека има и повеќе, ама нели треба да спречиме. Они денес на саат ипол ја менувале. Така им реков. Ја однесов во 8 ипол ја зедов во 11 ипол да ја носам на доктор. Сорсботливи се од градинката, немам зборови. И они велат дека вчера одма ја преслекле после кака. Јас ја носев на игралиште одма потоа. И кога се вратив уште беше сува. Оти топло, пие ама се игра не мочкаше. Кога дојде татко и да ја преслече црвено. И сега кога се десило црвенилото, не е ни битно се десило. Ќе барам низ нет тактики, ќе пуштам видеа, јас и покажувам и ќе пробам викендов како ќе биде. Ама не е спремно детето. Они и од градинка тука ги мотивираат децата даа ги тргнат, една мајка баш ми раскажуваше и рекле да облече гаќи и да им однесе резервни. Она дома не ни пробала. Право овде имаат мини шолји и на нив да какаат и да си пуштаат сами вода. Ептен е убаво осмислено. Освен еве ова што се деси со газето, немам друга поплака. Држете среќа да помине . па живи и здрави ќе научат. Инаку од бебе е полесно да го научиш, оти мирно седи. Плус нас ко мали, девојчињата особено уште на 4 месеци не седнувале. Од седни сега ѕвер од 2 години мирно да те видам.
И двајцата глупчовци. Абе има и бебе другарка од градинка од 9м одвикната, мајката сакала така и крај. Ако, фино, ама јас немам време секои 15мин да го трчкам со нокширот. Девојчево е пола од времето во градинка мокра, цел куфер алишта треба да носат зошто они имаат 30 деца, не можат да молат едно да моча секој пола саат а ова не знае да каже, не осеќа ништо.
[ Нели е тоа од чешање? Оти мојава се чеша на тој дел вака изгледа и обавезно се прави рани со крв. Чим видам дека пика раката одма викам. Она уствари најмногу и се чеша кога ќе и го слечам , седи на нокширче или пред бањање кога чека да влезе. Тоа гумичките/најлонот што викаш им прави да ги чеша.
Не потоарен беше од жешкото, неможи дс се чеша дека боди носи, ко го слеков тогаш се фати и се чешеше затоа се тие драсканиците црвени, ми помина со цинк крема и тоа крпчето што го ставав во пелената на тој дел.
Јас го изгледав видеово од @La-loca и гледам дека најголемата грешка ми е прекинот во употреба на нокширот, ама до сега еден тон пати се случи истото, качува температура откако сум постигнала успешно седнување. Не можам да седнам дете со температура, тогаш секако не соработува ни за храна, а не па за мочкање и какање. Мислам дека сега уште еднаш ќе направам напор да фрлиме пелени и ќе мора да биде крај. Таман цело лето нема да оди во градинка, па нема да има ни простор за грешки оти ќе си седиме дома.
Мајки додека јас пратам знаци дете реши да мочка во нокшир. Вчера самоволно си седна и си се измочка одма откако два пати се измоча во базен и јас само му кажував како сега е гадна водата дека во нокшир се мочка не таму. За некоја минута гледам станува и ми вика мочаам нокширче и си седна сам. Јас занемев, некако неспремна ме фати Немавме ниеден пар гаќи дома па сабајле бевме заедно да купиме си одбра сам 9 пара, да зимам уште или доволно се? И сега кажувајте што понатаму воопшто не сум спремна јас не знам дали да ставам памперс, моментално спие со памперс ама се договоривме додека да се исперат гаките. Пие млеко уште навечер и се буди со полна пелена па како да правам да ги тргам и навечер? Не ми се смеејте ептен сум тапа на темата и не очекував толку брзо да се случи се, сега нејќам да му направам хаос и не знам што понатаму. Ајде пукајте со искуства
Моето веќе една недела е без дневна пелена, си кажува за какање и мочкање,ама не мочка кога јас ќе и кажам,на пример пред спиење ако не и се мочка нема шанса да заврши работа, и исто пие ноќно млеко ... Па решив преку ноќ да ставам зашто ако стсне веројатно е дека пола ноќ ќе сме будни, па вака ми одговара повеќе .. инаку има 2 год и 7 месеци, пробував пред месец ама имаше страв од нокшир, купивме уште еден во боја по избор и тоа упали да не се плаши... Кога ќе решам да нема плачки за ноќно млеко ќе тргнам и ноќна пелена, ама со оглед дека не јаде баш доволно сеуште си мислам дека млекото е потребно ..
И јас сакам барем летото да го оставам со млеко затоа што речиси само тоа и пие од течности, вода ептен слабо пие па се плашам што кога нема и млеко да пие. Мојот нема страв од нокшир ете сам си изрази желба и денес мочаше у нокшир. Исто 2 год и 7 месеци е. За излегување како правите? Ете вечер ќе одиме во друг град 20 мин со кола од дома и не знам дали да му ставам памперс, на шојла не сум го седнувала сеуште а и шубе ми е во јавен тоалет да го носам
Обично излегуваме попладне, гледам пред тоа да има мочкано. Ако нема, носам резервни гаќички и долен дел, два пати брзавме назад за какање си кажа... На подолга релација немам одено, ама ако одам со кола и нокшир ќе понесам нека стои у гепек Инаку имаше на тему едно мало нокширче на склопување се мислев дали да го нарачам, баш е за вакви ситуации
Мајки како да го научам малиов да оставиме памперс, нема говор сеуште? Обично за работи кои ги сака или му требаат покажува, ама дали има некој вака успешно искуство? Не ми е до мене за брзање, туку сам само се драпа и нонстоп е испотен во делот на памперсот...
2 години и неполни 4 месеци е. Се чеша сам се драпа, и напред и позади, и сув памперс него му е испотен кај грбчето и долниот дел меше...