1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    9.059
    Пол:
    Женски
    Машкиве особено, на 2, би рекла не. Јас немав време за мочки бришење и перење и натегање, еден одмор од 2 недели не планирав на тоа да го трошам, мојов среќа за 1 ден се одвикна без грешка, на 3 ипол години :rofl:. А навечер малце помачивме мака ама го будев едно време, па не беше и тоа драматично
     
    На lackygirl, Miss_S и angel4444 им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.490
    Допаѓања:
    25.245
    Пол:
    Женски
    Мало е...
     
  3. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Ве исчитав колку што можев. Вака моето синче во август полни 3. Не сум почнала со одвикнување мислев да оставам сам да покаже интерес ама тешко. Посебно ме кочи тоа што навечер се уште станува за млеко (еднаш) и нема суво пелено. Па мислев да почнам од тоа, да го тргнам скроз млекото па да видиме дали ќе има суво пелено или да оставам тоа? Инаку сега разбира се, си има нокширче знае дека таму треба ама само толку. Тој кажува само откако ќе се искака дека има кака, за мочкање ич не кажува. Како да стартувам? Ќе пробам летово да се научиме… Нејќам да го форсирам ама сакам да пробаме, плус големко е.
     
  4. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    211
    мајка многу е голем за пиење било што. Мора да се заврши со вечера, мињее заби и евентуално многу малку водичка, ништо друго. Ние пробавме и нокшир и адаптер, навечер носи уште а преку ден е супер. Нас ни помогна механизам на награда, 5ки на рака, стикери, навивавме како ненормални кога ќе се измочка/искака бо нокшир. Скоро и да нема грешки веќе. Голем избор на гаќички да си одбере што сака да носи и никако да го посрамотувате или карате ако згреши туку убаво објаснување. Со лесно
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    19.127
    Пол:
    Женски
    Ако ти изгледа невозможно, тогаш не ни почнувај.
    Ке се спасиш себе од бришење мочки и каки насекаде.
    Кога детето е спремно, доволно се 2 недели. Исто толку и да видиш дека не е спремно, макар детето имало 3 години.

    Големо е детето за да станува ноќе за млеко. Плус е многу лошо за забите. Престани да даваш млеко, нека се навикне да не пие ништо, па по некое време пробај да тргнеш пелени.
     
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.226
    Допаѓања:
    40.612
    Пол:
    Женски
    Чисто како подготовка што мислам дека помогна кај нас (по совет од учителките од градинка). Еден месец пред да тргнеме пелени правевме навика на седнување на нокшир. Го седнував на редовни интервали. Ем за него навука, ем се добива претстава дали детето воопшто е спремно.
     
    На JoyJoy и Miss_S им се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    26.926
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш велам и тука пишувам дека мое мислење е за нешто што е нормално за дете со нормален развој тренинг не е потребен. Никој ама баш никој не тргнал на школо со памперси, природно само ќе покаже интерес и без драма и за тебе бришење мочки и перење на секое ќе си тргне пелени. Големата на 3г и 4 месеци ги тргна, малото на 2 и 10 месеци. Двете сами кажаа мама гаќи, од тој ден ни еднаш не се измочале во гаќи. Притоа мислам дека мали деца греота се да "мораат" да трпат. Буквално го тренираш да ја задржува мочката на саат време и више, а во памперс мочкаат на 15 мин по малце. Како расте така помалце ќе им потреба од излеснување и тогаш ќе се откаже без проблем.
     
    На _Nofilter_, Sunrise!!!, angel4444 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    19.127
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со напишаново. Спремно дете нема да се мачи со месеци. Процесот ке трае многу кратко.


    Како родител, ништо нема да правам јер така треба и така кажала комшивката.

    Не престанав да дојам кога ми напоменаа дека е доста - доев до 3 години.
    Памперс самиот го фрли на 2 години и 2 месеци - во јули наполни 2, во септември веќе беше без памперс.
    Значи имав дете кое цица а не носи пелени.

    Сеуште спие со нас - ке полни 7 години летово. Заспива со приказни.

    Треба да внимаваме како ги воспитуваме децата, да се нирмализира дека маж смее да плаче, а не машко дете од 4 години. Насилство треба да е строго забрането и многу да се збори за тоа. Да се знае дека НЕ е НЕ. Листата е подолга.

    Форсирање на вадење пелени и бришење мочки со месеци нема бенефит за никого.
     
    На _Nofilter_ и anggell им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    39.867
    Пол:
    Женски
    Голем е за да пие млеко ноќе. Тоа треба да се тргне најмногу заради забите. На оваа возраст тоа му е навика да презаспие ноќе.

    Кога ќе го тргнеш млекото види дали ќе има суви пелени. Ако сеуште се мокри сабајле тогаш му треба уште време. Ако се суви може да почнеш со одвикнување. Сепак и тогаш ќе треба да процениш дали е спремен или сеуште не е.
     
