Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    21.508
    Пол:
    Женски
    Па зошто воопшто пробуваш ако не знае да каже?
     
    На H.VAGA, Mother of 2boys, strelec231992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    2.760
    Пол:
    Женски
    А зошто така кажуваш. И моето не зборува. Има проблем со говор а 3год е. Кога сака да мочка, кака седнува сам. Надвор кажува мама мочкам ама нејасно. Јас го разбирам.
     
  3. Mecence123

    Mecence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Затоа што дава други знаци, на пример ако е заиграна застанува во место и гледа надолу (и во тој момент знам мочка) или пак се фаќа долу кај пелената дека е мокра, ако кака се крие или ако ја прашаме дали кака, вика да. Значи свесна е што прави и затоа сакав да пробаме да ја одвикнеме од пелени ама ете не кажува и не и текнува да седне во моментот туку откако ќе направи беља си седнува на нокшир.
     
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    99.678
    Тие се свесни, ама веќе во моментот кога го прават. Но тоа е далеку од вистинскиот момент кога се спремни да знаат каде и кога треба да прават. Тоа што се крие кога кака, го прават повеќето деца и не е знак дека е спремно. Мојата и се криеше и бараше памперс да и се смени ако е какана или мочана, но за тргање пелени немаше поима.
    Зборувањето не е поврзано со ова, ако е спремно ќе најде начин да си покаже.
     
    На lackygirl и Mecence123 им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    21.508
    Пол:
    Женски
    Не кажав како што си сфатила. Само прашав.
    И син ми прави слично, кажува откако веќе почнува да мочка или кака или непосредно пред тоа. Ништо страшно ако сега не е спремна, можеш да пробаш пак за месец дена и да биде сосема друга приказна.
     
    На lackygirl, Mother of 2boys, Mecence123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    9.318
    Пол:
    Женски
    Мајки , совет...малата р две и пол години ....никако неке да смисли гаќи....три пати успеа пред месец дена да се искака и измоча во шоља и наеднаш прекина.
    Ако и спомнам гаќи бега.
    Дали да форсирам или да оставам ? Некако голема ми е...незнам....
     
  7. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    2.760
    Пол:
    Женски
    А да ја пуштиш гола. Мојот низ стан беше гол мочкаше кај што стигне. После 2 месеци ете го успеа.
     
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    7.821
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла да ја оставиш ама тоа оти јас немам нерви со денови и недели да бришам мочки насекаде.
    Секоја чест на мајките што го прават тоа. Исто 2,5 е, не покажува никакви сигнали дека е спремна за вадење памперс и баталив.
    Дали ќе биде до крај на ова лето или на сред зима на 3 години, кога сака нека е.
     
    На Erika.greeneyes, H.VAGA и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.265
    Допаѓања:
    111.628
    Пол:
    Женски
    2м мочки? Ќе скренам. Па се ќе се умириса дома на мочки, паркет ќе треба да менувам, не не, шанса нема. Ако за 1 недела не сфати, не се трудам, така бев и со големиот, на 3 пати пробав, последниот пат од прва сфати, прва грешка и толку.
     
    На Erika.greeneyes, mariz, Cherry333 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.451
    Допаѓања:
    18.702
    Јас не сум сигурна дали моето дете е спремно да вади пелени.
    Под влијание на околината го пишувам и овој пост, зошто добивам убитачни погледи кога ќе кажам дека има 2 години и уште носи пелени :drunk:

    Помало дете е,го копира големиот во се што прави,па така и одење во вц,кога големиот кака на шоља,овој фрла пелена и седнува на нокшир,се напнува со сила( значи знае што се прави на нокшир) и се случува тогаш да се измоча или да пушти мала кака.
    Од друга страна, не знае да каже кога му се моча или кака, некогаш ептен ретко кога ќе се искака знае да каже 'имам тата' и да одиме да се миеме.
    Сум го оставала без пелена (спонтано,не со цел вадење пелени) ,моча и кака кај стигне по дома и се смее нормално:D до пред некој ден имаше навика многу вода да пие пред спиење, но последниве денови се одвикна и често се буди со сува пелена.

