Браво за баткото, за тебе исто така браво оти треба упорност и посветеност, врсници ни се јас немам план уште за одвикнување немам ни време да му се посветам па здравје на пролет ќе пробуваме, ако дотогаш не посака сам, бидејќи имаме моменти каде што сам седнува на нокшир и бара да мочка, дека го гледа брат му а овај папагал е се го повторува, буквално се
Јас искрено пробав само заради тоа што ке оди градинка од септември и во мојата глава имав замислено дека без памперс ке оди и дека после ке немам кога да го одвикнам, туку најдобро сеа кога сум дома и јас и он. Моево нокшир не сака од кога пробавме првиор пат пред одмор, да не го види. Ама затоа на адаптер одма сам се качува, му купив таков со скалички и вика ајде мамо диме мочкаа знае уште да пушти во гаќи ако е заигран ама се поретко.
Од минатиот понеделник ваљда, така нешто. До 7-8ми ден запишував, сега веќе не. Моето 23 месеци е. Во август 2 полни.
Аа поголемки сте. Уште ни е рано мислам. Нз зошто сите ме советуват фрлај пелените до септември. А мислам е мал уште. 16м има
Мал е. Остај што зборат другите. Знаеш колкава разлика има од дете 16 месеци и дете 20+? Тоа е бебе уште. Остај што зборат гледај он кога ке е спремен.
Лелеее па и вие баш сте помали од нас, браво. И јас се кезев за гомцата ко неарна. Гледав адаптер со скали на Тему, ти од кај го зема? Ќе поделам ова нокшириве по баби.
Негде по интернетов го нарачав околи 1300ден беше ама никако страната не ми излегува гледма има во тополино и локо кроко ако ми излезе баш ке ти пратам. Edit: еве го истот го имаме сеа ми излезе на инста, само поефтин
Ај пак да свратам и јас во темава Решив летово да се луфтира ќерка ми по дома, па макар и бришела мочки, пошто видов значително подобрување со сите осипи, дерматити и слично што и се јавуваа на кожа. Среќа поминуваме многу подобро од што замислував. Веќе десетина дена нема згрешено ич и цело време моча во нокшир. Неколку пати се има искакано исто. Уште не сум извадила пелени за надвор и за во градинка. Пробавме и дневна дремка да преспие, се буди сува не се помочала. Од ноќно вадење пелена сепак мислам дека сме далеку. За некоја недела пак ќе одиме на одмор, па планирам таму посериозно да настапам со одбивање преку ден. Знам дека можеби се влечкам ама сакам некако без многу замарање да ја поминеме и оваа етапа. Уште не е спремна да ја пратам во градинка без пелени, треба прво да ја тестирам неколку дена како би се однесувала и надвор без пелена.
Да. Јас за дремка и навчер немам мака. Го седнував уште пред да извадиме пелени навечер и наутро на нокшир. Ниеднаш нема згрешено ноќе, два пати за време на дремка.
Јас му ставам пелена кога ке заспие,додека е буден не дава воопшто,ама сабајле е сува,не моча во неа,дали да ги отрфрлам скроз?
Многу вода ми пие навечер, ко да надокнадува за цел ден. И не се буди со сува пелена иако мочка пред спиење. Не знам како да и ги тргнам и навечер а сакам сега одеднаш све. За преку ден супер е нема мака.
Викендов сме сами со дете, па демек да се пробаме колку да види како е седење на нокшир. Не сум ја оставила гола или по гаќи досега, нема седено на нокшир, осет никаков. Ајде попладнево, гледам сува пелена 3+ часа очекувам кај да е ќе биде плус некој план на пола час да ја слекувам, демек доволно простор. Обид 1, нокшир на сред ходник, дете на него, сликовници спремни околу нас за да поседи малку, вода спремна. Едно 10-15 минути вртевме сликовници, на крај ми текна да и пуштам песна/цртан за деца што мочкаат демек да види како е, тоа последното успешно. Се помочка во нокшир, прво се зачуди што е и како е. Ајде овации, аплаузи, поздрави, честитки, миење, се со ред. Ставив памперс со намера за пола час, да повториме се. Пола час подоцна, одам да вадам памперс, памперсот утоп. Ок, ставаме нов памперс, за пола час и вториот утоп, со оглед на тоа што претходно немаше долго време мочкано, а форсирам течности. Бидејќи абер нема, реков тоа, од утре планирам кога ќе стане и пред спиење да ја пробувам на нокшир колку да се запознае со процесот, па остатокот спонтано како ќе испадне, зошто за спремна, не е воопшто.
Освен да го стануваш ноќе на 2-3 часа за мочање, друго решение не гледам. Моево не пие ноќе ништо. И гледам после 7 да не внесува многу течносто зошо знам што ке ме чека ноќта. На другарка дете станува ко навиено во 2 и во 5 обавезнп да мочка ама и тоа ноќе пие вода.
И јас се спремам навечер да тргнам. Преку ден е океј веќе најчесто кажува ама уште се дешава да почне во гаки да мочка па да продолжи во нокшир, касни реакции има веројатно треба време. Успеавме да тргнеме млекото навечер веќе цела недела не пие ни млеко ни вода така да сметам спремен е. Пие млеко во дневна, мие заби па седнува на нокшир (најчесто не мочка веројатно му е рано по млекото) па ставаме памперс и заспива во спална. Е сега за ова млеко пред спиење ми е на мисла дали да му го давам порано за да може да мочка или како да правам? Пред дремка, пред вечерно спиење и кога станува наутро пие само. Сува пелена сеуште нема иако не станува за млекото пелените секое утро му се полни. Уф ова ноќното потешко ќе излезе од тргањето преку ден
Моето легнува 9-9ипол јас до кај 7 давам вода/чај било што. После ако не побара не, пред спиење мочка и после веќе сабајлето мочка. Еве пред два дена испил цела чаша цедевита со татко му и во 12ипол ми стана за мочање, стана со плачње и ми вика "мамо носи тоља" се измоча и продолжи
Мојот нема да стане сигурно а не планирам цели вечери да менувам постелнини поради ова одолговлечувам. Кај се радувам конечно не станува за млеко преспива цела вечер не би да си го уништам овој мирен сон, немајка а Млеко пред спиење бара и ептен е лошо со плачки тантруми ако не дадам, ама ај напредок е што се убедивме порано да го пие, иначе се бунеше во спална да го пие пред спиење нормално така е навикнат. Да чекам да тргнеме скроз млеко па тогаш да тргам пелени навечер а. Збунка сум
Жени мојов кажува дека му се моча, сега најчесто е гол или во гаќи дома, спонтано дојде ова, сам бараше не сум го форсирала, кога му се моча кажува дека му се моча и трча во вц, држи куре и моча, ама не сака ниту во нокшир ниту со адаптер туку директ во туш кабина оди и моча, сака да го држи кога моча оти гадлив е и ако му капне на нога одма бара да го мијам, најчесто кажува ама се дешава деновиве и да се помоча без да каже. Какањето е мака исто, знае да каже дека му се кака ама ми бара пелена да му ставам пред да кака, зборам, кажувам, пробам да го ставам на адаптер и не и не, ќе почне да плаче и ќе го сецнам и на крај нема да заврши работа. Не ми е до толку проблем не сакам да го форсирам ама сакам да почне да се учи. Како да го научам да не моча во туш само и да не бара пелена за какање? 2г и 3м е.