Здраво дали имате искуство со адаптер за вц школка како на сликата?Дали се практични? Од каде сте ги купиле? Гледам на тему ги има
Од Тему имаме. Супер си е, ќерка си го користи без проблем. Додуша пред одвикнување беше за да збеснува по него ама сега веќе само за намената си е Инаку и во Пики отприлика иста цена се како на Тему. За да не чекаш тоа. Јас кога земав околу 800-900 денари и на Тему беше, не нешто екстремно евтино.
Го имам истото само сиво. Синко го користи без проблем. Практично е. Овде во Србија го нарачав 1400 ден
Здраво, почнавме со одвикнување од пампрес веќе 1 недела почнав дирекно на шолја со капак, му ставам гаќи меѓутоа пред спиење е со памперс и ден и во ноќ, во нокшир нема мочано, одиме цело време во wc никако не сака да се измоча таман му облечам гаќи и ќе се измоча, дали да биде цело време на гаки
Малку каснам со одговорот, ама не сум закаснета за да кажам што мислам.. Мојата е две и пол години и чекав сама да даде знак кога е спремна. Релативно рано почна да зборува по цели реченици и тоа ми беше прв знак дека ќе се разбереме. После тоа, го гледа брат и што прави и повторува се по него и тоа што чини и тоа што не чини. Тука вклучувам туркање на шорцеви и одење во вц на шоља да се седне. И во тоа го копираше. Кога и реков ајде и ти како него, одма го направи истото. После со многу зборување ја усовршуваме техниката
Каде можам да најдам гакички за одвикнување од пелени по нормална цена, да не се со цена као од злато да се?
По околу 300+ денари земав од Тила што ич ама ич не е евтино али ајде да имаме. Ги облече дете неколку пати. И предложив на негователката во градинка во такви да ја праќам, ми рече дете се учи во нормални гаќи, ни за одвикнување, ни памперси, ни ништо. Ќе праќаш повеќе, ќе менуваме, исто и дома и толку. Е среќа што од прв момент ќерка скоро и да не згреши, ама муабетот ми е дека ми испаднаа скоро па непотребни тие.
Колкава беше тогаш? И дали од еднаш фрливте памперс облековте гаќи и толки веќе не се навративте на памперс ни дење ни ноќе? Сте имале среќа што така соработувале во градинка. Повеќето ќе му стават памперс на детето и ќе ти кажат дома да си го одвикнеш па после у гаќи да го праќаш.
3 години и 4 месеци. Не беше ич мала за тоа, а веќе и пред тоа спремна. Едит: за ноќе месеци уназад беше сува. Првп почнавме веднаш штом ќе се разбуди да седнува на нокшир. Првите денови немаше и за тоа контрола. 10 чекори од кревет до вц и веќе се случуваше да згреши. После се научи се повеќе да издржува. Ноќе кратко време ставав памперс. Сега само водоотпорна подлога на кревет за секој случај. За какање имаше неколку грешки како го почнавме процесот целосно, за мочкање мислам и не.
Ако не друго ме утеши дека и да не успее сега, ќе пробам наредно лето, тогаш ќе биде баш како што била твојата. Некако као јас повеќе да не сум спремна а не он. И онака е претежно лош спијач и сега кога ќе ми текне дека еве сеа пу пу деновиве добро спие и си викам може таман ќе почне да спие без да се буди со плачки во текот на ноќта и јас треба пак да станувам да го будам...
Фала за совет. Пробавме кога беше продолжениот викенд за илинден ама не фати стомачен вирус, и тоа сите дома бевме со повраќање и пролив и ништо не бидна одложив. Сега сакам наредна недела да пробам пак. Се надевам дека немат да сме настинати или со стомачни вируси, дека цело лето помина а уште сме со пелени. Сакаше да носи гаќи ама потешко се убедувавме за да седни на шоља со адаптер, а нокшир мислам дека не ни сака многу
Ми треба мислење од фелоу одвикнати дечиња и мами... Веќе неколку месеци си седнува на нокшир мочка, НО знае и онака да се измоча на паркет зошто се соблекува сама и сака гола да седи. За какање несакаше но ете ја почна. Завчера какаше на нокшир, вчера на адаптерот на шоља. Вчера седна на неколку наврати на нокшир мочкаше. Еднаш на адаптер. Отворени и се опцооте. Еднаш се измочка во гаќички и одма ги соблече изглеа и сметаа дека беа мокри. Без никакво форсирање стигнавме до тука. Мене ми е многу мала за одвикнување, па и облекував пелена но се мислам да не и нарушам природен процес на одвикнување... Како би постапиле? Навечер не мочка уште од бебе. Моментално е 2год и 2 недели.
