Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    Секоја мајка си одлучува за своето дете и прави како што мисли дека е најдобро. Мојата одамна кажуваше ама не ми делуваше спремна, ма да јас не ни имав пробано. Ама лично јас не сакав со форсирање. Чекав прво таа да изрази желба. Ако не изразеше желба ќе се обидев летово дека 3 ќе прави. Лани лето имаше две и според мене рано беше за тој чекор.
    Моментално има 2 год и 11 месеци.
    Лично јас не сакав да биде на тој начин со гаќи да ја оставам неколку пати па да стане свесна дека и се моча. Едноставно не ми се бришеа мочки. Па ја чекав сама да покаже иницијатива и за среќа сама почна да кажува кога и се моча. Инаку ќе морав и јас на тој начин со малку повеќе труд но сепак и на тој начин за брзо би ги фрлиле пелените.
    Не велам дека тој начин е погрешен. Многу познавам така што ги одвикнаа децата за неколку дена. Ама јас не се замарав многу и не се посветив на темава. Искрено и тој ден кога пресеков од денес гаќи така спонтано ми дојде да пробаме од после докупивме повеќе гаќи.

    Ние мајките имаме голем удел во овој процес. Да не ја цитирам не знам која членка ми пиша да се опремам со фустанчиња и да се посветам целосно и ќе успееме.
    И сфатив дека тоа е клучното што јас не се ни посветив на темава.
    И тој ден кога реков гаќи стварно се посветив на тоа и бидна.

    Инаку можеш да ја земеш со себе сама да си купи нокшир. Мојата имаше нокшир што и го купија свекрва ми уште одамна не сакаше да го види а не да седне. Ја зедов сама си го избра, и залепив стикери од нејзиниот омилен лик. Пак на почетокот кога ја прашував не сакаше. Ама потоа се опушти. И служеше за првите два дена. Од третиот ден почна на адаптер.
    Јас би ти рекла летово пр. август ако имаш слободни денови обиди се. Ако не сака ќе пробаш пак понатаму. 2 и 5 месеци има ништо страшно.
    Со среќа :hug:
     
    На DaftyCrafty, Carolin., lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.215
    Допаѓања:
    24.632
    Пол:
    Женски
    Класичен, најобичен.

    И јас би ти рекла пробај постепено. Прво за какање ако ја сеќаваш кога кака да и тргаш пелена и на нокшир.

    Ние немаме вц горе на спрат долу ни е |( поради тоа од сам старт од ко почна првото дете да кажува горе имаме 2 нокшири најобични, така беа потребите, ако неможам одма да истурам на тараса сум оставала полн па да има и друг ако потреба...маки....
    Ако е 6 и пол год горе стојат уште 2та и уште ги користи првото, слегува и долу во вц ама тие се горе. Малово неколку пати седнува на другиот нокшир облечен, бидејќи прави се што прави брат му, оди сам го зема и седнува :D кај мајка ми кога е надвор таа му трга пелена и не носи и се моча надвор, дома тоа не, исто и свеки неколку пати истото го прави, после ручек ако сум 2ра смена кога се дома тие го чуваат. Вчера маки мачев да му ја облечам пелената пиштеше корнеше нејќам. Ама му облеков и после си стоеше. Потоа пак истото. Пак ќе речам не е спремен ама ме нервира денојве маки мачам јас за облекување, му велам на бабиве не го оставајте без пелена после јас се нервирам.
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    8.849
    Абер нема детево. Ден скоро 3 без пелена и воопшто не кажува, вика мокра сум и доаѓа да ја соблечам или оди како патка.

    Ни за какање ништо, 3г и 1 месец е веќе, а заинатена сум не попуштам ама губам надеж…

    Не знам како нема ич осет за мочање. И киндер јајциња и чуда и играчки, ќе седне само и после се дере ете седнав дај ми киндер јајце.(facepalm)

    Не знам дали да продолжам.:?:
     
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Ние што убаво почнавме си почна да мочка во нокшир ама неколку дена не можеше да кака и седна на нокширчето да мочка јас јадење правев кога дојде уплашена мамо како а она го закажа за ножињата по тепихот имаше па кога почна да вика не какам веќе, не сакам веќе да какам.
    И кажував убаво смирено мама ќе избрише нема што да се плашиш и од тогаш само во памперс сака и одма на тепихот ми кажува демек како имало.
    И сега памперс носи ја прашувам да ти облечам ли гакички не во памперс ќе мочкам.
    Не знам што да правам, се уплаши што се покакала.
    Кажувајте чаре како пак да си мочкаме во нокширче?
     
