Да, ама кај моето награди не палат, многу е тврдоглав и прво ќе бара награда после да направи тоа што велам да направи. Неколку пати згрешив вака и веќе не го поткупувам за ништо
Има едни нокширчиња што кога ќе се измочка детето во нив, пуштаат музика. Пробај со тоа, као ајде да свири нокширчето и во него да заврши работа. Ем ќе се осеќа дека он придонесува за тоа, ем ќе му биде интересно и некој поттик за да прави така во иднина. За какањето немам совет, едноставно со зборување, без форсирање и сам ќе покаже кога ќе биде спремен.
Од вакво нокширче моето се плашеше. А кошта баш многу, ете го, уште стои за џабе. На крај во најобично со волан се одвикна. Секое дете е различно, ама за дете што е можеби почувствително и сака баш да знае се и тоа што не гледа од каде доаѓа звукот, му смета и го плаши, вакво нокширче мислам дека нема да донесе ништо добро.
Секако, зависи од самото дете ама ако добро памтам членката има пишано дека малото е баш музикално и сака да свири, затоа и предложив такво нокширче, не верувам дека во оваа ситуација би било причина за страв. Тоа "кошта баш многу" е релативна работа, не знам колку се цените на обичните ама вакво со музика за на работа земав околу 700денари што и не е така многу.
700 ден е океј цена, јас нашето го земав околу 3000 ден, затоа реков не е баш евтино, за нешто што воопшто не го искористивме и затоа да си размисли членката.
3000денари? За таа цена ќе очекувам само да го земе детето и да го донесе да мочка во него. Не знам дали воопшто пишуваме за истото, еве го тоа за кое зборам, не е воопшто страшно за ниедно дете.
Моментална ситуација. Кака мочка во ноксир ама само ако јас го ставам или ако е гол седнува мочка кака. Е сега ако има ѓакички и ако не го ставам јас тој не кажува. Уствари не ни зборува баш многу. И сега незнам до каде сум.
Моето е 2г и скоро 2 месеци е сега она уште пред 2г почна да сака сама да седне на нокшир ( валда оти дада ја гледа на шоља) и успешно мочкаше. И сега чат пат ќе и текне да рече мочам и да се измоча во нокшир истп и за какање и кажува пред да кака ама јас пусто не сум одлучна дали да ја искористам шансава со кажувањево и да и го тргнам скроз памперсот... некако мала ми е 80-86 број ѓаќи има ли?
Од синсеј ќе земеш таму мали се. Јас за ќере земам 98/104 а врска нема. Ќере алишта обично 92 носи. Од око ги земав гаќите и точни и се.
Ќере лани на 2 и пол години носеше 86-92 и и земав 92ка од Синсеј или Ваикики не знам точно, ама во една од тие две продавници беше. Е не памтам дали имам видено помали од 92ка ама ќе и се фати и 92-98 да и земеш или како и да одеа мерките после 92ка.
Јас од Етекс во Струга имав земено за првото дете бројче 2, сега гледам на момичево точни и се, а исто 80-86 носи.
Да се пријавам и јас дека сме одвикнати од памперс..Петок, сабота и недела дома без памперс и од понеделникот во градинка. Засега е успешно ни еднаш не згреши ни дома ни во градинка. Синоќа спиеше и без памперс. Само ќе кажам безпотребно се нервирав пред месец дена дека несака, ете го сам сега се научи буквално за неколку дена. Готово ми порасна момчето веќе
2 г и 3 месеци е син ми. Пред некое време почна да најавува пред да кака, ама на прашањето дали сака да го носам на шоља одговорот секогаш беше не, плус 90% откако ќе се искака бега и не дава да го пресоблечам. Викендов пробав прв пат да видам како ќе реагира на нокшир. Кај моите има нокшир од јас кога сум била мала кола е, а он сака коли и си реков ај. Седеше кратко ама ништо не направи, и два пати кога пробавме мочкаше на под откако ќе станеше од нокширот. Денес дома само што го избањав и му ставив пелена ми вика нејќам пелена и почна да ја одлепува, стана гол и дур да го однесам да мочка он пак се помочка на под. Откако го измив земав да ставам пелена и не се бунеше. Некој совет од поискусните како да се препознае дали е спремен? Колку дена во принцип би ми требале за да го одвикнам. Дали машките деца ги ставате на нокшир седејќи да мочкаат или како? Не сакам да го форсирам, не ми сметаат пелените, ама ако е спремен зошто да не пробам. Од друга страна во градинка се споени групи, многу деца, малку негувателки и не знам дали кога ќе му се мочка/кака ќе има кој да го однесе на време. Прашалници 101 имам во глава.
Јас мојата на 2ипол год ја научив на одмор. Цел ден гола, два пати се измоча у купачи и тоа беше се. Предходно седевме на нокшир секојдневно. Ја сум за тоа дека еднаш кога ке извадиш памперс веќе не ставај, мора да се научи. Никој не сака да седи мокар. Дали е спремна препознав по тоа што јас секое сабајле и вадев сув памперс од преку ноќ, кога и се кака си кажуваше дека кака у памперс … И ја занимавав додека седи на нокшир, дали сликовници, дали песнички, дали цртан филм… Немав некои потешкотии