Јас би користела таква шанса. Моето ништо од тоа не правеше кога почнавме со одвикнување. Јас го искористив моментот што облече гаќи. Тотално неспремна влегов во процесот и немав појма како ќе биде. За две недели скроз тргнати пелените. Ама е цела година поголем. Како и да е јас би користела момент кога веќе соработува. Според мене уште малку и треба да се навикне скроз.
Нема возраст, реално би рекла пред 2 годишна возраст не се спремни, макар што има деца и на две што се одвикнале. Процес што мене ми го кажуваа е вадиш памперс и не ставаш воопшто повеќе. Е тука некој период ќе бришиш мочки на сите страни и куп алишта во ден и сето тоа. Ама јас не бев спремна за вакви егзибиции да правам и чекав дете само да стане свесно за сите процеси и не фати скоро 3,5 години. Значи до тој момент веќе знаеше кога е какана/и се кака. Кога се помочкала. Да турни гаќи/пантолони. Што би се рекло за цел процес беше свесна. Скоро пак без грешка бидна. Месеци претходно кога имавме обиди, освен што завршуваше работа на под или во гаќи ништо друго.
Мајки 1 и 10 месеци сме скоро, од никаде детево почна да бара да мочка и кака на нокшир, малку се збунивме зашто воопшто не сме ја терале. Ајде ја соблековме и седи така но ништо не прави. А вика цело време, мама мама кака или мама мама моча. Ја ставаме на нокшир седи така и не прави ништо, ќе и ја вратам пелената и си врши работа во пелена. Денес прв пат се измочала на нокшир, пак сама побарала., значи воопшто не ја форсираме. Дали детево е само спремно? Дали да продолжиме или нешто и е интересно во моментов?
И јас би рекла дека нема некоја зацртана возраст и од мене совет би бил да се види детето дали е спремно или не. Јас форсирав на 2ипол години одвикнување, едноставно имаше одбивност, не и не и не. Не знам колку пати пишував и тука. Да, касно се одвикна, дури на 3 год и 3 месеци, ама без ниедна грешка денски, навечер се случуваше да се помоча во кревет, но и тоа помина. Совет за навечер, јас редев два реда чаршаф и подлога, па кога ќе се случеше да се измочка,само тргав еден пар чаршаф+подлога, остануваше долниот, наместо сред ноќ да местам нови. Ова ме спасило многу, може ќе му се најде на усште некој финтава моја хаха. Заклучокот ми е дека сите деца се различни, кај некој успева со форсирање да речам, кај некои не, но ако нема апсолутно интерес и детето не е свесно, подобро да се почека месец два па да се види повторно дали е спремно. Нас ни се погоди лето лани, со сипаници дома, и секакогол седеше и така се научи и се опушти. Повеќе беше прихичка бариера некоја. Инаку процесот би рекла да почне со прво запознавање на нокшир, дали е свесно детето за вршење нужда, да се проба да се седне дали има интерес, да му се кажува кога сака да оди понужда да каже или да отиде само. Прво свесноста за потребата за нужда да се види дали ја има. Мојов пример ќе му речев ти се мочка? Не и по 3-4мон го гледав измочан. Ко да не беше свесен што прашувам. И нема еден начин дефинитивно но секако е од помош да се слушнат повеќе совети па некои сигурно ќе помогнат. Само без форсирање ако има преголема одбивност и без нервирање, ќе биде.
Јас би рекла да продолжите посебно кога веќе сама има интерес. Ако не бива за една недела секогаш може да се вратат памперсите.
Во градинка ги ставаат на нокширче веројатно од таму и е идејата. И моја другарка така од никаде пред вториот роденден дете само почна да кажува и фрлија пелени ептен рано