Ве молам за совет, дали некоја се соочила со следнава ситуација. Само што направи 3години, веќе 6м е одвикнат комплетно преку ден од пелени, несреќи имал 1-2 само што се измочкал што заборавил ако се заигра. Секогаш без исклуок си го познава телото и кажува дали му се оди по мала или голема нужда. Но, последниов месец скоро секој ден е измочкан во градинка(додека спие). Денес после месец дена му ставиле пелена за спиење. Навечер дома, сѐ уште спие со пелена бидејќи пие премногу вода. Не пие никаков сок, а е доста активен и голем гурман па вода си пие редовно. Бидејќи се случува само во спиење, знам дека не е намерно, но сакам да го надминеме. Учителката мислам дека се фрустрира малку, а ние дома секогаш викаме дека не е никаков проблем ако се случи нели….