Добив најразлични совети од типот кога еднаш ќе извадеш, не враќаш повеќе. За недела, две или три ќе се научи скроз. Е ама, јас ни време имав, ни нерви, ни желба да бришам мочки на сите страни со недели. Чекав кога стварно ќе даде знак дека е спремна. Кај нас тек после 3 роденден се случи тоа. Сплет на околности се одвикна на скоро 3,5 години, пролетва фактички. Ама пак прелесно поминавме. Со неколку само грешки во повеќе недели. На почетокот јас ја прашував и носев на 1-1,5 час ако немаше изразено желба сама. После тоа си оди и сама без проблем. Е пред излегување надвор обавезно ја терам да се помочка, па да излеземе. Исто пред спиење нели, било дремка ако сака да има, било за вечерно. Наутро веќе може и долго време да издржи ама по некоја навика од кревет одма ја праќам во Вц. Инаку неспремна кога беше, ајде демек за осет наутро кога ќе се разбуди одма да трчаме на нокшир. 5 чекори до вц, буквално. Се случуваше и во тие 5 чекори да заврши работа во памперс/на под. Тек по некое време го сфати процесот на држење.
Моето не даваше знаци на спремност да бидам искрена. Не сакаше ни гаќи да облече ни да седне на нокшир. Туку му текна гаќи да облечи за да се капел во базен и да не му се гледа пилето хаха. И виде колку е убаво во гаќи и побара да носи. И првите три дена беа хаос што се мислев да се откажам. Ама не се откажав. Ете не не полн месец дена од почетокот скроз тргнати. Навечер станува да мочка и се. Од кога се измочка во нокшир и виде дека не е страшно само еднаш згреши и толку. Ама е поголем сепак и тоа прави разлика голема. Инаку ќе се научат сите, кој порано кој покасно.
Ден 3ти веќе кажува кога му се мочка ама го легнувам со пелена и секогаш кога стане пелената му е сува. И за денско и за ноќно. Вчера дури у парк бевме и се измочка зад дрво и издржа без пелена нрколку саати. Го нудам на саат време ама не сака, може се стиска па на саат и пол може да мочне малку. Му давам и вода и сокчиња.
Дај му малку простор, па и д згреши ништо страшно. Јас моето престанав да го прашувам често зошто осетив дека му смета и даваше отпор. Дај му доверба, да осети дека му веруваш. Јас така направив и супер сме. Прашај го и ако не сака, кажи му добро кога ќе ти се мочка ќе ми кажеш,важи. Кај нас се покажа многу добар пристап. Инаку почнавме и на адаптер во вц ... Уште една мала победа за синко. Сега нокшир и не користиме, овие два дена. Нема миење нокшир
Ние сме некои 2м без пелени и еве не од синоќа и навечер не носиме. Ама рачунај не ја полнел скоро па ич пелената, многу многу ретко да мочне малку, да ја наполни скоро па ич. А за машала пие и вода и сокчиња домашни и цедевита и јаде многу лубеница.
Не знам што се случува. Една и пол недела дома се си кажуваше само првиот ден имаше инциденти. Од понеделник го пуштив на градинка, првиот ден мочкал супер поминал, вчера еднаш се покакал, после пред да го земат пак во гаките. И така ми го пуштија. Разговарав првиот ден прашав како е, дали комуницира. Сега не знам дали само не можел да се воздржи или они не сооработуваат доволно со него. Кој пристап треба да го имам со воспитачките? Мора и они со него да работат.
Ти го пуштија укакан го гаќи без да го пресоблечат? Па дали имаат мозок тие. Срамота. Ова е за озбилен разговор со нив.
Мојава имаше неколку грешки. Секогаш чиста, преслечена ми ја враќале. Ми рекоа нормално е на почеток да се јави мака со какањето и за брзо треба да се надмине. За една недела отприлика си влезе во шема со тоа. Ни некакви кавги, навреди сме имале, ни ништо.
Полни 2 годинки. Немаме воопшто пробано одвикнување, по кои знаци вие знаевте дека е спремно вашето дете? Не сакам ич да го форсирам ако не е, знам дека бетер ќе створи одбивност.. нокшир имаме купено ги става играчките на него и прави шшш демек мочкаат, кога ќе му кажам седни да мочкаш седнува самиот си прави шшш.. пелена претешко менуваме, вака сам облака шорц доколку му ги спуштам надолу ( совет од педијатар да прави сам облечи соблечи ).. Едни ми викаат почекај има време рано е, други ми викаат дека каснам
Моето еве една недела у градинка 2 дена сув беше и два дена со мочки и каки. Дома е добар. Цела вечер спие сув со гаки. Затоа и нејќам да се откажам. А знае да се занесе и у игра да заврши работа и да каже. Тогаш му кажувам да каже порано друг пат.
Еве мојов од 1ви јули в градинка одвикнат почна. Се има случено во цел месец таму да се покака в гаќи 3 пати. Едниот пат само што се вратил од мочкање се покакал и го преслекле цел. Гаќите со се внатре во најлон другиот пат во спиење ми рекоја дека се покакал. Пак ми беа спаковани во нјалон. И третиот пат беше оваа недела пред земање се пикнал под маса и ко отишол мм да го зема одма го сетил дека е какан излегол од под маса, а оваа недела е со друга негователка па и таа се понудила да го преслечи ама блиску сме па и рекол мм немора дома ќе го преслечиме и така легнат на стомак назад в кола до дома Нормално е да згрешаваат првиве месеци сепак уште се учат.
Ми требат совет. Многу тешко се убедуваме за седнување на шоља, имаме и адаптер за на шоља и нокшир. Ама одвај седнуват, не знам кај грешам. Дали пречесто го прашвам, навистина не знам. Гаќи сакат и облеквит ама за седнување на шоља е многу тежок. Не знам дали да продолжам или да направам недела две пауза па пак да пробам
А се има измочкано во нокшир? По тоа што пишуваш ала како моето. И моето не сакаше ни нокшир ни адаптер, ама ниту пак гаќи да облече. Е од кога облече гаќи почна да седнува на нокшир. И три дена ни требаа да го победиме стравот од нокширот и мочкање во него. Од кога се деси тоа за 5 дена беше одвикнат од пелени и навикнат на нокшир. А по две недели престанав и ноќе да му ставам по негово барање. Мој совет слушај си го детето и бодри го многу и ќе се научи на се.
Одамна не сум влегла на форумов. Веќе 2+ недели е без пелена ноќе, без инциденти. Одвикнувањето можам да го прогласам за официјално завршено. Како што се плашев супер поминавме.
Ќерка ми се одвикна на скоро 3,5 години. Поминавме прелесно. Е сега кај нас ноќе може и повеќе од пола година беше сува. Никогаш не сум ја будела и не будам. Гледам да намалиме внес на течности пред спиење. Се мочка пред да легни и после наутро кога ќе се разбуди. Неколку пати се случило пред да се успие поцврсто да стане повторно да мочка. Пример мочкала околу 21:30, на кај 22:30-23:00 да побара повторно да мочка и после тоа да си заспие.
Две недели без пелени, си кажува ама додека да одиме до нокшир си пушта некоја капка. Ама тоа е. У принцип е добро, цела вечер без пелена иако знае вечерта да стане да се измочка и па да легне.
Многу ретко. Некогаш ако знам дека испил повеќе течности од вообичаено знам да го разбудам накај 00-1 часот за да се измочка и презаспива одма, т.е. мочка спиејќи.