Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одвикнување од носење пелени

Дискусија во 'Дете' започната од slavica999, 8 мај 2010.

  1. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    И јас и зедов на керка од гакичките за одвикнување ама џабе фрлени пари..И ги облеков и пак исто не пропуштаат и керка гајле си нема..Другиот ден и облеков обични гакички цел ден се помочуваше и кога ке се помочаше плачеше и не одеше бидејки мокра и така цел ден не попуштав..Миење пак облекување пак помочување и се во круг..Наредниот ден дали еднаш или два пати се помочка..Третиот ден ниту еднаш..И веке еве недела дена не носи пампрес..Кога спие преку ден не и ставам не ми се помочала..Навечер и ставам ама наутро сув е не мочка така да уште малку ке пробам и преку вечер да не и ставам..Кај нас гакичките не беа корисни ете но кај сите е различно
     
    На iki26, Sky-butterfly, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ние еве трета недела слабо оди кај нас. Го ставам на саат време на нокчир ама не моча тогаш. Му купив гаки за одвикнување се моча и кака воо нив. Во градинка и ноќе му ставам пелени Инску сме полни 3 години. Кажува дека се моча во нокшир ама изгледа не сфака баш кога треба и дали му се кака. Не збори многу малку. Кажете некоја идеја за тврдоглави синови. Гаки кога ке му облечам обавезно сите за еден ден се за перење, моча и кака во нив иако го ставам на нокшир за саат време. помош.
     
  3. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    19 месеци сме и последната недела ножам да кажан дека се одвикнавме од пелени.Првите два три дена се помочуваше кај стигне.Сега мочка само на нокшир и ако сме излезени па индо 5 часа стиска не мочка сува и е пелената.е сега проблем ако можам така да кажам е што не кажува дека и се мочка туку кога ставам на нокшир се узмочка ама стиска не се помочува во гаќи,може мала е уште да кажува ама битно само навечер ставаме оелена преку ден не и треба,не форсирав ништо решив да пробам ако успееме дпбро ако не пак добро. Но мислаж дека сме на добар пат.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Има ли некое помало да се одвикнало, пред година ипол или е многу амбициозно тоа? Сакам преку ден дома голичка да ја оставам и кога ќе ја фатам да мочка да ја ставам на нокширче да види за што е. Ама не знам како со кажувањето ќе оди. Да не има некој искуство? @zuto ти и со помалата да не почна?
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Пробај ништо не губиш,ние од 10 месеци какаме во нокшир.Можам на прсти да избројам колку пати до сега се искакала во пелена. Она сама си фати некој ред. Стане пие млекце и веднаш кака или после јадење исто веднаш какаше пантака почнав да ја ставам на нокшир и створив некоја навика да си кака на нокшир. Еве сега ја оставив неколку дена без пелена иакп ја ставав секој саат на нокшир ќе седеше оп стане и се узмочка на тепихот. Веќе 4 ден преку ден не се е измочкала во шаќи туку само во нокширот издржува подолго на два три саата мочка.
     
    На LadyC и RainBow им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Мојава нема ред, се случува и преку еден ден да се искака и не во исто време. Полесно ќе беше да имаше ред и знам тогаш и ќе ја седнам на нокшир.
    Како што читам убаво би било детето да има некаква комуникација. А она не кажува, си кака само и не знае како да каже. Може да ја оставам така по дома, и така топло, па може ќе ја начекам.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.503
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да почнам некако да го одвикнувам, зошто мрази памперс. Борба ни е секое менување, не ја трпи пелената на жешково веќе. Ама мал ми е некако, 20 месеци, не знам како да постапам за мочкање? За какање го сеќавам, ќе го седнувам. За ноќе би му ставала уште, зошто мочка преку ноќта, преполни пелени имаме насабајле.
     
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Му облекувам и јас чат оат гакички.
    Чат пат завршуваат на глава.:D
    DSC_1052.JPG
     
    На kristina.k, pilenka, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    @RainBow мојава кажува "мочка" ама кога ќе се измочка или во моментот кога мочка. И гајле нема дали е водена или не. Додека големиов не трпи да е помочан. Можеби се уште не е спремна. А се кажува и се разбира. Не сака да носи пелена и борба е додека се облечеме, а после се тегне и вика "соблечи".

    Кажува дека се кака и мочка во нокшир, кога ќе ја прашам дали сака во нокшир ми вика "да", седнува една секунда и вика "готово". А ништо не направила. Едно време поубаво ми тргна со неа, ама сега не баш. И и ставам често пелена оти прави белји насекаде.

    Инаку на друагрка детенцето какаше во нокшир од 8 месеци. Баба и беше многу упорна и уште од 6 месеци ја држеше над нокширчето кога ќе ја сетеше. После самото дете си даваше знак дека му се кака. Ама изгледа беше до детето оти со следните две внучиња не и успеа тој метод. :)

    Инаку за гаќичките за одвикнување се плашам дека кај големиот нема да бидат баш од корист. Тој си е научен на неговите пелени и да види друг дизајн на пелена не дава да му ставам, а од гаќи има уплав (не знам зошто). Навикнат е на едно нешто и не трпи никаква промена. Ама полека полека мислам дека наскоро ќе биде со него работава...се надевам.
     
