Одвикнување од носење памперс Така е научено, ок, ти од 19 не му давај ништо течност само за спиење, заспиј го со млеко - мада големо е да се успива со млеко, освен полека вечера не му треба ништо др. и на 2-3-4 саати мораш да го будиш. Се додека не ја извојуваш борбата да не заспива со млеко, ќе имаш потешкотии. Само упорно и ќе успееш. Мачно е знам, да му стануваш 2-3 пати во текот на ноќта ама мора да биде така додека самото не биде свесно за таа физиолошка потреба преку ноќ.
Одвикнување од носење памперс И јас го имав истиот проблем, кога ја будев ноќе, загреотка толку и се спиееше што ми се чинеше дека ќе падне од нокшире. Мојата не заспиваше без сок, 250 мл. во шише-цуцла и после мочка, па нормално, плус и во текот на ноќта се будеше и бараше сок.Во текот на 24 ч. пиеше 2-3 л.сок. За да се одвикнеме од внесување течности (пред заспивање) почнав да ја намалувам количината на сокчето, прво 200, па 100 мл. на крајот и реков дека е веќе голема, срамота е да пие од цуцла и го фрливме шишето (3год. и 3мес.) Потоа и купив чашка со дупчиња бидејќи плачеше и го бараше шишето, значи прво се одвикнавме од шишето, потоа следеше истата постапка со сокчето, намалување, за на крај да и го скратам скрос пиењето сок. Една ноќ бунење, плачење, втората исто, третата готово, една голтка сок, па потоа заменив со една голтка водичка..тој процес траеше околу 1-2 месеци, не ја будев во текот на ноќта да мочка, и ставав памперс, а ако утрото беше празна пелената следуваше ѕвездичка (претходно во истава тема ја објаснив играта). Само упорност и трпение, без нервози и карање,НИКАКО плескање по газето (мене ми викаа да ја удрам симболично зошто се измочкала) зашто може да ја фати инает и намерно да мочка..Среќно на сите мамички и нивните мочлички
Одвикнување од носење памперс Јас лично немав многу големи тешкотии со одвикнувањето. Најстарата ќерка уште на 8-9 месеци ја седнував на нокширче за какање, набрзина и ги соблекував пелените и потоа повеќе не какаше во пелени. За мочкање е слично, само треба упорност. И секако, тоа треба да се применува кога е топло, да не настине детето. На година и 3-4 месеци, веќе се одвикна од пелени. Со средната ќерка постапував слично, само што го чекав топлото време до крајното одвикнување, чекав до Март, кога малата веќе направи година и пол. И со третото дете ми беше слично. Штом почнуваше да затоплува, многу разговори, покажувања, убедувања. Секако и награда за одреден број успешни мочкања, како што и друга членка веќе имаше напишано. Кога по грешка (или можеби намерно) ќе се измочкаа во гаќи, ги оставав петнаесетина минути со мокри гаќи, да забележат дека тоа не е пријатно. Потоа се поретко им се случуваше. Во секој случај, вие водете ги децата, не тие вас. Според мое мислење, погрешно е она што велат да се чека до 3 години, детето е веќе премногу големо, се срами од тоа, и во таа возраст веќе другите деца може да му се смеат. Значи, не чекајте тоа да ви каже е сега сум доволно големо, сега ќе ги симнам пелените. Треба вие да му кажете кога е време за тоа. Вие сте родителот.
