Може сфаќа кога и се кака, обично помали го добиваат тој осет, син ми после година блиску мислам беше свесен за какањето особено, ама затоа ми бараше пелена стрикно за какање до 4 години да му ставам . Кај нас проблемот беше што и за мочање доби осет долго пред да ги тргнеме пелените. Едноставно не сакаше. Секое дете е различно и секое искуство исто. Прави како мислиш само нека не ти солат памет многу од страна. Ние извадивме на 3 и 5 месеци. Го посрамија мислам во градинка кога негователката спомна дека само он бил со пелени од групата. Дечкото дома одење кажа сакам гаќи. И не се одвикнувавме. Си знаеше од одма. Дење не згреши ниеднаш, исто за дневно спиење. Големи сте веќе, треба да го има осетот.
Ако навистина е спремна ќе го има рефлексот да држи додека не соблечете пелената. Така да пробај кога бара нокшир, да ја извадите сувата пелена и да седнува на нокширот. И мојава го бара, дури и кажува МОТА Ама додека го земеме или отидеме на нокшир, таа завршила работа А се случува па да ја седнеме, да не завршила работа и да не сака човече гола на нокшир да кака или моча. Стај пелената, ете ја моча или кака
Често си викам да и го имам умот да одморам малку. Нека се живи и здрави, уште читач на мисли да можеше да бидам. Еднаш така, друг пат обратно.
Мами помош или искуство споделете. Имено синко пред една недела наполни веќе 3 годинки. Првиот пат пробавме да се одвикнете на година и пол, му беше повеќе игра, па настина и фати ладно па го оставив. Следно на 2 год и 4 месеци по што почна да се стега. Повторно ништо. Последно викендов без успех, мочкаше на 5 минути и тоа утоп, за да после тоа плаче и не сака да го менувам. Сум пробала и кога кака бидејќи се сеќава повеќе за тоа почнува пак да се стега и правам уште полошо. Од награди, стикери и се тоа пробано не делува. Немам веќе идеа што да правам или да причекам уште малку. Бтв бебе на пат јас уште понервозна
@AngelOfArh мислам ти пишуваше за често мочкање. Дали испитавте нешто? Некако имав замислено, а и не само замислено дека ќерка во памперс и со часови може да е сува што и се случува. Е сега веќе на моменти си бара и нокшир, па полека да почнеме да се одвикнуваме. Попладнево од 17:00-20:00 мочкаше 4 пати, што во гаќи, што во нокшир и некако ми се виде многу и често. Прво попладне и е без памперс после подолго време, претходно сме се обиделе ама неуспешно. Не е некоја голема количина со оглед на тоа што и не пие многу течности ама некако ми се виде често. Во мојава замисла бар по 1,5-2 часа би требало да издржува со оглед на тоа што памперс се случува и после 2 часа да е сув. Ноќе подолго време не мочка, станува со сув памперс и одма седнува на нокшир.
Здраво! Ве молам за помош како да постапам. Ќерка ми ќе полни 3 во јуни. Потполно е свесна и кажува кога моча и кака и веднаш бара да ѝ се смени пелената. Може да не ја мокри пелената со часови. Никогаш не моча или кака кога сме надвор или кога спие. Неколку пати има користено нокшир за мочање и носела гаќички, но секогаш бара пелена кога сака да кака. Не сум ја фирсирала досега ич, само зборувам дека е голема и дека треба веќе гаќи да носи итн. Загрижувачки е тоа што некогаш за мочање се воздржува предолго, како да не сака да мочка во пелената, а не сака ни во тоалет. Дали да ја исфорсирам веќе и на кој начин?
Спроед ова што кажуваш спремна е. Јас планирам до 3г да чекам, 3 прави август, е сега од кај јули веќе е жешко ваѓам памперс ако не почни да кажува, тргам теписони и тоа е, ќе се научи така, можи ќе моча на паркет ама поќе од 3 не го чекам.
