Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Не, ако го одвикнуваш, одвикнуваш. Јас се имам обидувано и пред да ги тргнеме, ама ако го гледам дека абер нема му ги враќав целосно, мора да соработува барем малку според мене, да е свесно што се случува. А и мало е исто мислам, ќе се одвикне и без мочање низ цела куќа, ако имате трпение.
     
    На ele.na му/ѝ се допаѓа ова.
  2. _Nofilter_

    _Nofilter_ Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2025
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки , детево е 2ипол години. Почна сам да си кажува дека моча/кака во пеленото и решив да го одвикнам. За мочкање кажува без проблем , веќе 3 дена преку ден е само на гаќи ,а навечер ставам пелено бидејќи пие млеко пред спиење.Ќе го решиме и тоа за скоро. Проблем ни е какањето. Детево не сака да чуе да кака на шоља. Не прифати нокшир , директно на шоља со адаптер се научи за мочкање. Кака во гаќи. Пробав со зборување , но гледам дека се плаши. Колку време им треба за да се навикнат за какање ? Друга работа е градинката. На градинка не им зборувал воопшто на тетките (детето зборува , си кажува реченици со по 5-6 зборчиња,меѓутоа не сака да зборува со нив,освен на прашања да и не). Како би се одвивал процесот таму ..?
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.515
    Допаѓања:
    18.861
    За во градинка немај гајле,имаат време за во тоалет и ги носат два три пати дневно. Моиве деца не грешеле таму.
    За какање, со поголемото дете го имав тој проблем, сосем случајно бевме во двор кај баба му,го приметив дека ќе кака и му реков ај да направиме торта на тревата и тоа му беше моментот да се престраши да не кака во гаќи :)
    Инаку 2-3 недели се плашеше,во гаќи какаше
     
    На _Nofilter_ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Имаме 16 месеци, бевме на контрола кај логопед. Вели дека веќе требало да почнеме без пелени да се учиме. И докторката беше како зачудена зошто сеуште носи пелени ќерка ми. Не сум прочитала или слушнала дека 16 месеци е доцна...малку сум збунета.
     
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Не знам во кој свет живеат докторите во државава со закоравени ставови и мислења. Бебиња од 3 месеци требало цела ноќ да спијат, бебиња од 16 месеци пелени да тргнат. Не е доцна, рано е. Ама на крајот на денот ти одлучуваш. Син ми на 3 ипол години што ги тргна изгледа заостанат е. Ама види чудо, не остана во пелени :?:.
     
    На Fenix05, Sofi.ja, AlmaOculta и 4 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.447
    Допаѓања:
    25.156
    Пол:
    Женски
    Господе Боже, ненормално сето жими се :x рано е прерано е, греота е дури за детето....за се има време, нема да останат вечно во пелени, еве го 2 год и 7 месеци абер немам јас прво да почнувам, а и тој исто....брат му на 2 и пол години ги откажа пелените, уствари јас го научив, ама овај пат не одам со сила, неможам со нерви пак тој процес да го поминувам, ќе си чекам сам да изрази желба до лето, в лето ќе има 3 год август па ако не сака тогаш јас ќе го учам.
     
    На Зеленоокатаа и Carolin. им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.218
    Допаѓања:
    78.439
    Пол:
    Женски
    Откачени чоече... Рано е тоа. Дури погоре читам за мајка на 19м што го одбива, па и тоа ми е рано. Самото дете ќе даде знак, зошто тоа е сепак функција во мозочето која кога ќе се развие, ќе може да се примени. Кога се мали, мочкаат без контрола на бешиката и ти што сакаш направи, ако не е спремно, нема да се научи. Првото накај 2г и 5м остави пелени, второто исто тука некаде беше. Третово ми е 20м и кажува чат-пат мочааа мочааа ама кога во моментот она моча или ептен непосредно пред мочање и нема време за нокшир. Летоска ќе пробаме тек да тргнеме пелени, накај 2г рамно. Зошто и на логопед си го носела 16м бебе?
     
    На merriel0 и lackygirl им се допаѓа ова.
  8. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Се водат по некои некаде прочитани работи, книги или слично, најверојатно мислат дека децата се роботи.
    Имаме наша пријателка логопед, и чисто за проверка бевме на контрола, како стоиме со говорот само да провери. Ни покажа и вежбички според возраста. Најверојатно немаше забелешки, па ајде за пелените ќе се зборува. Не сакав пред нејзе да искоментирам ништо, затоа што сепак она е стручна хахахха
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.218
    Допаѓања:
    78.439
    Пол:
    Женски
    Остај ги шашави, следи си го инстинктивно детето. Се што чувствуваш дека треба да се направи, ќе направиш. Те читам дека и тек проодува, незнам како мислат и непроодено бебче да го учат да тргне пелени. Се во свое време...:hug:
     
    На merriel0, lackygirl и Зеленоокатаа им се допаѓа ова.
  10. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Језиво колку постарите генерации не ставаат под притисок и не прават неспособни. ЈЕ ЗИ ВО
    Си требала да и кажеш дека имаш ваучер за пелени па да не ти пропадне, каков мајндфак човече...

