Веќе стигнавме. Ставив памперс и 4 сата не мочкаше. Кога стигнавме се измочка во ноксир. Само кога сме надвор мочка камења, дрво за да порасне големо а на шолја несака никако. Денес морав од дома как пријатели да одам надвор да мочка на дрво. Незнам како да постапам.
Точно од 2 години сме без памперс преку ден без никаков проблем и грешки. Ноќното одвикнување ни е голем проблем. Скоро цела година ставаме памперс за навечер. Ако ја разбудам околу 2-3ч да мочка не греши, ако некогаш јас се успијам и не ја разбудам се мочка во гаќи и така еве веќе цел месец. Не знам дали да продолжам или да се вратиме на памперсот па да пробам повторно после некое време. Некако многу време помина помеѓу денското и ноќново одвикнување
Стави водоотпорно чаршавче, да се осети дека е мокра и ќе се одвикне. Пробај, ништо не те кошта. Или навиј аларм.
Еден од знаците дека детето е спремно да фрли памперс, е сува ноќна пелена. Кога велиш без грешки, дали детето само кажува? Јер ако ти прашуваш на 2 часа дали и се мочка, тоа не е одвикнато дете. Плус, ако пие многу течности пред спиење, особено ако пие млеко, може да е проблем за мочкањето.
Преку ден сама кажува, нема никаков проблем една година е без памперс. Најчесто внимавам да не давам течности пред спиење. Во текот на ноќта ако ја разбудам ќе се измочка и се е ок, ако не ја разбудам она не ме буди мене за мочкање еве веќе еден месец. А кога беше со памерс 90% беа суви пелените..
со такво чаршавче сме и плус од тие подлогите за бебиња за да си ја олеснам работата ама еве веќе цел месец така тераме и обавезно аларм во 3 часот... нелогично ми е цела година преку ден без памперс а ноќново никако да го откаќеме
Кога пие последно течност? Јас приметив кај син ми, ако пие пред спиење нешто, ако не го разбудам за 2 3 саати, ми мочаше. Не знам дали паѓаше во некој сон тој период, ама го будам и ден денес (5 ипол е) ако се напие баш пред спиење цела чаша течност. А сабајле пример моча секогаш, не е дека нема што да моча цела ноќ. Сега некогаш и не го будам и да се напил течност, не се измочал, ама до скоро се мочаше. Не ми падна на памет да му враќам пелена, голем е. Машки деца особено знам што за навечер се успиваат така, според мене тоа не значи дека треба памперс да носат до големи, особено па и дење..
Најчесто до 20 часот дозволувам течност а заспива околу 22 часот. Значи ако ја разбудам јас околу 2-3ч она си мочка и се е ок после до сабајле нема гајле ама јас еве цел месец не спијам раат. Само се будам да проверувам дали згрешила, па страв ми е да не се успијам да не ја разбудам и веќе почнав да губам надеж дека не е спремна уште или не знам...со денското одвикнување многу лесно поминав 4-5 дена беше процесот и толку
Аларм навиј си.. за дење и син ми кажа одма за 1 ден, ама јас мислам не е исто дење и ноќе, нешто е навечер финтата со фазите на спиење според мене. Знам како ти е, и јас ако се напие нешто немам раат, ама ќе си го надмине детето тој период како расте, не се сите исти.
Јас враќам памперс. Не можам веќе 2 месеца сеуште греши тој ќе каже ама кажува и веднаш почнува да моча. За какање е супер ама за мочање првите денови беше океј после што му стан не знам валда го збунивме зашто во градинка носеше памперс и сега не знае кога има кога нема. Зборуваме објаснува и делува како да разбира се ама пак моча во гаки и ден и вечер. Валда не е спремно не можам да се напнувам веќе и да бришам мочки. Не форсирам, на сила нејќам, делуваше спремен сам изрази желба, сите знаци на спремност ги имаше и не очекував воопшто вака да биде. 2 год и 10 месеци е ај кажете ми има некој друг на слична возраст што после толку долго време сте вратиле памперс пак или има поента да бидам уште поупорна?
Дефинитивно сте згрешиле што сте ставале памперс, истата грешка ја направив и јас. Тргнете памперс скроз и кога искачате и во градинка ќе се среди.
А што правите со тие деца што само на ноксир мочкат? Јас каде што можам носам со мене нокшир ама не е секаде изводливо. На шолја никако не сака дури ни со адаптер.
Не соработуваат во градинка ми рекоа дека тие не прават тренинг и ги стават на нокшир 3 пати во денот, останатиот дел мочкаат само ако одат сами во вц. Овде работат по различен принцип и немам начин тоа да го сменам. Исто периодот имаме долги патувања со кола и морав тогаш да ставам памперс, ако се помочаше во седиште тоа значеше 2 дена да се возиме во мочки, што не доаѓаше во обзир. Се надевав дека до овој период ќе се одвикне скроз зашто знаев каков хаос ќе се случи ако не се одвикне. Тоа е, вративме памперс, се надевам дека нареден пат ќе биде полесно
Здраво мајки, молам за совет како да постапам 3г и 8м сме. Денски не носиме памперс од 1г6м ама навечер еве уште моча во гаќи. Жива неспана сум секој ден менувам постелнина. И кога ке се измоча нема гајле си спие така водена. Цела година станувам на 2 саати за да ја навикнам ама џабе.