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    Не форсирај сега. Нека ја подзаборави случката може како траума и дошло. И обиди се на адаптер.
    Кажи и еве мама како мочка земи ја со тебе во тоалет кога мочаш, кажи и види мама што убаво си мочка тука. Пробај така некако.
    Децава не ги сакаат баш нокширите, а на адаптер директ поубаво.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.074
    Допаѓања:
    110.897
    Пол:
    Женски
    Пресврт во долината на пеленашите, сам дојде да му сменам пелена, имала каки. Аууу има надеж.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.720
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    И мојов дур беше дома со Коксаки почна да кажува да му сменам и да седи мирен дур му менувам, ама ете го сега пак се врати на старо. Пак е покакан а лаже дека не е, пак вришти и бега кога ќе го земам да го пресоблечам. Мноогу ретко да легне своеволно. Кога одиме во вц да го бањам ја покажува шољата и вика ‘тука моче’, ама кога ќе го прашам сакаш ли да мочкаш ти тука, добивам отсечно не. Исто кога ќе го приметам дека му се кака го прашувам дали сака на шоља, кажува не и си кака во пелена. Не знам кои се знаци на спремност на едно дете и како да ги препознаам. За форсирање не сум, нигде не гори да ги тргнеме пелените, ќе биде и тоа кога ќе му дојде време.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.074
    Допаѓања:
    110.897
    Пол:
    Женски
    Не, не, никако форсирање, не сум ни јас за тоа, само промена ми беше нешто што не го кажал никогаш. Почна и чат пат да кажува веќе Ќе какам. Јас си прашувам, сакаш ли на нокширче, на шоља, не сака и толку.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.720
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Е почна и мојов, па прекина. Којзнае што им се мота низ глава.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.074
    Допаѓања:
    110.897
    Пол:
    Женски
    Баш така, којзнае што им се мота по главите, да ми е еден ден да го разберам само. Од синоќа е многу раздразлив и се би дала да можам да го сфатам.
     
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    19.617
    Пол:
    Женски
    Одвикнувањето го прогласувам за успешно :party:

    Сум запишувала што се дешава мислев ке ми требаат 2 месеци да го одвикнам.


    Ден1:
    - два пати мочкање на шоља и еднаш надвор
    - помочкан само за дремка (не го седнав на шоља пред спиење)
    - две мочкања во гаќи и какње

    Ден2:
    - стана со сув памперс, успешно мочкање на шоља
    - мочаше кај стигна
    -од дремка стана сув
    Хаоос

    Ден3
    - стана сув и сам рече "мамо тоља"
    И после ова следеше мочање цел ден кај стигна освен за дремка си стана сув и отиде на кај тоалет

    Ден4
    - стана сув, мочкаше цел ден на шоља излеговме надвор се измочка само што влеговме дома

    Ден5
    - станува сув, мочаме и тргаме на кј Ск (колкав страв изедов и нокшир носев во кола) мочаше еднаш по автопат завршивме работа и идеме на кај дома заспа
    Пак мочкаше во гаќи и на шоља пола пола да речеме денов

    Ден6
    Мочка во гаќи и вика мамоо мочкааам (овде реков има надеж)

    Ден7(вчера)
    Мочање какање се на шоља, еднаш на татко му му се измочал во гаќи ама заигран во гаража. Дури и на роденден бевме во игротека јас со 3 пара алишта плус отидов ама дечкото дури два пати мочаше таму во вцто.


    Денес сам оди и вика мамоо ајде диме оди мочкаа :D
    Прееска им вика на камионите диме иде кака дојде пак :rofl:
    Кај нас финтата со поклони не палеше само одеше до тоалет и гледаше под шоља и викаше дај тољо дај :rofl:


    Заклучок: Не е лесно ама не страшно, само упорност и решителност.
     
