@mariz во парк ако му се мочка сокри се зад некое дрво и нека мочка,чудо големо дете е. Јас за тоа ич не му марам. Толкави мажишта мочаат кај ќе стигнат,не па деца,кога се одвикнува треба да му овозможиш да мочка одма,зошто тоа нема уште развиено осет и не додржуваат,ќе се измочка во гаќички. Најлесно е одвикнување низ игра,да им биде интересен самиот тој процес. Јас воопшто не сум видела мака. Мојата првин се одвикна за какање на 13 м,на 15/16 не се сеќавам добро за мочкање. За ноќе на 18м. Бидите упорни дури се мали,кога се поголеми многу потешко оди. Јас се согласувам дека со адаптер за шоља е многу подобро,но сепак јас ја ставав на нокшир бидејќи беше мала сама да седи на шоља и ми се виде полесно нокширчето.
Денес ја пуштив во градинка без памперс, само по гаќички. Два пати рекла дека и се мочка ја однеле во тоалет но не се измочкала и два пати во гаќи се измочкала и не им кажала Добро што во ранчето и ставив 2 пара гаќи, две боди и две хеланчиња по кратки сите измочкани ги врати Им дадов дозвола на воспитачките во градинка ако има потреба и да ја усрамат пред децата( иако не се срами ) или да ја удрат малку по газе. Морам построго да ја фатам работата бидејќи големи сме. Уште некој месец ќе купуваме 1 Памперс за другите, а не 6 за 3,5 годишно дете. Се надевам ќе се научи летово
Јас планирам деновиве веќе да и го тргнам памперсот.За какање обавезно кажува,одамна не сака да кака во пелена,а за мочкање еве веќе неколку недели ми кажува исто дека и се мочка,ама не на секое туку кога ќе и текне,ама цело време збореме дека ќе носи гаќи и не треба да ги мочка,па ќе ве известам како ќе се одвива ситуацијата. Навечер ретко моча,секое утро и е сува пелената,а и пред некој ден ме изненади,си легна и не беше заспана се врткаше и ми вика мамо мене ми се мочка,ја однесов на нокшир си се измочка и си заспа. @iki26 види земи и некои гаќички со маче,елза или ликови што ги сака па објасни и дека ќе плачат ако ги помочка,па може така ќе кажува,само немој со тепање може и полошо да направиш,да ја вратиш чекор назад. Инаку мојата е 2,5 години.
Ако малку по строго да настапат , не се работи за мало,сепак има 3 ипол години и мора дс разбее дека ако мочка во гаќи мама ќе се налути и нема да и збори и да си игеа со неа. Мојава,кога наполни две години ја фати фаза кога ќе и се здосади внатре,да ме лаже дека и се мочка само да ја изнесам надвор од дневна,или на гости ако и е досадно ќе ме излажеше дека и се мочка само да ја изнесам од таа просторија. Повеќе пати така ми направи и последен пат кога ме излажа малку ја потчукнав по газето ,ја искарав и и се налутив,ја игнорирав скроз цел ден. Од тогаш не ме излажа ниеднаш. Ме ставаше во ситуација да не знам кога навистина и се молка,кога лаже. Некогаш мора строго да се настапи,ако чека кога детето ќе сака, ќе наполни 4 години. Да купува памперс за три деца е премногу..... Ики пробај вака,мислам дека ќе успееш.
Еве и мојов е три години и конечно мрднавме од мртва точка. Две години по ред наназад се трудам, ама безуспешно. Оваа година исто почнав да се трудам и мислам само полошо правев. Оставив да подзаборави и пак пробав. Џабе. Дури сега скоро сам му текна дека сакал да мочка (виде од едно девојче што ни беше на гости, баш во фаза на одвикнување и си го носеше нокширчето) и одма наредниот ден побара. Толку му стана интересно што сега е како кутре, од нокшир на нокшир, па на адаптер...сал се преместува и мочка. На една минута мочка, се напнува цело време од што му е интересно, дури ми е страв да не не чини толку. Се надевам барем со него за скоро ќе ги откачиме пелените, иако гледам и малава не разбира баш, ама го имитира, па седејќи и таа на нокшир со него знае да се измочка.
Детенцево ми е 3ипол години.. Преку ден кажува за у веце али ноќе е проблем.. Уште му ставам пелени.. Пробував и да го будам али 1мин ако закаснам готово он ке се помоча... Помош!!!
Мами 4 дена преку ден сме без памперс. Само еднаш згреши се помоча во гаќи. За преспивање преку ден му ставам ама го ваѓам сув најверојатно од утре нема,да му ставам. За навечер ќе биде понапорно бидејќи мн моча. Имам проблем кака само што ќе стане додека не му е изваден памперсот,ако му го извадам пред да се искака цел ден не кака а,со мочкањето немаме никаков проблем си кажува. Се соочила некоја со сличен проблем??
