Една недела пред одмор не го носев, една недела на одмор бевме и сега четвртокот се врати во градинка, само 2 дена оди од ко е одвикнат. Значи до денес цели 3 недели е од ко почнавме со одвикнување. 2 год и 10 месеци е. Август прави 3 год.
Моето беше уплашено од нокширот, иако некој ми кажаа дека не е спремен, и во еден момент мислев да се откажам, ама не се откажав и не згрешив што бев упорна. Му се посветив 100 посто и му зборував го бодрев. Ке се измочкаше во гаќи и му велев ништо згреши сега, ќе се научиш. Верувај само еднаш да се измочка во нокшир толку ќе биде. Моето сам се соблекува седнува. Веќе не го прашувам, само ако мислам дека многу време нема мочкано го терам јас. За какање има згрешено повеќе пати. Ми кажува веќе кога е тргната работата Ама сето тоа смирено го прифаќам, го смирувам и него, зошто се осеќа крив. Имај стрпление, ќе го победи стравот во еден момент.
Не го караме воопшто, исто како што пишуваш му зборуваме ако ќе научиш другиот пат ќе ми кажеш, но некако еве веќе период не тргнува. Во градинка е до 12 часот и никако да згреши, односно де стега а таму гледа други деца.. Кога ќе бидне работата сам ќе кажи се измочав или има каки но веќе биднало... А јас може да се породам во секој момент тоа уште повеќе ме загрижува што времето со него ќе се скрати.
Е тоа што ќе се породиш може и да го врати чекор назад, да бидеш спремна и на тоа. Зошто нов член ќе му биде голема промена и ќе се дефокусира од тргање пелени. Како и да е ќе дојде моментот. Нема дете што останало со пелени. Само храбро.
Zdravo majki eve veke 1mesec odkako se odviknuvame,za denski ne pravi greski,ama eve ovaa nedela dva pati noke se mocka bez da kazi,da kazite nekoja taktika,a toa da ne bidi da i stavam pampers za spiejne?
Јас ставам памперс, ама планирам во скоро да му го тргнам. И планот ми е да го будам за да мочка. Да ствара навика дека треба да се разбуди за да мочка. Друг начин не ми иде на памет
Види детето само кога ќе се регулира. Евентуално треба да не станува за мочкање и да држи до сабајле, ама еве пример син ми после 4 години му тргнав ноќен памперс, ако не го разбудам знаеше да се помочка и пазев да не пие течност зошто беше ризичен. Можеби година дена така, па го надмина тоа. Сега ако ептен му се моча (мн. Ретко) сам се буди.
Сабајле во 5 се разбуди вознемирен, мама упишкио сам се. И го фаќа креветот. Мислеше дека не носи пелена и како крив што се помочал. И само му реков и да немаше пелена немаше да биде толку трагично за да плачеш, се се решава. И се смири, се намести и продолжи да спие. Интересен процес е, толку многу растат умствено тоа е чудо. Јас гледам огромна промена во целокупното понашање од кога тргнавме памперс. Ми се чини порасна преку ноќ.
Скоро 2 недели откако се одвикна без грешка, последните 2 дена се помоча во гаќи 5-6 пати. Нормално ли е некоја регресија да има, што е најпаметно да направам како да и пристапам. Кажува додека мочка и веќе касно е. Не дека е заиграна толку да и не и текнува, и не е еднаш...
Исто е и кај нас , првите 2 недели без грешка , после тоа почна барем по еднаш дневно да моча во гаќи , значи седи на стол станува од него и моча на паркет .
Од 23 јуни без пелени. И супер сме без грешки, без инциденти. Три дена веќе и преку ден не носи пелена за спиење. Ноќе се уште му ставам. Но ете синоќа се разбуди и почна да се соблекува. Му велам зошто се соблекуваш сине, мама да пишким. И стана на нокшир се измочка и продолжи да спие. Ова ми се гледа добар знак за да ги трнеме пелените наскоро и навечер. Ова е веќе втор пат да се буди така ноќе, првиот пат вознемирен дека се измочка во пелена и мислеше дека тоа го направи на кревет. Ќе видиме како ќе биде понатаму,дали ќе продолжи да станува кога му се мочка. Ама ако продолжи вака, тргаме пелените и ноќе дефинитивно Како ми личеше невозможна мисија кога почнавме, сега се воодушевувам како лесно го совладува процесот.
А дали сакаше да мочка на шоља/нокшир и да носи гаќи или ви требаше повеќе време да се убедите? Јас никако не можам да го убедам да носи гаќи и да седни да шоља да мочка, барем не редовно. Ќе седни од сабајле и после во текот на денот не сакат. Веќе 2 години и 8 месеци е
Тој пред 23 ти јуни не сакаше воопшто да седне на нокшир/адаптер. Ниту сакаше гаќи, иако имав купено уште во март месец. Но тој ден, 23 ти јуни си побара гаќи да се капел во базен. Му викам купачи ти немам купено. Ако облечи ми ги овие и отвори во плакар и си зема од гаќите. И виде колку е убаво и не сакаше да облече пелена. Првиот ден се мочкаше во гаќи, иако почна да седи на нокшир. Седеше и ништо не се дешаваше. Вториот ден 7 саати се стискаше не се измочка. И на спиење се измочка во пелена. Третиот ден пак се стискаше, го носев во базен да мочка. И покасно седна на нокшир со цупкање и велеше дека се плаши, ама не успеа да се додржи и се измочка и му се насмевна лицето и ми рече мама ја пишким у ношу. Од тогаш ниту само еднаш згреши и толку беше. За какање три пати во гаќи се покака, дур да види дека треба порано да седне. И толку. Сега само вели идем ја у вц и се соблекува сам, седнува си мочка, кака и вика ајде дојди готов сам И сега како да имам друго дете
Поголем е од вашето, 3 години и еден месец. И да баш е олеснување. И нему му е поубаво, сам си кажува дека е поубаво без пелена
На 2 години и 7 месеци веќе три дена не носи пелена ниту навечер. Сам се буди кога му се мочка и оди на нокшир, без да се измочка во кревет. Преку ден му требаа околу две недели целосно да се навикне и сега сам си оди во тоалет.
Веќе неколку дена не му ставам пелена за денско спиење, а од сношти ни за ноќно. Сам си побара синоќе мама ја нечу пелену, очу у гаче да спавам. И му велам ако се помочкаш, нечу мама. И стана два пати да мочка, еднаш во еден ноќта, еднаш во шест сабајле. Ајде да видиме како ке биде. Предходно суви пелени имаше три ден со ред. Така да ајде белким скроз ќе ги тргнеме. Држете палци
Јас со моето сега пробувам ама тешко ни оди, го легнав со пелена. Од сабајле еднаш мочкаше дома на пат до нокширот, еднаш надвор во двор не ги слечи гаките. После го оставив у двор без пелена, се бањаше во базент и не сакаше да мочка пред да легне. За какање кажува скоро секојпат ама за мочкање изгледа не е навикнат. Мислам подобро е и дома без гаќи или повеќе време у двор не знам. Инаку е 2 годнини и 4 месеци.