Да пробаш со награда? Кај мене не функционираше ама кај многу членки функционира. На пример кажи ако се искака и ке најде тоа и тоа што јаде или што сака да играв зад капакот на шољата или позади нокширот. Ние се одвикнавме така што се мочаше во гаќи прво после викаше мочааам и почнуваше во гаќи одма во истата секунда. Зборев зборев ама додека му кликна во главчето грешеше после 3 недели можам да кажам дека целосно беше без грешки иако најмногу знаеше да се измоча ако е заигран занесен само. Како и за се 3дена мака и ке научат.
Неколку недели денски кажува за мочкање и мочка во нокшир. Го оставам и навечер за спиење без памперс, јас станувам еднаш во ноќта го седнувам на нокшир, некогаш мочка некогаш се буни и нејќе да седне. Тогаш го враќам во креветчето и се помочкува таму во 99% од случаевите. Па менувам постелмини, облеки ноќеска... Не знам дали е правилниот начин ова за ноќно одвикнување, ама бесмислено ми е сега на веќе почнат процес да му враќам памперс ноќеска. Е сега.. за какање не сака на нокшир, ни ништо освен во памперс. Кога ќе осети дека му се кака си бара памперс... пробав да го гледа братучед му на шолја, да гледаме песнички анимации на тв, со приказни каде одат гомцата.. не сака да чуе. Совет од вас некој дали да пресечам со памперсот за какање или да чекам да пројави поголем интерес за нокшир? За мочкање стварно неаме проблем, ама ете..
Совет ми треба. Речиси 3 месеци веќе како е без памперс. Ноќно спие некогаш и по 12ч, не згрешила. Супер е. Во градинка исто. Е сега дома преку ден се подмочува повеќе пати. Често перам гаќи. На почетокот беше супер. После некој период кога и да ја прашам ајде да мочкаш викаше не ми се моча. И кога веќе ќе и дојде јајцето на газот, додека седне на шолја ги подмочуваше по некоја капка. Ама сепак и тие мора да се перат. Ама сега со тек на времето не се неколку капки некогаш повеќе се подмочува. Значи и зборувам, дека не треба така и објаснувам. Таа ми се смее во фаца. Кога може цела ноќ да издржи 12 часа без да направи беља значи знае. Не знам зошто вака прави. Ајде некогаш ќе се занесе во игра. Ама еве јас гледам често да ја потсетувам и ќе рече е сега не ми се мочка. И по некое време се подмочала во гаќи.
Еј откако се одвикна моето дете после 2 недели почна така да прави, само дома.. цупка во место и го прашувам, вика не ми се мочка и ќе мочне додека се договориме да отиде во тоалет. Тоа траеше неколку дена, кога ќе се случеше чистевме заедно па одевме под туш го миев, па ајде му викав сега да си донесеш чисти алишта. И му објаснував дека мочање во гаќи е бавно, треба после да се тушираш и пресоблекуваш. Мочање во шоља е многу брзо, мочкаш и после си играш. И прифати и после си викаше мочање во гаќи е бавно мамо кога одеше на шоља. Инат им е ваљда, тестирање граници којзнае..
Мене доаѓа и ми покажува со рацете кон гаќите демек мочани се, и се смее. Не знам дали и е ко некоја игра ова ама веќе претерано стана. И објаснувам мислам устава пена ми фати.
Мојов 3 месеци е без памперс и дење и ноќе И трета недела во градинка им моча во гаќи,му зборувам ама тој дали заигран или се срами не знам...
Чујте и почујте, мојот господин машка коза седна на нокшир. Инаетливото магаренце Марио капна една капка во нокшир, ние направивме овации џанам го наполнил со врв. Торта ќе частам, еве кажувам!
Не знам дали тоа е тоа, ама досега кога и да го прашавме Сакаш да мочкаш? Ќе мочкаш во нокширче? Демонстративно фрлаше нокшир, клоцаше и викаше НЕ! Е сега не е така, он сега сам бара нокшир и вика Да, ќе мочкам, не сакам веќе пелени. Така да драги мои, мислам дека сепак е се до времето, треба да им се даде време на децата малку. Ќе видиме деновиве како ќе биде, ама ете досега сме сосема ок.
Комплетно извадивте памперс? И само прашуваш почесто за мочкање? Ние сме на статус кво, ок бар кажува кога има каки, да ги вадиме. Толку од напредокот.
И мојов така почна сега пред 1 недела посран ми вели и вистина е не лажи. Јас ништо не планирам, не почнувам со одвикнување ама еве ова ново му е сега.
Еве јас немам веќе сила, трпение, желба ништо ништо да пробувам. Син ми е 3.5 години, имено уште од 2.5г. ни останаа пелени само за денско и ноќно спиење. Летово успешно ги тргнав двете пелени (ден и ноќ за спиење) и ретко се помочуваше, да после тоа ми фати силаници и почна пак да мочка во гаќи. Поминаа сипаниците и успеав денското да го средам, ноќното луѓе никако. Е сега драги мои син ми на негови 3.5години и јас 33+ нед трудна со драми не прифаќа памперс ВООПШТО бидејќи он НЕ бил бебе тоа да сум си чувала за бебето, он бил ГОЛЕМ и јас трудна со аларми на секој саат навечер го будам и молам и он упорно се помочува во кревет и тоа не само ноќ туку почна пак и денски 50% од случаите. Ниту можам да се доперам, ниту сум наспана и одморена, а одам уште на работа трудна - се осеќам поразено, немајка и букв без помош онака очајно. Не знам што да правам, па со новороденче не станував вака. SEND HELP!!!!
Најпрво смири се. Ајде размисли дали му досаѓаш за мочкањето, да не му зборуваш нешто многу нападно. И ќере имаш таков период. Прво викав ај се занесува во игра и забрава. Ама јас само и зборував немој да се помочаш во гаќи, немам веќе гаќи. Немој да го помочаш креветот. Некако како намерно да правеше не знам ни сама зошто или осеќаше некој притисок. Сега се среди еве. Преку ден потсетувај го почесто ама не ни толку често да го напнуваш. Навечер некој период буди го само еднаш во ноќта нека мочка на ноншир и одма нека продолжи со спиење. Доволно е ноќта еднаш да мочка. Јас ќере ја будев кај 12. Ќе се среди се,само смирено и трпение. Сигурно и нас не осеќаат дека премногу внимание посветуваме на тоа.
Преку ден додека е буден веќе повеќе од пола година сам си оди си се средува не ме ни бара, ама во спиењето е хаос. Оставивме еден период, ама сега почна сам да прави драма дека не сака памперс и не ми дава да му облечам
Дали мочка пред спиење? Гледај да не му даваш многу течности барем 2 часа пред спиење. И не му ставај памперс, со тоа полошо правиш, сте тргнале и стој до тоа.
Не му ставај памперс со тоа го збунуваш. Тргај памперсот. Нека моча пред спиење. И буди го еднаш кај 12 пример. Ќе успеете ќе видиш.