Има истражување дека свирење усна хармоника и мускулот за мочкање имале некоја сврзаност. Само не ме пцуј после ))))
Ххахаа. Зошто да те пцујам. Далеку било. Баба му со две лончиња седна до него и почна да претура од едно во друго, и тој сакал, па ајде си играше со водата и пак не се измочка во нокширот. Денес трет ден како е со гаќи ама никако да се опушти. Очигледно дека има некоја барикада. Само не сум паметна како да му ја пробијам, зошто не ми е јасно каде лежи проблемот.
Од еднаш сигурно нема да му текне да мочка што и да превземете. Некоја конзистентност неколку дена, ќе биде све, лабаво @warrior Сигурно може и така, дување со уста е и тоа ))
Да кажам имаме мала победа. Трче од другата соба мама мама пишки ми се. Се соблече и седна на нокшир. Цупка цупка со нозете, мама плашим се плашим се, и не успеа да се додржи и се измочка и гледа и се насмеа и ми вика мама пишким. Така да конечно се измочкавме на нокшир и пун е со себе сега и многу радостен. Ќе ве известувам како ќе биде понатаму. Фала ви на сите за подршката. Ми значи секој збор, совет
@Ceneva читај ме. Минатата недела беше дома не го носевме в градинка дека на одмор одевме, демек да не фати коксаки, имаше во градинка, си викам да пробаме секако дома е сега е приликата. Ако не бива ништо здравје. Почнавме. Првите 3 дена ми личеше невозможно одвикнувањето, па ставав денски пелена за спиење и за навечер, потоа имаше промени, не сакаше да се мочка дури е во гаќи, па се случуваше да се помоча во гаќи, првиот пат кога се помоча од простум се уплаши и прекина, срцето му чукаше брзо, ама со аплауз со брат му продолжи да моча. Потоа пак така не знаеше да се помоча па почна да мочка простум, кажува дека му се моча и се моча и во нокшир. Се ослободи. Е сега за какање на сабајле ко ќе стани кака во пелена некогаш, кажува ми се кака и некогаш неможи да додржи и почнува во пелена па продилжува во нокшир. А во текот на денот ако му се кака кажува и си кака во нокшир. Оваа е втора недела така, досега супер е, ставам ноќе уште дека на одмор сме, план ми е ко ќе се вратиме да му ја тргнам и ноќе. Само еднаш се помоча в гаќи тука на одмор, на шетање и се враќавме во апартманот за да го преслечам. Сношти си носев и плус облека Имавме само една така загрижувачка ситуација. Ноќта саботата пред да тргниме на одмор му ставив пелена за спиење вечерта, станавме во 4 и пол и не сакаше да се моча, пелената сува му беше, одиме на граница пак му ја извадив пак сува пелената, пак не можеше да се мочка. Некаде кон 10ч пред Солун застанавме пак да пробаме да се помоча, сува пелената, одвај некако се помоча простум пак, ми олесна мене, се уплашив дека така, не сакаше да моча ни во пелена ни слечен, неможам велеше. Тука на плажа се мочка во кофиче Мама ми се моча и си зема сам кофиче Искрено првите 3 дена ми личеше дека нема да биди брзо одвикнувањето ама испадна побрзо од што очекував. И многу полесно спрема првото дете. Првото на 2 и пол год 1 месец се учеше. Ова август ќе прави 3 год. Се одвикна во 1 недела.
Се измочка моето и уште еднаш во нокшир и тоа важен таков идем да пишким. За какање денес си побара пелена и му ставив, не сакав да го сечам и со какањето, целта ми беше да успее прво да мочка на нокшир, да се запознае со процесот. Ама сега ќе го терам и да кака на нокшир ако продолжи да си мочка. Ама мислам дека сега нема да имаме проблем зошто го победи стравот за мочкање и ќе си мочка понатаму. А за какање ке видиме..... Дома сум, не работам имам време да му се посветам максимално. Насмевката на лицето нема да му ја заборавам никогаш. Таа трансформација од страв и кога виде дека мочка како да му се озрачи фацичката со светлина. Голема борба имаше во себе дефинитивно душа мајкина.
Страв имаше и мојата голема за какање од една реченица што ја рече баба и, немој да се плашиш и она се сецна и толки беше.. после до 3г и 4 месеци ја држев со памперс и не и праев притисок ама чим вие веќе сте поминале ставот со мочање ќе биде и за какање. Јас секогаш еуфорија им праам за се кога ќе треба нешто да направат или кога ќе го направат тоа е фалење фалење.
Ќе почне и да кака. Не се откажав на тој отпор давање првите два дена за мочкање во нокшир. Од кога се измочка, сега стално сам доаѓа и кажува дека му се мочка. Седнува и мочка. Само еднаш се измочка во двор доле во гаќи, и му реков друг пат кажи на дедо ти да ти ги соблече гаќите и да мочкаш. Бевме и надвор излезени низ град. Си кажа дека му се мочка и се мочкаше во еден кош таму на улица. Така да за пола ден колку постигнавме, сме топ.
Јас мислам дека сте на добар пат, сепак е малку помала и можеби ќе и треба повеќе време да научи да задржи кога ќе осети дека и се мочка. Те прочитав и мислев да ти пишам ама ете фокусирана на синко, сум заборавила. Само стрпление и се ќе си слегне. Синко е поголем и се гледа дека водат голема борба во нив низ овој процес. Некој деца брзо прифаќаат промени, некој не толку брзо. Наше е да ги бодриме, зборуваме, да им се всади во мозочето нивно. Инаку слушав едни воспитувачки, они велат дека одвикнување преку ден и ноќе да се разделат. Прво дење да совлада, па потоа и ноќе. Е сега, јас мислам дека сепак е до детето, прати си го детето и нека ти тоа диктира. Сепак ова е процес кој треба да се водиме по нив, а не ние како сакаме.