    На LeL15, Калатеа, Thinkerbell. и 7 други им се допаѓа ова.
  12. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    958
    Малиот мој од многу мал, може од година и нешо кога му се кака кажува јас ќе какам и оди зад тросед, под маса или се крие на друго место ама свесен е кажува од мн одамна. Купивме нокшир пред месец дена ама нема абер, кога ќе каже јас ќе какам му викам ајде у нокширот ама не сака. Исто пробав кога ќе рече дека кака да одам јас на шоља да седнам и он со мене ама јок, не сака ни да седне. Прв пат се измочка у нокшир пред некој ден пред бањање, го соблеков и седна на нокшир и се измочка. Мислам дека е спремен и дека можам да пробам ама у исто време не знам како. Ве читам со гаќичкиве, дали да купам гаќички и да почнам така па да се пробаме и да не ставам веќе памперс па да се тренираме една недела? И дали вечер на спиење ставате памперс иако преку ден почнуваат во нокшир/шоља?
     
  13. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Женски
    Ние правевме пауза неколку дена и пак почневме. Несака и несака. Ни мочка ни кака до дека не ставам памперс.
    Дома е без памперс а во градинка му стават. И дали вашите деца си го дипират нон стоп пилето :D
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    156
    Мајки дали сметате дека храбриот начин без пелени и само со памучни гаќи е подобар или навечер со пелени?

    сакам да купам гаќи, летово да го одвикнам синко 22м. Кажува секогаш кога кака, ама оди во јасли и не знам колку се отворени за соработка таму..
     
  15. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Да се пријавам и јас..конечно имаме напредок..сам изрази желба да седне на нокширче..пишав пред некоја недела не сакаше никако да седне ни на нокширче ни шоља..престанав да инсистирам и молам...во савотата сам изрази желба да моча и сам си го одлепи памперсот и седна и мочкаше...јас и маж ми во шок, не знаевме што да правиме.и во неделата исто..е сега проблем мј е што немам одмор и да го одвикнам целосно..маж ми спомнал во градинка денес ама му рекле гужва е, многу деца и не можат да му посветат внимание. Преѓи дома штом дошле пак мочкал и какал во нокширот...мислам дека е спремен ама ме кочи тоа што немам можност за одмор и да му се посветам целосно..
     
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    За викенд. Вака како што кажуваш спремен е. Петокот штом си дојде од градинка остави го по гаќи. Сабота и недела исто. Ќерка ми така се одвикна.
     
    На Ив10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    815
    Ние сме 2.5г и се одвикнавме од пелени таа спремна си беше уште од порано ама ние не бевме спремни.
    Само памперсот што и тргнав си знаеше дека треба да мочка во нокшир не и беше јасно за какањето но и тоа го научи, грешеше неколку пати и за мочкање и за какање, два пати се искака во гаќи и јас уште првиот ден ја однесов надвор да шета без памерс и надвор ниту еднаш не згреши.
    Иначе таа уште од 1.5 г си седнуваше да мочка на нокшир ама чисто онака без форсирање и плус во градинка и таму ги седнуваа па затоа многу лесно ги откажа памперсите.
     
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Се одучивме од пелени веќе има скоро еден месец,не сакаше да седне на нокшир , се додека не се измочка еднаш, со браво и чукање раце му бидна интересно.Еве скоро месец дена уште му чукаме раце и го фалиме колку е добро дете и тој посебно се радува, има 2 години и 10 месеци.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    8.849
    И јас да си запишам овде у дневников.:D

    Ден 7ми, она веќе кака и моча во нокшир/шоља, дури радосна.
    Знае заиграна да се подзаборави ама малце подмочнува, е ако никој не ја однесе одма, пепел.:D

    :beer:
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    19.617
    Пол:
    Женски

    Денес ни е ваљда 15-16 ден од вадење пелени и денес прв пат доживев да дојде од играње на игралише и вика "Мамоо мочкааам" ја реков готово потпо ке се деси ама не, се соблековме се измоча и назад на играње. Знаете колку бев радосна? Ко да речи детево направи не знам што, а уствари кажа општа физиолошка потреба :rofl:
    Да ми кажуваше некој на гомца дека ке се радува :drunk::rofl:
     
    На Ив10, Thinkerbell., Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.