    На Tajnaotrovna, Sky-butterfly, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Ние сме 2,5 год и од март не мочкаме веќе во пелени ( освен навечер). Е за какање е др работа. Ако нема пелена и по 4 дена нема да кака после маки мачиме да се олесниме. Сама бара мамо стави пелена ко ке ја седнам на нокшир или на шоља го враќа и толку до другиот ден. Ми препорачаа да се направи вештачка дијареа за да не може да го враќа ама не сакам со сила. Ќе почекаме уште малку ако не бива и тоа ќе пробам. Поз мамички
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.692
    Допаѓања:
    35.612
    Пол:
    Женски
    Еве сме и ние конечно 5 дена без памперс :party: Цела година се мачевме да го засакаме нокширчето, џабе. И го извадив памперсот и и реков дека на големи деца памперсот им го земаат чичковците. Виде не виде, почна да мочка во нокширот. Другиот ден почна и да кажува. И навечер не користиме памперс. Ја будам на 2-3 саата и мочка. За какање не знам како ќе биде. До сега само три пати се искака. Еднаш во гаќи, еднаш јас ја седнав, а третиот пат сама кажа. Се надевам дека и ова лесно ќе биде.
    Ух, олеснување :whew: Јас мислев никогаш нема да се откажеме. Страшен отпор имаше кон нокширот и адаптерот.
     
    На alana, Tajnaotrovna и azelea им се допаѓа ова.
  12. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    15.682
    А зошто ја будиш навечер? Моча ли многу,и дали претходно наутро пелената и беше полна?
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.692
    Допаѓања:
    35.612
    Пол:
    Женски
    Првата вечер ја оставив и беше измочкана, а и на секое будење мочка, без исклучок.
     
  14. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    15.682
    Аха ,ок тогаш штом мочка буди ја,или евентуално само за навечер да и ставаш памперс.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Не ми се верува премногу се мали тогаш
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    28.289
    Пол:
    Женски

    Мами ако најдеш некое решение пиши ми.
    И ние сме истиот случај не сака да кака но во шоља и во нокшир а за мочкањето нема никаков проблем нема згрешено откако го извадивме памперсот.
    Ќе ми рече мама стави памперс какам.Сега го молам не сака и ќе му ставам не кака,3 дена не е какан:x мешето тапанче му е а никако не сака да се искака сигурно и не може сега,запек има.Го масирав,течна храна,компот од суви сливи,овесни му давам сеуште нема нукаков ефект.
     
  17. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Еве сме и ние во темава. Синко само што наполни 2 години па Од пред 10 дена почнавме да се одвикнуваме од пелени. Првиот ден измочка 2 пара гаќи, а вториот само еден пар и толку. Првите 2 дена кога го ставав на нокшир а му дојдеше зорт за мочкање/какање ми бараше памперс. Ама му одвлекував внимание и му кажував дека ако заврши работа во нокширче ќе добие награда и го наградував (нова играчка, грицки, чоколатце). Па се договоривме со синко ко ќе заврши со нужда заедно да фрлиме во шоља а он да пушти вода. И успеавме за 2 дена да тргнеме памперс. После ставав само за шеткање и за спиење. Ама од пред 3 дена не ги сака пелените ни за шеткање. Така да шетаме по гаќички без проблем и кажува дека му се мочка па знае и да се стрпи да најдеме згодно место за мочкање. Малку го подлажував дека и другарчињата што му се помали по возраст веќе не носат пелени и успеавме да се здружиме со нокширчето. Сега кога го спремам за спиење сам кажува дека пелени се носат само за спиење. За некој ден ми почнува одморот па тогаш ќе вадиме пелени и за спиење. Најинтересен ми беше пред некоја вечер кога си збореше пред заспивање дека не се чишка во гаќи срамота било :D
     
    На EuHenIa, alana, tincemajmunce и 2 други им се допаѓа ова.
  18. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    3.501
    Мојата е 2 години и неполни 5 месеци ама абер нема...Во градинка ми кажаа дека од сабајле и го фаќале редот и си какала во нокширче. Дома ја оатавам по гакички и си моча нон стоп, а и гајле нема ако е мокра, не и пречи. Зборувам постојано дека е голема, дека треба како дада и да носи гакички, џабе , ништо не допира до неа.. страв ме фаќа, тешка е на било каква соработка(facepalm)
     
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    17.755
    Внука ми на 13 месеци почна да кажува за какање, а некој месец подоцна и зa мочкање. Сега наполни 2 години, сестра ми има заборавено како изгледа памперс.
     
    На Tajnaotrovna, zuto, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Јaс јa oдвикнaв еден месец пoслепрвиoт рoденден истo кaкo штo кaжa членкaтa пoгoре зa кaкaње ,зa oкoлу двa месеци и мoчкaње, нa 18 м веќе и зa нaвечер не и стaвaв пеленa и сметaм декa пoмaли пoлеснo се oдвикнувaaт. Сегa имa 2 г и 4 м.
     
    Последна измена: 3 јули 2017
    На Espadrila, Tajnaotrovna, ma4e1311 и 3 други им се допаѓа ова.