    Од септември трга во градинка во прва мала група(менува објект и учителки) и не знам што е паметно,дали да пробувам деновиве да го одвикнувам зошто сега во јасли каде што е ,не знам дали имаат услови, нокшири,вц за мали дечиња ( не сум ни прашала).

    Со големиот пробав два пати,после вториот роденден,по некој месец повторно и на крај некаде на 2 години и 7-8 месеци се одвикна.

    Што ме советувате,од страна како изгледа,дали мислите дека треба да пробам сега?
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.265
    Допаѓања:
    111.628
    Пол:
    Женски
    И мојот не е спремен, не сака да чуе. Не знам искрено дали е неспремен колку што е карактер во прашање. Не сака и крај. Знае да каже кога е какан да го преслечеме, ама не сака и крај.

    И мене околината ме притиска ама не се замарам колку за големиот. Иначе една што ми рече пред некој ден ќерка и какаше во пелена до 1во оделение, а после до скоро 4то какаше строго чучечки на весник. Ептен успех нејзиниот. И го плеснав и повеќе не верувам да ми спомне.

    Јас најискрено се дивам на тие до годинаипол што ги одвикнале децата, еве искрено, па и до 2. Алал да им е. И да има некаде да годвикнуваат деца и 100е ќе дадам само да ми ја заврши некој таа работа. Не можам и не можам и крај. Првата проба измоча се од гаќи, 7 пара имаме земено, во 1 ден сите ги измоча, втората проба креветот го направи лом. Не можам да оставам се да измоча за да го одвикнам, не ми е тоа нормално и крај.
     
    На Miss_S и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.584
    Допаѓања:
    33.638
    Пол:
    Женски
    Мене од околина никој немаше да ми каже дека на 2 треба да ја одвикнам, па на 2 и пол ги фрливме :D

    Јас не знаев како да препознаам дали е спремна и ја пробав и 2 дена чистев мочки и баталив.
    Ко беше стварно спремна, никаде немам бришено мочки, одма и кликна.
    Така шо здравје ако раѓам второ, пред 2 и пол години не ни пробувам да вадам :D
     
    На mariz, lackygirl, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.264
    Допаѓања:
    24.741
    Пол:
    Женски
    Слично и кај нас е, се го копира брат му :D
    Истово го прави и моево, има 2 год точно, ако имаш нерви да бришиш мочки продолжи како и да е ќе се навикни со време, на некои деца му треба повеќе време.
    Првото дете на 2 и пол год за 1 месец се научи.

    Охрид на плажа 1 цел ден го оставив некни и не се помоча ич на лежалка, на песок, се мочаше в езеро само :rofl:
    Следна недела сме на одмор па и таму ќе биди без пелена преку ден секако, можи да бидни нешто неочекувано, ако не на пролет тргам јас :D
     
    На Mecence123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mecence123

    Mecence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно нервите за бришење се исплатеа. Втор ден без грешки преку ден, сама си трчка си седнува на нокшир и живи радости е кога ќе види мочки и каки и нормално играме, аплаудираме, викаме чао, пуштаме вода . За навечер уште и ставам пелена ама и тоа планирам да тргнеме полека. Е сега вежбаме да ги соблекува сама ѓаќичките. На неколку пати седнува на нокшир со се гаќички ама и тоа е чекор што треба да се помине.

    Значи кај нас сепак зборувањето и кажувањето не беше пресудно и сега за сега сметам дека имаме добар напредок, ако можам да кажам и успех. Така што ако некоја мајка се двоуми дали да почне или не бидејќи дечињата се уште не зборат многу, знајте дека не е пресудно.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.649
    Пол:
    Женски
    Пробувам периодов одвикнување од пелени, некогаш ќе каже, некогаш не ама еве денес цело попладне беше со гаќи и цело време ми вика ми се мочка. Ја носам да мочка, една капка. Така неколку пати. На крај излеговме надвор (пред да излеземе пак ја ставив на нокшир по нејзино барање), само што излеговме се измоча во гаќи убаво. Гледам да не и направам стрес, ниту ја форсирам, ниту ако се измоча нешто кажувам. Не знам дали вака оди процесот и си викам да не е нешто настината со 2 капки и барање да моча или тоа е дел од одвикнувањево?
    Инаку кога носеше гаќички другиве денови некогаш успешно кажува и е ок, некогаш мочка во гаќи. Тоа ли е процесот за да стигнеме до целта?
     
