Ке мочка во гаќи едно 4-5дена сигурно додека му кликне дека треба да каже па да седне на нокшир/шоља. Мојов моча седнат дома, му купив адаптер со скалички сам се качува ама не знае да се соблече, сеа тоа се учиме, со татко му мочкаат исотавени мм го става со нозете на шоља и моча ама јас не можам така, може нешто ке заработам или сум надвор на балкон спружам алишта он сам си се качува ако види ме нема. Јас мака со какање и ноќно спиење мака немав, од прв ден вадење памперс се нема измочано у спиење, станува одиме на шоља мочка, еднаш само се искака и тоа беше тоа, после викаше мамо мочкаам и трчаше на кај тоалет - ова беше за какање. Сега кажува ако игра или ако е со некој "диме иде кака одма доде" и одиме во тоалет исто и за мочкање "мамо мочам". Вчера вечерта се измочка во гаќи може после 5-6 дена заигран низ двор и фати да плаче зошто се измочкал. Не беше нашето за два дена ама после некаде 6-7 дена сваги што прави и што треба да прави ако му се мочка/кака. Малку упорност и се одвикнуваат.
Од каде го купи адаптерот со скалички? Мене инаку ме кочи најмногу моментот што он е на релација градинка-дома. Ќе треба или да земам некој ден од одмор и да го одвикнам, или кога ќе одиме на море. Не знам што ми е попаметно.
@Bella_Stella , мене сите ми викаа да ја одвикнам на одмор, демек плажа, голо дете и сето тоа. Искрено последно нешто што ми падна на памет беше на одмор да се занимавам со тоа, плус од друга страна, сместени во студио, не сакав да мочка на туѓо до кај ќе стаса, било по под или по кревет. Опција беше да носам неколку водоотпорни навлаки за креветот ама и за тоа не сакав да ризикувам.
Најлесно би ти било на море, штом е во градинка. Ама почни од дома да му покажуваш нокширче, прашувај го сакаш да мочкаш/какаш. Кај мене упали епизодата пепа пиг и џорџ кога го учеа да мочка. Прво не знаеше што прави, после викаше мочкам и мочаше во гаќи и сега веќе знае му се мочка и вика мочкаам и трчка во тоалет. Ова без грешки и осет е веќе после 2недели искрено. Само трпение и 100пати објаснување што треба да прави. Еве тука има адптери истиот го имам.
@Bella_Stella Кај нас кога и да ја приметевме дека прави нешто ќе ја прашавме дали сака на шоља или нокшир и секогаш беше не. Маж ми еднаш ја начека и му кажа дека сака нокшир, отиде и се искака и кога виде полн нокшир, цел филм направивме. Па во шоља да истуриме, па чао да кажеме, пуштање вода, миење раце, аплаузи, овации. И изгледа интересно и стана и одма почна да кажува. Ни еднаш не згреши од тогаш. Ама јас од страв од истите причини од градинка, ја оставив една недела дома за да се навикне убаво. После кога си тргна пак во градинка си кажуваше и таму, ја носеа во вц и нема згрешено исто, иако со повеќе облека и гаќи ја праќам за секој случај. Јас сфатив дека јас повеќе да и се посветев може и поскоро ќе се одвикнеше, иако таман си беше и сега.
Да се самоцитирам од пред две недели. Како пишав уште следниот ден спонтано се случи да ја преспие ноќта без пелена и не се помоча. Нокширот до нас во спална, прво што направи кога стана рече ми се моча, седна и толку беше. Понатаму исто добро ги поминувавме ноќите, неколку пати има станато сред ноќ да моча ако пиела повеќе течности пред легнување и одма презаспива. Ќерка ми спие со нас на спална па одма ја приметувам кога ќе се размрда. За во градинка не земав денови, одма ја пуштив со гаќи како што ја помина ноќта без пелена. Она веќе не ни дава пелена да и облечам. Во градинка пратив и непропустлив чаршав за секој случај. Се помочала таму два три пати до сега кога била заиграна инаку и таму си кажува и не моча во спиење. Нас најголем проблем ни беше надвор зошто не сака да моча клекната или во вц да ја држи некој над шоља. Видов не видов почнав да носам едно мало делче од нокширот во ранец и супер функционираме така. @Bella_Stella со лесно, почнете си спонтано, за викенд има најголем напредок во континуитет. Мислам дека и без да земете денови можете да се научите. На одмор јас и онака сум носела подлоги за душек зошто се случувало да и протече пелената па за секој случај. На плажа секако ќе си биде гол, на жешково мислам и нив им се допаѓа идејата да не седат со пелена, па имаат екстра мотивација @Thinkerbell. И ќерка ми многу се фасцинираше гомцето кога го виде, па каде одело, што ќе правело. Рековме отишло да плива и да живее со другите гомца
