Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Можеби треба да почекам до Септември, во право си. Тогаш ќе има 2 и скоро 5 месеци. Сега ако прашам 99% ќе ми речат дека нема услови.
     
  2. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво, синко е 2 год и 4.5 месеци, заинтересиран да тргнеме пелена да не речам воопшто. Свесен е кога кака но не сака ни нокшир ни шоља. Не сака ни да го гледам кога кака па играме бу бу. Некаде по форумов прочитав за цртани филмови каде е прикажано како се извршуваат физиолошки потреби, но не можам да ги најдам. Дали некоја од вас знае кои се тие, или пак имате идеја како да го убедам на седне на нокшир или шоља? Секоја идеја е добредојдена.
     
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Ако е како мојов мајстор нокширот ќе го користи да го врти и отвара кај што му е свирката и гледа чачка, ама да седне на него никогаш (facepalm)
    Не сака да чуе да мочка, кака на нокшир. И видеа пуштам и книга купив за како се учи да се користи нокшир. Ништо не пали. Ама ниту форсирам. Прашувам и отсечно добивам одговор нечу ношу. Дефинитивно не е спремен
     
    Последна измена: 29 јули 2025
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Купивме нокшир, еднаш седна на него и се измочка првиот ден и од тогаш нејќе да седне. Ем направивме филм, плескавме раце, заедно ја истуривме во шоља, демек интересно да биде. Ама ете сега нејќе за жива глава. Вчера го оставив гол, го седнував неколку пати, седи кратко ако и ние сме на земја, ама ништо не прави. Се измочка на под откако стана од нокширот. Од вчера сабајле се нема искакано, што не е типично за него. Мислам дека го збунивме зошто кога ќе кажеше дека му се кака ние го носевме на нокшир и мислам дека сега се стега. Вчера пред спиење ми се пожали и дека го боли мешето. Изгледа не е спремен да ги тргнеме пелените, што мислите?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    7.718
    Пол:
    Женски
    Пишав и во мајчински. Мене ми рекоа ТОА се сечи во корен. Демек вадиш памперс и по ниедна цена не враќаш назад.
    Исто со ќерка. Прв обид пола час седеше на нокшир пред да се помочка, па овации, па аплаузи, испраќање, чуда.
    Следен ден не се доближува до нокширот. 5+ часа седеше по гаќи и не се помочка ама и не сакаше за жива глава да седне на нокшир.
    И тука веќе баталив. Додека да и направам 300 стравови и проблеми, нека поноси памперс уште некое време, ни прва ни последна.
    Плус кај мене уште станува со полн памперс. Дали еднаш или повеќе се помочкала.
    Пред да кака ако ја видам ја прашувам дали сака да одиме во Вц, децидно е не.
    Пробав и да и извадам памперс само што видов дека почнува да кака, се уплаши дете, не сакаше 2 дена да кака после тоа.
     
    На MeowMeow, lackygirl и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    9.821
    Пол:
    Женски
    Мене воспитувачка од градинка ми рече дека е ок само да седат, не мора ништо да дојде.
    Ќерка ми еднаш се накака и еднаш се намочка во нокшир, и чао и еуфорија се правеше и не сака повеќе.
    Јас се договорив со градинка таму да ја седнуваат, оти дома исто не сака. Планирам кога ќе стигнам да земам за шолја адаптерот, може така повеќе ќе сака. Па едниот тоалет да е за неа, и може така ќе и биде поприфатливо, оти реално мислам пораснаа за нокшир.
    Они ја седнуваат во градинка секој ден по еднаш барем, ама имаат како мини вц и со мали шољи па им е интересно таму.

    Спремни не спремни, муабетот е да сфатат што треба да прават и да препознаат кога им иде потреба. Некое порано, некое покасно. Кај мене пак е многу ладно и не можам да ја оставам гола и да пробувам.
    Мојата и ноќе многу мочка, оти пие млеко пред спиење. Јас не знам како тоа би го решила.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Потполно исто е кај нас сѐ што опиша. Не планирам да му правам стрес и на сила да го одвикнувам.
     
