Старите така велат оти во нивно време немале многу облека за децата, немале ни машини за перење, ни па машини за сушење и затоа им останало дека на лето треба да се одвикнуваат децата од пелени. Најлесно им било пушти дете голо во двор да трча, нема облека да мочка Ако е дете спремно, нема зашто да се чека одредено годишно време.
Нема врска, од аспект на перење алишта е тоа. Јас мојава во септември ја одвикнував не згреши ни еднаш, згреши 3 месеци подоцна надвор во парк , се по ред помоча, гаќи, тренерки, чорапи и патики. Среќа имав со мене резерва алишта, се разбира без резервни патики. Со помочани патики се вративме дома.
За алишта нема гајле ќе периш ама ако имаш теписони, па и на кревет ми се мочаше првото тогаш е друго Внук од прва брачеда за 1 ден се одвикна, заедно на одмор во ист апартман имаше 3 год и 4 месеци, дотогаш ни да слушни за нокшир, не сакаше никако, само што се сместивме и реков ваѓаме пелена, како нејќи ми вели, ќе го научиме и реков секако голи ќе бидат верувале или не одма значи истот ден почна да кажува, за враќање в кола 6 часа без пелена беше, застануваме да се мочаат по пат мојот одвикнат 1 год пред него на 2 и пол години. Еден месец бришев моч по дома јас, затоа со второво реков дури не кажи сам нема никаква шанса да му ваѓам пелена и еве го 2 год и 5 месеци е, кажува ќе се какам, сакаш нокшир? Не и крај, не го молам. Често кажува сега и дека се моча ама си моча в пелена.
Па и мојот така на 3 и 5 месеци, го усрами негователката од градинка во ходник пред деца, истиот ден попладнето вика не сакам пелена. Дома му ставив гаќи не утна. Од утредента во градинка со гаќи, и за дневно спиење мислам се немаше измочано ич. Големи се тогаш, за бришење мочки по дома, кој има прво време, а после нерви, бласеси му.
Е вака си замислив за второво, исто како внучето, кога видов колку беше полесно така ама најсериозно значи мислам, налет то и за децата далеку полесно и психички е, оти колку и да нејќиш ќе подвикниш, значи кога се моча веќе 3-4т пат денот на теписон неможиш да не викниш
Здраво мајки, се одвикнуваме од пелени, ставам само за спиење. Веднаш се согласи за нокшир, не прави проблем, кажува, амааа многу време седи луѓе. По саат време седи и нејќе да стане, а одма си моча кога ќе седне. Се молиме да стане, го преседуваме денот во вц. Има ли некој од вас со вакво искуство? Не знам како да реагирам и што да правам. Е за какање има проблем, два пати заврши работа на нокшир и после не бива никако.
Кога ќе сака да кака стави пелена. Сите се плашат да какаат на нокшир а не знаат да кажат зошто. Ќе помине и тоа за кратко ќе се опушти.
Со награда. Пример ќерка ми кога учеше лепевме стикери и тетоважи. После завршено мочкање, на пример за твоево седнува мочка и станува лепите стикер. После какање ставате тетоважа, ама да си стоиш на зборот. Само кога ќе направи како што треба тогаш даваш награда.
И кај нас награди најмногу упалија. Уште знае некогаш да си бара стикери. Многу сакаше тогаш градежни машини и нарачав од тему памтам милион стикери само за тоа, адаптерот цел му е со стикери налепен.
Да, бара пелена за да се искака, вчера така бидна, ама викам да не се навикне па така се да тера. Го правам и тоа ама а спомнам дека нешто ќе дадам како награда кога ќе се искака, почнува вриштење за одма да го добие, тоа е лудило. Имам дете со мнооогу јак карактер и голем инат.
Мислам дека ние сме на добар пат да се одвикнеме... Носи пелена, ама добри 50% од времето врши работа во нокшир во форма на шоља. Тоа беше начинот, немаше друго, само да биде во такво нокширче. Чекам викенд да бидам дома да тргнам пелена, па ќе видиме.
Ние тргнавме памперс,користиме само за спиење. Сосема спонтано и неочекувано,многу памперси почнавме да трошиме и за дома и го тргнав да видам како ќе биде,ми вика мама не ми ставај повеќе памперс,а предходно кога ќе кажеше кога во неа и си бараше да и облечам,сега си кажува и за мочање и какање. Првиот ден во градинка се помоча еднаш во неа,третиот се покака и објаснив дека не е убаво и да кажува на воспитачката кога и се кака и еве веќе недела и пол сме без памперс,нема згрешено. Ми падна еден товар голем за еден месец ќе прави 3 години. Користиме само за спиење бидејќи јас не сум спремна да станувам навечер сум со уште едно мало џивџанче кое ќе прави годинка и станува сеуште за цицање,ама здравје да се подстопли и тоа ќе го совладаме се надевам.