Навистина нема потреба да се чека лето. Ниту една единствена. Син ми во есен тргна пелени, имам пишувано на темата.
Дете ако е спремно ќе научи одма. Јас така со големата демек ајде лето кога е, ја форсирав на точно 2 години, во август. Дете не беше спремно и крај. На одмор бевме се какаше во купачи и не приметуваше. После 5 месеци, на 2г и 5 мес, ги фрли пелените додека бевме на зимовање. Значи извадив пелената, на адаптер директ. По 3 саати седевме на терени, она во скафандер, еднаш не се измоча во гаќи. Кај нејзе се покажа дека дете треба само да реши, џабе јас форсирав во август, кога она во јануари фрли пелени.
Фала ви за мислењата на сите. Денес ќе се пробаме во парк без памперс. Синоќа не сакаше да легне без пелена. Го легнав со гаќи и го фати паника, почна да плаче вика стави ми памперс. Сабајлево памперсот беше сув, го соблековме, мочкаше во шоља ама не сакаше гаќички, пак побара пелена. Му ставив, се искака и кога го измив едвааааај едвај се убедивме да облечеме гаќи. Еве го сега на гаќи е, го носиме неколку пати во тоалет, нема мочкани втор пат. Сабајле кога стана осеќав дека му се мочка, а се стега. Ќе земам сега резервна облека и ќе излеземе без пелена. Wish me luck.
Е па мојов во август е роден ама лани на 2 год ниту ми падна мисла за одвикнување мали се на 2г, според мене лично рано е, со ова дете сакав да оди поинку процесов, да го почекам него. Со првото дете беше поинаку, тој за какање почна порано да кажува кон 2 год и 2 месеци, какаше на нокшир па му ставав пелена. За мочање на 2 и пол год јас го учев, 1 месец траеше да речам цел процес со тргање и ноќна пелена, на 2 год и 7 м се одвикна.
Мојот е одвикнат од септември ама јас уште му ставам памперс навечер пошо некогаш знае да се измоча, особено кога е настинат или болен. Неколку пати го имав оставено на гаќи и баш тогаш ми се помочуваше. За преку ден се одвикнавме за три дена, ама како шо рекоа членките погоре еднаш извадив и не вратив веќе, се помочуваше и какаше првите денови во гаќи, може и недела две ама не секој пат и со многу зборење дека треба да кажува лесно поминавме. За надвор исто, носев резерва облека или ако бевме блиску се враќавме дома да се пресоблечеме. Пробај неколку дена без и ќе видиш дали е спремен, ако плаче да му ставаш памперс може уште му е рано. Кај мојот беше мотивација и тоа шо во градинка беа само он и уште две три деца во памперс и соработката со учителките многу помогна.
Мал апдејт, па да ми кажете што мислите на каков пат сме. Два дена одевме надвор без пелена и не се случи незгода. Пробував дур сме надвор да го носам во вц, одбива, а кога ќе се согласи не мочка иако пиел течности. Дури кога ќе дојдеме дома мочка во шоља. За какање пробав и со нокшир и со адаптер, не кажува. Два пати се искака во гаќи денес и два пати се помоча во гаќи. Како за трет ден место подобро да е, некако како назад да се враќаме. Ме “загрижува” тоа што не му смета да е мочкан, се смееше кога се искака, прејако му беше. Кога видов дека ќе кака и го понудив во вц не ми дозволи, вика остај ме остај ме, пелена носам и се смее, а кака во гаќи. За во градинка како правите? Зборев со учителката ми кажа да пратам нели 2-3 резервни облеки и гаќички. Ме праша за спиење дали му ставам, а он овие два дена не спие дома. Вика ако биде беља дур спие демек дебели биле душеците не знам што. И кажав како им е пракса така да прават, рече да пратам една пелена да му стават само за спиење. Како што гледам процесот ќе ни се одвива малку побавно. Не знам дали не е спремен или тера инат, не можам да проценам.
