1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    7.284
    Пол:
    Женски
    Хахахха сега баш во Пиколини кога бевме на разговор една од учителките сподели дека нивната пракса од искуствое дека треба пред вториот роденден да се почне со ставање на нокширче, они рекоа од 18медеци почнуваат во договор со родител па така некако ми ѕвучи ок
     
    На Ceneva и Miss_S им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.246
    Допаѓања:
    8.850
    Пол:
    Женски
    Јас ова го пробав тоа лето од кога наполни една годинка. Ама моето не сакаше ни да седне. Не сакаше да седне до предходната недела. А го допреше нокширот со газ одма рипаше (facepalm)
    Не секогаш и тоа функционира. Се зависи до детето. И јас сакав да се запознае порано со нокширот, ама тој си имаше други планови. Кога облече гаќи, почна да седи на нокшир. Предходно немаше санси.
    Ама ја подржувам идеата да детето седи на нокшир од мало, ако сака да седи. Мислам дека има предност кога е запознаено детето интимно со нокширчето.
     
    На plava.90 и Miss_S им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.141
    Допаѓања:
    22.342
    Пол:
    Женски
    После колку време тргнавте ноќни пелени? Од 23 Мај е без денска пелена, а навечер уште му ставам. Генерално е сува наутро, ама знае некогаш и да е мокра зошто пие многу вода, особено на жешково. Дали откако ќе ја тргнете ноќната пелена ги будите ноќе за да мочкаат? Сам нема шанси да се разбуди и да каже зошто спие цела вечер и не се буди воопшто, освен некогаш за да се напие вода во полусон.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Некаде после месец, не ја будев воглавно си стануваше сува , нормално имаше и ноќи кога ќе се измоча у сон ама не беше често.
     
    На Ceneva и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.575
    Допаѓања:
    27.030
    Пол:
    Женски
    Јас вчера не памтам што правеа децава, она сигурно памти пред 30г како било. Абе филмови повеќе прават.
    Јас сум на став дека под 2,5г е рано, ако после 2,5 е спремно самото во ред ако не ќе дојде време.
     
    На Cherry333, lackygirl и Baby warrior им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.575
    Допаѓања:
    27.030
    Пол:
    Женски
    Со големата траеше долго пошо нон стоп беше полна, од кога ја слековме си стануваше сама кога ќе и се мочкаше. Малава од прв ден тргна дење и ноќе еве веќе 3 месеци нема станато на мочање. Пред спиење неколку пати ги терам да одат.
     
    На kozuf, Baby warrior и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  7. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    1.118
    Во сабота после работа ќере запна не сакам пелена. Не сакаше да седи на нокшир па имаше избор, или пелена, или гаќи + нокшир. Ајде се согласи да седи на нокшир. Попладнето свеее измоча дома. За спиење вечерта со пелена. Неделата друго дете, цел ден со гаќички, си кажуваше ми се мочка ми се кака, вчера во градинка исто, 2 дена без грешка, и будна, и за дремка.

    Навечер пред спиење бара да пие вода периодов. На топлово и се буди и бара во текот на ноќта водичка, а има и запек стално, па не ми е добра опција да не давам вода. И не се суви пелените наутро. А војна е да ја ставиме воопшто пелената за спиење, гаќи сакала.
    Пробав да ја однесам на нокшир пред спиење и уште еднаш пред да си легнам јас, не сака, ништо не прави, не и се мочкало.
    Ништо и немам зборено против пелените, не знам зошто вака. Имате ли некој совет за мене?
     
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.727
    Допаѓања:
    9.669
    Пол:
    Женски
    @kozuf , за ноќно, да заспива без, па после да ставаш ако спие цврсто?

    Или ставај на кревет водоотпорни заштитници, па терајте без памперс. Може за брзо ќе развие осет да се буди ноќе.
     