    Ова е rant поради мајка ми која и купи 2 пакетчиња гаќи на мојата 20месечна ќерка...
    И сите други мајки сезнајковци, Позз :)
     
    Последна измена: 19 март 2026 во 21:32
    На LiquidLuna, MeowMeow, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    И баби* да не ги заборавиме :) морав да се убацам
    Последниов период не можам да ги поднесам некои коментари: добро е што сам се одби од цицање, ко што тргнавте до школо ќе го доеше..до сега 100 пати требаше да го одбиеш.
    Како ништо не кажува, моите дури пред година кажуваа вака како него сега, а он 2 ќе прави :?:
    Пелени одма тргнале кога прооделе..Изгледа на баба ми децава ( татко ми и тетка ми ) и ручек и праеле и до продавница ги праќала на 2 год:D
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Па да, и мајка ми е баба, ама првично е мајка, моја мајка, која ми го расте детето на 3х брзина, како да не мине и онака брзо времето. Којзнае колку ги тормозеле нив ко мали па не знаат чиви комплекси лечат сега. :puke:
     
    На MeowMeow и angel4444 им се допаѓа ова.
  13. Cherry79

    Cherry79 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Доцните веќе... Со 9 месеци сте требале да почнете, на 2 години веќе изводи и интеграли треба да решава...
     
    На Noemi, merriel0, angel4444 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Јас да и го однесам моето на 3 год и 5 месеци уште со пелени во социјално ќе ме пријави. Свашта. Логопед бе, да беше некоја бабичка на улица немаше да ме чуди, ама логопед… (facepalm)
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.850
    Допаѓања:
    10.338
    Мајки, на 100 ума сум со одвикнувањево. :D Не знам дали да направам некој чекор напред, или да оставам така како што е. Нашата приказна со нокширче до сега е оваа:

    Имено, ќерка ми е 1 год и 4месеци. Веќе два-три месеци како низ игра ја седнував во нокширче во вц, а јас седнував на вц шољата и правев тука звуци како на мочкање. :D Уште првиот пат успешно беше. :D Ама најчесто беше пред да ја бањам на почеток. После видов дека пред да се капи и стана асоцијација дека треба да седне во нокширче и да мочка, и сама почна да прави „пшшш“ (дека ќе мочка) и да покажува кон нокширчето.
    После зедов ја седнував да седи малце подолго, по 15тина минути, и беше во време кога знам дека ќе има каки (после оброк дома, после градинка). Почна и да кака во нокширшето. Сега моментално кога и се кака (и е со памперс), оди и облечена седнува на нокширчето и кака. Или ако не е нокширчето во собата, ни вика и ни покажува со прстот на газот и кажува дека има кака. И веднаш оди каде што ја пресоблекуваме, зима влажни. :D И ни покажува да ја легнеме за да и ја сменеме пелената.

    Не знам дали е нормално за возраста, дали се вообичаени работи. Или едноставно ни покажува дека треба нешто дополнително да правиме на тема одвикнување. Прво дете ми е и појма немам. :D Од блиски, секој на различна возраст, и најчест совет е да сум чекала лето и гола да сум ја оставала. Ама мене ми е без врска тоа некако, и плус во стан сме. Да е во двор да ја оставам и да мочка и кака било каде, ама вака е некако глупаво.
     
  16. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Види, секако нема гола во двор да ја оставаш да ја гледаат ојле и дојле... Пробај без пелена, извади и ги и види дали е спремна. Ако ти е безвезе да чекаш лето, направи го тоа сеа.
    Мочки и каки да чистиш е неизбежно. Мојава соблекува пелена гола шета дома па седнува да моча на нокшир или кажува коа сака, се дешава и да се измоча на паркет. Ништо не форсирам.
     
    На _Nofilter_ и LadyR им се допаѓа ова.
  17. Kotonjec

    Kotonjec Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Ќерка ми, 3.5 години, сеуште е во пелени. Во неколку наврати пробано да ги извади и неуспешно. Пред да направи 3 години се обидовме 5-6 дена со тргнати пелени, ниеднаш не се измоча во нокшир, секогаш во ѓаќички. Во меѓувреме добивме и бебе кое сега е 4 месеци и сега ситуацијата е уште потешка. Совет од некој што извадил пелени на слична возраст?
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    11.897
    Не знам постои ли баба што не го одучила нејзиното детето од пелени на цирка 9 месеци, еве околу мене само такви се :rofl: Баш со другарка зборевме вика ај за првото што ми ја наду главата ама и за второто пак од ново. Тоа што давале млеко од цуцла до 6години е екстра ама тргнале пелени на 9 месеци кога детето воопшто нема контрола на мускулите, се експерти. Тргнале оти им скиснало да перат или им биле скапи, не оти родиле извонредни деца.
     
    На Feniksgirl, angel4444, _Nofilter_ и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    9.102
    Пол:
    Женски
    Свекрвка моја вика јас на децата пред 2 годишна возраст на одмор во лето им извадив пелени АМА на есен/зима беше многу ладно, соби без греење и ноќе стававме уште долго време.
    И сега или извадив или не работава.

    Ќерка ми е од тие задоцнетите 3+ години и уште сме држ не дај на темава. Тек деновиве почесто бара нокшир за да седи.

    На 16 па и 19 месеци ни на крај памет не ми паднало да вадам пелени или некакви асоцијации на мочкање, какање да правам.

    Ај ако имам второ може ќе се пробам
     
    На Noemi, lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    12.102
    Пол:
    Женски
    Абе се' спретни баби, еј.
    Мед на цуцла, гриз и млеко во шише за да не се будат навечер, абе текнувала, го хакнале родителствувањето.
    Надвор од тема, ама еве ја мајка ми да е жива и здрава се фали ден денес со "Знаеш ли како ви давав сирупче? Епа нема да знаеш. Ви го затнував носот.. и што ќе правите вие... оп отварате уста, оп јас набрзина лажичката во уста хехе".
    Замисли, никогаш не сме плукале. :inlove:
     
    На Feniksgirl, angel4444, _Nofilter_ и 2 други им се допаѓа ова.