Да се пофалам. Уште една мала победа денес, се искакавме го нокшир. Денес ниту грешка за мочкање нема направено. Дефинитивно страв кон нокширот имаше, а не дека не беше спремен. Така да, мајки, ако децата знаат кога мочкаат и какат во пелена и те како се спремни. Само треба да де потурнат со многу поддршка, бодрење, зборање.
@Ceneva , не знам за тебе сестре, ама јас си мислам дека месец уназад само за мочки, каки, гаќи правам муабет со сите Инаку браво за баткото. Ај сега и "рецензија". Се изнагледав видеа и се и сешто, плус 300 критики, како мајките биле криви ако децата останат 3+ години во памперс. Од совети едноставно прекинуваш да купуваш памперс, сака-не сака ќе седне на нокшир, до не знам какви не совети. Конкретно кај нас, пробано и на 2 и некој месец, едноставно не му кликнуваше на дете, ни кога е мочана, ни кога е какана, ни дали било во памперс или во гаќи. Јас решена дека нема да бришам низ куќа со недели баталивме. Некој месец подоцна сама почна да вади памперс и да оди да мочка, повремено, не секогаш. Без памперс бидна кратко од кога сама изјави интерес и бидна одеднаш. И многу е полесно и без нервози кога веќе дете е спремно. Имавме може 2 грешки во цела недела ама не се споредуваат со 10тина помочкани гаќи во едно попладне, на 2,5 години кога немаше абер од одвикнување.
А што ако децата се одвикнат од памперс после 3 години? Јас стварно не го сфаќам притисокот. Нешто уназадени ли се? Имаат ли проблеми понатаму во животот? Не. Само форсирање беспотребно, едноставно на секое дете во различно доба му е возраста за одвикнување и тоа е скроз ок.
Јас многу не правев муабет за тоа ниту прашував. Едноставно не сакаше гаќи да облече. Тоа беше вриштење. Кога реши да облече спонтано ми дојде да почнам да го одвикнувам. Ама одеше тешко првите денови зошто не сакаше тоа да го направи во нокшир. И пред да се измочка прв пат гласно кажа дека се плаши и цупкаше со нозете дур седеше на нокширот. И му се испушти и виде дека не е страшно. Ете од тогаш си мочка во нокшир и ниту еднаш не згреши. Само еднаш во двор уствари и толку. Дури и бевме низ град сношти и ми кажа мама пишки ми се и се измочка во едно ќоше таму на улица без проблеми правење. И искрено никогаш не се замарав што ќе кажат другите, голем бил не знам ти што. Да голем е, се му знае газот. Ама не му беше дојден моментот и јас ништо не форсирав. Ова ми беше прва проба да го одвикнам и ете на добар пат сме. А коментари секогаш ќе има, ако не е за тоа ќе биде за нешто друго. Ама јас не обрнувам внимание, мое дете, мои правила. Тие ниту ми го чуваат, ниту ми даваат пари за пелени
Јас од домашните немав многу притисок, од други поблиски често имав коментари како тој и тој се одвикнал на 2, кој на 2,5. А општо по интернет на рандом видеа страшни и навредливи коментари се изначитав. Неповрзани со нас, далеку од тоа, а ни пак ме погодиле. Некој рил од мајка со дете, пишува совети како го одвикнав детето од памперс на 3+ години. Е мислам тоа страшно што се крепи светот и какви се не навреди имаше упатено кон жената. Инаку кај нас конкретно, бидејќи оди и во градинка, само со воспитувачките координација направивме и дома како поминува апдејт секојдневно и во градинка. За да не биде еднострано одвикнувањето.
Баш си размислував околу темава, ќерка ми направи годинка пред две недели и свекрва ми почна да ми збори да сум ја ствала на нокширче, ќерка и на година ипол кажувала готово… викам сигурно! Уште будала ме направи… не го разбирам притисокот и муабетите и скроз е непотребно. Ќе трчаме сега по детето да бришеме низ стан, лето било - глупости! Ќе си дојде ред ќе си каже, ќе почнеме ќе извадиме памперс , на годинка сигурно не
Од искуство со ќерка ми, ако би имала второ дете, може порано ќе почнам да го запознавам со идејата на користење нокшир. Не одвикнување ама да речеме од после година или година и пол, наутро после будење да седнува или пред спиење или после дремка. Со ќерка ми воопшто не ни правев такво нешто, не дека не се научи де, ама од сегашен аспект ми делува дека може е добра основа за повеќе осет да се развива.
Абе мала ееее, годинка тек направи не мислам дека е свесна ни за мочкање ни за какање не па да ми јави
Не мислев да ти кажува, туку само концептот на нокшир да го запознава. Пример се будите наутро, ја слекуваш и седнуваш на нокшир, дали ќе се помочка или не, не толку битно. Или додека спремаш вода за бањање. Бар јас така би направила ако би имала друго дете. Што би се рекло скроз поразлична стратегија од ова првово. Јас после втор роденден седнав прв пат дете, ајде во вц, ајде чекаме, 5-10 мин, абер нема од мочкање, ајде вода, ајде не знам што, само да го осети процесот де. Е битна работа, викам да ни помине времето ќе земеме сликовници да вртиме. Бидна мочкањето што бидна по некое време И дете си сфати дека кога вртиме сликовници треба да седи на нокшир, технички нокширот со столче си го поврза Така да ништо од мојата првична замисла дека одма ќе и кликне оти нели поголемо дете.