@Bella_Stella , јас би ти рекла штом надвор издржува и до дома чека, на добар пат сте. Не се откажувај. Со какањето само не го притискај, да не си направи констипација. Ќе почне и тоа на нокшир/адаптер. За во градинка ако е опција наместо памперс да им однесеш подлоги непропусливи под него да ставаат. Од аптека мислам што се, од Слипи или било кои од тој тип. Како една опција ова, наместо памперсот.
За денес пратив памперс, а за од утре може да прашам дали ќе прифатат подлоги да му ставаат, супер ти е идејата. Се трудам да бидам gentle што викаат, да не го притискам за да не створам одбивност кон процесот. Читав дека многу често третиот ден знае да е хаотичен, па после него се случува промена. Сабајлево се беше во ред, мочкаше во шоља па со гаќички отиде во градинка. Ќе видиме после како го поминал таму денот. Веројатно е од тие деца што малку повеќе време им треба, ама ќе биде. Чим почнавме, на добар пат сме.
Пред 3 дена почнавме со одвикнување, пуштете ми среќа. Овие две недели сме на одмор, нема да оди во градинка и мислам дека е соодветна шанса, бидејќи летово нели ги спојуваат групите, со една негователка се, се сомневам на соработка. Ноќе не мочка, сува е пелената, преку ден некогаш не мочка и по 4-5ч, некогаш се мочка на 1ч. Ме мачи се стега или стварно не му се мочка толку долго? Пие течности најнормално, како и секогаш. Инаку досега само еднаш успешно се измочка во нокшир, останатите пати во гаќи, иако претходно на секој саат седнува на нокширче без отпор. Друга дилема ми е дали е ок преку ноќ/за надвор врз гаќите да му ставам пелена, во случај и да згреши, пак да е воден или џабе е, само го бунам доплнително? Порано низ дм гледав гаќички за одвикнување, барав некни, ама не успеав да најдам. Имате искуство/мислење за нив? Ако се океј, кај да ги барам?
И јас ќе ти давав предлог за подлоги да му пратиш во градинка, не се откажувај сега веќе почнавте, ќе се научи. Со лесно. Јас нон стоп ставав и дома подлоги првите месеци од ко му извадив пелени, исто имав една подлога под седиштето во кола. (На првото дете).
Мојата сега во јуни ќе прави три, уште со пелени. Навечер не моча веќе неколку месеци (5-6 пати дали измочала и сакала да ја преслечам веднаш ако осетела). Кажува пред да моча и одма сака преслекување (веќе сама одма ја трга откако мочала). Мочкала неколку пати досега во нокшир. Кажува пред какање и исто одма сака нова пелена. Трпи повеќе часа без мочање. Не моча надвор исто така неколку месеци и исто, ако случајно се измоча, сака одма нова пелена и надвор. Тоа се случило неколку пати, инаку трпи, дури и премногу трпи. Ова нели се знаци дека е спремна. Ама одбива носење гаќи. Никако, никако не прифаќа. Тоа е врескање, плачење до зајдување за пелени. Ајде гола сме ја оставале, па мочала и долу ама за какање МОРА МОРА пелена. Ова како некој инает веќе. Од толку што е голема како поврзана да е со пелениве, како некоја сигурност. Како да не го сака чувството со гаќи. Не знам. Како би постапиле вие во ситуацијава?