    На JustBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.490
    Допаѓања:
    25.245
    Пол:
    Женски
    Моето исто август прави 3 год, не пие ништо ноќе па пак станува со полна пелена. Не е убаво за забите млекото ноќе, поради таа причина да му го тргниш млекото.
    Иначе почна да вели сакам гаќи почна да бара гаќи како брат му, арно ама не кажува, викендов дома, му ставив гаќи вчера сабајлето и стоеше 2 сати непомочан, па излеговме надвор и се помоча во двор, после за спиење пелена ставив и толку останатиот ден во пелена си беше. Неможам да продолжам бидејќи е в градинка и никој не сме слободни дома и така ќе си носи уште некое време пелени. Кажува и преку ден и навечер мама се помочав :D смени ми пелена, аха му велам за едно мочање нема пелена менување :rofl: и така не се буни.
     
    На JustBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.132
    Допаѓања:
    22.336
    Пол:
    Женски
    Син ми е без пелена од 23 Мај. Незгодите иако ретки, сеуште ги има, ама не секој ден. Во градинка ниту еднаш нема погрешено, сам одел се соблекувал и мочкал. Воспитувачката се чудеше дека не кажувал дома. Е дома сеуште нема кажано мама ми се мочка. Мочка во шоља, ама само ради тоа што јас го носам, а некогаш знае да негодува иако му се моча, па применувам “финти” од типот леле види диносаурусот оди да мочка во твојот тоалет итн. и пали секогаш. Со какањето малце потешко му оди. Во градинка воопшто не кака, ама и кога беше со пелени ретко какал таму. А сега дома знае да не кака два дена, па после да се опушти. Клекнува и тргнува во гаки ама го пренасочувам и завршува во нокшир. Денес прв пат кажа мама ми се кака, така да го сметам тоа за напредок. Мислам дека уште не му е баш јасно и не си го познава нагонот во целост. Се случува да се искака малце и да мисли дека е готов, ќе го измијам ќе го средам и после тоа да се докака на несоодветно место. Генерално мислам дека добро му оди. Надвор кога одиме до сега ни еднаш не погрешил. Ве читам сега дека спремно дете се одвикнува за две недели, ама не сум сигурна колку е тоа добро формулирано. За моето дете мислам дека е спремно, па ете се одвикнува веќе 15 дена и уште прави грешки. Секое дете е различно и на секое му треба различно време да совлада одредена работа и тоа е сосема ок. Без форсирање и притисок и сѐ ќе си дојде на место. Јас лично бев со идеја кога ќе направи 3 да пробам да ги тргнам пелените како што и направив, ама никогаш не си ставив притисок дека мора и немаше да инсистирам ако видев дека не е спремен.
     
    На _Nofilter_, JoyJoy, kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Вчера беше без памперс и на гости кажуваше цело време а и денеска исто преку ден и излезени кога бевме не направи грешка еднаш дома само а навечер има памперс уште нема скорз сув памперс од сабајле кога ке стане
     
    На Mumoftwo30 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. Macjovdar

    Macjovdar Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Ми треба совет од вас кој сте го поминале овој пат. Моето дете е 2г. и 4 месеци. Свесна е за мочкање и какање, односно кога сме дома без памперс сама ми кажува и си седнува. Е сега сакам да почнам скроз да ја одвикнам и проблем е навечер. Спие цела ноќ без будење и кога ке стане памперсот е полн.Ако ја разбудам плаче без престан и несака на нокшир бара пак да си легне. Некој совет за ноќите?
     
  14. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.114
    Како одвикнувате деца на одмор?
    За еден месец одиме и сите ми викаат така да направам, ама кога ќе ја замислам логистиката не ми е јасно баш. Во апартман, на плажа, во ресторан, ќе чистам и собирам цела таа една кутра недела одмор што ја имам во годината? Во апартманот, може било каде беља да направи, други луѓе утре ќе идат да спијат таму. А на топлото време сигурно ќе сме таму добар дел од денот.
    Долг пат за назад и седење во седиште, што ако го измоча или полошо? Од безбедносен аспект не се препорачува никакви подлоги и додатоци во седиштето, знам дека никој скоро не се замара со тоа па може затоа? Цела сум прашалници.
    А ќере бара гаќи, гледа од градинка, ама не сака да седи на нокшир и шоља воопшто.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    9.510
    Пол:
    Женски
    @kozuf , баш од истите мисли не се нафатив да одвикнувам на одмор. Не одиме на свое, утре што се вика други после нас доаѓаат во собата и некако (за претходната година) не ми идеше на одмор да е цело време без памперс и да прави бељи на сите страни.