Моето детенце има две год и еден месец и чекам да затопли и да почниме да се одвикнување од пелени, ама гледам дека на сабајле пред да му ја ставам пелената се буни неќи и трчка низ дома и си се мочка кај што ќе стигни , ама гледам дека прво ќе мочка малце па ќе прекини, па така неколку пати додека убаво не се измочка , значи треба да почниме веќе. Е сега ми е за во градинка како ќе биди, не знае убаво да кажи ама со бунење, тргање со некои знаци можи ќе успее , уште е во јасли незнам дали таму ги оставаат дечињата да се одвикнуваат од пелени .
Ќе ви бараат пелени додека они мислат дека треба. Мојата дома кажуваше, ја седнував, а таму рекоа дека е мала и додека не почна прва мала група не ја седнуваа. Инаку 2 до 3 месеци прават огромна разлика. Ако сега не контролира и мочка кај стигне, за месец до три ќе научи. Јас со првото пробав на 2г и 3м некаде и не биваше и вратив пелени, малтретирање за двајцата беше и после на 2г и 5м, како тргнавме.. веќе знаеше да контролира и ги тргнавме успешно скроз. Третово за 3м прави 2г и неа планирам летово да ја учам, па ќе видиме колку ќе биде успешно..
Прво дете ми е и немам искуство ама се досега фала Богу сме совладале што е предвидено за овие две год и затоа ова малку ме плаши, како ќе биди, како ќе ни оди
Совети за одбвикнување од ноќно носење пелени? Не носи пелени скоро од 2 години ама навечер сеуште има мокри пелени. Дали тоа е знак дека не е спремна? Попладне кога спие нема проблем без пелена, остана уште ноќното.
Ќерка ми месеци не мочкаше ноќе, сега 3+, за дење и текна дека не сака пелена и успешно е во главно, ретко греши. За ноќе сме сега 50/50, кога е сува, кога не, не можам да одредам дали рано наутро кога ќе се разбуди се мочка, додека ние станеме што се вика. Или баш ноќе. Малку е терсене карактер за будење ако ја разбудам да сред ноќ за мочкање не знам дали и кога би презаспала, така да сме во фаза на одвикнување и ќе најдеме НЗС. Што би се рекло сега се учиме сеуште Едит: Да не пие твоево многу течности на попладне/навечер пред спиење или ноќе?
Јас на син ми ноќната пелена многу доцна му ја извадив, се одвикнавме на скоро 3 ипол, до 4 сигурно носеше пелени навечер. И немал сува пелена еднаш додека не му ги тргнам. Прекинав да давам течност пред спиење, и го будев за мочкање првиот дел од ноќта, неколку саати откако заспал. Знаеше да згреши првата можеби пола година, ама поретко. После се научи. Ама јас во спиење сум го прашувала истo, ти се мочка ли, ќе ми каже да/не и си продолжува. Ако му се мочка на раце до вц го носев, тој заспан и така некако надрасна се.
Од денес почнавме со одвикнување. Очекував малку повеќе дека ќе капира зошто многу време уназад се збори на таа тема и плус многу разбира, свесен е за се. Денес од спиење стана со муабетот “ајде да ја фрлиме пелената и да облечеме Соник гаќи”. Така и направивме, ама не сакаше да мочка, пелената беше мочкана. После два саати отприлика се измочка во гаќички, иако измеѓу го прашував и го носев до вц. После излеговме и ставивме пелена, кога се вративме ја тргнавме и пак облековме гаќички, го однесов да мочка ама ништо. За кратко време пак се измочка во гаќи. Не знам дали грешка правам негде или нормално е ова. Денес ниту еднаш се нема измочкано во шоља, какано нема воопшто. За надвор многу се мислев дали да му ставам, ама немав храброст да не ставам. Сега сме на роденден и пак ќе морам да ставам. Секој совет е добредојден.