Јас моето дете го оставав да му помине. За мочкање на 3г5м сам си кажа, гаќи облече и толку беше, претходно исто циркузи правеше кога пробував да го одбијам од пелени. За какање пелена му ставав пола година после тоа сигурно. Не сакав да се стега. Полека кога ќе се навикне на гаќички и на мочкање во нокшир/ шоља со адаптер (мојот не седна на нокшир, мочкаше со столче на шоља), ќе и стане и за какањето попознато. Моето дете барем тераше инает, јас на неговиот инает само со добро, не враќам со инает. Кај нас така функционирало. Нема да остане во пелени, полека опушти се и ќе биде
Имав две обиди со син ми кој исто вака правеше, некогаш сакаше пелена некогаш гаќи, еднаш два пати во адаптер еднаш два пати во гаќи. Првиот пат го чекав 2 месеци, може и јас одолговлечив зашто за спиење ставав памперс и не подолги прошетки исто ставав ама имаше ситуации каде што не можев да ризикувам да се помоча, а за навечер тој не се будеше спиеше мокар и страв ми беше. Се откажав тогаш вратив пелени, пред 3 месеци тој побара сам гаќи и си мислев тоа е тоа, 6 дена пак иста песна еднаш ќе се помоча еднаш ќе каже, пак вратив памперс. Некни на сам ден именден полна куќа луѓе обврски еден тон дете реши нејќе памперс, еве го 4ти ден не згрешил. За какање малку потешко гледам се стиска само еднаш се искака во адаптер ама ќе давам сируп од вечер. Навечер му ставам памперс откако ќе заспие и го вадам сабајле сув е, си мочка во адаптер кога ќе стане па кај и да е планирам и навечер да тргнам. Кај нас знак беше последните две недели стално кажуваше пред какање и мочкање и јас го прашував дали сака во вц или во памперс, на почетокот кажува во памперс наеднаш пресече и не сака веќе памперс. Пробај ама јас мислам се зависи од тебе, колку трпение имаш ти и колку мислиш да си упорна на темата. Јас не бев и не ми беше ни битно, секакви коментари добивав (4 ќе прави во октомври) ама не реагирав. Понервозни ми беше смрдеата на мочки по дома отколку памперс да му ставам. Ако си решителна вади памперс и трпение еден период, ако не си спремна за стрес не ни почнувај подобро да не го збркаш како што го збркав јас мојот
Мамички здраво, Моево девојче има сега 16 месеци, уште пред неколку месеци луѓе околу мене почнаа да ме прашуваат дали почнавме со одвикнување од памперс што ми падна баш чудно затоа што во моја глава е навистина прерано и ме ставија во мисла. Кога почнавте вие да ги одвикнувате? Како да знам дали е време за одвикнување? Мислам сега на пример, детево си е фала богу се како што треба, си знае работи за нејзината возраст, но мислам дека е премала да разбере дека треба да оди на нокшир, а и премала сама да кажува кога и се оди во вц итн. Ме интересира вашето искуство.
Тоа сигурно постарите. Може нас и не одвикнувале помали за да не перат пелени, ама син ми кога беше на таа возраст не ми паѓаше на памет да го одвикнувам. Тој процес би бил премногу долг и макотрпен со толку мало бебе, немам ни идеја дали сигурно би успеал. После 2 годинки според мене најрано за почеток на одвикнување, се пред тоа ми е како тренинг на животинче, не разбира тоа од мочкање и какање сигурно.
Да ја прашаш тетка ми и пред прв роденден ги одвикнувала децата од пелени. Јас како и членката погоре сметам дека најмалку 2 години да е, па да се почне со одвикнување. Ќерка ми на 2,5 абер немаше, а јас немав нерви со месеци да перам и цела куќа на мочки да мириса. Тек после 3 доби колку толку осет.
Јас не планирам да се враќам назад. Пелената е тргната и тоа е тоа. За вечерна уште немам одлучено кога ќе тргам. Една колешка ми кажа дека прочитала негде ако 10 вечери по ред е сува наутро, спремно е детето да се тргне. Кај син ми е кога-како. Од вчера утрото полнав да бројам, два дена е со сува пелена. Ќе почекам прво денски да се стабилизира, па ќе решам. Во градинка два дена е добар, нема направено грешка ниту еднаш, ќе видиме како ќе биде и денес. Дома уште не кажува сам дека му се оди во вц, мочка ама зошто јас го носам во вц. За какање вчера тргна пак во гаќи да кака ама го пренасочив на нокшир и успешно беше. Надвор излегуваме сега секој ден без пелена и сме 2-3 часа излезени и не направил беља до сега. Мислам дека се движиме во добар правец, со трпение и ќе успееме.