1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    2.751
    Пол:
    Женски
    За жал немам услови за дома да е. Мора во градинка. Утре ќе морам да купам 193522пара ѓаки. Не бев спремана до толку :D
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.192
    Пол:
    Женски
    Не ставај памперс, и надвор потсетувај го. А во градинка една стави, ако ставаш за спиење, ама кој совет ако мислиш е спремно, не ставај за никаде..
     
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.960
    Допаѓања:
    12.992
    Пол:
    Женски
    Колкаво е детето? Мора повеќе пара гаќи, шорцеви, сега барем топло е брзо се сушат. Нека се измоча и неколку пати, не е страшно таман да му укажеш како не треба, дека нема пелени и гаќите мокри ќе му бидат. Треба трпение и двајцата да сте спремни.
     
  4. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    2.751
    Пол:
    Женски
    Во септември 3 години. Тешко е малко што не зборува сеуште добро.
     
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.960
    Допаѓања:
    12.992
    Пол:
    Женски
    И моето не зборува, во октомври прави 3 години. Те разбира сигурно, збори си секако, објаснувај. Биди упорна, ќе сфати како треба. Јас ни ноќе не му ставам, а мислев до 4год со пелени ќе биде. Ич немав надеж дека лесно ќе ги откачи, а и не беше едноставно првата недела. Првото дете за 3 дена се одвикна, со второво малку потешко ама нема откажување.
     
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    6.755
    Пол:
    Женски
    Мене прво на мисла ми е да не го трауматизирам на темата. Ако сме блиску до дома не ставам памперс зашто кажува и издржува додека стигнеме, за подалеку ставам памперс зашто нејќе во друго веце да оди освен некаде на гости кога сме, а и се плаши да мочка во гаќи и стиска и трпи многу нервозен станува и го боли меше после. Исто во градинка не соработуваат и мали сам ми кажа дека таму сака памперс вели “паше моча у гаќи”. 4 пати дневно ги носат да мочкат, а мојот мочка речиси на пола саат и не сакам да се измачува. Веќе 2 недели е вака и супер е, сметам дека е подобро постепено за да не си создаде некој страв па после да треба се одново. И за спиење ставам уште зашто јас моментално не сум во период каде што може да станувам сто пати во ноќта да го ставам на нокшир или да менувам постелнини. Најдобро да слушаш твоја интуиција и да правиш според твојата спремност, не е поента да си го отежнувате периодот, колку порелаксирано за двајцата толку подобро.

    Туку друго да прашам јас. Откако почнавме со одвикнување ептен му се разбуди интерес за полови органи. Често си го фаќа ама баш е внесен. Како јас да се однесувам на ова? Нејќам да бранам ама и зборувате нешто? И еве денес ми вика “Ован има пиле мамс ти шо имаш пиле ли?” Јас му кажав “путе” па толку се смееше и сега на сите кажува дека мама има путе (facepalm) Најјако преска свекорот ѕвони и тој право како од пушка на цел глас “дедеееее мама има путе”, пропаднав :sweat:
    Не знам некако ептен рано ми се случи ова, 2год и 8 месеци е не очекував на ова возраст да ја отвориме темата
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    8.566
    Пол:
    Женски
    Ден 3 без пелени :clap:
    Денес да ја пофалам од сабајле до сега воопшто не згреши. Дури почна и на шолја да мочка.
    А вчера бев на раб да и ставам памперс, бидејќи стискаше и не сакаше да моча.
    Денес сосема друга приказна. Се надевам толку беше, и дека приказната ни е успешна. Барем така мене ми делува :)
     
    На 1209, Калатеа, LizzyGrant и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    8.566
    Пол:
    Женски
    Пак јас :hai:
    Дефинитивно приказната ни е успешна.
    Сакам да споделам тука, за идни пребарувања. А можеби на некоја ќе и биде и од корист нашето искуство.
    Почеток на неделата беше изрази желба за ѓаќи ама како игра и беше не сакаше да моча на нокшир нит шолја така и облеков пелени. Ама не се замарав нешто, гледам не сака да моча во нокшир и знаев колку и да трпи накрај во гаќи ќе се помоча. Баталив тогаш иако бараше гаќи си доби памперс и одеше во градинка тие денови.
    Дојде викенд и реков од денеска гаќи. И облеков гаќи дури и надвор шетавме подалеку па супер поминавме кажуваше ама се подмочуваше додека ја соблечам. Сепак како успех го гледав. Е вториот ден не знам што и беше и трпеше цело време викаше дека не и се моча. Ми беше страв за бешиката толку да трпи. Сакав да и ставам памперс. И да се откажам. Ама ајде ја оставив во гаќи и тој ден. И добро што не се откажав. Третиот ден откако стана од кревет сабајлето како од секогаш да ја знаела оваа вештина воопшто нит згреши нит се подмоча. И си кака и си моча. И сама си кажува не ја ни прашувам веќе. И не моча како првиот ден на 15 мин,пола час. Првиот ден така правеше не знае наеднаш да ја пушти мочката, по малку мочаше за краток период. И на крај во гаќи река хаха. Е сега веќе со сати ем заиграна е ем не греши.
    Така да мислам дека прво битно нешто е детето да е свесно кога моча кога кака во памперс чим кажува спремно е. И втор чекор посветеност од мајката да му помогне во тој процес, да го потбутне.
    Може и порано ќе се одвикнеше јас не се посветив баш на темава. И сега да не реков уште ќе носеше памперс. А одамна кажуваше и кога мочаше во памперс.
    Буквално за три дена ги фрли пелените. Уште не ми е верно :)


    Сега малку смешно прашање со што ги бришете после мочање?
    Јас имам од тие од бејбилав крпчињата со вода што се потопуваат така ја бришев и памперс кога и менував. И деновиве продолжив така.
    Ама да слушнам ваши искуства.
     