Совет од неколку мајки што ми беше е вадиш памперс и не ставаш по ниедна цена. Дали ќе сфати за една недела или 2 или месец, ќе сфати. Е сега јас зимава не бев спремна да ми моча на сите страни во куќа, плус и немав од градинка поддршка демек таму не покажува интерес за мочкање во шоља така да останавме за пролетва. Е истата "грешка" како тебе, за надвор или игротека или на гости со памперс, дома без. Е сега кај мене е 2-3 месеци отприлика поголема од баткото ( не дека има врска де) во група имаат деца и пред втор роденден одвикнати, и преку ноќ почна да станува свесна кога и се мочка. Неколку дена мочкаше де во гаќи, де во нокшир ама забележав дека без памперс е посвесна за кога треба да трча за мочкање. Друг совет, на почеток кога ќе речеше ајде да мочкаме, буквално уште не стасани до вц веќе беше помочкана во гаќи/на под. За некој ден се навикна да издржува неколку минути додека се слечи, облечи. Исто во градинка ми споменаа дека сите одвикнати деца веќе сами знаат да се слечат, пантолони, гаќи и си одат во вц. Не ги чекаат постојано воспитувачките. И тоа битно да го вежбаме, сама да се слекува. Е читав некаде одвикнување за 3 дена, прв ден да е скроз голо од пола надолу. Не излегуваш никаде или само во близина на домот. Втор ден со широки пантолони (без гаќи), исто движиш само во близина на домот. И трет ден плус гаќи и пантолони облечено детето. Не ја испробавме оваа тактика.
Планирав со таа техника од три дена и јас, ама некако е невозможно да се изолираме. Нон стоп имаме родендени, он е веќе свесен и бара надвор да вози точак, да се шета. Мнооогу е тешко дома да го затвориш на убаво време. И јас сакав да тргнам памперс и тоа е тоа, ама не сум спремна да се помочка на сред роденден. Сега бевме 2 ипол саати на роденден и беше со памперс, дома кога дојдовме памперсот беше сув а испи доста течност и дома одма го соблеков и облеков гакички, го однесов да мочка и прв пат успешно се измочка. Прегорд беше, па ќе видиме утре како ќе биде. За спиење мислев кога ќе заспие да му облечам памперс врз гаќичките. Не знам секој прави различно, сепак и нив треба да ги пратиме. Он денес два пати се измочка во гаќи само, што за прв ден мислам не е толку лошо.
Значи не прави грешка со ставање памперс кога сте почнале, не роденден, на свадба да одите ќе си земеш резерва гардероба и да се помочка ништо страшно, ќе го пресоблечеш и тераш, боље така ден два недела две него да се одвикнувате со месеци. Моиве помали беа кога тргнавме пелени, може и тоа имаше удел ама со едниот па сигурно 2 месеци правеше грешки зашто му ставав памперс кога одевме подалеку. Ќе кажеше му се моча ама додека да стигнеме ќе пуштеше некоја капка а често и се мочкаше. Го надминавме тоа ама да треба да одвикнам дете пак, вадам памперс фрлам и толку
@Bella_Stella денски кога ке извадиш памперс нема враќање најмалку 2 недели. За тој период ке видиш дали детето е спремно или треба да вратиш памперс, да се обидеш пак за месец-два или детето соработува. Најкратко кажано, поентата на вадење памперс е да осети детето дека е измочкано и да му засмета тоа што е мокро. Потоа малку овации, бодрење, награда мала итн. Ке се наоружаш со резервни гаќи и тренерки и тоа е. Сите деца го минуваат тоа, нема да наидеш на осуда ако детето се измочка. Со вади-стави само го буниш. Можеби и го одолговлекуваш процесот. Јас ноќе ставав пелена, иако никогаш не ја измочка. Можеби 2 месеци ставав, пред да извадам исто долг период не мочкаше ноќе. Но, спиеме заедно на спална и не бев спремна да ризикувам душек.
Бела исто ќе речам како членките погоре да не се повторувам. Ако извадиш пелена не враќај, за секаде си носиш гаќи, пантолони па и патики, оти и во нив можи да оди мокрачата. Ако ставаш тогаш ти не си спремна и одложи уште некоја недела па уште потопло ќе биди и по куси пантолони ќе бидат. Моево почна да кажува ко ќе се помоча, пелена носи и ќе ми речи Мама се помочав, исто кажува ко ќе е какан од поодамна, ама за мочањево сега неколку дена кажува. Пред некој ден таман сменета пелена вечерта вели, се помочав сега слечи ми ја пелената друга сакам аха му велам одма сега на секое мочање ќе менуваме ќе пробаме убаво да затопли, да фатам и теписони дома па летово се надевам ќе научи, август 3г прави.