Одвикнување од носење памперс Одвикнувањето од носење памперс сметам дека треба да се примени најдоцна до втората година,сепак зависи од детето. НО, еве можам да ви посочам пример за дневно одвикнување од памперс,најпрво е потребно многу упорност, нерви, и време. Целата ситуација се состои од тоа што детето не носи памперс, а ваша должност е на секој саат ипол два , да го седнувате на нокширче да се олесни. Испорбано одвикнување со позитивни резултати,ова е пример од долгогодишната работа на една успешна воспитувачка. ваше е да пробате
Одвикнување од носење памперс е така е дадхатер така ги одвикна и моите внукички постојано ги прашува ви се мочка ли ајде на нокшик ајде да какаме и се така и брзо свикна и сега на 4 години сами одат во шолја
Потпис! Целосно се согласувам со твојот пост. И јас керка ми ке планирам да ја одучам од пелени таму 8-9 месец мислам колку порано толку подобро Знам дека нема да биде едноставно ко што вика мајка ми ама 1-2 месеца да поминат и мислам ке се научи. Исто така читав во едно списание дека по секое мочкање без пелена треба детето да добие некоја награда. Сега да беше малку поголемка ке ја научев , можам да замислам како се чувствува во лето со толкава `вреќа` на газето кога ја соблеков пред некојден беше црвено газето и линии од пелената. Ај се надевам ке имам срека да се одучи брзо , ем за џебот добро ем за неа.
Не можам да сфатам, зошто толку брзате да ги одвикнувате децата од носење пелени, кога не се ни физиолошки доволно развиени сфинктерите (мускули) кои се под свесна контрола за задржување на урината и изметот (ај така да кажам). Најдобро е тоа да се направи околу втората година, најкасно до три години. Така побрзо ќе се одвикнат дури и ноќе, отколку ако го правите тоа од 8-9 месеци. Но како и да е, изборот е ваш.
Самите пишаа дека било добро за џебот. Значи = штедење, а што нон стоп ќе перат машини (прашок за перење, вода, струја...). 8-9 месеци и јас мислам дека е премногу рано. Во тој период детето извршува механички затоа што мајката го води а не дека тоа само си кажува и го контролира мускулот.
Веке 6 месеци кажува за мочање (има 2год и 4 мес). Не дека за какање не кажува, ама тоа мора да биде во памперс. Не знам зошто ама е многу упорна во тоа.
Пробај некако со убедувања, дека тоа е кака, лошо мириса, не се носи на газе.....употреби машта. Ако еднаш ја убедиш и го направи тоа во нокшир и добие награда ( браво така треба, умна глава...) ќе и се разјасни. Мојата побратимка мака виде со малиот. Баба му купила нокширче во вид на столче и детето свати дека кога треба да седне и на голема столица треба да се измочка . Се искози жената со убедувања, плеснување по газе и залажувања за да на крај и успее.
Моето детенце 1год и 4месеци, до сега има научено дека кога ќе стане од спиење насабајле мора да се искака во нокширче.На почетокот кога ќе го седнеше на нокширчето обавезно со нешто го занимавав и знаеше да седи и по 15мин, можеби и повеќе,за да заврши работа,ама затоа сега е брз,речиси за 1минута,и нема потреба да го занимавам со ништо.Преку ден исто така го ставам на нокшир,ама тогаш може ќе се измочка,ама можеби и не. Проблем ми е тоа што живеам во стан,а и поединци се педантерии и неможам да го оставам без памперс преку ден.Сега ке одиме 1месец во куќа, и таму ќе може да сета низ двор,па се надевам дека ќе напредувам уште повеќе.
Како што имам слушнато, памперсот е проблемот. И да се измочка во нив, тие ќе си упијат и нема малото да осети нелагодност! Така ќе сфати дека си е ок да си мочка во памперсот. Пробај со обична платнена пелена. Малку ретро, уште повеќе перење и пеглање ама наводно го решавале проблемот. Кога ќе се измочка во нив ќе осети влага, нема да му биде убаво и по некое време нема да му текне да се измочка пак во нив, ќе си го бара нокширчето. Јес да ова ми е кажано од релевантен извор, сепак сум само гаталец а не и паталец па... земи ме со резерва
син ми само што наполна 2 годинки,уште сме со пелените....почнав да го седнувам на нокширчето ама баткава мој мисли дека е кола што требит да се играт и почнуват да си брчит бррррррммммм и го креват нокширчето и со него си заминвит,бај бај мамаааа и ај сега шо да му прам! ама во секој случај ке мора некое чаре - време е.
