Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Конечно, на 3г и 5м мојата тврдоглава коза и во хороскоп и во живо, се одвикна од пелени. 4 дена денес завршивме, гршеше, особено вечерва зошто не му обрнува внимание многу, доста гршешее, ама и си вршеше работа во нокшир-шољичката. Кога сам седнува, кога го ставам јас, кога ќе пушти некоја капка, се на се, добри сме. Со по 3 макс 4 мочани гаќи и денска дремка без пелена, топ сме. Облакаме пелена за спиење само навечер. Планот е понеделник да оди без пелени, само доста гаќи и шорцеви/тренерки. Пробав мал милион пати претходно, само се фрустрирав јас и дете, не идеше
     
    На kozuf и Miss_S им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.656
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    Welcome back ...
    Баш ве мислев до каде сте со баткото.

    Тврдоглавиве кози исти :rofl: Не мислев ич дека олку долго ќе трае т.е дека ќе биде во пелени на 3+. Во моја замисла до 2,5 ќе беше одвикната, во замисла на бабите уште и порано од тоа ама стварно абер немаше од одвикнување.
    Пишував и погоре, тек после 3 роденден се свести детево дека некаков процес се случува и почна да бара и нокшир и се останато.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека 2г е некоја граница кога веќе е нормално да се загрижам зошто не кажува, не му смета итн. Баба на 6м ставала татко и тетка на нокшир, демек мм од 9м е одбиен. Мижи Асан да ти баам. Можеш да замислиш кој стрес и беше на 3+ години што баткото не беше одвикнат. И реков дека ако мисли дека има начин, нека повели да го одвикне. Ете потфрлив во овој поглед, не успеав рано да научам деца да мочаат во нокшир.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.656
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    Сис, мислам повеќе нервози од околинава имав отколку од самото тоа што дете носело памперс.

    Едит: се изнаслушав и коментари како Х мајки тренирале дете уште од 2-3 месечна возраст да кака само во одредени време, во одредена положба. Во мојава околина мајки.
    Може е можно, не викам тоа. Може јас само не сакав да се посветам на тоа.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    А да си жива и здрава. И не спорам дека не чини што на 3ипол скоро е со пелени, јасно ми е, ама дека бебе од 2м кака само на шоља, пази не на нокшир, на шоља, абе ај.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    9.099
    Пол:
    Женски
    И моето козиче на иста возраст извади пелени. Изгледа во месец мај им кликнува :rofl:
     
    На Mumoftwo30 и Miss_S им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.226
    Допаѓања:
    40.613
    Пол:
    Женски
    До месецот ќе да е :D. Еве уште една коза. Од минатиот петок започнат процес. Веќе 2 ден без грешка за мочкање (ова со сам да каже дека му се мочка). Сега остана уште за какањето. Кога кажува, кога не. Пладневна дремка без пелена, ноќе ставам за секој счучај, ама и таму веќе 3 ден празна пелена :party::party::party:
     
    На kozuf и Miss_S им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.656
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    Козава моја не знае да кажува со збор пола од времето, само ја снемува некаде (facepalm)
    И додека си се завртил слушам во вц некој (а.к.а козата) пушта вода и вика готово мочкав

    Е по цела куќа барам алишта после оти за мочкање до чорапи, до се топтан слекува :rofl:
     
    Последна измена: 30 мај 2026
    На Mumoftwo30 и Ano им се допаѓа ова.
  9. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    7.934
    Пол:
    Женски
    Се одвикнавме, 6 дена со само една грешка навечер. Не дава ни навечер да му ставаме ама јас околу 2 секоја вечер го ставам на нокшир, синоќа прв пат не мочаше и издржа до сабајле :party:

    Кај нас знаците беа: Со памперс пред секое какање и мочање кажуваше, менувањето памперс стана невозможно, се будеше долго (околу 2 недели сигурно) со сув памперс и ако не му го сменев уште првиот саат по станување утоп мокар стануваше, приказни за “памперс блак” раскажувавме и почна сам да ги кажува на други деца. И во неделата кажа сам нејќам памперс сакам гаки и не дозволи повеќе да му ставиме. И мојот е коза и толку се плашев и одолговлекував, ама ете ептен лесно било со спремно дете. Наеднаш ги тргнавме и навечер. :inlove:

    Едит: ова на 3 год и 7 месеци, претходно беше невозможно се мочаше кај стигне а јас трпение 0. Среќа пред прво одделение реши да ги тргне :D
     
