Јас сакам да пробам летово, на крај на август ќе прави 2г. Досега сум пробала два три пати ама не сака и не ја форсирам чекам убаво да затопли да можам да ја оставам голичка. А Нае веќе да зборува и кажува кога кака, за мочкање не спомнала
За какање кажува од 1год и 3м, не какал во пелена ехееее, има 2год и 1м, почнав пред месец да го оставам без пелени, да види колку е поубаво и поудобно. Ми кажува сега чат пат, кога ке стане од спиење обавезно е сува пелената и ми вика МОЧ а преку ден заигран ке ми каже јас додека отидам по нокшир он пуштил... но мн малку дека му е неубаво, па се дере моко мокооо и си се домочува на нокшир.. преку ден кога спие исто го оставам без пелени да види дека и спиењето е поубаво без нив.. до сега не се измочал, а стане одма го ставам на нокшир. Чекам убаво да се стопли времево и многу брзо ке ги тргнеме скроз
Мојов за какање одамна кажува, за мочање скоро почнав и јас да го оставам без пелени.. касно пали само, кажува во моментот кога моча или кажува јас трчам по нокшир он се измочал. Летово лесно ке се одвикнеме ке видиш, брзо учат да се чудиш. На комшикава девојчето 2ипол несакаше да види нокшир (немаше седнато, ноќна мора нокширот и беше), се заинати и ја остави без пелени, за две недели ја научи.. не им е пријатно да се мочаат, па брзо учат Јас незнам само како би правеле за шетање, тоа секогаш ме копкало Еве шетаме во Ситимол и му се примоча... или во парк.. нема трпи си кај нив  Во Ситимол некако ке се снајдеме, стоечки машко е, ке го научам... но во Парк? Ке мора во природа а
За по дома јас едно пластично од кисело млеко имав спремно (ова големиве кога беа мали),па некако брзо се научија.И навечер до кревет го држев пластичното. Е сеа незнам како ќе биде..ако има некој "финта" нека пише.
@mariz не зезај, најлесно е во природа Кој ќе му замери на мало дете дека моча во трева Мојава како куче некое, а-излеземе надвор бара да моча и тоа потенцира дека сакала во тревата
Добра идеја ти е ова со пластичново.. и за патување добро ке се најде @Kitten се изнасмеав, значи децава се ептен интересни а се случило ми се кака да ти каже некаде надвор? Тогаш што.. ваљда би трпеле а?
Син ми уште не кажува когаке се покака дури тогаш викамамо како биси,или кога сме кај мајка ми оди во купатило седнувана чашата од четката до шолјата и се покакува,но мора некако да го научуваме,седе на нокширотно не сака да мочка,
Не ми се случило, но веројатно исто би направила. Како ќе му кажеш на дете да трпи? Ако нема тоалет во близина, ќе најдам некое позабутано место во тревник каде што не поминуваат луѓе и деца....стварно незнам.
Ехе за надвор за машко ич да не му ја мислиш за девојче е позезнато. За мочкање мислам Кога ќе се наредеа децава ос маало околу дрво сите на куп тоа кога беа помали. Сега син ми веќе се срами нема шанси акп има некој во близина не сака да го гледаат пто е и нормално веќе за возраста
Хахаха ептен се срциња, знае и да ми каже и во пелени кога е, јас додека дојдам завршил раб.. и соблакам пелената и правам оооооо си се измочкал и он ми вика ооооо а без пелени ептен е смешен, оди како пингвин по мене и вика мокло Тео дека мокар бил хахаха
Абе воа времето за никаде е иначе во план ми е фустанче + гаќички + џогерот до мене и шо сака нека прае мора да се науче тогаш .. Па ајде ке чекаме да се затопле и пишам резултати од мојов план
Ајде да ве прашам нешто малку глупаво ама морам да прашам . Ова лето ке се одвикнуваме од пелени ке правиме 2 год. За мочкање машките ги седнувате на нокширот ( ние ке пробаме со адаптер зашто нокширот не го сака ) или ги оставате да мочкаат стоејќи ? Или ако ги седнувате потоа на која возраст стојат ?
За почеток ќе си седи на адаптерот. Се сомневам на две години да е доволно високо за да мочка стоејќи. Самото дете ќе си покаже.
I nie so ist problem @pepus noksir nesaka I veke nekoe vreme mocka I kaka vo sholja ama treba da go drzam pa se ukocuvam tezok e Ke probam denovive so adapter. Inace nie vo Avgust pravime 2god
Ние мака мачиме со пелените Од 11 месеци е на нокшир, седи со саати, нема одбивност но никако да каже кога и се мочка и кака. Ако се искака во памперс веднаш кажува дека е какана, ако се измочка во гаќи кажува, но никакп пред да направи беља. Само што направи 3 години, голема е веќе за памперси. Свесна е кажува се, но отпосле кога ќе се олесни. Цел Мај месец се караме, збориме и пак на исто сме. Во градинка им кажува дека и се мочка, ќе ја однесат во тоалет нема да се измочка и за 2 мин ќе направи беља во гаќи На шала и викам коприва една ќе земам и по газот
Еве сега е со гаќички. Нокширот е на сред соба. Еднаш сама седна и мочкаше,ама како забајдена ми стои..нема да каже за какање. Гледам,осетот уште го нема. На лулашки гледам деца колку неа без пелена,ама што да сторам кога не кажува. И упорна сум и пак не кажува. Се збори,само тоа не. Некоја тактика?
И ние сме уште на истото! Не кажува за какање и крај! Или ќе каже откако ќе се искака или не кажува воопшто! Ах маки наши ахххх....
Еве да се пофалиме и ние веќе втора недела како сме без пелени. За мочање беше полесно, за 2-3 дена научи да се контролира. Но за какање дури сега пред 2-3 дена се опушти. Прво се стегаше не какаше по 4 дена, викаше нема да какам, а кога какаше плачеше многу. Се искака и во гакички 2-3 пати, еднаш и надвор Иначе користиме адаптер за вц шолја, за нокшир бев против. голема е веќе а плус потоа следи одвикнуванје во нокшир. И носење на нокширот секаде со нас Надвор несакаше да моча, со часови шетавме не мочаше. Додека не виде едно детенце како мочка до дрвце па и стана интересно и се доближи до дрвцето и вика тука ќе мочкам. Но пусти страв од мравки и требаше уште 5 дена за да се навикне надвор да мочка. После 10-ти обид успеавме и тоа. А мене ми е страм пропаѓам во земја кога ја држам надвор но полека почнувам и јас да се навикнувам и да не се кријам во најскришното дрвце или грмушка Навечер уште ставаме пелена.. Некогаш е сува но почесто мокра. Пие млеко пред спиење кое ке треба да и го прекинам или порано да и го нудам. @referentka тактика нема. Ке ја оставиш слободна без форсирање.. кога ќе и дојде ке кака. Кога ќе се искака не ја менувај одма, за да и смета малку. Нас ни беше интересно ептен притискање на вода во казанчето. На секое седнување сакаше да притисне и и викав кога ке какаш тогаш ке притиснеш. Така се залажуваше некако..