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.427
    Допаѓања:
    19.855
    Пол:
    Женски

    Епа мора да и кликне во главчето дека пред да и се мочка треба да седне на шоља/нокшир. Моево прво мочаше кај стигна после викаше мочааам и мочаше во гаќи, за на крај да вика идам мочкам, носи тољана, диме иде мочка. Ама не беше преку ноќ недела дена и повеќе грешеше, је стасаше до вц и ке се измочаше во гаќи пред шоља. Ке се заиграше и ке заборави. После 2 недели можам да кажам дека беше без грешки воопшто.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Еве ме пак по незнам кој пат. Синко е дома со сипаници, му поминаа веќе ама ќе го задржиме уште 2 недели дома и реков ајде по 7ми пат да пробаме пелени да тргнеме. 3 год и 3 месеци.
    Од лани до сега сме пробале неколку пати ама едноставно не му кликнуваше. После дојде бебуш и немаше шанси и сега се запнав и ќе истерам до крај.
    Препаметен е значи шо и да му кажам на се има да ми врати.
    Вчера цел ден седеше гол дома и сам си одеше ќе си се измочка во нокшир си ги истура сам во шоља и си пушта вода. Ама за какање сакаше пелена ништо живо не можев да го убедам.
    Му облеков си завши работа и после пак гол. Грешка ниедна ама дека гол.
    Претходните пати кога сме пробувале седел со гаќички обични и мислам дека самото чувство дека има нешто на него го буни и се моча во нив.
    Инаку претходните пробувања за откажувања завршуваа со ептен плачки пошо ќе згрешепе 1-2 пати и се усрамуваше и бараше пелена. Ниеднаш никој му нема повишено тон за ова напротив многу сме смирени, со приказни; со примери, со награди понекогаш, со бодрење браво да пукне итн.
    Е сега утре треба да оди кај мајка ми и не сакам пелена да му ставам ама ме знам дали ќе сака таму да седи гол и дали ќе мочка.
    Дали е подобро сепак да седи дома уште неколку дена дур трае оваа фаза?
    Како да го убедам за какање и кога се трга ноќе пелената?
    Некои читам веднаш тргаат се, некои уште цела година им стои.
    Мојов пие и млеко и чај и што не навечер, пелената тежи 5 кила од сабајле.
     
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.264
    Допаѓања:
    24.741
    Пол:
    Женски
    Јас по 1 месец му ја тргнав ноќе пелената, на 2 и пол год го одвикнав, точно 2 год и 7 месеци беше кога ја тргнав и ноќе пелената, ноќе пиеше 1 до 2 пати вода тој период и на сабајле полна пелена имаше ама реков ќе пробам бидејќи дење веќе не правеше грешки. Ставив подлоги на креветче и замисли стана без да се помоча, што не ми се веруваше.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.361
    Пол:
    Женски
    Не му облекувај гаќички, само панталони нека носи. Прати и повеќе да го пресоблече ако се помочка. И пелена за какање обавезно.
    Не знам зошто ама се плашат да какаат во нокшир. Големиот цела година какаше во пелена. Еден ден сам седна на нокшир.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Не му форсирам какање, знам дека некои имаат некоја фобија или што и да е ама е психолошки момент.
    Инаку кај мајка ми би седел некои 5-6 саати, имам да завршам некоја работа до клиника. Ај валда нема да се пресече. Ама ќе и кажам ако не тука да дојде да не правиме тргни застани пак со одвикнувањето.
    А следната недела може да отидеме на викенд до негде значи ќе мора пелена за по пат нели? 2 саати е патот.