Ќе пробам. Мора да најдам начин да го убедам. Цел ден тоа му зборам па се надевам ќе почне да му влегува во глава. За се досега морав јас прво чекор да направам. Тежок е многу. Само за одбивање од доење поминав лесно Да се редактирам за нешто што заборавив... Тој не сакаше да мочка во гаќи вториот пат, но не сакаше ни во нокшир. Па му реков дека може во гаќи. Третиот пат ме тераше да го однесам во базен да се мочка Се гледа дека беља не сака да направи
Не сака ни на адаптер. Еве се редактирав погоре. Се гледа дека не сака да направи беља во гаќи ама не прифака на нокшир, на адаптер. Третиот пат ме тераше во базен да го носам. И таму се мочкаше. Има некој страв и тоа се гледа. Не сака непознати работи. А ова му е непознато
Врати му го памперсот. Нема страв, не е спремен. Нема што да мочка во базен, таму, ваму. Се знае каде треба и ќе биде и тоа, но не му е моментот. И ќерка ми знаеше кога и се мочка и кака, па сепак тогаш не беше спремна за одвикнување. Јас пробав неколку пати и кога гледав дека нема ефект, сама ја прашував - сакаш ли да ти ставам памперс? Си кажуваше - да и одма ставав. Оставив сама кога 100% ќе реши. И си дојде само по себе. Имаше 3,5 год, почна да го вади сама памперсот и тогаш после неколку пати од кога направи така веќе ставив гаќи и одвикнувањето траеше буквално два дена. Во исто време и денски и ноќе тргна памперс ( иако првите неколку ноќи и ставав од кога ќе заспие), но после кога видов дека се буди сува, го тргнав за недела дена. Голема беше и гајле ми беше кој шо викал, јас не сакав да се мачиме и така и беше. Во процесот не видовме мака ни таа, ни јас. Грешките на една рака се бројат, не ни ја осетивме транзицијата памперс-гаќи.
Ма ни мене не ми е гајле кој што ќе каже. Ако се замрав со тоа одамна ќе го имав одвикнато. Но тој сам посака гаќи, да се бањал со нив во базен. И му облеков. И ми вели убаво е. И кога го прашав да му облечам памперс, не тој гаќи ќе носел. И си реков еве шанса. Зошто предходно гаќи никако не сакаше да облече. Ги имам купено пред три месеци и така си седеа. Ниту еднаш не го форсирав да прави нешто што не сака. Па така и денес. Сака гаќи а нејќе да моча во нокшир/адаптер. Ќе видам утре како ќе се понаша. Не ми е во интерес да му направам проблем