Во август ќе прави 2г за сега е само на пелени. Неколку пати кога ќе каже какам пробувам да ја натерам да седне на нокшир ама не сака. Не ја форсирам полека ќе се научи. Мислам дека околу 2.5г е идеална возраст ама сакав да го искористам летово. Преска пола саат со татко и си правеше муабет, он и раскажуваше како да седне па како ќе го мијат после нокширот па после го повторуваше што зборел ама уште да го послушаше. Важно кога ја праша ќе какаш тука рече *да* . Синко на 2.5 некаде се одвикна и тоа за мочкање баш во пластично канче ко што збореше референтка, интересно му беше па мочкањето лесно одеше. За какање беше потешко додека 1 нњ пеоба после беше лесно. Тој дел со него лесно помина ќе видиме со малово како ќе биде
Еве цел викенд сме без пелени и не се помочка, само навечер и ставам, она не сака ама ми е страв иако секогаш е сува насабајле Вчера два саати надвор беше со баба и и кажала кога и се премочкало
Ајде еден апдејт и молба за помош/совет... Еве повеќе од две недели како детево се спријатели со другите реквизити освен пелената, ама сега друг проблем. Во секој момент мора да има нешто на газот: или пелена или било каков нокшир или адаптер. Не сака ни секунда да стане од никшир доколку не носи пелена. Цело време има чувство дека му се мочка, а кога ќе го ставам напнува за да пушти макар и една капка. Не знам дали некој имал сличен проблем, јас мислам дека е поврзан со неговиот карактер. Не се чувствува сигурен кога е гол и му се јавува лажно чувство на потреба за мочкање. Ми рекоа дека не чинело да седи толку долго на нокшир и да напнува. Не знам што да правам мајки, дали да го оставам по цели денови да седи или да ставам пелена. Трета опција детево не признава.
@zuto Сигурно веќе сите методи на одвикнување сте ги пробале,џабе ќе филозофирам. Не е убаво цело време да напнува и да се напрега,може да се јави дополнителен проблем. Мој предлог,совет,остави го уште некој период,очигледно не е спремно детето и се плаши. Мислам да не направиш дополнителни компликации.
И јас не би да седи долго и да напнува ако не му доаѓа нагон, било за голема или мала нужда. Причекај уште некој месец, само ќе си покаже детето кога е спремно.
Од неделата почнавме со одвикнување од пелени, има 2 год и 2 мес Добро ни оди, иако води инат и одкога ке се измочка на нокшир со 300 маки и облекуваме гаќички, сака гола да шета,ама ок е,ке и помине Денес мајка ми ја оставила да спие по гаќи ,и саат ипол не се измочкала, па кога станала право на нокширче Ајде на добар пат сме, се надевам летово кроз ќе се спасиме од носење пелени
Ние веќе три недели како носиме гаќи и ниту еднаш се нема помочано,и навечер исто.Надвор кога сме кажува секој пат кога и се мочка,вчера таман излеговме од дома и во кола на пола пат вика дека и се мочка,па мм застана на погодно место ја изнесов се измочка и продолживме. Многу сум изненадена дека толку брзо преку ноќ ќе ги фрли пелените,не очекував дека така лесно ќе поминеме,како рече од утре носам гаќи и така бидна.
Браво,колку напраивте вие?? Сега е период за одвикнување, топло е, големата точно на две години веќе беше одвикната и за навечер малово малку е по инаетџика, по нејзино си тера ама ке ја средам и неа
Ние веќе 1месец сме без пелени многу лесно ги оставиме можам да кажам дека беше на нејзино инсистирање (не сакаше да ги види веќе плачеше кога и ги стававме) нема погрешно ни навечер ,нити и ставам резервна кога и се мочка само ќе ми рече мама кака и одма на шоља не го сака веќе нокширот среќна сум и горда што на неполни 2 ги оставиме скроз
2 год. и 6 месеци сме Мами,ќе се одвикне и кај тебе и мојата малку беше инат едно време ама не ја форсирав,само за какање кажуваше,ама изминатиот месец почна да се сетува и кога и се мочка,па си реков сега е време да г тргнеме памперсот,а и многу и зборев и дека со децата од градинка што се дружат скоро сите во исто време почнаа да носат гаќички и изгледа ги гледаше во градинка па и она се реши
И ние полека но сигурно се учиме, се ставаме во ред. Цела недела е без памперс, а последниве три дена ми кажува " Мамо WC " и одма трчаме. Првите денови мочкаше каj стигне. На нокшир воопшто не сака, го фрлаше и плачеше. Кога спие уште не сум му го тргнала, а вероjатно треба, вадиме сув памперс кога станува. Е сега проблем е што сака само дома во нашето WC. Прееска бевме нагости каj комшивка и они имаат адаптер ама не сакаше таму, па трчанка дома. Се уште му е ново и не е навикнат на друго место, не ни инсистирав. Едит: синко моj e 2г. и 4м.
@zuto побарај ги оние training pants, pull up пелени. Поента кај нив е да се навикне на гаќички, да се свлекуваат и навлекуваат, а сепак е како пелена и е заштита при грешките. Разликата е исто во тоа што кога детето ќе се помоча во нив го осеќа мокрото за разлика од стандардните пелени што впиваат. Пробај да направиш со нив како некоја транзиција од пелена до гаќички, впрочем тие за тоа и служат. На темава...мојава тукушто наполни 2. Пред некој ден сакав да видам до каде е со овој процес, колку е свесна те.спремна, и ги тргнав пелените, и облеков гаќички, ја ставав на секој пола саат на нокшир, ама ако седеше пола саат штом стане мочка надвор од нокширчето. Битно немаше против нокширот и гаќички ништо против. Ќе пробам поинтензивно и попосветено уште еднаш за месец два. Знам дека децата при симнување пелени неконтролирано мочкаат на секој пет минути насекаде, тие првите денови, ама изгледа овој пат повеќе јас не бев спремна да се посветам на процесот и немав време па ќе учиме пак летово. Син ми го одвикнав на 2 и пол години, многу лесно беше.