И ние бееме исто како тебе и беше напорно искрено. Ем мојот 2 дена оди во градинка само другите е дома. Првите 4 дена беше супер сам си трчаше на нокшир ама не кажуваше и ниту еднаш не се помоча во гаќи. 5тиот во градинка не кажал 2 пати се помочал и ми се јавија да ми кажат дека ќе му стават памперс и после беше хаос, 2 недели по 2-3 пати обавезно се мочаше у гаќи. Сега е на распуст и конечно почна да кажува и навечет тргнавме памперс еве веќе една недела се нема помочано. Така да не знам, зависи од градинка дали ќе те подржат во тренингот, нашата не ме поддржа сами ми рекоа дека додека не почне да кажува ќе му ставам памперс. Разговарај прво со воспитувачките ако негодуваат подобро остави за во септември кога ќе се вратат во нормални групи
Одвикнување на одмор ми е голема глупост. Таму сите одиме да одмориме и да се релаксиране, а не да прашувам дали му се мочка. А процесот е таков, мора да прашуваш додека укапира какво е чувството за мочкање. Плус, тоа дете ке моча кај стигне, не се должни оние до вас да гледаат нокшири или, уште пострашно, мочање у песок. На плажа едни до нас, во бич бар го остава детето ДА КАКА МЕЃУ ЛЕЖАЛКИ, па со гомниво газе седеше на лежалка јер немаа влажни и позајмуваа. Животот ми се згади. Срби беа патем. Плус смрдеше, син ми прашуваше кој прди на плажа... Исто, не знам зошто машко дете би мочало седејќи...
Друго адаптерите постојано стојат поставени, ги тргате кога возрасните користат? Или поставувате само кога дете користи? Може глупави прашања, не сме ни почнати со одвикнување, не знам ни што ќе сака да користи со тек на време.
Го тргам, да. Како би седнала ти на адаптерот? и да сакаш нема да те собере , барем мене не ме собира де Ние конечно ги тргнавме пелените и за ноќно спиење. 3 ипол години е синко. Пред 2-3 месеци ги тргнавме преку ден и еве веќе две недели и ноќеска е без пелена . Пупу ни еднаш нема згрешено
Адаптерот обесен во ВЦ седи, сам го става на шоља кога иде во вц. Столче му имам купено, сам се качува за да седне, кога ќе заврши пушта вода и го врaќа адаптерот од кај што го земал. Јас не смеам ништо да пипнам, ниту да се замешам во било кој од чекориве, оти тешко мене Кај бабите/дедовците исто имаме адаптери оставено, а нокшир не сака.
Е може ваква опција, посебно адаптер, посебно столче. Ќе ми се одбие од глава ова столче, сигурна сум јас.
Одамна го имам јас, за да стои сам за миење раце и заби го земавме, па сега доби уште една намена Вакво слично е, доле силиконско е за да не се лизга.
На исто мислам ама мојава ќе го користи за да се качи до кај ќе стаса. Дефинитивно мислам не е спремна ама воопшто колку и да сакам одвикнување летово. Има денови кај што бега од нокшир како од ѓавол. На водоотпорна подлога не сака да седи, да ја оставам по гаќи, а јас не сум спремна генералки секој ден да правам и да бришам мочки на сите страни, кога дете нема желба и идеја што треба да прави. Се изнагледавме цртани и Кокомелон и Пепа и не знам што за мочкање што е битно. Теоријата ја знае, праксата ама ич.
Колку ми се перени чергиве и дрцани креветиве месецов од кога се купени не се. Чекам уште месец асално да не му текнува на мочање у гаќи и ке им викнам со усисувачот и водата За да свати дека моча у гаќи 5-6 дена ке моча сегде тоа е.
Ќерка има скалички со адаптер од Тему, се склопуваат Ѕирни ги и тие Иначе сама си ги става, си ги мести, до шоља се ставени, после мочање заборава да ги тргне од шоља ама нмв. 10 секунди работа е
Навечер не ви бараат течност? Со оглед дека деновиве беше 40+ Навечер се будеше и бараше вода, и користев прилика да ја прашам за да моча, не сака. И деновиве како резултат на тоа што ноќе бара вода се моча у гаќи ама ми кажува. Не дека и се нешто многу водени ама сепак. Почнав памперс да и ставам над гаќите за ноќно. Сега како ќе се реши ова? Кога ја одвикнав се одвикна за 2 дена. И ноќно не грешеше. Преку ден немаме проблем ама ете навечер, се надевам дека ради топлово е и ќе се среди. А во градинка до сега воопшто нема згрешено.