Не 2 месеца стално да мочка кај најде. Иначе да мочкаше првите денови кај што ќе најде ама бев спремена на тоа. Сакам да кажам дека конечно без грешки и надвор и внатре е без памперс. Нокширот на сред дневна стоеше. Е сега не сака на шолја на адаптер неможам никако да го ставам.
Нека се измочка дома, и не мора пелена. Земи си само во случај да му се кака ќе му ставиш. Знам дека ти е тешко дека прво дете и бебе, ама за многу кратко ќе помине. Колку за утеха, малиот гледајќи го бато, на две години сам соблече пелена и почна да мочка и кака во нокшир. И навечер веднаш ја соблече не сакаше сам. Ниеднаш не згреши, ако му се мочка станува и оди во вц
Не не ставај веќе пелена, во кола исто стави подлога, ние Албанија на одмор одевме тогаш ко се одвикна ставив на седиштето подлога, патот беше 6-7 часа, застанувавме по пат 2 3 пати да се моча и си носевме и нокшир за таму. Остави го кај мајка ти не ставај пелена, не му спомнувај многу, кажи му само еднаш. Ако се помоча па чудо ќе избришат и таму.
Има и тоа два нокшири кај мајка ми ама не сака таму да мочка. И за какање само дома кака. Ептен ептен кај другата баба пошо се поблиски. Во градинка цела год се нема покакано, чека дома да дојде. Што чудо ќе беше. Ок не ставам веќе пелена. Ќе ставам за пресоблакање повеќе.
Така да, моево исто од ко тргна без пелена септември, тогаш 2 год и 9 месеци до крај не се покака таму, вп 3ч си идеше и дома какаше. Таму не. А иначе на др места никаде не правеше проблем, во кафичи се има какано, кај што сме оделе по гости, секаде на шолја ама ете в градинка не.
@lackygirl @MomOf2Boys фала ви. Очигледно има нешто со тоа какање, кога ќе размислам одењето по нужда е интимна работа, па прави смисла. И јас не сакам било каде да одам, а не па мало детенце. Ајде валда ќе ја бидне овојпат. Се разбира значи еве вчера сам си одеше ќе се помочка па уште и ги истура во шоља хаха. Сега едвај дочека на дедо му да му каже дека обични гаќи носел.
Таман тргна напред пак на нула сега. Сеа ми се јави свекрва ми дека се помочал таму на паркет и се запнал пелена па пелена вриштел пиштел. Како да го одвикнам ова дете не ми е јасно. Значи 3 нокшири има дома, писоар и адаптер за на шоља. Заедно ги биравме па им лепевме сликички и џабе. Немам веќе идеја и сила по не знам кој пат да се убедуваме. Треба да ги фрлам пелените и нека урла до сабајле.
Може случајно се помочал па се засрамил што викаш. Голем е веќе, кога толку сте чекале и не сте форсирале, јас би видела како ќе се одвива и би го оставила ако дава отпор, мојов на 3 и 5 месеци ги тргна и не направи грешка ниеднаш преку ден. Не сакаше нокшир никако, мочкаше со столче на шоља, какаше до 4 во пелена специјално бараше, па на шоља со адаптер. А за навечер мислам после 4 год му ја тргнав, последно тоа, ама го будев до скоро што се вика зошто ми мочаше, особено ако пиел нешто пред спиење, за навечер да пие па не правам муабет. Гледај барем 2 саати пред спиење да не пие ништо за подобар резултат.
Ние и преку ден и навечер во исто време ги тргнавме Никако сега не сака памперс Мислев дека тешко ќе ни оди ама супер поминавме
Истово се повторува веќе не знам кој пат. Ќе се измоча по грешка и се сецнува и можеш на глава да стоиш не попушта. Сака пелена и точка. Не е возможно 2 саати пред спиење да не пие ништо пошо со млеко заспива. Мене ми е барем денски да кажува за мочкање, па другото постепено ќе го правиме како какањето и ноќната пелена. Не знам што толку се сецнува и што води инает со пелените. Да му попуштам пак или да одам до крај. Јас би одела до крај. Оваа и следната недела е дома дека сипаници имапе па убаво да оздрави. Сакам да искористам овие две недели таман да се научи. После кога, ќе залади нема да може гол да седи. И сакам сега да искористам дека е подолго дома пошо ако згреши во градинка и нешто му се развикаат таму толку ќе биде. Имаше период пред некој месец нејкеше ни да моча надвор во пелена, се стегаше. Што ли им се врти во тоа главчињата.