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.758
    Допаѓања:
    7.694
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба малку да го оставиш. Син ми сега се потсетував, летото 2 ипол свесен беше за мочкање и какање, за какање па особено, ама не сакаше за жива глава да ги тргне пелените. Мочаше во гаќи, не какаше ич. На 3 ипол скоро рече сакам гаќи и толку беше. Ама, нокшир не користевме. Директ на шоља со столче. Ми какаше скоро до 4 во пелена зошто се стегаше инаку, ми кажуваше мама сакам пелена да какам, па полека на адаптер на шоља почна. Знам деца така со сила што се форсирани ради притисок на мајките што им вршеле, во гаќи какаат и поголеми. Барем кај мојов лажги не палеле, моча во гаќи и седи така вика убаво ми е вака апла инает тера..
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Моево не пие млеко ама пие вода, обавезно пред спиење, а и дур спие знае да побара 1-2 пати во текот на ноќта. Ретко се буди со сува пелена, 90% е мочкана. Јас воопшто не планирав да купувам нокшир, чекам да ми стигне адаптер со скалички за на шоља и исто планирам едното вц да е за него. Ќе се научат, сѐ во свое време. Син ми свечено најавува пред да кака или мочка, некогаш ги меша, и за мочкање вика ‘мама кака’. Гледам дека го осеќа чувството кога му доаѓа, ама ете не сака нокшир и тоа е тоа. Ќе видиме како ќе се одвива процесот понатаму, ама не планирам форсирање секако. И да носи пелени до 3г Боже мој, нема да е ни прв ни последен.
     
    На mariz и јolene им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Знам, во право си и фала што сподели. Јас немам искуство па сакав да видам во кој правец одам. Детенцето на другарка исто до 3+ години бараше да му се стави пелена за да кака и после му ја вадеа. Тогаш уште беше мал мојов и ми беше чудно, ама од оваа перспектива веќе не ми е ништо чудно.
     
    На AngelOfArh и Cherry333 им се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.758
    Допаѓања:
    7.694
    Пол:
    Женски
    Секое дете си е свој карактер и има свој пат за оваа тема, голем скок е тргање пелени. Јас немав луксуз дома да бидам толку долго и да се натегам со него инает да држам за да се научи, 2 недели одмор летото од кои една на одмор некаде, 1 дома немаше да биде доволно. А и децата не се кучиња, на таа возраст после 2 ипол, 3, се многу свесни и мислам дека одлука нивна е дали ќе прифатат тргање на пелена, не е дека не го разбираат концептот на мочање и какање. Ете чисто за проба во иднина, пошто е машко можеш со стоечки нокшир или на шоља да пробаш, мојов имаше одбивност кон седење на нокшир и мочање седејќи (па и какање ама некако ја надмина).
     
    На Bella_Stella и mariz им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    13.260
    Пол:
    Женски
    Врати ги пелените штом се стега, не е спремен. Можете голем проблем да направите, сум видела блиско дете како направи аверзија спрема нокшир, тоалет, повеќе од година се мачеа со крвав измет, запек по 10 дена, се измачи детето.

    Ако имате двор, па и дома може, оставај го по гаќички на саат-два чисто газето да се излади, полека да се привикнува без пелена.
     
    На Bella_Stella и mariz им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Ние ја поминавме таа фаза. Имаше запек од 5 дена, се јавивме на доктор, ни рекоа дека е нормално кога детето се учи да врши нужда во нокшир. Поминаа неколку недели додека се навикне. Исто ни препишаа некои електролити, секое сабајле да ги пие додека не се стабилизира. Сега се си е во ред. Инаку исто, болки имаше. Читав, исто се сеќавам, дека многу често се случува да не можат да какаат. Ама ќе се научи. Првите денови, скоро цел ден на нокшир ги помина. И прашувај често дали сака да мочка/кака. Исто е многу битно и во градинка ако оди и таму да форсираат. Нам, многу ни помогна и тоа. Бидејќи ако ти го учиш, а тие таму не, малку потешко ќе оди.

    Можеш и адаптер за во вц некој интересен да земеш.

    Процес е кој ќе потрае неколку недели. Ние на два пати пробувавме, првиот пат, не сакаше воопшто да соработува, вториот пат со двојни сили и дома и во градинка, посака само да си врши нужда во нокшир.

    Ние свирче имавме за роденден и после секоја нужда, со тоа свирев. Можеш и на лист хартија да означиш нешто, и после секое да му дадеш стикери да лепи како награда. Гаќи со некои омилени ликови. Трпение само и ќе биде.

    И да додадам, многу течности да прима тој период, сливи да даваш, храна богата со влакна, за полесно да оди. Ние лубеница и краставица нудевме нон стоп.
     