    На Ano и Miss_S им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.132
    Допаѓања:
    22.336
    Пол:
    Женски
    Во кој момент почнаа да кажуваат сами дека им се мочка/кака? Една недела сме без памперс, ставаме само за спиење и за дремка. Во градинка 3 дена беше супер без грешка. Дома исто ретко греши. За какање тргна 1-2 пати во гаки ама го пренасочувам на нокшир и таму завршува работа. Надвор одиме без пелена и издржува 2-3 саати без проблем. Пробано да мочка надвор, не сакал до сега ни еднаш. Ама не кажува, оваа недела цела ни еднаш ме мочкал зошто кажал туку зошто јас го носам. Кога да очекувам да почне сам да кажува?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.656
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    Мојава почна уште пред некое време да вика Да мочкаме... Посебно наутро кога ќе се разбуди, пред бањање, некако како да и стана навика, дека тогаш "мора" да се мочка. Инаку повеќе знае да појде сама до вц отколку да каже со збор.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.009
    Допаѓања:
    6.748
    Ах, моево искуство со двајцата е различно, за мочкање едниот почна сам да кажува по една недела, другиот со месеци го потсетував. И ако го оставев ќе држеше додека не може да издржи и обавезно една капка ќе му отидеше ...живци скинав тие месеци, се покајав што почнав процес толку рано. За какање пак, од прв ден почнаа двајцата да кажуваат, ниеднаш не згрешиле.
     
    На Mumoftwo30 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.226
    Допаѓања:
    40.613
    Пол:
    Женски
    Кај нас па обратно. Вика ми се мочка и чека да го соблечам (facepalm).
    Ама бар додржува. Еве денес и на пат бевме. За секој случај му ставив пелена, ама он си кажуваше и се стрпуваше да најдеме паркинг да подзастанеме па да мочка

    Ова стварно зависи од детето исто како и возраста. На големиот на две му тргнавме пелени, овој еве дури 3г и 5м. И сега бев безнадежна, а од градинка форсираа. На крај баба му пресече. Минатиот петок она му тргна пелена и тргна возот. Првите неколку дена абер немаше. Дури го прашував дали му се кочка, викаше не и нареден момент направил беља :@. За малце ќе направеа беља во градинка, една од неговите негувателки беше отсутна, после пладне ги префрлаа кај јасли и тие од таму два дена ми го враќаа со пелена иако инсистиравме да се придржуваат. И подлоги и преслеки се им беше оставено. Среќа не го збунија. Викендов и не бевме дома и не ни очекував дека ќе се смени нешто на нов терен. Ама ете изненади. Сега останува уште во градинка да се покаже како што треба од утре и ќе славиме :party::party::party:
     
    На Bella_Stella и Miss_S им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.656
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    Знаете што ми е "мачно". Само што сме легнале и имаш - да одиме да мочкаме |(
    И пак цела процедура на легнување одново.

    Тоа дека моево е тешко за заспивање и ќе си најде 29191 причини за да го одложи спиењето.
     
  15. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Син ми ке прави 3 години за еден месец несакаше никако во ношкир не го ни теравме пред некој ден виде тие за на соља што се за ставање и сакаше купувме и сам седна дома на соља ама после замина во Охрид со мојте па му вратив памперс еден ден од вчера вел ден беше со гаќи еднаш греши вчера цел ден кажуваше и надвор кога бевме одма кажуваше са навчер уште ми беше страв му го стаев сабајле прво побара памперс после рековмо дека е голем и облече гаќи седна на соља до сега кажа два пати сабајлево дали сме на добар пат за одвикнување?
     
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    9.099
    Пол:
    Женски
    Мислам да, штом соработува не враќајте памперс сега да не го дозбуните.
     
  17. A.V.S 91

    A.V.S 91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Синко ќе полни 2 за некој ден и почнувам да се спремам за тргање на пелени, но искрено моментално невозможно ми изгледа. Нема абер од кажување, ни за какање а да не спомнувам за мочкање. Кога кака се крие и ги брка сите од соба, не дава да се смени пелена... имаме и нокшир и адаптер но не сака ни на шала да седне. Сака само вода да пушта на казанче:D Некој со слично искуство?
     
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.656
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    2 години и не е така многу. По ова што го пишуваш мислам и не е спремно детето.

    Другарка реши дека мора на 2 да го одвикне детето. И таа дома и детето дома, мислам без одење во градинка и слично.
    Можам да ти кажам дека повеќе од месец и пол переше и чистеше мочки на сите страни во домот, додека се свикна денски да не грешки. И некаде уште пола година ако не и повеќе ноќе грешеше. Па комплет менување постелнини сред ноќ, пижами и се што следува.
     
    На Fenix05, Mumoftwo30 и A.V.S 91 им се допаѓа ова.
  19. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Сабајле надвор еднаш се помоча сега пак кажува кога му се моча па незнам ке видиме
     
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    18.810
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се помоча, не може магично од прва да научи. Не му ставај пелена пак, ќе го збуниш само дополнително. Не се откажувај, повеќе трпение само.