Па и баш тоа ми беше прашањето. Вака му доаѓа пак ко памперс, и која е смислата во одвикнувањето. Се збунува детето.
Ако се помочка надвор, да не ги помочка и тренерките, мора да се пресоблече бидејќи ќе чуствува мокро, но нема потреба од пресоблекување на целосен оутфит
Мајки дали да купам обичен нокшир нормален или треба да внимавам на нешто? Планирам да почнам да го ставам веќе, 14 месеци има, или рано е?
Дали ги потсетуваѕте вашите деца со тајмер пример да одат во вц? Дали после неколку дема го зголемувате времето па после една недела пример чекате да кажат?
Според мене рано е, дете од 14 месеци треба да научи да оди како што треба, убаво да паѓа, да научи да трча следните неколку месеци. Да почне да кажува прво, да почне да зборува. На две години е сосема нормално да се почне со тој процес, има и деца порано што почнуваат да сфаќаат што значи мочкање, ама просекот е тој 2 години. Мене нокшири ми беа несфатливи, учи го во нокшир, па истурање, миење, па после некое време ајде учи го на адаптер. Вака околу 2 години, директно на адаптер, еден викенд/недела дена зависи од дете и завршена работа. Во принцип треба да пробаш и да оцениш дали е спремно детето и дали има поента да го учиш. Пробај, ама мислам на 14 месеци други вештини треба да ги совлада.
Зависи кога е одвикнато детето. Моето беше поголемо и не уткаше. Буквално само облече гаќи и немаше потреба од ништо. Премногу е мало според мене, пробајте ако сакате по малце да се учи, ама не сфаќам зошто од толку мали сакате да ги форсирате децата. Кое здраво право дете останало во пелени?
Фала ви мајки, од дома ми коментираа треба да се почне па затоа се мислев дали воопшто би имало поента толку рано кога не разбира. @Cherry79 каков е тој адаптер?
Адаптер за на шоља, еве ваков на пример, https://lococroco.mk/kategorija/ba-a/adapteri/ На Тему имаш едно чудо избор. Мене закон ми се тие што се склопуваат, во ташна може да го носиш, за патување врв. Ама за почеток некој нормален како од линкот. Тоа е процес што не треба ниту на дете ниту на тебе да ти претставува тежина. Поентата е да ги извадиш пелените и да не враќаш веќе, само ноќе да ставаш извесен период.
Дали некоја мајка се соочила со помочување на детето а е одвикнато од пелени? Син ми е без памперс од септември ама во последните 3 дена 2 пати се помочува скроз, ќе каже ми се моча и се измочува скроз а не само да пушти дур отидеме до вц. Малку се загрижив до сега не правел така, дали има некоја што поминала вакво нешто?
Да, во, неколку наврати. Не се карај, кажи дека е во ред, ќе се пресоблечете и како да не било ништо. Поминало кај нас за два три дена. Може да е стрес, настинка, промена. Ако продолжи испитајте урина
Deteto mi e 3 godini, sme probale nrkolku pati da trgneme pampers so eden den, no ne kazuva ne vreme. Znae da otide na solja ili na noksir da mocka koga ke go odneseme, no potoa si mocka vo gaki.Dajte nekoj sovet kako da postapuvam ili da go ostavam uste nekoe vreme taka
За еден ден не може да се научи дете, ќе се помочува неколку дена во гаќи и ќе научи дека не треба и ќе почне да кажува. На почеток прашувајте го и носете го почесто, а кога ќе се помоча не му се карајте зборувајте му дека не е убаво да е мокор и дека треба да кажува. Ќе научи за неколку денови.
Не постои дете што за 1 ден се научило да кажува за мочкање, тоа бара трпение, денови, недели, па може и месеци. Ќе се научи ако го оставиш така, и да мочка во гаќи на почеток, ќе се научи со тек на време, ако еднаш тргнеш пелена, не ја враќај пак, немој да го караш ако се измочка, само со трпение и љубов ќе сфати, можеш и награда да воведеш, ќе има поголема мотивација за побрзо да се научи.
Ти си го гледаш детето дали соработува, 3 години е веќе големко. Ако гледаш дека сака ама ненамерно греши, пробај уште некој ден (ако си дома). Мојот на 3 и 5 месеци ги остави, ама претходно нокшири седечки, стоечки, не сакал да ги погледне, не па да се измочка во нив. Ќе го оставев по гаќи ќе ми се измоча намерно, викам убаво ли ти е вака мочан? Убаво ми е. И кренав раце реков ќе ги тргне, не сакам да му стварам отпор. Сам одлучи и баш за 1 ден кажа сакам гаќи и не се измоча веќе. Значи сите деца се различни, ти знаеш да си го процениш твоето и кој метод би имал ефект, ама ако ненамерно греши можеш да го потсетуваш, збориш итн. Нема да остане во пелени, не се секирај.
Стариве велат се одвикнува дете лето да не измрзни, што мислите за сега кога има парно секоја соба? 2 год и 2 месеца дете
Ако дава знаци дека е спремно или имаш нерви да чистиш по детето недела, две зошто да не пробаш. Мојата на 2,2 години беше далеку од спремна. Тек сега на 3 веќе знае сама да слечи пантолони и слично. Е вика дај памперс ама тоа е друга приказна. Во секој случај може да се пробаш, па ако не бива, ќе пробаш пак по некој месец.