    Последна измена: 3 август 2025
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    19.783
    Пол:
    Женски

    Мојот не сакаше нокшир. Првиот пат така пред одмор пробавме сам не сакаше памперс, а јас дома 3 пара гаќи дали имав тој ден се утепав од перење и на 3тиот ден не сакаше да го види нокширот и вратив памперс. Сега директно на адаптер, за 5 дена можам да кажам дека свати што треба да се прави, грешеше не дека не. Ама сега сам трча да се качи на адаптер, какам, мочкам знае. Дури кај луѓево почесто што одиме запамтил кај им се тоалетите :D
    Стикери со мешалици, багери и 300чуда имавме :D
    Дури и веќе држи подолго време, не како на почеток на пола саат мочај в гаќи, а мене ми е чудно мислам нон стоп ке се измоча негде. Трпение и упорност само.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.892
    Допаѓања:
    77.420
    Пол:
    Женски
    Кој имал веќе искуство ќе ти каже дека е океј и да вратиш назад пелена. Кое дете останало во пелени? Сите до 3ипол год се веќе одвикнати. Ако не е спремно, ств џабе мачење ќе е. Јас со првото пробав еднаш не биваше, вративме пелените и за 3м пак пробав и тука веќе веднаш успеа. Тоа е функција во мозочето, која ако не е развиена сеуште.. џабе ќе се малтретирате. Од раѓање се до развивање на таа функција, они мочкаат неконтролирано (рефлексно). И тоа може да трае и до 3ипол годинки. Инаку во градинка не им тргаат скроз памерси, а ги седнуваат на 2ч. Бар така кај нас прават. Таман раб да ги остават и таму да мочкаат сите кај стигнат :D Ако е дете кое ќе оди во градинка цел ден, како поинаку? И тоа дете ќе се научи :) Ако ме побараш у темава, ќе најдеш сум почнала во мај со првото (па тука некаде пресеков), и тек окт сме тргнале скроз пелените...
     
    Последна измена: 3 август 2025
    На MeowMeow, AngelOfArh, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    7.718
    Пол:
    Женски
    @mariz , за градинка верувам дека ќе имам од септември повеќе соработка, бидејќи сега имаат мешани групи, комбинации на воспитувачки и не се знае ни кој јаде, ни кој пие работава.

    Инаку не форсирам кога јас свесно гледам не е дете спремно.

    Па дали ќе бидеме од тие во лето што тргнале памперс или на сред зима, малку битно.
     
    На lackygirl и mariz им се допаѓа ова.
  17. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Ние можам да кажам дека сме одвикнати
    Сам си побара и без форсирање сега и за спиење не носиме памперс веќе една недела и станува мочка
    Е за какање станат кака хаха
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.252
    Допаѓања:
    24.706
    Пол:
    Женски
    Ние викендов бевме на село 2 дена кај баба ми на гости, малово без пелена беше и си се мочаше кај ќе му дојдеше :rofl: :rofl: ама гајле си нема. Прејако беше, дедо ми со цревото вода си застана и си се моча в пантолони, без гаќи :rofl: и му падна нешто од раце не се мрда му вика на дедо Дедо дајјјј, Дедо што да ти дам? ОНА му вели :D ти земи си го, Неможам му вели хахахаха не се мрдаше дека помочан, нејќеше да оди па ајде тргна и оди расчекорен, се пресмеавме сите, ајде слековме пант облековме други и нив по саат-два ги помоча, ајде сега пелена му велам, си иди си легнува без проблем :lol:
     
    На Ceneva и mariz им се допаѓа ова.
  19. Mecence123

    Mecence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Трет ден извадени пелени и нема абер да си седне сама на нокшир кога ќе и се мочка и само прави грешки. 2 години и 2 месеци има и не збори многу па не знае да каже. Кога ќе почне да мочка гледа дека мочка свесна е дрка мочка ама нит кажува нит седнува на нокшир. Откако ќе се измочка вика по мене. А за какање вчера ја седнав на нокшир си се искака и бај викавме и вода пуштивме и игравме и се. Не ми е мака да бришам по неа, ниту да перам 100 пара гаќи ама дали мислите да продолжам или да се откажам? Читам дека трет ден веќе треба да има подобрување ама кај нас нема.
     
  20. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    После скоро 2 месеца ние сме официјално без памперс. Кога му се мочка, кака седнува сам на ноксир. Надвор кажува за мочкање. Мама мочкам. Интересно му е да го навади дрвото надвор. За навечер ставам памперс. Некогаш е многу мочкан некогаш ич. Уште млекото пред спиење да го намалиме. Вечера убаво ама млеко пред спиење мора да пие. 200 220мл некогаш и повеќе. Сам си бара.
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.