Може му се како и затоа барал пелена, ќе биде трпение само. Големиот се помолат на 5 години. Купивме нова играчка, се заигра и не отиде во вц. Ништо страшно. Деца се.
Нема универзален начин што делува кај секое дете и секое дете е различно. Јас би почекала зошто кај и да е ќе му кликне, голем е. Тогаш нема да имаш потреба гол да седи, ќе сака гаќи. Барем од поголемиве одвикнати деца така е како што читам, исто беше кај син ми. Јас не можам ништо со сила ни со лажги, такво ми е детето, кога ќе одлучи тој, тогаш.
Голем е веќе со млеко да заспива, шише со цуцла над 3 години е голема грешка, многу лоши навики му создаваш, а после е тешко да се коригираат. Прво тоа тргни го, после и пелените ќе ги тргнеш.
Нема врска пелените со млекото навечер. Тука е психички проблем што треба да се надмине. За ништо не сме се убедиле кога ние сме сакале туку тој требало да пресече. Изгледа и за пелените ќе биде така. Сакав да искористам прилика дека долго време е дома и ќе пробувам овие две недели па можда ќе успееме.
Секако дека не е поврзано. Ама и да не носеше пелени, голем е за шише со цуцла навечер. Јас ти предложив прво шишето, после пелените да ги тргнеш, да не му дојде наеднаш одвикнување од две работи. Ама ти како сакаш. Мене ми нема смисла дете што ги има сите заби во уста да пие млеко со шише со цуцла, пошто сигурно не пие од чаша ако заспива со млеко. Ова ти е совет за да немате проблеми со забите, голтањето и говорот.
Дете е 3 недели без памперс. Само навечер има некогаш сув некогаш мокар. Е сега утре ќе летаме со авион. Дали да ставам памперс? Тој кажува ама проблем е тоа што несака на шолја да седе дури ни на адаптет. Ноксир неможам да носам со мене.
Не мислев дека ќе и се вратам на темава ама ајде некој совет. Син ми има 3 год, нема проблем оди сам во тоалет и се останато ама со пеленава за спиења уште се бориме. Имено ја имав тргнато и таман супер 2-3 недели дневно сув ноќно се боревме ми фати сипаница и дете ми се врати на старо да моча во спиење. Продолжив после тоа да форсирам ама почна да се помочкува и дневно, во градинка исто, па создаде отпор за одење во градинка веројатно од срам и ја вратив пелената ама пак имав неколку обиди безуспешни комплетно да ја тргнам бидејќи дури и кога ќе сака да соработува он ќе рече ајде без пелена пак се помочува. Се мислам да му ја кратам дневната дремка пример да спие место 2-2.5 ч на 1-1.5 час да го будам за прво тој дел да го решам. Што мислите? Немам идеја веќе што да правам, а чекам второ не можам со тантрумите да не оди во градинка итн ќе се шизнам
Јас ќе ти речам ти како мислиш и чувствуваш така прави, ти си го знаеш најдобро детето. Ние овде се ќе пишиме ама ти си знаеш најдобро, ако мислиш дека со дремката ќе смени нешто пробај, ништо не губиш тука. Како и да е нема да е вечно во пелени, гледај тебе да ти е помалку стресно оти детето те чувствува и тебе и можи затоа му се прави како отпор. Со лесно.
Овде имав прочитано пелена врз гаќи. Значи оно пак ќе си осеќа дека има гаќи, ама ако недајбоже му се пропушти да не се направи лом. А за тоалет мислиш ли дека подобро би било ако го издржиш врз шоља? Таму каде што ќе одите ќе имате нокшир?