zdravo,imam problem so sinot,pa ako moze sovet,pampersot za preku den go izvadvme koga imase 1 god 10 meseci,bez nikakov problem za tri dena se nauci,no sega ima 4 god i seuste noke nosime pampers,pred da zaspie pie casa golema mleko i zaspiva,probav mlekoto da mu go dadam porano,ama koga ke legne,pak barasabajle poln e,kazete sto da pravam [mod-kirilica:2336ibh9][/mod-kirilica:2336ibh9]
Имаш една и единствена солуција, да стануваш преку ноќ на сат - сат ипол и да го тераш да мочка. Извади му го памперсот и веќе не му ставај преку ноќ - едноставно фрли се. Ако се измочка, кажи му дека не е убаво, мокар е, лошо мириса.... голем е веќе треба сам да се контролира. Ќе се измоча неколку пати, ќе свати дека е мокар и не е убаво. Помалку давај му течности после 20 часот.
Внук ми има 3 годинки. И пред 1 месец почна да мочка во нокшир и почна да кажува. Ама голем проблем е што никако да се искака во нокшир. Се убедуваат се лажат, сите го убедуваме ќе одиме на прошетка ќе му купиме играчки само да проба и седи по 1 саат во нокшир и никако да заврши работа. Значи проблемот е таков што тој и кога кака во памперс кака во стоечка положба а никако во седната (па претпоставуваме дека може тоа е она што го кочи). Братучедка ми го остава гол дека сега е многу топло и 2 пати и се има искакано на тепих стоечки . И сега цело време го посматра и го гледа спремен почнува да кака стоечки и одма го става во нокширче и никако да се искака, како си го повраќа назад нагонот не ни е јасно. Незнаеме дали е инат или некој проблем. Купија 4 различни нокшири што сам си ги бира и никако да заврши работа. Со добро со лошо секако пробаат ама уште ништо. А во стоечка положба кака и гол и во облека и во пелени. А во седечка никако. Некој совет? Едит: Навечер врши работа во памперс ама маратонец е во спиење спие по 12 саати
Пред 1 месец јас и мм купивме даска за на шоља и некогаш кога ке ми текне ја ставам керка ми на неа и таа си се смее , и давам играчки си игра ја занимавам и си мочка внатре. Многу ми прави кејф , знам дека се уште е рано , но се надевам дека околу 1 година да се одвикне лесно ( ем ке е пролет- лето ) Газето последнава недела и стана многу црвено , мачкај ја Јекодерм ама еден ден е супер нема ништо другиот ден пак иста песна. Инаку мене ме одвикнале на 3 год возраст и тоа ми кажува мајка ми со жива мака , а брат ми го одвикнале многу лесно на 1 година и 3 месеци.
Јас сум со сличен проблем.Мојот син има 4,5 години, за мочкање и какање преку ден си кажува од 1 година, ама за навечер не кажува за мочкање.Се будиме обавезно 1 или 2 пати во ноќта за да се измочка, инаку се буди целиот мокар. Нон стоп му зборам дека е голем,треба да кажува, ама џабе. Поздрав.
После 20 часот навечер не му давај течности. Пред да го легнеш натерај го да се измочка и потоа го буди на 2-3 часа и терај го да мочка. Голем е веќе треба сам да кажува и да оди преку ноќ. Да не ти вадам памет (со тоа што се имам прочитано и што се може да е проблемот), консултирај се со неговиот педијатар а можеби и со уролог. Не е страшно (сум слушала дека им се случува и на деца кои веќе одат во школо), ама сепак треба да се консултираш па ако треба и некои испитувања да направиш
Навечерго будам 1 обавезно и после не се мочка,ама сам не станува, тоа ме секира.Фала на одговорот.Поздрав.