Ние со синко се одвикнавме од пелени веќе . Од јуни почнав да ги вадам за преку ден ( кога сме дома ) , а од август и навечер не мокри . Дали е нормално да не се буди во текот на ноќта за мокрење ? Имам од оние пелени мушамски што се , и кога прв пат го оставив да спие без пелена му ја ставив оваа мушамската ( ја ставав секоја ноќ во следните 2 недели ) , но ниту еднаш не беше измокрена , секогаш е сува и пелената и облеката негова . Го проверував на секој час во текот на тие две недели , но си беше сув цела ноќ а пие доста течности во текот на денот ( чаеви , вода , млеко итн . ) .
И ние фрливме пелените. Конечно. Мислам дека и нејзе и се смачи. Од претпазливост сеуште навечер и ставам пелена, ама сува е наутро.
Колку сте Рефи? Ние пробуваме, земав и додаток на за шоља, ама слабо ни оди. Кажува кака откако ке заврши работа, претходно не.
2,7. Целиов процес трае околу 3-4 месеци. Мислев дека бргу ќе почне да кажува, затоа што се знае и се збори, ама НЕ....инаетчика ! Тој додатокот за шоља (адаптерот) уште на почеток кога и го понудив ич не и беше симпатичен и ни остана неупотебен. Нокширот ни заврши работа. Дури и на одмор кога одевме го носевме
I mojot isto preku den pie bagi tecnosti a ne mocka vo tekot na nokta. I nie preku den prvo gi trgnavme za noke mu stavav ama sabajleto suva ja vadev.Edno stanuvanje i odma moca. Mu ja trgnav i navecer do sega se nema ni razbudeno za da mocka ni se pomocal vo spienje.Nie nekako mn lesno se odviknavme a mislev kojzne kolku tesko ke bide bidejki inaet e golem.So kakakanjeto imavme maka ne sakase da kaka nikade ama poleka i toa go nadminavme.
Мене многу ми е тешка веќе оваа тема. Син ми кака во нокшир секогаш, а мочка само кога е гол. Цело лето беше гол каде што можеше да биде. Ама не трпи ништо да му облечам ако не носи пелена. Ни гаќи, ни пантолони, ни па боди можам да му закопчам кога е без пелена. Кога носи пелена си мочка во пелената, а за какање сам се соблекува и си седнува. Е сега почна најново пак да кака во пелена. Што му текна не знам, дали ја гледа малата и е љубоморен, дали од инает нешто не знам... И сега не знам што да правам, времево не е веќе за гол да шета, а не ми се става пелена никако. Живци искинав со ова дете.
И син ми голем инает е . Наполни три во март а до јуни не сакаше ниту да помисли да биде без пелена . Одвај се убедивме да не носи веќе , а останатото беше лесно . Му се виде интересно мочкањето во тоалет па нокширче воопшто не употребува , сега веќе сам си оди вотоалет и вика по мене кога ќе заврши да го облечам , ако какал да го избришам
Само што пишав овде дека не само што не одиме напред, туку и се враќаме назад, сега за само една недела е сосем друга песна. Ние веќе целосно исфрливме пелени. Ни ноќе ни дење не ставаме. Толку нагло се се смени што дури ме фати неподготвена, морам да си признаам. Кое олеснување... Кога ќе се одвикне и малата од пелени има да славам три дена и три ноќи.
Летово демек пробавме, ама некако споро и трудно оди работава. За мочање некогаш кажува, најчесто не. Какање шанси нема во нокшир. Не знам како да се организирам и од кај да почнам. Инаку не го гледа како нешто што треба да го направи, туку ако ја прашаш дали сака во нокшир, тогаш оди и моча и е среќна. И објаснувам со зборување, со примери, ама не сака да ме разбере. А голема е веќе. Две години и осум месеци. Се разбира, се зборува, ама за ова немаме разбирање. Има денови не го ни приметува нокширот. А пека дека сака гаќи да носи, и после ги моча... летово вриштеше дека не сакала пелена, па кога излеговме надвор се измоча. Нерви искинав, и после се откажав. Се си мислам дека не е спремна. Ќе пробам пак за брзо, ама без притисоци.
Туку ако имате метод за одвикнување од пелени да кажете, па после ке имам залиха за малото за повеке време.
Мене ништо не ми упали. Милион видови нокшири,адаптери,со финти,награди,џабе... Дома од нокшир бегаше како од ѓавол,а во градинка бил како попчеи така бидна. Можам да кажам дека таму го научија. Јас уште ноќе му ставам,го бунам малку
Ние почнавме неколку дена и се откажав Оди по ќошовите и кака ај се научи кај еден ќош само и тука стои нокширот Нозете во нокшир а газот надвор,никако да се научи Сега мала пауза па ке пробам пак
Ќе биде, само смирено и со разговор. Не форсирај само. Колку сте на возраст? Мојата ги отфрли пелените буквално преку ноќ, многу брзо. Јас пробав летото кога имаше повеќе од 2 години, но не беше успешно, едноставно не беше спремна. Го одложив процесот на неопределено време и кога најмалку очекував таа сама си ги отфрли. Кратко- беше кај другарка и во комшии и тамо видела нокширче. Толку и беше, почнавме со тоа како сите деца мочаат во нокширче, така и другарка и мочкала и дека и таа треба. Едноставно сфати. Пред тоа нокширот со очи не го погледнуваше , за играње и фрлање и беше. На 2 год и неполни 4 месеци се случии таа промена. Тогаш била спремна, значи. Без притисок само, мислам немате вие 2 годинки полни.
Готово фрлени пелени официјално на 2год и 6м. Кажува веќе една недела и за какање и за мочкање, мамо ми се мочка, мамо ми се кака, којзнае што беше таа фаза кога почна да кака од нигде никаде во гаќи (а одвикнат 1год од какање во пелени, само мочкаше во пелени). Сега скроз ги баталивме, ни за спиење не ставам.. одма одиме во веце сабајле да мие заби и мочка Само со бебево што е на пат ке биде интересно, ваљда нема да му текне мамо сакам пелени (искуства од др мајки)
И ние веќе скроз ќе се збогуваме со пелените Дење дома од пролетта наваму не носеше воопшто, само за спиење навечер. Пред месец дена и во градинка веќе не му ставале за шетање и за преспивање. Одамна веќе не мочка преку ноќ, а последниве недели ако му се примочка ноќе станува и си бара нокшир Од вечер веќе сме 100% пелена free Единствено ќе видиме како ќе биде за подолги излегувања, на пример одење до град или на гости
Јас дожовеав еден ,,потоп,, пред две ноќи. Лом. Не и ставив пелена пре да легне, целата сигурна дека нема беља да направи Па ни најлонче/заштита немав на креветчето Претходно не мочкаше навечер, пелената сува ја вадев наутро...
Малава има две ипол години, успешни сме уште од летото, значи за преку ден се одвикна,и нема никаков проблем,ама за навечер се уште си мочка,незнам до кога, сабајле кога и ја вадам пелената два три пати сигурно се има измочкано, така да се уште не се осмелувам да и ја тргнам. Големата на точно две години прекина со пелени, и преку ден и преку ноќ, ама кај секого различно, со малава незнам до кога ќе тераме Се мислам да и ставам мушамче, па да ја скоривам навечер да мочка, ама комплицирано ми е некако и за неа и за мене, така да ќе почекам да си дојде само од себе, до душа и пред спиење си пие млеко, водичка бара и тоа е
Јас затоа уште одма ставив од оние за една употреба, за секој случај... иако кога станува некогаш во 5 ноќеска за да дојде кај нас (дека сам спие во соба), го носам во вц и мочка... па да не му текне некој ден кога ке стане да пушти во кревет
И мојата се одвикна од пелени овие три недели....на две години и осум месеци, ама само преку ден, навечер и ставам памперс, мислам дека не е спремна зошто си пие млеко уште пред спиење. Ќе биде и тоа, ама со какањево мислам дека почнува проблем да ми прави, се стиска цел ден и после ја боли...вика" утле ќе какам"