    На kozuf и Ceneva им се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.246
    Допаѓања:
    8.850
    Пол:
    Женски
    Не сака ни за спиење пелена? Синко дава за спиење зошто тоа се за спиење пелени, така му зборувам.
    Пробај така дека се посебни пелени за спиење. Или од кога заспие стави и пелена.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    1.118
    Не сака, баш тоа и го зборев демек тие се специјални, ама не, она била голема за пелени. Пробав на спиење ама дури да соблечам гаќи, да ставам пелена, ми се разбуди на 2 пати и си ја извади пелената. Врз гаќи пелена не сакав да ставам оти мн и е осетлива кожата страв ми е ако седи во мочки со залепени гаќи цела ноќ да не се воспали. Или претерувам?
    Пелена гаќи не успеав да ги облечам какви се тесни, а будна и такви нејќе. Со нас спие на спална, ротира 360, на глава ми се качува, уште да ме помоча на коса фали од сите мои мајчински резили :rofl:
    Може е време да ја иселам во детска :wasntme:
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.246
    Допаѓања:
    8.850
    Пол:
    Женски
    Не знам што друго да те советувам, освен да ја будиш во текот на ноќта да мочка.
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.141
    Допаѓања:
    22.342
    Пол:
    Женски
    Од истата причина уште немам тргнато ноќна пелена. И син ми пие доста вода, особено периодов кога е жешко. Наутро генерално е сува пелената, ама има денови кога е мокра и затоа не сум баш сигурна како да постапам. Се мислев да земам таков водоотпорен чаршав зошто и он ротира дур спие и тие навлаки за пресоблекување нема мислам да ми завршат работа не знам. Кај вас единствена опција ми изгледа дека е врз гаки да и облекуваш пелена сега за сега.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.575
    Допаѓања:
    27.030
    Пол:
    Женски
    Децава имаат под навлаката на која спијат ,навлака водоотпорна секогаш не само за ако се измочаат во спиење туку и ако повратат да не се уништи душекот.
    @kozuf на почеток мојава не сакаше памперс на вечер пошо плус ја гледа дада со гаќи спие и падна договор да носи памперс ама над него гаќи. Кога ми се противат да се измочкаат пред спиење секогаш играме игра т.е се кладиме као кој ќе победи, ако слушнам дека мочкаат они се победници и трчаат кој прв.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.499
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    И моево не прави проблем за пелена за спиење ноќе, дење ставам подметачи за секој случај, станува и со сува пелена некогаш, па си велам уште 2 3 недели да одам ноќе со пелена. Ова е 3та недела од ко почнав да го одвикнувам.
    Вчера се враќавме од Грција, таму пред да тргниме се помоча, се покака, па му ставив пелена за в кола, му реков ќе носиш пелена ама ќе ми кажиш ко ќе ти се мочка, по 2 сати за пауза заставаме и таму му слеков пелена сува и се помочка в шоља. Пак му ја ставив за по пат до дома, дома пак сува си беше.
    Е сега таму на 2 пати се покака в гаќи, неможеше да додржи оти му беше ко потечно дури како пролив, па само што рече ми се кака дирек се искака. Само што слеков гаќи почна, па среќа плочки беа таму лесно за чистење.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.246
    Допаѓања:
    8.850
    Пол:
    Женски
    Една недела од како почнавме. Супер ни оди. Веќе два дена сме без грешка. Сам си соблекува гаќи и си мочка. Ама за какање пак како да избегнува. Сабајле рано рано ме разбуди мама мама ја сам се укакио. Си завршил работа во пелена. Смени ми нова и да спиеме (facepalm)
    Му реков ок сине, ама можеше да ми речеш на нокшир да те ставам. Ми го изигнорира муабетот.
    Сега планирам малку повеќе да се раздвижеме, до кај тетка, братучетка, низ град. Да видиме како ќе ни оди надвор од дома. Имаме излегувано ама на кратко и поминуваме ок. Без инциденти.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Дали за денска дремка на почеток од одвикнување ставате пелена?
     
  17. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Јас кога тргав пелени на двајцата, одма ги тргнав скроз и за спиење. Имам водоотпорни чаршави и мочаа првите денови во гаќи ама за брзо се одвикнаа.

    Туку дојдов за најмалото да прашам. За некој месец ќе полни две години и не ми паднало на памет за одвикнување ама дека ги гледа поголемите почна да ги соблекува сам пелените, се мести на шоља за мочање, седнува на нокшир. Некако ми е мал, уште нема некој фонд на зборови за да ми каже дека му се моча. Дали има некоја мајка тука што го одвикнала детето од пелени пред две години, па да пробам летово?
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за помош и ваши искуства. Имено дете е 3 год. 3 месеци. Зборува се, посетува градинка ама има страв некој, стегање. Во неколку наврати до сега сум пробала да го одвикнам но без успех. Со награди со стикери, да гледа видеа како други деца користат нокшир се што ми паднало на памет, но буквално за џабе. Сега околу 2 3 недели веќе повеќе сака ѓаки поубаво му е знае кога му се кака мочка но се стега тоа да го прави во нокшир уште помалку на адаптер, и да се случи да седни на нокшир не се опушта, од друга страна штом се облечи малку да примети дека никој не го следи веднаш мочка. Веќе немам идеи што да правам и како, а од друга страна треба да се породам, прашање на време е кога само.
     
  19. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Da.
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.499
    Допаѓања:
    25.260
    Пол:
    Женски
    Јас не ставам, само за ноќе. 3 недели е без пелена. 2 дена во градинка, почна четвртокот в градинка пак, сабајлето си стана со сува пелена, се помоча и покака в нокшир, таму од ко станале од спиење се покакал в гаќи, вчера не згрешил ништо. Негователката му рече донеси пелена да му ставам за спиење, јас носев подметачи и и реков нека ставаат подметачи, несакам пелена. Па ќе видиме др недела како ќе биде.
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.