Повелете линк со знаци на подготвеност за одвикнување од пелени: When to Start Potty Training: 7 Readiness Signs | Pampers. Во принцип треба да можат да бидат суви подолг период (не мора ноќе туку денски). Да знаат што прават кога каакат/мочаат па дури и тоа ако е откако ќе завршат работа. Да бараат да носат гаќи или да имитираат возрасни.
Уште малу една недела без памперс ама преку ден навечер и за дремка му ставам кога станува сабајле не муе сув уште ама за надвор кажува кога шетаме и дома не грешаваденеска еднаш надвор ама не беше страшно кажува кога сака да моча за какање уште не дали сме на добар пат да се одвикне ?
Тргни му ја за денска дремка пелената. Син ми не сакаше да кака во нокшир, пелена ми бараше специјално за какање, му ставав и му ја вадев после. Навечер никогаш немаше сува пелена, го будев пример пред јас да си легнам и околу сабајлето го прашував дали му се мочка. Ќе ставаш подлоги непропустливи под него еден период. На пат сте, сега нема назад штом сте почнале со процесот и како така терате.
Децата се одвикнуваат кога ќе станат спремни. Ич да не се грижите и да ги споредувате со други. Син ми пред 3 години се одвикна ама за какање сам си бараше памперс. Му зборевме, објаснувавме ама џабе беше. Не сакав на сила, и после некој месец сам побара не на нокшир туку на вистинска шолја да кака. Мислев дека ме зафркава кога побара и оттогаш не побара памперс. Исто и внука ми, таа на 3 години и некој месец сама си побара и веќе не сака памперс. Кога се спремни сами си побараат, да нема форсирање за ништо најдобро.
Одвикнувањето од пелена ми се гледа далеку иако наполни три години. Значи строго јасно и гласно кажува дека сака да кака и мочка во пелена и не сака ни нокшир ниту адаптер. Пример го капам вчера и ми вели мама пишки ми се, очу на адаптер. Го ставив одма побара да стане. Му велам ајде мочкај во када. Неее нечу. Узми ме мама стави ми пелену чунсе упишам. Значи се стискаше и кога му ставив пелена се измочка. Давајте совет за вакво понашање и некоја цака како да се убедиме.
Позитивно е што веќе е свесен кога му се мочка/кака. Да го оставаш скроз гол во двор, на балкон, пример? Може повеќе би се опуштил низ игра. Евентуално некој интересен писоар
Го оставам, не го форсирам. Гледам некој страв како да има да го направи тоа надвор од пелена. И не ми е намерата да си направиме проблем. Инаку интересен адаптер поврзан со скали му купив, два нокшира имаме, еден обичен, друг како вц шоља е. На ништо не сака да седи. Уште од мал не сака да седи и тоа ни е првичниот проблем што го немам одвикнато. Со сила ништо не бива нели. Лани мочкаше во базен во двор, и тогаш знаеше. Значи стануваше да види како ке мочка. А сега има страв да го направи тоа. Во последно се плашиме од многу работи, се надевам дека е период некој. Му купив и гаќички со диносауруси што обожава. Ама за ништо живо не сака да облече. Кога ги купивме, ги проба и одма ги соблече и не ги сака веќе. А за скроз гол не сум го оставила, уште не е толку затоплено. Ама уште некој ден се надевам ќе може и базенче па тогаш да пробаме.
Преку ден е без памперс и за надвор кажува и дома ретко прави грешка скоро никогаш ама за какање никако несака на соља или нокшир
Mamicki sovet ,od denes pocnavme so odviknuvajne od pampers,dobro ni odese preku denta,bitno trca vika mamo mi se mocka,pola ke se pomocka vo gakicki,pola vo noksir,sega se mislam za nokeska dali za spiejne da stavam pampers?
Ние имавме проблем со какање во пелена иако многу рано тргна пелени. Искрено, мислев дека до 6 години ќе се молиме за на нокшир но почна во градинка, таму гледа деца и сама почна да бара. Сега и е доживлај сама да оди во вц, сама да се соблече и седне на нокшир. Знам дека не оди во градинка ама можеш да пробаш со блиски некои со дечиња да ги гледа.
Гледа дечиња, и пак не сака. Нема шанси да го убедам. Ни во када не сака да мочка, се стега цело време дур го туширам. И а ставиме пелена одма мочка. И ми е страв да го терам, да не си направиме проблем. Цело лето е пред нас па ќе видиме како ќе биде.
Денес спонтано прифати да облече ѓаки. И цел ден сме со гаќи. Два пати се мочкаше во гаќи и тоа вториот пат цупкаше и се стискаше со раце и се измочка од што не можеше да се додржи. Ама никако не сака да седне на нокшир. И видеа му пуштав да гледа да види дека тоа секое дете го прави. И дека не е ништо страшно. Пробав да го убедам да се мочка стоејќи, ни така не прифаќа. Не сум паметна како да правам. Имам страв да не си направиме проблем и да не сака да мочка и кака и да се стиска. Ама не би да му враќам пелени. Пробав и со мече го носев го вц ни тоа не допира. Му реков пелена да му ставам на нокшир, не сака ни така. Во базен се измочка без проблем. Ама ете од тогаш нема мочкано, и само вели дека не му се мочка на секое мое прашување. А пак за какање како ке биде. Каша попара мозокот ми е
А ако облекол гаќи мислиш спремен е? Па син ми облакаше така и мочаше во нив и седеше мочан. И што ќе се расправаш со дете што прави така. Му враќав пелена јас.
Точно знае кога му се мочка. Кога му се кака. Само не прифаќа да го направи на нокшир. Како да има страв тоа да го направи надвор од пелена. Денеска цел ден не сака ни да облече пелена. Убаво му било во гаќи. Јас мислам еднаш да се измочка да се убедиме да види како е, дека толку ке биде. Еве сега само ги соблекува гаќите, седнува на нокшир, седи и станува и облака гаќи. Се уште се нема измочкано. Ама бар седи. Инаку по што би можела да знам дека е спремен. 3 години е. Голем е. Се разбира.
Па знам те читав. Затоа ти викам тоа дете збори се и разбира. Син ми беше ист. Исто знаеше кога му се моча кога му се кака, само некој инает како да тераше. Кај и да е многу брзо ќе се одвикне, само трпение имај. Или пробај си, може ќе се убедите. Јас со слично искуство бев, затоа ти пишав. Иначе секое дете е различно.