Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.160
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ми беше прашалник, како да направам кога треба да завршиме некоја работа, требаше на клиника некои испитувања да правиме и тука прашував. Совет беше исто како дома, ќе ѝ даваш потсетник ако ѝ се мочка да ти каже. За некаде си носам адаптер ако мислам дека треба. И ок е засега. Повеќе дома се има измочкано, надвор секогаш кажува. Е сега кај нас е полесно дека машко и стоејќи мочка надвор. А пред да имаме пат со кола одиме да мочкаме.
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    Зошто срамота?

    Мајка браво за вас. Инаку и јас не ја прашувам дали и се моча. Туку и велам ајде да мочаме ама не сака никако и накрај кога ќе се помоча во гаќи вика јеееј мочав и викам па не треба во гаќи да мочаш (facepalm)
    Пробав со зборување на многу начини не сака. Дури и бевме нов нокшир купивме сама го бираше и пак ништо.
    Мислам дека не е спремна или инат тера не знам. Сега памперс носи, не сакам да форсирам. Ќе видиме може пак ќе покаже иницијатива деновиве, се надевам поуспешно.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Да , не ја форсирај.. може не е спремна. Дај и време па за некое време ќе пробате пак. Купи гакички шарени интересни, или пробај со награда кога ќе заврши успешно работа.
    И јас мислев дека не е спремна , а дури и не ми се замараше сега баш зошто сум бремена и на лежење. Ама дојдовме на гости кај моите и они повише се упорни па си реков ајде ќе пробаме и ете се надевам успешно.
    Се надевам кога ќе дојде бебе за месец /два нема да сака пак да носи пелени како бебето :D
     
  4. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    На ФБ кога прашав одма почнаа да ме напаѓаат дека е голем,затоа
     
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    99.514
    Никаде не прашувај, не постои универзален начин за одвикнување, поточно постои - само детето ќе си каже.
    Ќерка ми ги откажа на 3.5год, ама одма без грешка и плус од старт и ноќе без памперс. Првата ноќ и ставив, втората ноќ пак и ставив, но околу 01 по полноќ си се разбуди сама, кажа дека и се мочка, стана, се измочка, фрлив памперсот облеков гаќи и толку беше. Не ја гледам срамотата каде е, ама со народ како нашиов се е срамота.
    Батали ги сите, следи си го детето.

    И мене ми викаа, еее голема е, пушти ја по гаќи нека шета, ќе греши, ќе греши, ќе се научи. Како да не, ќе се бркаме со мочки и џогер по цели денови којзнае колку време и се ќе усмрдиме и ќе се чудам дали да излеземе, дали по гаќи, дали со памперс, дали ич. Зошто, оти некои си таму викале дека е голема. Нема проблем. Кога и дојде време, таа сама почна да си го вади памперсот и јасно беше дека тоа е тоа.
     
    Последна измена: 30 јуни 2025
    На Bebetoo, 1209, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.297
    Допаѓања:
    28.065
    Ај помош мајки. Големиот остави пелени на 2 ипол години директ со седење на адаптер. Ама точно кажуваше што сака..
    Малото е 21 месец, и кажува кака кака пред да кака и пред да мочка, и сака да седи на нокшир. Успешно мочкал и какал, ама јас му враќам пелена измеѓу.
    Ја мислев рано му е, и не знам што да правам со дете што не кажува баш што сака. Некогаш кажува кака и ако се испрља или ако види нешто испрљано. Да го држам во гаќички и да го потсетувам да седи или да чекам да вика кака ?
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.297
    Допаѓања:
    28.065
    Ќе го потпрашаш ако пиел течност дали му се мочка. Или ќе приметиш цупкаат во место обично ако им се мочка.
    Инаку очекувај дека некаде ќе се заборави и нема да каже посебно дури е во игра и како помал. Носете резерва облека и без карање.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.215
    Допаѓања:
    24.633
    Пол:
    Женски
    Сите најмајки :lol: немам ниту една група на ФБ со мамички :D
    Не се замарај не е касно воопшто, пробај низ игра како што опиша членката погоре, ќе се одвикни кога тогаш кој останал во пелени :wasntme:

    Малово мое некогаш кажува, ќе застани вели Мочам :D вчера надвор цел ден и без пелена беше, кај мајка ми бевме, таа го прашуваше дали му се моча и велеше не, после излегоа надвор и се нафатил да се помоча :D ама јас нема шанса никаква да пробувам сега ни ба крај памет сега не ми иди да бришам мочки шо теписи, перени ми се :D
     
    На TinnaMinna, Carolin., Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    13.069
    Пол:
    Женски
    А да пробаш со голо газе да го оставаш по дома, секако е топло сега. Еве моето второ дете мочаше во гаќи по навика мислејќи дека има пелена. Кога е гол сам си оди по нокширот. Траеше тоа 2-3 дена, се навикна и сега нема проблем.
     
  10. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Како изгледа спремно дете за да се трга пелена? Како неспремно?
    Кажува за какање, клекнува и кака. Вика: мама ја кака и си клекнува каде и да сме.
    Ја ставив на адаптер вчера ама малку стискаше и се искака. Знае што треба да прави ама валјда не и беше време за какање, па мораше да стисне. За мочкање не кажува ништо, но неколку пати се има измочкано на нокшир/адаптер. Ќе и кажам ајде пробај да мочкаш и ако и се мочка знае што да прави. Ама не кажува сама. И сега не ми е јасно дали да продолжам да бидам упорна или не.
    2 години и 2 месеци е.
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.215
    Допаѓања:
    24.633
    Пол:
    Женски
    Со првото така почнав несвесно, кога ќе кажеше дека му се кака му слекував пелена и на нокшир се какаше, од 2 год и 2, 3 месеци исто. Потоа му ставав пелена пак. Од тогаш тој не се искака в пелена, си знаеше, слекување пелена и нокшир. Потоа на 2 и пол год (јули беше) му извадив пелена за дење, за ноќе му ставав. 1 месец траеше одвикнувањето дење и тогаш му извадив и навечер пелена. До август беше без пелени и патување во Албанија 6 сати успешно без пелена беше, застанувавме по пат кога ќе речеше ми се мочка. Носевме и нокшир.
    Пробај вака, мене успешно ми беше и како што пишав така почна непланирано. Па здравје и со малово така би пробала прво за какање.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.165
    Допаѓања:
    6.840
    Пол:
    Женски
    Кога почнавме не кажуваше и мојот пред да моча, или ќе си седнеше сам на нокшир или ќе кажеше откако малку ќе пушти во гаќи. По 3-4 дена почна да кажува. Јас мислам да пробате штом е свесна
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.074
    Допаѓања:
    110.898
    Пол:
    Женски
    Марио ајде мама да облечеме гаќички, да не носиш пелени, може ли? Не може! Зошто? Не сакам гаќи, сакам пеени! Ова знае се, не знае дека не треба да моча во пелена. Сметам дека нема да сменам ништо ако го гњавам повеќе и решив крај на август да го прашувам пак, тргам пак сега нокширот.
     
    На Carolin. и Fenix05 им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    7.581
    Пол:
    Женски
    Јас не се ни трудам. Се знае да кажи, ја слекувам вчера за бањање. Додека спремав вода си се помочка на плочки и како ништо да не било, буквално не се ни помести. Не изреагира на нештото.
    Така да јас сметам дека абер нема од кажување.
     
  15. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Исто, се знае и кажува и за мочкање и какање, ама за жива глава нејќе во нокшир или адаптер. Пробав и со памперс да се убедиме да седне на нокширче па постепено да фрлам, нехќе ни да го погледне се стиска од савајле ко ќе стане до дремка се стиска и станува нервозен. Страв ми е од толку стискање да не си направи некој проблем и решив да почекам.
     
  16. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    1.203
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене по не знам кој пат тука. Никско да се одвикнеме од тие пелени, до прво одд ќе носи мислам.
    Најголем проблем е што правевме тргни застани неколку пати ама моево дете ако згреши, а греши ко секое друго на почеток одма бара пелена нејке пак гаќи. Ниту еднаш му немам свикано напротив многу сум смирена и трпелива со овој процес ама не бива.

    Последно минатата недела побара гаќи обични, ајде облековме. Го потпрашував на пола саат да не му се мочка. Не не не. Ок. По некој саат гледам се држи за курето. Ти се мочка? Не. А му се мочка ама се стега. Нејке на нокшир да седне. Претходно без проблем седнувал. И ќе отиде во соба и ќе се помоча. Ама мочање 3 литри.
    Што да му правам и како да се научиме?

    Инску дома е цел месец дека сме со новороденче. Мислам во градинка кога одеше почесто седеше дома на нокшир деками таму ги седнуваат. Дури и ми кажаа неколку пати да пробаме да тргнеме пелени дека мочкал во нокшир таму цело време. Дома нејќе да го види.
     
  17. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Женски
    Мене ме интерсира нешто. Во процес на одвикнување сме тоес 2 ден ни е. Мочка во ѓаки во ноксир само еднаш. Е сега кога ќе излезаме надвор да ставам памперс?
     
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    13.069
    Пол:
    Женски
    Да пробаш со адаптер на шоља? И мојот не сакаше нокшир, седнавме на телефон заедно избравме адаптер и го нарачавме. Уште си го користи за какање, а 5 год е веќе.

    Јас кога тргнав пелени не ги враќав веќе. Во ранче резервна облека секаде носам.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  19. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Женски
    Да ама нема осет ако не го ставам јас не кажува. Ете денес 2 пати во гаќи еднаш во ноксир. 2 ден ни е од одвикнување. Во градинка му ставиле памперс ваљда полесно им е.
     
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.215
    Допаѓања:
    24.633
    Пол:
    Женски
    Совет, ако одвикнуваш ако е можно дома да е, не соработуваат во градинкиве, ако си решена да тргаш не ставај повеќе пелена, ќе си носиш секаде алишта и ќе преслекуваш, една кеса за мочаните, ако не си спремна на ова мочање насекаде почекај :D
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.