    На 1209, kozuf, Калатеа и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.593
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes , колкава е ќерката?

    Моево е 2,5 ама не е свесна ни во памперс кога е какана да каже, не пак нешто друго. Знам дека не е спремна, само измачување ќе е ако тргнеме сега со обиди.

    Инаку, браво и за дете и за мама.
     
  10. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Немора да значи, и моето е толкаво 2г и 7 месеци. Кога носеше пелена не кажуваше дека е мочана и какана. Решив да тргнам пелена. Реков до септември и давам фора ако не се научи до тогаш пак ќе вратам пелени.
    Прв ден секаде мочаше, не кажуваше дека е мочана. Не ни беше свесна мислам за процесот. Втор ден еднаш или два пати ако кажеше дека и се моча и тоа откако малку ќе пушти во гаките. Па во нокшир ќе се домочи. За какање 2-3 дена во гаки какаше. Е после 4-5 ден скоро и да не згрешила и за какање и за мочање. Вчера и за денски и за ноќно спиење е без пелена. И ставав пелена од кога ќе заспе. Сношти во спиење стана за да моча.
    Веќе недела ипол - скоро две како е без пелена.
    Како совет, може не ни побара ама јас да си кажам. Пробај ништо не губиш ама не се откажувај на прв или втор ден. Резултат ќе има после 4-5 дена.
    Тргај теписи од дома каде што најчесто ќе седи. Бидејќи ќе моч во гаки и полесно е само со крпа, влажна да пребришеш, на креветите постели од тие мушомите што се за во болница кога раѓаме. И гашти неколку како ќе ги измоча така на рака ги поминував и право на сушење. После секое какања мочање во нокшир имаше викање браво, па таа да пушти вода, да гушкање.
    Е сега уште не знае да си ги соблече гаките ама нема веза ќе научи и тоа :D:D кога седнува на нокшир со се гашти на газот седнува :D:D:D
    И дома само на гашти и блуза или фустан е
     
    На Skyler, Carolin. и Miss_S им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.593
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    @bella12 , фала на споделеното искуство.
    Ќе темпирам летово неколку дена со празник да врземе, да сме по дома сите т.е без градинка и работа и да се пробаме.
    Моментално само хаос ќе направиме, во градинка се споени групи и многу деца, сигурно би и ставале памперс. Дома јас и таа сме само на попладне заедно. Да не е едно правило до 17 часот, друго после 17.
     
  12. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.126
    Пол:
    Женски
    Кај нас помогна што знаевме дека скоро секој ден кака пред спиење навечер и тој период го стававме на нокшир некое време пред да тргнеме пелени. (Без притисок тоа, ако стигнеме да го ставиме пред да се искака). Ако прифаќа можеш и наутро да ја ставаш ако има желба, не мора одеднаш да ги тргнеш. Јас така правев за да не му дојде нагло промена и да се запознае прво со концептот за нокшир и шоља. Ова малку неповикан совет испаѓа ама да знаеш дека можеш и така постепено да почнеш, не мораш одеднаш.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.312
    Допаѓања:
    19.486
    Пол:
    Женски
    Можеш и нокширче да и купиш нека се вртка по дома додека не почнете со одвикнување или стави го во тоалет и кога одиш ти земај ја со тебе и седни ја мочаме,какаме да го види да ја заинтересира.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    31.812
    Пол:
    Женски
    Сис и јас лани лето у најголемата гужва и ги извадив и тоа нејзините беа на одмор.
    Со негувателките се договоривме да носи од тие пелени гаќички во градинка еден месец за да се вратат на нормала и да можат да и се посветат
    И се учевме дека и тоа се гаќи гаќи и дека ако ги измочка ќе се фрлат.
    Ниеднаш не се измоча во тие гаќи, џабе и ги ставав.
    Значи со тие одвикнувачките гаќи кажуваше дека и се моча и ја носеа. Иако нели не може да пропушти тоа.

    И си се научи дека ко ќе се врати К од одмор ќе носи "нормални" гаќи во градинка.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.593
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Нокшир имаме, кога одам јас во Вц, некогаш доаѓа со мене.

    Е ѓаки такви за одвикнување немаме. Нормални имаме купено ко за 3 деца, не едно (facepalm)

    План за одвикнување исто немаме ама летово како и да е ќе се пробаме
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.960
    Допаѓања:
    12.992
    Пол:
    Женски
    Не мора да планираш или да се оптоваруваш, секако вади и ја пелената некое време во денот да го луфтира газето топло е премногу. А кога ќе решиш треба ти да бидеш трпелива, како што викаат и другите, до нас е повеќе отколку до децата. Ние брзо се откажуваме.
    Инаку, стварно е раат кога ќе се откажат пелените, со 6 пакети пелени се товарав од аптека :D Уште малото ми остана на пелени :whew:
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    3.126
    Пол:
    Женски
    Околу нокширите... да вложам средства за да се земе нокшир во иста форма како вц, гледам има и како коли да возат? Глупост е или ви е полесно така да ги одвикнете?

    Не знам дали да земам класичен нокшир или таков нокшир. Што е подобро?
     
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    31.812
    Пол:
    Женски
    Според мене е најдобро адаптер на шоља директ, ваљда дека ќерка ми нокширот на глава го ставаше мислам дека е пропала инвестиција
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    31.812
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ти имам кажано, и јас немав план. Од инает и ги извадив зашо ми бегаше со гол газ по стан :D
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Најобичен нокшир.
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.