    Опција да е гола на плажа цело време - втор нели совет од баби. Може е добро. Јас не ја оставив, цело време ставав памперси за во вода што се.
    Не од аспект што ќе биде голо детето таму, ќе го гледа овој или оној. Туку од аспект што седнуваше во песок цело време и ми беше страв од инфекции да ја оставам комплетно гола.
    Така да одвикнувањето на одмор пропадна.
    На 3 години се свести кај се наоѓа и за процесите и сама да бара да седи на нокшир.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.132
    Допаѓања:
    22.336
    Пол:
    Женски
    Сама си имаш пишано зошто и јас лично не сум за одвикнување на одмор. Не дека син ми беше лани спремен, ми поминало низ глава ама ми нема логика. Тоа е баш специфичен период, интимен да не речам. И апсолутно непотребно според мене е да се прави на одмор. И син ми нејќеше да седне на шоља/нокшир, ама тоа се смени преку ноќ. Месец дена зборев дека ќе купиме гаќички зошто он е веќе голем батко и дека ќе мочка во шоља. Денот пред да ги тргнеме пелените му кажав сега ќе спиеме а утре кога ќе станеме ќе ја фрлиме пелената и ќе облечеме гаќички. Кога стана од сон прво што побара беше да го направи тоа. Сам се соблече, облече и прв пат се измочка во шоља. Пишав погоре дека сеуште имаме незгоди, ама важно стравот да седне/застане да мочка е надминат. Ти имаш сосема доволно време да почнеш од сега, до одмор ќе сте веќе супер. Купи и гаќички со омилени ликови, принцези, што и да сака. На шоља/нокшир пробај да носиш некоја омилена кукла/мече, демек они мочкаат итн. Ќе си најдеш некој метод што ќе упали. Важно е да се решиш и да ги тргнеш. Знам дека одлуката не е баш едноставна, ама не се плаши. :)
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    39.867
    Пол:
    Женски
    @kozuf ја немам слушнато дека деца се одвикнуваат од пелени на одмор. За одвикнување треба време и услови. На одмор нема баш услови за одвикнување.

    @lackygirl ако еднаш се помочал не е е ништо страшно. Ќе сфати после неколку пати дека не треба да моча. Ќе го поврзе нагонот за мочање со влажност и ќе му кликне. Ако веќе сам бара да не му ставаш пелена пробај за викенд. Ако не оди и после два дена тогаш врати пелени. .
     
    На lackygirl и kozuf им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.363
    Допаѓања:
    11.048
    Пол:
    Женски
    Никако.
    Јас ќерката ја форсирав на одмор на точно 2 години, 2 дена се мачев мочки бришев, какаше во купачи и си седеше така и кога ми го фрли нокширот од балкон, се откажав. 10 дена на море имам, стресни ќе си ги правам.
    На крај на зимување кога бевме на 2 г и 4 мес ги фрли ко од шала, ќе мочаш на адаптер, ќе мочам и толку беше.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.375
    Допаѓања:
    15.676
    Пол:
    Женски
    Малиот ми е 2 год и 3 месеца, на истава возраст на сестра му ги извадив пелените и генерално лесно беше. Малку повеќе негодуваше за какањето, ама ништо страшно. Ама она не мочаше ноќе од бебе, стануваше со сува пелена, плус не какаше често. Сега овој станува со мочана, не полна ама далеку е од сува, и му се случило и да се искака сред ноќ. Не пие ништо ноќе откако е одбиен од цицање на 10 месеца, не му давам ни млеко пред спиење, си вечера накај 8 и во 9 легнува. Денски ќе го пратам, ама за ноќе не знам како ќе иде одвикнувањето, ич не сакам да го будам само за мочање, побитно ми е да спие ноќе отколку да го одвикнам порано од пелени, иако мислам дека веќе може да се одвикне.
    Вака не кажува пред да моча и кака, ама знае да задржи. За какање се крие зошто ако го видам одма му менувам пелена, па не сака да го прекинувам во играње, значи знае кога му се кака и трпи додека да отиде во друга соба. За мочање само еднаш го фатив дека сака да моча, гол пред бањање и му викам немој да мочаш на плочките, влезе во туш, ме праша "тука мочам?" и кога му реков дека може после се измочка.
    И така сега сум на 2 ума дали да се наканам да пробам сега без пелени, крај на август на одмор не сакам да се бркаме. Или сега да има време да се научи убаво, или откако ќе се вратиме. Ама како одат деновите, како читам искуства, изгледа од септември ќе биде.
     
  20. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.114
    Фала девојки на секоја, многу ми значат споделените мислења :l:
    Секоја сабота до одморот сум на работа, имам тесни рокови, и немам како да почнам дома пред тоа, барем два дена да ги врземе па да продолжат во градинка.
    Ќе направам некој продолжен викенд во август изгледа па така ќе биде.
    Малку повеќе да соработуваше можеби ќе можеше и порано.
    Криво ми е што сега се бориме да и ставам пелена, најчесто не сака, а ако ја оставам по гаќи после градинка моча и кака на сите страни по малку. Купив 3 нокшири и адаптер, последно сама бираше, ама не сака и не сака. А во градинка 2 пати барала да мочка како поголемите и ја носеле. Може и ја збунивме само. На туширање на плочки еднаш само се помоча да клекне и да речеме ајде може. Во август 3 години ќе има :sweat: