Пред два месеци се откажа од денската пелена. Откако сум пишала, пробавме пак после месец, ама овој пат директ на вц со адаптер - како големите деца. Пресреќна беше. За мочање супер, ама не сакаше да кака. И држеше. Се плашела од каката. Јас нерви искинав па решив малку да ја мотивирам. И реков дека ако не се искака ќе дојде докторот со чепче затоа што ќе и се атврдне мешето. Есвај некако се искака и бидна. После тоа немавме мака. За брзо ја извадив и ноќната. Но, два пати се случи навечер да се измоча, па ја вратив ноќната. Некогаш е сува, некогаш е мочана... не знам. Проблем ми е и што кога ќе се измоча не се буди. Па затоа спиеше со нас за да ја осетиме ние. Ама и тоа не биваше. Не знам. Сега нешто пак е во некој филм дека се плаши од каката и пак зафркава. Пак е со молење деновиве и со доктори и чуда. Не знам на што се должи ова. А баш си реков фино - скокнавме нокшир, директ на шоља се научи. И не знам до кога со ноќна. Најчесто и таа брзо се трга, ама еве кај нас не оди баш. Пред спиење пие ко вода да нема видено. Не можам па да не и дадам кога бара...
Син ми кога не преспива преку ден или кога бил многу активен, па навечер е преморен, знае да направи белја ноќе. И јас само тогаш знам да му ставам пелена. Иако во последно време гледам и уморен кога е станува. Следи колку била активна преку ден, колку време и дали преспала и колку течност пиела навечер и ќе знаеш отприлика кога да очекуваш "грешка" ноќе.
Секоја вечер ритуал и е пред спиење вода да пие. Во кревет. И пие многу. Така да знам дека ќе се помоча.
И нас ни е ритуалот пиење вода пред спиење- и тоа повеќе пати. Без шишето за вода во кревет не се оди, по неколку пати пред да заспие се напива и станува 3-4 пати во текот на ноќта за вода а не се помочува во кревет Не знам како, јас да испијам толку течност 3 пати ќе станам за во вц. И тоа е така од кога го одбив. Веројатно млекото си го замени со вода. Сакав да кажам иако се налева пред спиење не мора да значи дека ќе се помочка.
Мојов се налева пред спиење, над кревет шише стои и додека го заспиваме он само го бара шишето и пие ли пие, а не се измочал ни еднаш во текот на ноќта. Ама затоа сабајле кога ке стане прво што правиме мора одма на шоља или нокшир зашто му се мочка многу Се случува да стане многу ретко и да дојде кај нас во спална да се префрли, но ме буди и ми вика мама ми се моча.
Сакав да кажам само за тоа пиење вода навечер. Му викам на син ми не пиј многу вода навечер оти може да се помочкаш. И ми вика, па дај ми нокшир да пијам. И јас ништо не разбирам, како тоа од нокшир ќе пиеш??? Вика, не мамо, дај ми нокшир да пијам вода. И му давам нокшир да видам што му значи тоа. Тој го зема нокширот седнува и вика е сега може да пијам вода и нема да се помочам.
Јас после месец. Финтата е што е во градинка, и не можам цел ден да ја следам. Сега по пелените, исто не бива. Некогаш е мочана, некогаш е сува. Ама тоа што не се буди кога ќе се помоча од такт ме вади. Да се будеше ќе ја оставав без.
Мајки од кога почнавте да ги одвикнувате малите од пелени, ние сме две год и еден мес, еве скоро недела се обидуваме ама без никакви резултати
Ќе биде ко ќе се спремни. Мојот е две и два месеци, летото пробавме ама не сакаше и не форсирав. Сега ќе почнам пак полека прво преку ден, ама не очекувам веднаш да се одвикне.
Јас така како тебе почнав тој период, лето беше имаше 2г и 2,3м и џабе.. си мочаше кај стигне во гаќи (а за какање на нокшир од 1год и 4,5м некаде, за тоа немавме проблем.. ). Па решив да се откажам дека не е спремен и пак пробав на 2г и 5м и успешно се научивме.. сега е 2г и 9м и кажува веќе 3месеци, дури и навечер е без пелена..
Јас почнав од 12 м, на 13 м се одвикна од какање, нешто подоцна од мочкање, на 18 и за ноќе ги фрливме пелените. Сега уште еден месец ќе прави 3 години , искрено заборавив како изгледа пелена, што порано се почне со тој процес подобро, сака многу трпение и упорност.
И јас почнав некаде после годината. Нема ден да не сум го понудила. Некогаш ке ме послуша и ке седне и ке се измочка. Некогаш ке седи цели 2 саати и џабе. А некогаш кога ке ми го џитне нокширот, сите рипаме од страв во телевизорот да не удри. Тогаш правам пауза некој период, со цел да не направам поголем отпор. Редовно оди во градинка и таму го нудат, плус гледа други дечиња дека мочкаат во нокшир. Веке е 2г и 7м и абер нема. Дефинитивно не е точно што порано се почне побрзо ке се научи. Многу се навредив од една пријателка кога ми рече дека детето ке ги остави пелените тогаш кога мајката ке одлучи. Молам па ја би и он и малиот одма да ги остават, ако ништо друго ке заштедам 4000 ден месечно. Има тука психичко и физичко созревање на детето кое треба да се испочитува. Инаку може да се направи отпор кај него и други проблеми. Но се разбира треба да се пробува и мотивира.
Иста возраст сме и ние и исто абер немаме. Кажува за какање ама откако ќе се искака, претходно не. Ќе застане и мамо кака и јас веднаш земам нокширот и ме гледа и вика готово. И кажувам дека треба во нокширче да кака ама не сака. Седи 2-3минути на него и станува не сака. А за мочање не сме ни почнале, посебно навечер пие многу вода и памперсот е полн насабајле. Незнам што ќе се прави ама веќе се големки треба да се учат.
Можеби си во право, кажав водена по искуството со малава . Но, да не се лажеме , дете со полни три години е премногу да стои со пелени. Таман работа да го чекам моето дете до три години и јаче да се спреми , кога на таа возраст се знаат да ти кажат, врткаат таблети, телефони, компјутери, а за тоа не било спремно, аа тоа мало сутра.
Така де, секое е индивидуално. Верувај, сум мислела и дека две и пол е многу за пелени, ама еве од тоа што бегаш ке те стигне е работава. Не реков јас да го чекам да биде спремно. Јас цело време, буквално секој ден го нудам, лажам, мотивирам, ма приказни, пеења, цртани. Плус и во градинка ги нудат, факт, сам кажува. Има дечиња што мочкаат во нокширче, а мојот им симнувал нокширчиња( дека им се на повисоко) , тој ми кажува. Ама дур не му светне него сијаличката незнам како поинаку. Верувај, сум имала и обиди да седи без пелена. Некогаш прифака, некогаш не. Ке се измоча во гаки и не ни приметува. Му правев и филм немаме веке пелени, ги сокрив. Ако знаеш уште некоја метода кажи ми, прифакам.
@irena.1 јас од тоа се плашам затоа не форсирам. Две другарки имаа мака во одвикнувањето од форсирање, едното со мочкање, другото со какање. Никако не сакаа, се стегаа, проблем си направија децата. Ќе се одвикне ко ќе е спремен.
Имам објаснувано мислам претходно. Јас преку игра ја одвикнав со пишување пет плус на раче, дозволував да пушта вода во тоалет и.т.н. Вадев пелена ја нудев да мочка и враќав пелена , така три недели и прифати. Карање никако зошто бетер ќе одбива, но ти си упорна и не се откажуваш ќе прифати, продолжи така на добар пат сте. Зошто има некои мајки пробале неколку пати ,не сака детето да мочка и готово не е спремно,ќе чекаат да биде спремно до 4 години. Целиот процес бара време, никое дете не се одвикнало за еден ден. Едит: не е форсирање ако со игра , со убаво и со заеднички договор го убедиш да седне на нокширче, со сила е да вришти а ти да го држиш на нокшир. Овој процес бара многу трпение. Втор едит: @kristina.k според тебе, како ќе отцениш кога е спремно , ако не го нудиш со нокширче и ако нон стоп не му ја објаснуваш неговата намена? Јас сум сигурна дека пред 3 ипол години нема да рече не сакам повеќе памперс.
И јас незнам каде грешам, ама несакам ништо на сила. Пред три месеци го фрливме памперсот преку ден, но....кога одиме некаде и ставам памперс. Знае да каже во кола ми се мочка и викам да трпи и да почека, некогаш успева, некогаш не, или пак на друго место, на лекар, на шопинг, немам каде и и викам мочкај, имаш памперс. Ова ми мати памет, ама не би издржала подолго време за да стигнеме до најбискиот тоалет. Во градинка е со памперс, но секогаш кажува кога и се мочка, ниту еднаш не се помочкала во памперс, ама затоа со какањето е друга песна. Ретко кога кажува, а кога кажува вика ми се мочка. Имавме период и на стискање по цел ден за какањето и затоа комбинирам со пелена. До кај ќе оди вака незнам.
@ilyan го нудев летото, ама му служеше за играње, а си завршуваше работа на паркет. Помал беше тогаш па мислев не е спремен и згрешив со одбирањето на нокширче, сега ќе земам сосема обично. Не знам како ќе оценам кога е спремно, ама многу голем страв имам да не му направам проблем, како што кажав од искуствата околу мене.
Истото се случи со детенце на наши пријатели. Си провлече проблем детето од тоа стискање да не кака многу долг период. Мојот внук ги остави пелените исто повозрасен, не се секавам колкав беше, ама над две и пол. Ама знаеш како, буквално преку нок. Од денес кажува и пелена со очи не сакаше веке да види, ни дење, ни ноке. Абе како со нож пресечено. И не направи утка ниту еднаш. Ај може и на нашиве ке им текне така, пуста надеж @ilyan ако ми веруваш нокширот во дневна стои година и пол. Некогаш нокшир нудам, кога гледам дека не го може со дениви нудам адаптер на шоља, тоа вода пуштање е настан, ако успее да се измоча е фешта, сите во тоалет одиме, он го тура, вода пушта, со туш го мие нокширот. Некогаш ме фака жал, буквални по 2 саати знае да седи, газот како на мајмун црвен и сам си вика ајде, ама кога не му е дојден, не му е. Тогаш му викам ако не ти се мочка стани, кога ке сакаш седни, тој па не сака и се нервира така што му зборам.